Исусовата молитва и богоопштењето

83596ИСУСОВАТА МОЛИТВА И БОГООПШТЕЊЕТО

„Благодатни дарови, – тврди преподобен Серафим, – добиваат само оние кои имаат внатрешно дејствување и внимаваат на својата душа. Оние, кои решиле навистина да Му служат на Бог, треба да се занимаваат со сеќавање на Бог и со постојаната молитва на Господа Исуса Христа, велејќи си во умот: ‘Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот’. Со такво вежбање и со чување од расеаност и мирна совест, можно е да Му се приближи на Бог и да се соедини со него. На Бог, според зборовите на свети Исак Сирин, не можеме да Му се приближиме поинаку, освен со постојаната молитва“.

 

Advertisements

Исусовата молитва и безмолвието

83573ИСУСОВАТА МОЛИТВА И БЕЗМОЛВИЕТО

Авва Јован Колов рекол: „Ако човекот во својата душа го има Божествениот залог, тогаш може да безмолвува (молитвено молчи – тихува) во својата ќелија. Исто така, без излегување во својата ќелија може да живее и оној кој нема Божествен залог, но го има залогот на овој свет. Оној што го нема ниту Божјиот залог, ниту залогот на овој свет, не може да престојува во ќелијата“.

Ова значи: оној што се занимава со умна молитва и плач е задоволен од безмолвието во ќелијата и го цени; претстојувањето во ќелијата може да се цени и заради некои страсти, на пример – заради страста кон ракотворбите со среброљубива цел. Без овие залози престојувањето во ќелијата е неиздржливо.

Црквата и екологијата

BabaPlanina-3ЦРКВАТА И ЕКОЛОГИЈАТА

Во последната четвртина од дваесеттиот век, човекот е длабоко загрижен за брзиот раст на еколошките проблеми. Ситуацијата е критична и, нормално, човекот се обидува да најде излез од оваа криза. Доколку не може да се постигне еколошка рамнотежа, човекот ќе западне во низа неволји, предизвикани од недостаток на енергетски извори и залихи од храна, а исто така и во еколошки катастрофи, кои можат да резултираат во уништување на мнозинството од луѓето, па дури и на цело човештво.

За да се најде излез од ваквата ситуација, пред извесен период, беше одржана двонеделна интернационална конференција во Рио де Жанеиро, со прашања што се однесуваат на животната средина и неодамна заврши нејзината работа. Во исто време, со овие претставници на интернационалната конференција, членови на различни посебни еколошки друштва и организации, поткрепени од оние што се борат за еколошки прашања, активисти од уметноста и религиозни водачи одржаа паралелен состанок во истиот град. На оваа неофицијална конференција беа изнесени необични идеи и предлози за тоа, како би можеле да ја избегнеме еколошката катастрофа.

Екорелигија

Во левицата, радикалните кругови на современото еколошко движење, можат да се забележат знаци на нова еколошка религија, чии приврзаници истовремено проповедаат и пантеистички идеи, но и чисто паганска концепција на природата.

Во една статија посветена на „Денот на Земјата“ во 1991 година, популарниот американски неделник „Time“ особено нагласи дека Continue reading

Избран местобљустител на тронот на Киевската Митрополија

001221ИЗБРАН МЕСТОБЉУСТИТЕЛ НА ТРОНОТ НА КИЕВСКАТА МИТРОПОЛИЈА

Во понеделник, 24 февруари 2014г., се одржа заседание на Светиот Синод на Украинската православна црква (МП), со кој според Уставот на Украинската православна црква претседаваше најстариот по хиротонија член на Синодот, г. Агатангел, Митрополит Одески и Исмаилски.

Бидејќи, според проценките на лекарите, Неговото Блаженство, Митрополитoт Киевски и Украински г. Владимир, поради здравствени причини не е во можност да ја извршува функцијата на претстојател на Украинската православна црква, а за што се увериле и членовите на Светиот Синод посетувајќи го во болница, беше донесена одлика за неопходност за избор на местобљустител на Киевската Катедра.

Со тајно гласање, на должноста местобљустител е избран Митрополитот Черновицки и Буковински, г. Онуфриј. По заседавањето на Светот Синод, Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил во телефонски разговор му честита на новоизбраниот местобљустител, посакувајќи му помош од Бога во носењето со ваквата одговорна служба во тешките моменти за Црквата во Украина.

Извор: patriarchia.ru

Молитвените барања

83431МОЛИТВЕНИТЕ БАРАЊА

Бог можеме да Го молиме за она што ни се чини неопходно и корисно: но исполнувањето  или неисполнувањето на нашите желби да го препуштиме на Неговата света волја, завршувајќи го секое наше барање, колку и да изгледа добро, со препуштање на нашите желби на волјата Божја и свест за тоа дека сме неразумни. Вака треба да постапуваме посебно во сомнителните ситуации.

