За телесните и душевните подвизи

118890.bЗА ТЕЛЕСНИТЕ И ДУШЕВНИТЕ ПОДВИЗИ

Телесниот подвиг, колку и да е голем, не може сам по себе да ги открие внатрешните окови и внатрешната беда: за тоа е неопходен душевен подвиг. Телесниот подвиг, ако не е следен со душевен, повеќе е штетен отколку корисен; тој служи како причина за необично засилување на душевните страсти: суета, лицемерство, лукавство, гордост, омраза, завист. „Ако внатрешното дејствување според Бог, не му помогне на човекот, тој залудно се труди во надворешното“ – рекол Варсануфиј.

Тебе ти е потребно со умерен надворешен живот да го зачуваш телото во спокој и здравје, а самоодрекување да покажеш преку отфрлање на секакви помисли и чувства против Евангелието. Нарушувањето на спокојството го нарушува целокупниот поредок и целата едноличност на занимањата кои се неопходни за подвижникот. Телото и крвта не се буквално во телото и крвта, туку во телесното мудрување. Тоа ја доведува душата под влијание и во власт на телото и на крвта, а телото и крвта под целосна власт и управа на гревот. И телата на светиите имале тело и крв, но со духовната мудрост го отфрлиле јаремот на гревот, стапувајќи под управа и влијание на Светиот Дух.

Творецот некои така ги устроил, што со суров пост и со други подвизи треба да го сопираат дејствувањето на своите моќни тела и крв, давајќи ѝ со тоа на душата прилика да дејствува. Други се сосема неспособни за телесни подвизи: сè треба да постигнат со умот; нивната душа, сама по себе, без никаква подготовка се наоѓа во постојано дејствување. Таа треба само да ги прифати духовните орудија. Бог Му се јавува на човекот во мислена чистота, ако човекот ја достигнал со телесен и душевен подвиг, или само со душевен.

Душевниот подвиг може и сам, без телесниот, да донесе исчистување; телесниот пак, ако не премине во душевен, сосема е бесплоден, и повеќе штети отколку што користи: задоволувајќи го човекот, тој не му дозволува да се смири, туку напротив, донесува високо мислење за себе, како подвижник кој не е како другите, слаби луѓе. Впрочем, телесниот подвиг, кој се извршува со вистинско расудување, неопходен им е на сите што се набдарени со здравје и со силна телесна конституција, и од него треба да се започнува општото монашко правило. Повеќето Христови трудбеници, кои преку долготрајно подвизување веќе зајакнале во него, почнуваат да Continue reading

Advertisements

Подвигот

85695ПОДВИГОТ

Свети Исак Сирин рекол: „Подобра е смртта во подвиг, отколку живот во пад“. И каков е тој живот – живот во грев? Тој не го заслужува името – живот; Светото Писмо го нарекува смрт; тоа е зачеток на вечната смрт, а може да биде и вечна смрт, ако не се умртви со живот во Христа.

Немојте да мислите дека нашиот подвиг ќе биде лишен од страдања и од венци: не! Тој е поврзан со мачеништвото. Ова мачеништво е слично на мачењето на Лот во Содом: душата на праведникот се мачела гледајќи постојани и нескротливи прељуби. И ние се мачиме, опкружени од сите страни со умови кои ја нарушиле верноста на вистината, стапиле во блудна врска со лагите, се заразиле со омраза против, од Бога вдахновените книги, се наоружале против нив со хулење, со клевета и со адски потсмев. Нашиот подвиг има своја вредност пред Бог: на Неговите тасови стојат и нашата слабост, и нашите средства и околностите и времето во кое живееме. Еден голем отец го имал следново видение: земниот човеков живот му бил претставен како море. Тој видел како на подвижниците од првите времиња на монаштвото им биле дадени огнени крилја и како тие, како молњи, го прелетале морето на страстите. На подвижниците од последните времиња не им биле дадени крилја. Тие почнале да плачат на брегот од морето и тогаш им биле подарени крилја, но не огнени, туку некои послаби. Се подигнале над морето, но на патот, заради слабоста на крилјата, често паѓале во морето, со мака се подигнувале и одново го започнувале патот, за конечно, по многу напори и неволји, да успеат да го прелетаат.

