Света Софија и нејзините ќерки, маченичките Вера, Надеж и Љубов

2545_101-038_FСВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ, МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

 „А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“

(1. Кор. 13: 13)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Животите на светителите се духовна лектира која за нас, кои се нарекуваме православни христијани, претставуваат насушна храна со која ја нахрануваме сопствената душа, која, пак, е гладна за нивните подвизи и натчовечки достигнувања. Светителските восхитувачки подвизи честопати нè оставаат без здив, па со денови размислуваме за големината и чистотата на нивната вера, која тие ја поседувале, како и за бескрајната храброст која ја имале во предсмртните мигови. Денешните славенички, светите маченички Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, олицетворение се на сето досега кажано, зашто нивното житие е доказ, како и колку треба да се љуби вистината и за неа да се пострада, без разлика какви нечовечки понижувања нè затекнуваат во животот.

Историските податоци ни говорат дека, овие свети маченички живееле и пострадале во градот Рим, за време на нечестивиот цар Адријан. Мудрата Софија ушта во младоста останала вдовица, но како прекрасна христијанка ги воспитала своите три ќерки во Христовата вера. Кога започнале гонењата на христијаните и кога мачителите дошле во домот на Софија, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов само 9 години. Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија со богомудри совети ги охрабрувала своите ќерки за да издржат до крај. Таа им говорела дека небесниот љубител – Господ Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и бесмртен живот. Но, безумниот мачител ги зел една по една и ги мачел со страшни маки: Continue reading

Advertisements

Храм „Свето Благовештение“

img587

Храм „Свето Благовештение“

ул. Александар Македонски бб

7500 Прилеп

Република МАКЕДОНИЈА

тел.: 048/424-645

e-mail: svetoblagovestenie@hotmail.com

Facebook: https://www.facebook.com/svetoblagovestenie

Четиринаесетта Недела по Педесетница

957f68251a4c401eb034febbf0fc418f_MЧЕТИРИНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Јунците мои и сè што е угоено се заклани,  и сè е готово; дојдете на свадба“

(Матеј 22: 4)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес сите ние ја слушнавме поканата пренесена во евангелското четиво, а која е упатена од Самиот Господ Исус Христос до сите нас во параболата за свадбата на царевиот син, која покана гласи: „Дојдете на свадба!“ (Матеј 22: 4). Оваа покана не би била необична, ако таа нема длабока смисла и ако таа не бара свое толкување и објаснување.  Имено, во оваа споредба на царството небесно со земните секојдневни настани, со свадбата на еден царски син, Спасителот Христос дава објаснување на духовните нешта со примери од секојдневниот живот, сè со цел, подобро да ја разбереме суштината на духовниот живот и истата да ја задржиме во нашето сеќавање.

Многупати досега сме го слушнале толкувањето на оваа споредба. Сепак, да се потсетиме дека во приказната за големата гозба, по повод свадбата на царскиот син, светите отци ја гледаат Црквата, ја гледаат благодатта, светите Тајни, а особено, светата Тајна Причест. Домаќинот, царот, кој приредува свадба е нашиот Спасител. Неговата куќа е Црквата, а богато сервираната маса е светата Причест. Исус, Кој е Бог и Господ, ги поканува сите да дојдат. Ниту еден домаќин во светов не е во состојба да понуди нешто повеличенствено од Христа, Кој со Својата човечка и божествена природа е леб и вино за нас – леб за вечен живот и вино за бескрајно блаженство. А на свадбата, на која сме поканети, Он на Својата маса ни го сервира непроценливото богатство на Својата благодат.

Меѓутоа, факт е дека многумина од поканетите не се отповикале на поканата да дојдат на свадбата. Едни заминале „на нива“, други „по трговија; а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмеаја и ги убија“ (22: 6). Повиканите учтиво се извинуваат. Небесниот Отец им нуди спасение и небесна слава, а тие велат дека земните интереси и радости за нив се поважни. Свадбата е слика на вечното блаженство, а поканетите, замислете, ѝ даваат предност на сегашноста. Continue reading

Воспитувањето на децата

DSCN2129ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА

Во мојата и вашата младост имаше многу соблазни за младите, но денес тие до бесконечност се намножија, обземеноста од нив стана скоро сеопшта и скоро и да нема спротивставување. Затоа современата младина помалку паѓа под осуда и заслужува големо сожалување и снисходење.

