Полската Православна Црква се враќа на Јулијанскиот календар

166745.pПОЛСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СЕ ВРАЌА НА ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛЕНДАР

На 18 март, во резиденцијата на Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава, се одржа пролетното заседание на Архиерејскиот Собор на Полската Православна Црква, на кое било прифатено решение без преседан – за првпат во историјата на една Православна Црква, која се раководи според новиот стил, прифатено е решение да се врати кон стариот стил (Јулијанскиот календар).

„Во врска со фактот дека, мнозинството од парохиите на Полската Црква (96%) ги празнуваат црковните празници според стариот стил (Јулијанскиот календар), и по барање на верните, Архиерејскиот Собор го смени решението на Соборот од 12 април 1924 година за преминување на новиот, Григоријански календар, и одлучи да се врати кон Јулијанскиот календар, почнувајќи од 15 јуни 2014 година [н.ст.], во Неделата на Сите Светии“, – соопштува официјалната интернет страна на Полската Православна Црква.

Исто така, издадено е и соопштение дека, во оние парохии, каде што има неопходност, новиот стил може да биде сочуван заради икономија.

Advertisements

Божјото Име

84036БОЖЈОТО ИМЕ

Благодатната сила на молитвата Исусова е содржана во самото Божествено име на Богочовекот, нашиот Господ Исус Христос. Иако многубројни сведоштва од Светото Писмо ни ја објавуваат големината на името Божјо, значењето на ова име, особено јасно го објавил свети апостол Петар пред јудејскиот синедрион, кога го испрашувале со каква сила и во чие име го исцелил хромиот од раѓање. „Тогаш Петар, откако се исполни со Дух Свети, им рече: ‘Началници народни и старешини израилски, ако денес нè испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој исцелен, тоа нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека во името на Исуса Христа Назареецот, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, овој стои пред вас здрав. Овој камен, што вие како ѕидари го отфрливте, стана глава на аголот; и во никој друг нема спасение, зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“ (Дела 4: 7-12). Ова сведоштво е сведоштво на Светиот Дух: устата, јазикот, гласот на апостолите биле само орудие на Духот. И другиот орган на Светиот Дух, апостолот на незнабошците, дава слична поука: „Бидејќи, секој – вели тој – кој ќе го призове името Господово, ќе се спаси“ (Рим. 10: 13). „Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст. Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име, та во името на Исуса да ги преклони колената на сè што е небесно, земно и подземно“ (Фил. 2: 9-10).

Предвидувајќи ја далечната иднина, запеал Давид, праотецот Исусов по тело, опевајќи ја возвишеноста на името Исус, и живописно го претставил дејството на тоа име, борбата со помош на него со Continue reading

Свети свештеномаченик Јован Бакински

sv_Ioann_GanchevСПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ЈОВАН БАКИНСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 2 НОЕМВРИ

Отец Јован е роден во 1878 година во селото Сима, во Владимирската губернија. Добрината, љубовта и благочестието на неговите родители, како и воспитувањето во православниот дух, во многу нешта го определиле изборот на животниот пат на идниот свештенослужител. Јован Ганчев своето духовно образование го стекнал во Петроградската духовна семинарија. Подготвувајќи се во Семинаријата, идниот свештеник премногу го засакал живописот, па почнал да посетува курсеви по уметност. И откако станал свештеник, тој никогаш не ја заборавил младешката страст кон уметноста, , па слободното време го користел во сликање на пејсажи на платно и мотиви од библиски настани. Откако ја завршил Семинаријата, Јован Ганчев во 1910 година бил ракоположен во свештенички чин и со благослов на надлежниот архиереј заминал на пастирска дејност во далечниот Азербејџан. Во почетокот, оваа земја за отец Јован била премногу туѓа и непозната, но токму тука, во тој неправославен крај, тој искрено ја почувствувал важноста на своето богослужење, особено пред оние, кои искрено верувале во Христа, пред тие православни луѓе, кои имале потреба од неговото пастирско слово. За време на своето служење тука, ширејќи го словото Божјо, отец Јован го прошетал целиот Азербејџан. Најпрво тој бил поставен за старешина на црквата во чест на Богољубската икона на Божјата Мајка во селото Александровка, во Бајинската губернија, а потоа бил старешина на соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Баку. На таа должност бил назначен во 1911 година со одлука на Бакинскиот епископ Пимен (Пегов).

Според сведоштвата на оние, кои го познавале отецот, тој бил високообразована личност, културен човек со широка душа и добро срце. Во неговиот дом имало голема библиотека, која била сместена во посебна соба, а меѓу книгите имало и Continue reading

Монашкиот завет

84013МОНАШКИОТ ЗАВЕТ

На монашкиот потстриг, кога на новопострижениот му се даваат бројаниците, кои притоа се нарекуваат „меч духовен“, на него му се завештува постојано, деноноќно молење со молитвата Исусова. Па затоа, занимавањето со молитвата Исусова претставува монашки завет. Исполнувањето на заветот е обврска, од која монахот не може да се откаже.