Да не паѓаме во униние! Да не се стремиме неразумно кон сјајни подвизи кои ги надминуваат нашите сили, со побожност да земеме посмирен подвиг, кој сосема одговара на нашата слабост и кој, Бог, скоро очигледно, како со рака ни го дава. Да го извршуваме тој Continue reading

Убавата старост е Божји дар

149316.bУБАВАТА СТАРОСТ Е БОЖЈИ ДАР

(СТАРИТЕ, МЛАДИТЕ И ЕВАНГЕЛИЕТО)

* Обврска на општеството и Црквата е да се грижат за старите. Денешниот општествен систем на вредности не е благонаклонет кон старите. Што можат старите да направат сами за себе? Молитвата и внатрешниот Христов мир се појдовна основа за среќна старост. Правење добри дела секому е смисла на староста и исполнување на евангелската љубов*

Иако по прашањето за згрижување на старите лица нешто е и направено, сепак, мора да се констатира дека уште многу прашања се отворени и нерешени. За жал, анализата на општествените вредности, посебно оние, со кои нè засипуваат медиумите, кажуваат дека старите немаат адекватно место во општеството, а младите се поттикнати да ги уриваат традиционалните односи кон нив.

Модерната философија на индивидуализмот и потрошувачкиот менталитет, бара да се живее и во животот да се ужива сам, односно, само со своето семејство. За родителите, роднините и пријателите, место има дури за Божик.

Од ТВ екраните нè заслепуваат со младост, убавина, здравје… На ТВ екраните нема место за реалноста, за болните, дебелите, старите… И зошто, потоа, сме зачудени кога младите ги доживуваат старите и староста на искривен начин, претставувајќи ја староста како „болест“, а секоја смрт како непријатност, секој погреб како мака. Таквото претставување на староста не е во сооднос со христијанското, православно сфаќање на општеството и животот.

КОГА СТАРОСТА ПОСТАНУВА „ОПШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ“

По ова прашање, Светото Писмо е извор на конкретни знаења и морални начела. На пример, во Посланието до Ефесјаните, апостол Павле советува: „Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господа, зашто тоа е справедливо. Почитувај ги татка си и мајка си! – тоа е првата заповед со ветување, за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата“ (6: 1-3). А во Посланието до Тимотеј, истиот апостол пишува: „Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко… старите жени – како мајки“ (5: 1-2). Во Посланието до Тит, апостолот, во духот на здравата наука, им дава совет и на старите како да се однесуваат: „Старците да бидат трезвени, целомудрени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението; старичките, исто така…“ (2: 2-3).

Доколку старите пропуштат да ги поучат младите во верата и здравата Христова наука, тие ќе ги заборават Божјите заповеди, па и советите на апостол Павле, да ги почитуваат своите родители, како и старите воопшто. Тогаш системот на вредности радикално се Continue reading

Плачот

73486921_RRRSRRyoSRR_RRRRSПЛАЧОТ

При недостаток од духовни раководители, единствен наш раководител треба да бидат отечките дела и молитвениот плач пред Бога.

Преподобниот Григориј Синаит говори: „Кога ѓаволот ќе види дека некој живее во плач, тој не останува покрај него, бидејќи се грози од смирението што го произведува плачот“.

Потребна ли му е поука, на оној кој има мртовец што лежи покрај него и кој себеси се гледа умртвен од гревовите, со какви мисли треба да пролева солзи? Твојата душа е умртвена со гревови и е фрлена пред тебе мртва – таа, која ти е помила од цел свет. Зарем на неа не ѝ е потребно да биде оплакана? Очигледно таков плач може да се роди само во оној кој има јасна претстава за состојбата на паднатата природа и за состојбата на природата обновена со крштавање. Горко да заплаче и постојано да плаче може само оној, кој ја сфаќа цената на загубениот дар. Свети Јован Лествичник рекол: „Плачот по Бога е тагување на душата и расположение во кое, болното срце лудо го бара она по што копнее. Не наоѓајќи го она што го бара, тоа со страдање скита и заради тоа горко плаче“. Страдалното чувство на плачот треба да биде својствено на карактерот на христијанинот кој се кае. Оставањето на плачот е знак на измама и заблуда.

Пророчките сонови

85640ПРОРОЧКИТЕ СОНОВИ

Третина од својот живот човекот го поминува во сон. Како новороденче, тој преспива дури и повеќе од половината од својот живот. Сонот е лик на смртта, а будењето е лик на воскресението. За умрениот често говорат: „Заспа во вечен сон“ или „Одмора“. И луѓето се молат за непосрамен, мирен крај и заминување од земниот живот во целосен мир и молитвена предаденост на Бога.

Науката се труди да ја дешифрира природата на сонот, но многу е далеку од објаснувањето на овој феномен. Природната наука може по нешто да каже само за поедини физиолошки промени, што се случуваат во време на сонот, или за хемиските процеси во телото, додека психијатријата и психотерапијата се трудат да проникнат во психичките закони при сонувањето… Но, сеуште многу работи тука остануваат нејасни.