Порачај си ја книгата „Поуки на преподобниот авва Доротеј“, кој со исклучителен успех се занимавал со воспитание на младите монаси. Таа книга ќе ти биде најдобар наставник, како за тебе, така и за воспитување на ќерките. Читај ја и проучувај ја. Знај дека најважна поука за ќерките, поважна од секој устен совет, ќе биде твојот живот.

Денес за секој млад човек е неопходно да добие соодветно образование, за да може навистина да биде корисен на татковината и да добие добра функција. Кога ќе ја видиш нашата младина, не можеш да не се сожалиш на неа! Колку е лекомислена! Како не мисли за ништо, освен за задоволствата кои го нарушуваат моралот и здравјето и ѝ подготвуваат најтажна иднина. Мене ми се чини дека, причина за сето тоа е неправилното воспитание, кое на младите луѓе им дава неправилен поглед на себе и на животот. Секако, од глупаво дете, или дете со лош карактер, и со највнимателно воспитание, не може да се очекува ништо посебно: каде што е човечката природа, таму е и злото, без него човечкото општество не може да помине; сепак, правилното воспитание може да донесе, со голем исклучок, и многу прекрасни резултати. Continue reading

Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден

291816_119880858116924_2040447374_nВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ – КРСТОВДЕН

„Словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја“

(1. Кор. 1: 18)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес милиони православни христијани пристапуваат да се поклонат на чесниот Крст, покајнички да го целиваат и да ја запеат духовната песна, која денес се пееше на светата богослужба: „На Твојот Крст се поклонуваме, Владико…“, зашто денес славиме двоен празник. На денешен ден, мајката на боговенчаниот цар Константин, света Елена, по Божја промисла, го пронајде светиот Крст на Голгота, а на истиот ден, неколку векови по овој настан, светиот Крст беше вратен од Персија во Ерусалим, што исто така е значаен датум во христијанската историја. Токму затоа, денес, кога ги славиме овие празници, барем за момент, во нашите мисли да се префрлиме во Ерусалим, на Голгота, за да можеме со своите очи да видиме, да се потсетиме и со срцето да почувствуваме што се случувало таму со Крстот и на Крстот.

Откако завршила страшната слика и грозоморната претстава, која се случувала на Голгота, кога во тогашното царство на мракот на човечкиот дух се слушале извиците: „Распни Го, распни!“, дури тогаш совеста на убијците се разбудила. Евангелието ни сведочи дека, по Христовата смрт безумниот Јуда се обесил, Пилат ги измил рацете, а непокајаните злосторници, по погребот на Христовото тело, немајќи чиста совест, ниту Крстот не го оставиле на светлината од сонцето, туку го закопале во земјата, за да не му се знае трагата, зашто Крстот ним им ги распнуваше и душата и совеста. Но, кога со Своето Воскресение Христос ја објави победата на животот над смртта, на светлината над мракот, тогаш, пред судот на вечната Божја правда не можеше, според грешната човечка желба, вечно да остане во земјата сокриен ниту оној верен и нем сведок на најголемото човечко злосторство, кое се изврши над идеалниот праведник – Христос. Continue reading

Блаженството на идниот живот има многу степени…

135154.bБЛАЖЕНСТВОТО НА ИДНИОТ ЖИВОТ ИМА МНОГУ СТЕПЕНИ И ПО МНОГУ ПАТЕКИ СЕ ДОАЃА ДО НЕГО

Дали при Бога има многу живеалишта, или едно? Без сомневање ќе се согласиш дека ги има многу, а не едно. Дали сите тие треба да се наполнат, или едни ќе се наполнат, а други ќе останат празни и залудно подготвени? Се разбира, сите ќе бидат наполнети, зашто во Бога ништо не се случува залудно…

Постојат разни форми на живот и избор и тие водат кон ова или она живеалиште, според мерката на верата, заради што и ги нарекуваме патеки.