Кој сака правилно да Му служи на Бог, не треба да бара од Бога било што, солзи или нешто друго по своја волја, туку е должен од Бога да бара да му го даде она што е корисно за неговата душа. Кој во своето барање се одрекува од сопствената волја заради волјата Божја, може да добие вистинско смирение. Треба да се воздржуваме од расправии и да се трудиме на молитвата да има страв Божји, тоа е посигурно.

Ја повторувам изреката на Исак Сирин: „Ако Му се молиш на Бог за нешто, а Он се двоуми да те услиша, не тагувај заради тоа: ти не си попаметен од Бог. Така се случува по најмудрата Божја промисла, која е несфатлива за човечкиот разум“. А во тоа дека Бог нè љуби неспоредливо повеќе отколку што ние се љубиме себеси и што можеме да се љубиме, во тоа треба без сомнение да веруваме. „Сè што полесно се постигнува – заклучува овој светител – бргу се губи. Сè пак, што ќе се стекне со Continue reading

Молитва во Црквата

83551МОЛИТВА ВО ЦРКВАТА

Без никаков сомнеж, од сите  земни зданија најзначаен по своето достоинство е храмот, или домот Божји, или црквата; овие зборови се синоними. Иако Бог е секаде присутен, во црква Неговото присуство се пројавува на посебен начин – најзабележителен и најкорисен за човекот. Јавувањето Божјо за човекот е покорисно и позабележително само тогаш, кога тој самиот станува храм Божји, правејќи од себе живеалиште на Светиот Дух, како апостолите и другите најголеми светители. Но, таква состојба достигнуваат само сосема ретки меѓу христијаните…

Храмот Божји е небо на земјата. „Во храмот на славата Твоја стоиме Господи, мислејќи дека сме на небото“ – пее светата Црква. Храмот е место на општење на Бог со луѓето, во него се извршуваат сите христијански Свети Тајни… Во храмот Божји деноноќно се огласуваат славословија за Бог; за зборови од овој свет во него нема место. Сè во храмот Божји е свето: и ѕидовите, и подот и воздухот. Постојано го чува ангел Божји; Ангелите Божји и мир на торжествената Црква слегуваат во него. Присуството во такво свештено здание претставува најголема среќа за скитникот на земјата. Свети пророк Давид, иако ги поседувал сите средства за земни наслади и задоволства, знаел сè да разгледа и да оцени на вистински начин, велејќи: „Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да го посетувам Неговиот свет храм“ (Псал. 26: 4). Ова со устата Давидова го изговорил Светиот Дух. Кој, за време на земниот живот, колку што може почесто, го посетува храмот Божји, како да живее во него, по одделувањето од телото, многу лесно, заради вечното празнување ќе премине во небесниот, неракотворен храм, чии неимар е Бог. Ние во храмот се молиме, се исчистуваме од гревовите и заедничариме со Бог.

Пример за посетување на храмот Божји ни покажа Спасителот (Јован 7: 14), а ни го покажаа и светите апостоли (Дела 3: 1). Христијаните на сите времиња грижливото посетување на храмот Божји го сметале за своја неодложна обврска. Свети Димитриј Ростовски посетувањето на храмот, во текот на сите молитвословија што се извршуваат во него, го споредува со Continue reading

Свети свештеномаченик Харалампиј

ih3387СВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ХАРАЛАМПИЈ

„Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“

(Предсмртната молитва на свети Харалампиј)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина и свое длабоко значење. Православниот христијанин треба да го знае значењето на своето име и да се соживува со него, зашто нашето име го крие и нашиот карактер, нашите способности и дарби. Не случајно и Господ Исус Христос во една прилика на свети апостол Петар му рекол: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја…“ (Матеј 16: 18). Христос ги кажал овие зборови, зашто ја знаел цврстата вера на свети апостол Петар, а името Петар значи „камен“. И навистина, свети апостол Петар бил цврст во верата како камен, па до ден денес светата Црква почива на такви сигурни темели.

Името на светителот честопати кажува многу повеќе, отколку целото негово житие. Имињата никому не му се случајно дадени. Тие претставуваат симбол и карактеристика на личноста, а во исто време соопштуваат и една вистина за правиот христијански живот. И името на денешниот светител Харалампиј не е никаков исклучок. Неговото име во превод значи: „човек кој зрачи со радост“. А каква е таа радост со која Харалампиј зрачел?

