Помирувањето

PrastanjeПОМИРУВАЊЕТО

Во сето она што досега се кажа, можеме да заклучиме колку штетна појава е омразата. Оној, кој ја носи злобата во своите гради, тој чува отровна змија во своите пазуви. Вие знаете, љубезен читателу, од лично искуство, колку ѝ е тешко на душата, кога сте скарани со некого. Тоа е исто како цела планина да ве потиска. Вие не можете лесно и слободно да дишете. Се чувствувате како роб, па дури и полошо од роб, зошто кај робот само телото е заробено, а душата е слободна, а во вас и духот е заробен од веригите на сатанската омраза, но и телото се чувствува бессилно. Оној кој ги мрази своите ближни, тој е роб на ѓаволот. А, зарем некаде постојат среќни робови? Ако птицата, која е фатена во кафез, е среќна, тогаш и бедните робови на гревот можат да се чувствуваат среќни. Не! Не може да има среќа среде нечистотите на гревот, а уште помалку меѓу трње и боцки на омразата и кавгата. Додека вие се карате со вашиот брат, не може да изгрее мир во вашето срце! Continue reading

Advertisements

Православието во Австрија

austria-50_SchillingПРАВОСЛАВИЕТО ВО АВСТРИЈА

По распаѓањето на Римското царство, територијата на денешна Австрија во VI век ја населиле баварски и словенски племиња. Алпските Словени постепено се ослободиле од аварската власт и под водство ка кнезот Валук се придружиле кон Самовиот племенски сојуз (623-658). По неговото распаѓање, во алпската област се зачувало кнежевството Карантија, со седиште во Крнски Град во Корушка. Околу 740 година, Карантинците се здружиле со Баварците и заедно војувале против Аварите и Франките. Франечкиот крал Хилдерик III во 743 година ги победил Баварците, а околу 745 година и Карантинија станала вазално кнежевство во Франечката држава.

Во 803 година, Карло Велики ги поставил темелите на Источната марка (како Ostarihi првпат се спомнува во 996 година), а од 976, па до 1246 година, во неа владееле грофови од семејството Бабенберг.

Карантинија потпаднала под непосредна франечка власт по востанието на Људевит Посавски (812-822). Во IX век почнала силна германска (баварска) колонизација на алпските области.

Најверојатно, христијанството во Австрија било донесено во II век од војниците, кои служеле во римските провинции Ретија (Rätien), Норик (Noricum) и Панонија. За тоа сведочи и чудото со дождот во Кваденланд (Quadenland) во 173 година, за време на Маркоманската војна, како и мачеништвото на свети Флоријан. Continue reading

За значењето на молитвата: „За соединувањето на црквите“

77597.bЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЦРКОВНАТА МОЛИТВА: „ЗА СОЕДИНУВАЊЕТО НА ЦРКВИТЕ“

Во почетокот на божествената Литургија, меѓу првите молитвени прозби кон Господа Бога, Православната Црква го произнесува следниов возглас: „За мир во целиот свет, благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се помолиме на Господа“.

Слушајќи го ова, некои верни, ширејќи го своето срце од љубов, верољубие и верска толеранција, се молат не само за „благосостојба и соединување“, односно,  за зачувување во единство на „светите Божји цркви“, православните, односно деловите, кои ја сочинуваат Вселенската Црква, на пример, Цариградската, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Руската, туку и за соединување на црквите, кои се оддалечиле од Православието, како на пример, Римската, Ерменската…

Некои, пак, заградувајќи се со строга ревност за Православието, со истите зборови се молат само за „соединување на светите Божји цркви“ православни.

Кој е тој, што не ја почитува ревноста за Православието? Кој е тој, што не го признава достоинството на сеопфатната и широкограда љубов? Кој став е поисправен, во однос на правилното сфаќање на молитвените зборови од оваа прозба? Или, подобро кажано, кое од двете значења има предност за вистинско сфаќање? Continue reading

Преподобен Пахомиј Велики

ih4278ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Родум Мисирец и во младоста незнабожец. Како војник учествувал во борбата на царот Константин против Максенциј. Потоа, дознавајќи од христијаните за единиот Бог и гледајќи го нивниот благочестив живот, Пахомиј се крстил и отишол во Тиваидската пустина, кај прочуениот подвижник Паламон, кај кого десет години се учел на подвижнички живот. Тогаш, на местото наречено Тавенисиот, му се јавил ангел во облека на схимник и му дал штичка, на којашто бил напишан уставот на општежителниот манастир, заповедајќи му таков манастир да устрои на тоа место и прорекувајќи му дека во тој манастир ќе притекнат мнозина калуѓери заради спасение на душите. Пахомиј го послушал Божјиот ангел, почнал да подига многубројни келии, иако таму немал никого, освен него и брат му Јован. Кога брат му го укорил зошто гради толку непотребни градби, Пахомиј просто одговорил дека тој ја следи Божјата заповед, без оглед кој и кога ќе дојде да живее тука. Continue reading

За оние, кои се фалат со својата злоба

malice_doll_of_demise_by_wishthecatisme-d5i1skiЗА ОНИЕ, КОИ СЕ ФАЛАТ СО СВОЈАТА ЗЛОБА

Како може да се објасни таа страшна појава, кога многумина се озлобени против своите ближни и кога им се одмаздуваат, не само што не се засрамуваат од своето ропство на ѓаволот, но тие дури и се фалат со него!? Тоа се објаснува само на еден начин – со безнадежното морално-духовно слепило на злобните.