Духовното искуство разликува три вида, поточно три позадини на сонувањето. Првата е најраспространета. Тоа се празни, пусти и потполно бесмислени сонови, што не значат ништо, ни во морален, ни во умномисловен поглед. Тие, судејќи по сè, претставуваат само одраз на секојдневните грижи и преукупации во човечкиот мозок. Но, има сонови што сосема се јасно обоени, или со некаква немирна и валкана сила, или со сила што ги смирува душите. Има и страшни соништа што ги вознемируваат душите, обременуваат или поттикнуваат на нешто што не е добро. А, има сонови што нè тешат и нешто ни претскажуваат „од небо“, т.е. од Бога и светлите сили. Историски се посведочени пророчките сонови. За нив во Светото Писмо многупати се говори. Тие сонови чудесно го предупредуваат човекот, вдахновуваат, просветуваат, поучуваат и тешат. Нивната реалност е апсулутно неоспорна. Пророк Јоил неколку столетија пред Раѓањето Христово, за таквите пророчки сонови ќе рече: „И синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија“ (Јоил 2: 28). Примерите на светлите пророчки сонови ги гледаме и во првата глава од Евангелието по Матеј. Јосиф, свршен за Дева Марија, бидејќи праведен и не сакаше да ја изобличи, намисли тајно да ја остави. Но, штом помисли на тоа (на небото се отворени нашите мисли), му се јави ангел Господов на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; таа ќе роди Син и ќе му ставиш име Исус, зашто Continue reading

Преподобен Антониј Киево-печерски

ib570ПРЕПОДОБЕН АНТОНИЈ КИЕВО-ПЕЧЕРСКИ

Основоположник и татко на монаштвото во Русија. Роден е во малото место Љубеч близу Чернигов. Рано ја оставил својата татковина и отишол на Света Гора, каде што се замонашил и се подвизувал во манастирот Есфигмен. Според едно небесно јавување, игуменот го упатил во Русија за таму да создава монаштво. Тој си избрал една пештера кај Киев. Кога околу него се собрале желните за монашки живот, тогаш тој им го поставил за игумен Теодосиј, а самиот останал во пештерата во безмолвие. Со Божјиот благослов, манастирот нараснал и станал матица на руското монаштво. Антониј претрпел многу злоба од луѓето и од демоните, но со својата кротост ги победил сите.

Имал голем дар на прозорливост и на исцелување на болни. Се престави кај Господа во 1073 година, во деведесеттата година од својот живот и остави духовен расадник, којшто му носи добри плодови на рускиот православен народ со векови.

Пијанството

reducir-el-estomago-aumenta-riesgo-de-alcoholismo-619x348ПИЈАНСТВОТО

Ужасен порок е пијанството! Тоа е страст и болест која во телото влегува со попуштање на желбата и како навика добива сила на природна особина.

Христовиот служител треба да се пази не само од пијанството, туку и од навиката на обилна употреба на вино, кое го распалува телото и ги буди во него животинските желби. „И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд“ (Ефес. 5: 18) – рекол апостолот. Употребата на вино е дозволена во многу мала количина; кој не може да се ограничи на умерена употреба, тој подобро ќе стори ако целосно се откаже од него.

Пимен Велики рекол: „На подвижникот најпотребен од сè му е трезвен ум“. Виното го лишува човекот од способноста да ги чува умот и трезвеноста. Кога подвижникот е подложен на дејство од вино, кон неговиот ослабен и помрачен ум пристапуваат противниците, а тој веќе нема сила да им се спротивстави. Вразан од дејството на виното, тој е одвлечен во гревовната бездна! Плодовите на долготрајниот подвиг паѓаат за миг: бидејќи Светиот Дух отстапува од осквернетиот со грев. Ете зошто преподобниот Исаија, египетскиот отшелник, рекол дека оние кои го сакаат виното, никогаш не се удостојуваат со духовни дарови: за тие дарови да можат да престојуваат во човекот, потребна е постојана чистота, која е можна единствено со постојана трезвеност.

Осудувањето

85626ОСУДУВАЊЕТО

Треба остро да се одвлекуваме себеси од осудување на ближните, оградувајќи се од тоа со страв Божји и со смирение. За да ослабнеме во срцето и, со Божја помош, целосно да ја искорениме соблазната над ближниот треба да се задлабочуваме себеси во светлината на Евангелието, да внимаваме на своите слабости, да ги истражуваме своите гревовни тежнеења, движења и состојби. Кога нашиот грев ќе го привлече нашето внимание, нема да имаме време да внимаваме на недостатоците на ближниот и да ги забележуваме. Тогаш сите ближни ќе ни изгледаат убави и свети; тогаш секој од нас себеси ќе се смета за најголем грешник во светот, единствен грешник на светот; тогаш за нас широко ќе се отвори вратата и прегратката на вистинското покајание.