Овој голем светител бил епископ во Магнезија и пострадал за Христа на 113-годишна старост. Кога настапило страшното гонење против христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криел од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедал Христовата вера. Сите маки ги претрпел како да се наоѓал во Continue reading

Срдечната и душевна молитва на умот

83507СРДЕЧНАТА И ДУШЕВНА МОЛИТВА НА УМОТ

Со блаженото содејство на Светиот Дух, во човекот најпрво почнува да се чувствува необична тишина, а потоа се јавува мртвило за светот, за неговото насладување со суета и гревовност, како и за служење во светот, христијанинот се помирува со сè и со сите со посредство на чудното, смирено и воедно високо духовно расудување, кое на телесната и на душевната состојба им е непознато и недостапно. Тој почнува да сочувствува со човечкиот род и со секој човек поединечно. Сочувствувањето преминува во љубов. Потоа почнува да се удвојува неговото внимание на молитвата: зборовите на молитвата почнуваат да предизвикуваат силно и необично влијание на душата, да ја потресуваат. Конечно, малку по малку, срцето и целата душа се придвижуваат кон соединување со умот, а за душата се привлекува и телото. Таквата молитва се нарекува:

– умна, кога се произнесува од умот со длабоко внимание, со поддршка на срцето;

– срдечна, кога се произнесува од умот соединет со срцето, при што умот како да слегува во срцето и молитвата ја произнесува од длабочината на срцето;

– душевна, кога се извршува со сета душа, со учество и на телото, кога се извршува со целото битие, при што тоа станува како една уста која ја произнесува молитвата.

Светите Отци во своите дела, често под еден назив умна молитва ги подразбираат и Continue reading

Децата во Црквата

Copy of DSCN1170ДЕЦАТА ВО ЦРКВАТА

Веднаш штом ќе почне да се буди детската свест, секоја христијанска мајка, за една од своите примарни должности ја има да го научи детето на молитва, молитва која што е едноставна и лесна за разбирање за детето. Неговата душа мора да биде навикната на топлото и побожно искуство на молитва во домот, во неговата колевка, за неговите соседи, за неговото семејство. Вечерната молитва на детето ја скротува неговата душа, ја искусува сладоста на молитвата со неговото малечко срце и го прима првиот мирис на светите чувства.

За детето е потешко да ја прифати атмосферата која што преовладува во црквата. Во почетокот тоа само набљудува. Гледа луѓе кои се концентрираат и  се молат и тоа сеуште не разбира и слуша неразбирливи зборови. Но, самата свеченост и празничната атмосфера во црквата имаат инспирирачки ефект на него. Кога двегодишно дете сака да оди во црква, да пее, зборува или да се поклонува – тогаш ние можеме да ја видиме неговата подигната свест и состојба на душата, со која тоа и не сакајќи е зафатено. Ова можеме да го кажеме од едноставно набљудување.

Но, исто така, има и нешто повозвишено од нашите сетилни перцепции. Исус Христос е невидливо присутен во црквата и Он го гледа детето, го благословува, и го прима во атмосферата на благодат од Светиот Дух. Благодатта го опкoлува него, како што топлиот ветар дува низ тревата во полето, помагајќи да расте полека и постепено, да фати корен и да се развива и расте. Така и мајката, брза да го приближи своето дете до Continue reading

„Не воведи нè во искушение, но избави нè од лукавиот…“

83475„НЕ ВОВЕДИ НÈ ВО ИСКУШЕНИЕ, НО ИЗБАВИ НÈ ОД ЛУКАВИОТ…“

Со втората половина од молението се објаснува првата. Искушенија овде се нарекуваат оние навистина несреќни случаи и неволји, кога со сопствената волја се стремиме кон грев, се предаваме во власт на ѓаволот и гинеме, како што на тоа бил подложен Јуда Искариотски. „Сатаната влезе во него“ – вели Светото Писмо (Јован 13: 27). Молението не нè учи да ги отфрламе страдањата, кои се неопходни за нашето спасение и нè чуваат од нашите страсти и демони.

…Заедно со догматите на христијанската вера, свети апостол Павле на вселената ѝ проповедал дека „во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки“ (Дела 14: 22). Во Посланието до Евреите апостолот вели дека, сите, кои Му угодиле на Бог биле подложени на казнување и вразумување од страна на Бог, а оние кои не биле, Бог ги отфрлил како туѓи. (Јован 16: 33). Не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот! Не дозволувај со нас да завладеат страстите, со помош на кои, од нашиот пад, се наоѓаме со ѓаволот! И не само тоа: не дозволувај да нè заведе нашата огревовена волја, со чие исполнување се залажуваме и се погубуваме себеси! Не дозволувај да се измамиме со лажни мисли и учења! Не дозволувај да бидеме победени со среброљубие, славољубие и властољубие! Не дозволувај да се покориме на сластољубието и на сладострастието во време кога имаме многу земно богатство, ниту на малодушност и негодување, тогаш кога сме опкружени со сиромаштија! Не дозволувај ни да грешиме! Не дозволувај да нè обземе гордост, кога водиме живот исполнет со добродетели, ниту да нè зафати безнадежност и очај при било какво сопнување.