Завет даваат сите. Ниту големиот број на оние кои го нарушуваат заветот, ниту тоа што нарушувањето е вообичаено, не го прави законско. Мало е стадото на кое Отецот Небесен му го наменил Царството. На тесниот пат секогаш има малку патници, а на широкиот многу. Во последните времиња скоро сите го напуштаат тесниот пат и поаѓаат по широкиот. Од ова не произлегува дека широкиот пат ќе ја загуби особината да води во пропаст, ниту дека тесниот ќе стане непотребен за спасение. Оној, што сака да се спаси, мора да оди по тесниот пат, кој го заветил Спасителот.

Пламеност во подвигот

83978ПЛАМЕНОСТ ВО ПОДВИГОТ

Многумина, кога ќе почувствуваат наклонетост и усрдност кон духовниот подвиг, му пристапуваат непромислено и лекомислено. Тие му се предаваат со сета ревност и пламеност (распаленост), потполно неразумно, не сфаќајќи дека тие ревност и пламеност повеќе се крвни и телесни, дека се преисполнети со нечистотија и други примеси, не сфаќајќи дека за време на изучувањето на науката над науките – молитвата – е неопходно најсигурно раководење, најголемо согледување и внимание. Се кријат од нас вистинските Божји патишта; се кријат заради нашето слепило, кое во нас се предизвикува и се одржува со падот. Ние за раководители ги бираме првенствено оние наставници, кои светот ги прогласил за свети и кои се наоѓаат или во длабока прелест, или во длабоко незнаење. За раководење бираме книги од инославни подвижници, кои се наоѓаат во најужасна демонска прелест, во општење со демоните. Да ги земеме делата на Светите Отци на Православната Црква, кои го изложувале возвишениот молитвен подвиг на напредните монаси, подвиг, кој почетниците не само што не можат да го следат, туку не можат ниту да го разберат, па како плод на духовниот подвиг, чудно се јавува душевно растројство и погибел. „Сееја пченица, а жнееја трње“ (Јер. 12: 13) – им вели со тага Светиот Дух на оние, кои го претвораат доброто во зло со неправилна употреба на доброто. Тажна, навистина тажна глетка! Бидејќи со највозвишеното дејствување на умот – дејствување кое, оној, кој оди по точно востановени скали, го воздигнува кон Бог – преку неправилно постапување стекнува помрачување и изопаченост на умот, негова повреденост, умна пореметеност, потчинетост на демоните, погибел.

Continue reading

Христос – Живот на светот

102264209_img368_10107_bigХРИСТОС – ЖИВОТ НА СВЕТОТ

Уште во раното христијанство за Христовите следбеници било премногу омилено и најчесто употребувано спојувањето на двата грчки зборови: φως и ζωη (светлина и живот). Оваа кованица најчесто била употребувана во монограмот, во форма на крст, во кој едниот збор (φως) формира линија во должина, а другиот збор (ζωη) попречна линија, при што, заедничката буква „Ω“ (омега) се поклопува. Тоа е знакот, кој на најсоодветен начин, означувал дека Христос е светлина и живот. Овој знак се наоѓа на ранохристијанските надгробни споменици, но и денес може да се сретне на многу икони, фрески, цркви, но и во натписи на домови.

Дека Господ Исус Христос навистина е живот на светот, ни кажа, пред сè, лично Он. Тоа подоцна го посведочиле и многу отци и учители на Црквата, а тоа го доживеале и искусиле многу христијани од сите векови, а за тоа говорат и многу наши современици. Прелистувајќи го светото Евангелие, гледаме дека во секоја негова страница Господ Исус Христос се открива како живот на светот.

Во Евангелието сè е поврзано со животот, со реалниот живот, со нашиот живот. И сè што е во него кажано и напишано, сето тоа е направено само поради нас и нашиот живот. Оттука, нам не ни е тешко да сфатиме дека Христос навистина е живот на светот. Еве што Он Самиот за тоа говори во Евангелието: „Оти, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе“ (Јован 5: 26); „Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие“ (Јован 10: 10); „Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене“ (Јован 6: 57); „Јас сум лебот на животот“ (Јован 6: 48). Светиот апостол и евангелист Јован ни сведочи дека

Continue reading

Оставање на молитвата

83949ОСТАВАЊЕ НА МОЛИТВАТА

За авва Јован зборувале: кога се враќал од жетва, најпрво одел кај старците заради молитва и поука; потоа се занимавал со псалмопеење; дури потоа преминувал на молитва. Тој таквата постепеност ја сметал за неопходна, за умот да му биде доведен во онаа состојба, во која се наоѓал пред излегувањето од ќелијата.

Оној што ја има умната молитва, треба постепено да се враќа на неа, откако ќе му се случи да биде подложен на расеаност.

 

Continue reading

Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски

_i____20110323_1478135593СВЕТИ СОФРОНИЈ, ПАТРИЈАРХ ЕРУСАЛИМСКИ

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не остана задоволен и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх, кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Мисир. Нивната лозинка беше: „Секој ден стекни што повеќе духовна мудрост “. С ѐ што знаеја запишаа и потоа го издадоа во две книги под името Лимонариум (или Цветник). Подоцна заминаа во Рим, каде што Мосх умре, а му остави на Софрониј аманет да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на Теодосиј, а самиот се задржа во Ерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијанците.

Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захариј, исто така вратен од ропство, не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+364г.), а по него патријарх беше блажениот Софрониј. Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Стануваше во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Ерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор. Го напиша житието на света Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Ерусалим, свети Софрониј го измоли да ги поштеди христијаните, а Омар ова наводно и го вети. Кога сепак калифот набрзо потоа почна да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата, за да не го гледа осквернувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.

Правилниот облик на молитвата (03)

83900ПРАВИЛНИОТ ОБЛИК НА МОЛИТВАТА (03)

Постојат разни помошни средства за монасите почетници во занимавањето со  Исусовата молитва. Ќе ги наброиме главните:

1. Бројаниците: На бројаниците се бројат поклоните; исто така и седејќи, монасите отпрвин се занимаваат со молитвата Исусова на бројаниците. Кога на молитвата ќе се засили вниманието, тогаш престанува можноста за вакво молење и броење на изговорените молитви – целото внимание се насочува на молитвата.

2. Многу е корисно да се учи на Исусовата молитва, извршувајќи ја со земни и појасни поклони, правејќи ги тие поклони без брзање и со чувство на покајание…

3. Во црквата, и воопшто при молењето со молитвата Исусова, корисно е очите да бидат затворени.

4. Држи ја раката на срцето, малку над левата страна од градите: оваа последна техника помага да се  почувствува силата на словесноста, која се наоѓа во градите.

5. На оние кои молитвено тихуваат Светите Отци им советуваат да имаат Continue reading

Правилниот облик на молитвата (02)

83894ПРАВИЛНИОТ ОБЛИК НА МОЛИТВАТА (02)

Икони

За оној кој ја произнесува молитвата многу е корисно во ќелијата да има икони на Спасителот и на Мајката Божја со поголеми димензии. Повремено за време на молитвата може да го насочува погледот кон иконите, како да се присутни Господ и Мајката Божја. Чувството на присуството Божјо во ќелијата може да стане вообичаено. Со такво постојано чувство ние во ќелијата ќе престојуваме со страв Божји, како Бог постојано да нè набљудува. Ние всушност, секогаш се наоѓаме во присуство на Бог, бидејќи Он е секаде присутен – секогаш нè набљудува, бидејќи гледа сè и секаде. Слава на семилостивиот Господ, Кој ја гледа нашата грешност и прегрешенијата, и долготрпеливо го очекува нашето покајние, кое не само што ни Го дозволил, туку дури и заповедал да Го молиме за помилување.

Дишење

Тоа што се срамите да го примените дишењето според искуството изложено во Добротољубието – добро е. Тој опит прекрасно го изложил преподобен Нил Сорски во следниве зборови: “Не диши брзо, бидејќи тоа му пречи на собирањето на умот”. И вие задоволете се со тоа, т.е. на молитвата дишете тивко. Умилението и љубовта кон ближните, кои сите, без исклучок, изгледаат како ангели, се плодови на вистинска молитва. А искушенијата на кои се наидува, унинието и сонот, служат како докази колку ни е корисна молитвата. Ве предавам на благодатта Божја: таа нека ве поучи, закрепне и раководи, бидејќи – без Мене не можете да направите ништо, рекол Господ.

Уште еднаш: одбегнувајте го опитот за дишење на нос! Кога ќе дојде време за тоа, ако даде Бог, јас ќе ви кажам. Бидејќи со тој опит, кој во свое време е корисен, некои себеси неизлечиво се повредиле. Сталоженоста, отсуство на замислувања, умиление, љубов кон ближните – тоа се вистински обележја на вистинската молитва.

Преподобен Нил Сорски заповеда умот да се затвора во срцето и да се принудува таму да остане, и по можност, да се задржува воздухот, да не се диши бргу. Тоа значи дека треба да се диши сосема бавно. Воопшто, секое движење на крвта треба да се запре и да се држат душата и телото во состојба на мирување, во состојба на тишина, побожност и страв Божји. Без тоа, во нас не може да се појави духовното дејство: тоа се појавува дури кога ќе стивнат сите движења и пориви на крвта. Опитот бргу ќе научи дека задржувањето на воздухот, т.е. дишењето кое не е често и грубо, многу помага при доведување на себеси во состојба на тишина и собирање на умот од скитање.

Положба

Можно е да се моли и стоејќи, и седејќи, и лежејќи; луѓето со добро здравје и силните се молат стоејќи и седејќи, а слаботе можат да се молат и лежејќи, бидејќи во оваа молитва главното место не му припаѓа на подвигот на телото, туку на подвигот на духот. На телото треба да му се овозможи положба, која на духот ќе му ја овозможи целата слобода, за нему својственото дејствување. Треба да се има на ум дека овде се работи за молење на монаси, кои со доволен телесен подвиг ги довеле своите телесни наклонетости во потребниот ред и заради својот напредок, преминале од телесен на душевен подвиг.