Пимен Велики говорел: „Ние и нашите браќа сме како две слики. Ако човек гледајќи во себе наоѓа недостатоци, тогаш во својот брат ќе види совршенство. Ако пак самиот си изгледа совршен, тогаш ќе го споредува братот со себе и ќе мисли дека тој е лош“.

Еднаш дошол авва Амон во некое живеалиште на монаси, за со браќата да јаде на трпезата. Еден од браќата од тоа место, почнал да се однесува сосема недолично: го посетувала жена. Другите браќа дознале за тоа; се вознемириле, се собрале да се советуваат и решиле да го истераат братот од неговата колиба. Кога дознале дека епископот Амон е таму, дошле кај него и го замолиле да појде со нив за да ја прегледаат ќелијата на братот. За тоа дознал и братот, па ја скрил жената под еден голем дрвен сад, обрнувајќи го со дното нагоре. Авва Амон го сфатил тоа, па заради Бог го покрил прегрешението на братот. Откако со браќата дошол во ќелијата, седнал на садот и наредил да се пребара ќелијата. Ќелијата била пребарана и жената не била најдена. „Што е тоа? – им рекол авва Амон на браќата. – Бог нека ви го прости прегрешението“. Потоа се помолил, па им заповедал на сите да излезат. И тој излегол по Continue reading

Православието во Бахреин

1024px-Bahrain14ПРАВОСЛАВИЕТО ВО БАХРЕИН

Местоположба: Среден Исток, архипелаг во Персискиот залив, на исток од Саудиска Арабија.

Површина: 665 км2.

Број на население: 1.234.571 жители (според податоците од 2011 година).

Официјални јазици: арапски и англиски.

Куса историја на државата: Историјата на Бахреин започнува од III век пред Рождеството Христово. Тогаш на овие острови постоела развиена цивилизација. Древното господарство се нарекувало Дилмун. Името Бахреин е подоцнежно. Тоа е арапски назив и означува „две мориња“. Убавата местоположба по текот на трговските маршрути, кои ги поврзуваат Месопотамија и Индија, придонесло за расцутот на Дилмун.

Во IV век по Христовото Рождество, архипелагот бил освоен од Персијците и постанал дел од Империјата, па така островите останале во една целина сѐ доарапските освојувања, кога биле вклучени во халифатот. Од IX–XI век, Бахреин бил центар на државата на карматите, која во тоа време била влијателна муслиманска секта. Во средината на XIII век, Бахреин за кусо време стекнал независност, но набргу постанал дел од емиратот Ормуз.

Арапите господареле овде до 1521 година, кога земјата ја освоиле Португалците. Во 1602 година островите повторно биле освоени од Персијците, па архипелагот влегол во состав на сефевидскиот Иран. Во 1783 година, од страна на Ахмад ибн Халифа ал-Халифа, родоначалникот на династијата која управува со Бахреин до наши дни, била востановена независност на државата.

Во 1820 година во Бахреин навлегле Англичаните, па од 1861 година островот се наоѓал под британски протекторат. Целосна независност земјата стекнала дури на 14 август 1971 година.

За време на Првата светска војна иранската влада сметала дека Бахреин е незаконско одземена територија од делот на Иран, а овие претензии биле преднајавени од Иран и во осумдесеттите години од минатиот век. Бахреин имал и конфликт со Катар за неколку Continue reading

Свети Сисој Велики

Varlaam5

СВЕТИ СИСОЈ ВЕЛИКИ

Свети Сисој Велики († 429) е христијански светец, испосник, следбеник на преподобен Антониј Велики. Споменот во Православната Црква се празнува на 6 јули (според Јулијанскиот календар).

Свети Сисој е родум од Мисир (денешен Египет) и бил ученик на преподобниот Антониј Велики. По смртта на својот голем учител, Сисој се населил на пустинската гора наречена Антониева, според местото на подвигот на великиот светец. Можел да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизувал шеесет години во пустината и се смета дека бил како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнувале барајќи поука. Пред смртта лицето му заблескало како сонце. Монасите стоеле околу него и ѝ се восхитувале на оваа појава. А кога светителот ја испуштил душата, одајата се исполнила со прекрасно благоухание. Се упокоил во длабока старост, во 429 година.

„Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако, пак, се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“.

Според преданието, свети Сисој еднаш, во пустината, го пронашол гробот на Александар Македонски. Кога го видел, се ужаснал и рекол: „Колку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел…“ И го затворил гробот и никому не му го покажал.