Дали по сите или само по некои патеки треба да се оди? Ако е можно, еден нека оди по сите. А ако не, тогаш, колку што е можно, нека оди по повеќе патеки. Ако не го може ни тоа, тогаш нека оди само по некои. Но, ако и ова не е можно, тогаш, како што мене ми се чини, ќе се согласи да оди само по една. Секоја добродетел претставува по една патека…

Зошто патеката се нарекува една, а освен тоа и – тесна. Патеката е една, затоа што и добродетелта е една, иако се дели на повеќе форми. А тесна е заради напорот, но и затоа што за многумина е непроодна, токму заради големиот број на противници, за сите кои одат по патот на порокот.

Заради многуте живеалишта, постојат и многу начини за стекнување на истите.

Свети Григориј Богослов

Видението на свети Нифонт на Светата Литургија

4558ВИДЕНИЕТО НА СВЕТИ НИФОНТ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА

Пријател на ангелите

Едно утро отидовме да отслужиме Литургија во храмот на Св. Никола, кој се наоѓа покрај Палатата на изобилието, како што ја нарекуваа.

Стигнавме пред да почне службата. Но праведникот почна да се моли на Господа, завлекувајќи се во еден ќош. Бргу потона во таинствено созерцание. (Овде ќе спомнам дека ако се молеше, а јасно не го гледаше Господа, таквата молитва ја сметаше за изгубено време).

Многу подоцна, слушнав како разговара со некого. Се изненадив, бидејќи знаев дека се уште никој нема во црквата. Во еден момент разговорот престана и малку потоа замислен, седна во својата стасида. Сакав да го запрашам со кого разговараше. но во меѓувреме почна Божествената Литургија. Додека собраниот народ пееше, преподобниот отец стоеше право, со погледот упорно прикован за светиот жртвеник. Блескаше од радост и ведрина. Погледот му се измени. Ликот му беше блескав и румен како свежа ружа.

За време на Големиот Вход, светителот со копнеж ги подаде рацете кон светињата и изгледаше како да се моли потресно собрано. Срцето силно му чукаше, готово да препукне. Преплавен со благодатта на Духот и привлечен од божествениот ерос, тој копнееше да потрча по даровите, да падне на нив и да ги целива…Но, за да не соблазни некого, а и од почит кон редот, го воздржуваше својот боговдахновен порив и остана на своето место славејќи го Бога.

Заминувајќи по отпустот од црквата, го замолив да ми открие со кого разговараше утрото и какво видение имаше. А тој, како чедољубив отец, ништо не ми сокри. Затоа и јас сега запишувам се што слушнав за да се прослави името Божјо и да се зарадуваат сите што се надеваат на Него. Во црквата, блажениот разговарал со ангел! Тоа бил ангелот кој го чува светиот жртвеник. Тој во еден момент ме се јавил на светиот и му рекол: Continue reading

Како се спознава Бог?

47544.bКАКО СЕ СПОЗНАВА БОГ?

Што значи: Да се спознае Бог? Да се сфати суштината? Да се измери величината? Што знаеме за Бог? „Моите овци го слушаат Мојот глас…“ (Јован 10: 27). Ете како се спознава Бог – преку слушање на Неговите заповеди и преку нивно извршување. „…И Јас ги познавам, и тие одат по Мене“. Доволно ти е да знаеш дека Пастирот е добар и дека ја положил Својата душа за овците. Тоа е границата на богопознанието. А колкав е Бог? Каква е Неговата величина? Каков е Он во суштина?… Ваквите и слични прашања се опасни за прашувачот и тешки за прашаниот. Најдобро општење меѓу нив двајцата е – молчењето. „Моите овци го слушаат Мојот глас“, рекол Он, и не спорат меѓу себе за Него.