„Големо безумство е, вели богомудриот светител Тихон Задонски, човекот да се фали со она, за кое што треба да жали!“. Со тоа се покажува колку многу се искривени божествените духовни сфаќања кај оние, кои се исполнети со омраза. Да се радуваш на она, на кое само демоните со радост ги тријат рацете, да се фалиш со она, за кое ангелите плачат, да ликуваш поради тоа што си го погребал братољубието, да се утешуваш со тоа, дека си ја исполнил желбата на сатаната!!! Не ја покажува ли сето тоа твојата сатанска настроеност на душата? О, колку многу би требало да се кајат оние, кои се слизнале во провалијата на кавгите и омразата, а не да се фалат со нив! Насликувајќи ја душевната настраност на оние кои се исполнети со омраза, свети Тихон Задонски, со тажен тон вели: Continue reading

Недела на Раслаблениот

2011_E_CHERKASOVA_Iszelenie_paralichnogo_z-580x417НЕДЕЛА НА РАСЛАБЛЕНИОТ

„Исус, кога го виде како лежи и штом узна дека од многу години боледува, му рече: Сакаш ли да оздравиш? Болниот Му одговори: Да, Господи!“.

 (Јован 5: 6-7)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Здравјето е наше скапоцено богатство и прекрасен дар даден од Бога. Човекот е вистински здрав само тогаш, кога душата му е здрава, односно, кога е чиста од сè што може да ја направи да биде болна. Навистина, за човекот претставува голема среќа ако има здраво тело, но бескрајно поголема среќа за секој еден претставува ако има здрава душа. Потребно е човекот да бара лек за своето тело кога е болно, но многу попотребно е да се бара лек за својата душа, кога и таа е болна од гревот. Здрава душа во здраво тело – тоа е кратката, сигурна и вистинска дефиниција за спокоен живот во овој свет. Кој поседува само едно нешто, всушност, тој нема ништо, а кој ги има двете, тој има сè.

Денес, со своите мисли да влеземе и ние заедно со нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во бањата Витезда и во нејзините пет тремови. Слушнавме од Евангелието дека таму лежеле болни од најразновидни болести, но, сепак, Витезда не можеме да ја замислиме како болница од денешна форма. Витезда не е модерна болница со чисти, светли и широки сали, туку таа била обична лечилница со, карактеристични за Исток во тоа време, мизерни, нечисти и жални услови на лечење. Витезда многу повеќе личела на дом на страдање, отколку на „дом на милосрдието“, што всушност и значи зборот Витезда на еврејски јазик. Continue reading

Дали треба да се молиме за самоубијците?

tinejdzersko_samoubojstvo_tabfullДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ МОЛИМЕ ЗА САМОУБИЈЦИТЕ?

 Доколку некој од денешна перспектива погледне во светлото на светите списи и во учењето на светите отци, ужасна слика се открива пред очите. Гледаме дека, не познавајќи Го Бога или отпаднувајќи од Него, цело несреќно човештво станува самоубиствено, зашто душата, која Го познава Бога во овој живот, не е кадарна да премине во вечниот. Првиот човек –  Адам (кој прв направи самоубиство), создаден како прво бессмртно суштество од Создателот на сè добро, се отсече од Бога, изворот на доброто и бесмртноста. Со неговиот прекршок, тој засекогаш се откина себеси од животот во Бога. И иако Адам живееше долги години по неговиот грев, тоа беше живот подложен на расипништво, континуирано умирање и приближување близу смртта, до мракот на пеколот.

Бог одново го создава секој оној, кој ќе пристапи кон мистеријата на крштевањето, враќајќи ја бладодатта на Светиот Дух, создавајќи живот вечен, повторно соединувајќи се со Него. Секоја личност има момент во кој треба да избира меѓу животот или смртта.

Животот се наоѓа во Христа, во Неговата света Црква, во нејзините свети Тајни, во исполнувањето на Божјите заповеди, во светата Причест и во молитвата заедно со Него. Смртта се состои во тоа да се биде одделен од Христа и Неговата Црква, во прекршување на заповедите и правење гревови. Continue reading

Свети Кирил и Методиј

Ss Cyril & MethodiusСВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

„Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина…“

(Матеј 5: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секој спомен, секој јубилеј, секоја прослава на деновите на Божјите избраници, во нас поттикнува прекрасни и блажени чувства на спокој и блаженство. И оваа година Православната Црква си спомнува за бесмртното дело на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските учители и просветители, рамноапостолни и неуморни сејачи на божественото слово во човечките срца. Можеби многумина од нас ќе се запрашаат, зошто светите браќа заслужиле голема слава, па и по илјада години за нив си спомнуваме со толку многу големо торжество и така еднодушно се прославувани од сите православни Словени, не само од нас Македонците, туку и од Русите, Бугарите, Србите и сите оние, кои преку нив дојдоа до познавање на Вистината и вечниот живот.