Свети Василиј Велики

Демонизација

jesus_demons-croppedДЕМОНИЗАЦИЈА

Демоните не само што живеат на површината на земјата, туку понекогаш со сето свое гасно битие влегуваат во телата на луѓето и  на животните (Лука 8: 33). Во внатрешноста на човековото тело тие влегуваат слично како што во него влегува воздухот, привлечен од механизмот за дишење, како што можат да влезат и другите гасови. Влегувајќи во човекот демонот не се меша со душата, туку престојува во телото, насилно завладувајќи во душата и во телото. Гасовите поседуваат особина на флуидност, т.е. можат да исполнат различна зафатнина. Очигледно дека и демоните ја имаат таа особина, врз основа на која, многу од нив можат да се сместат во еден човек, како што за тоа зборува Евангелието (Лука 8: 29).

Во духовен поглед Божјото казнување со демонизираност, никако не служи како лошо сведоштво за човекот: на такво предавање на сатаната биле подложени многу големи Божји угодници. Преподобниот Касијан пишува за преподобниот Мојсеј Скитски, со кого беседел за расудувањето, дека се мрднал со умот и дека бил подложен на демонизираност заради некое спротивставување на својот старец, големиот Макарие Египетски. Во вториот свештен дел од четвртиот век, се опишува како некој египетски старец, кој заради својот свет и чист живот необично обилувал со дар на чудотворство, па станал надалеку славен, забележувајќи во себе зачеток на гордост, почнал да Го моли Бог да му испрати демонизираност, што Господ и Го исполнил. Старецот цели осум месеци поминал во ужасна состојба, употребувајќи го дури и својот отпад како храна. Кога го виделе во таква состојба, неговите почитувачи од светот се соблазниле, па добриот глас за него го смениле во лош, а старецот, подоцна, избавувајќи се од демонот, во мир и повлеченост Му служел на Господа, па уште повеќе напреднал. Демонизираноста некогаш е помалку важна од примањето на некоја ѓаволска помисла, која може засекогаш да ја погуби душата.

Тринаесетта Недела по Педесетница

04246808ТРИНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши“

 (Матеј 21: 42)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Преку прекрасната парабола за грижливиот лозар и непослушните лозари, Спасителот на најкус можен начин ни го претставил пред нас основниот животен закон, историјата на целото човештво, а посебно и историјата на еврејскиот народ. Пред сè, оваа парабола непосредно се однесува на судбината на еврејскиот народ и ја открива целата Божја грижа за него, иако, заради својата жестокосрдечност, тој народ го навлекол врз себе праведниот Божји гнев, кој, за жал, трае и до ден денес. Евреите биле возљубените лозари на добриот домаќин –  Небесниот Цар. Дека тоа навистина е така, сведоштво ни е Старозаветната историја, каде на секоја страница можеме да дојдеме до податоци колку многу Бог Отец го возљубил Својот народ и на колку многу чудесни начини го избавувал од несреќите кои го снајдувале. Но, со доаѓањето на Спасителот историјата се менува и тоа во премногу лоша насока за избраниот народ. Евреите Го отфрлија Божјиот Син, Господ Исус Христос и не Го признаа за Спасител на Човештвото. Токму за ова нивно отфрлање на Спасителот од нивната историја се однесуваат и зборовите од денешното евангелско четиво: „Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши“.

Крајаголниот камен на животот е Бог. Ако го отстраниме Него од темелот, ќе се урне целото здание на нашиот живот. Тоа е така од Господа. Ете, тоа е законот на животот. И историјата на старозаветните народи, и историјата на народите од поново време, но и историјата на нашиот народ ни сведочи дека тоа е така. Господ Бог, Великиот Лозар, насадил прекрасен рај и во него го населил човекот да го чува и обработува рајот на убавините. Во тој рај Бог бил постојано со човекот. Но, човекот паднал преку непослушноста, па вечната радост и убавината на рајскиот живот во Божјото присуство биле заменети тешка работа и потни капки, а ретките радости биле измешани со страдања и гревот почнал да го зазема местото на доброто. Continue reading