Од нивните животописи познато ни е дека светите браќа Кирил и Методиј најпрво им ја проповедале христијанската вера на нашите словенски претци на нивниот мајчин, словенски јазик. Тие први им го предале Божјото Слово и ги научиле да ги извршуваат црковните богослужби на разбирливиот словенски јазик. Во исто време, додека тие го извршувале ова спасоносно дело, западните проповедници на христијанството ги учеле Словени­те да се молат на туѓи и неразбирливи јазици, притоа упорно тврдејќи дека Бог може да биде славен само на три јазици – еврејски, грчки и латински. И како што бележи еден древен летописец: „И жедни беа Словените да ги слушаат Божјите величија на својот јазик“, па затоа, кога разбрале за појавата на двајцата богомудри учители, ним не им преостанало ништо друго, туку искрено да се радуваат дека светата правда конечно засветлува и пред нив и дека конечно сончевите зраци ќе изгреат од зад потемнетите облаци. За Словените било болно и навредливо кога им забранувале да се молат на својот мајчин јазик, притоа убедувајќи ги дека тоа се варварски зборови. Continue reading

Преподобна Исидора Јуродива

ih4240ПРЕПОДОБНА ИСИДОРА ЈУРОДИВА

Живееше во 4 век и беше монахиња во женскиот манастир во Тавенисиот. Се правеше луда за да ја скрие својата добродетел и својот подвиг. Ги работеше највалканите работи, се хранеше со помии од садовите, ги услужуваше сите и секого и беше презирана од сите и од секого. Во тоа време ангел Божји му ја откри на еден голем подвижник, Питирим, тајната за Исидора. Питирим дојде во женскиот манастир и кога ја виде до земја ѝ се поклони. Тогаш сестрите му кажаа на Питирим дека таа е луда. „Вие сте луди“, им одговори Питирим, „а оваа е поголема пред Господ и од мене и од вас. Јас само Го молам Бога да ми го даде мене она што нејзе ѝ е одредено на Страшниот Суд“. Тогаш сестрите се засрамија и ги молеа Питирим и Исидора за прошка. Оттогаш сите почнаа да ѝ укажуваат чест. А таа, за да ги избегне почестите од луѓето, побегна од манастирот и не се знае каде умре, околу 365 година.

Пренесување на моштите на свети Николај од Мир во Бари

ib146ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА ХРИСТОВИОТ СВЕТИТЕЛ НИКОЛАЈ, ОД ГРАДОТ МИР ВО ГРАДОТ БАРИ, ВО ИТАЛИЈА

Поминале повеќе од 700 години од блажената смрт на Божјиот угодник Николај, великиот Мирликијски чудотворец. Неговата родна Ликија почнала често да биде напаѓана од Сарацените и постојано била пустошена со меч и оган. При крајот на XI век Сарацените предизвикале страшни разорување во источните области на Римската империја. Почнувајќи од Херсон, жестоките непријатели стигнале до Антиохија и Ерусалим. Сите градови и села, цркви и манастири, кои се наоѓале по патиштата, ги покорувале и уништувале со оган и меч, нивните жители ги собирале за робови, ги убивале и прогонувале, па така местата, низ кои поминувале, долго време останувале пустелии. Како последица од таквите напади на Сарацените, древниот Мир опустошил, а малкуте преживеани жители се преселиле на друго место, оддалечено околу 13 стадии од претходниот град, каде што, впрочем, сеуште бил останат Сионскиот храм. кој во себе ја чувал ризницата со чесните мошти на грижливиот застапник и брз помошник Николај, а во храмот останале да живеат уште неколку монаси. Еден летописец, кој живеел токму во времето на пренесувањето на светите мошти, се прашувале: „Зарем преподобниот и велик архиереј не можел да го умилостиви Господа да не биде погубен градот Мир и да не биде доведена до запустување црквата, каде што почивале неговите мошти? Сигурно дека можел! Но, таа бедотија била испратена врз нас заради нашите гревови, со кои ние го раздразнуваме Божјото долготрпение, а сето тоа било дожно да му послужи на нашето вразумување и испрвање“.

Но, предавајќи го градот на разурнување, кој бил пролавен со моштите на Божјиот угодник, Господ благоволил тие да бидат пренесени на Запад, во големиот град Бари. На Господа Му било угодно да го направи тоа пренесување на моштите, според зборовите на свети Димитриј Ростовски, „за да можат моштите на еден таков светилник на светот, чија душа во небесните светлини примила достојна чест за себе, на земјата да не останат без почитување и да бидат зафрлени и заборавени, но и да не остане без посетители изворот со преизобилни чудесни исцелувања“, како и за тоа „и Западот да не биде лишен од Божјите благодејанија, кои ги прима благодарение на застапништвото на великиот архиереј“.

Самото пренесување на моштите се случило при следните околности: Continue reading