Светот

87072СВЕТОТ

Зборот Свет има две значења во Светото Писмо. 1) Во следниве изрази на Светото Писмо, како и на нив слични, со зборот свет се означува целиот човечки род: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен. Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него“ (Јован 3: 16-17). „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“ (Јован 1: 29). 2) Со зборот свет се означуваат оние луѓе кои водат гревовен живот, спротивен на волјата Божја, и кои живеат за светот, а не за вечноста. Така треба да се сфаќа зборот свет во следниве, и на нив слични изрази: „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето, но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази“ (Јован 15, 18-19). „Не сакајте го светот и сè што е во него. Ако некој го сака светот, во него нема љубов од Отецот. Зашто, сè што е во светот – похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јов. 2: 15-17). „Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли, дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога“ (Јак. 4: 4). Блажен Теофилакт Охридски вака го одредува светот: „Светото Писмо со зборот ‘свет’ вообичаено го нарекува животот на грешните луѓе и на оние кои пребиваат во него мудрувајќи телесно: затоа Христос и им рекол на Своите ученици: не сте од светот. Тие биле дел од луѓето кои живеат ‘во светот’, но, бидејќи не пребивале во грев, не биле од ‘светот’“. Повеќето од луѓето воделе и Continue reading

Advertisements

Самоукорувањето

87033САМОУКОРУВАЊЕТО

Видот на смирение, кој подготвува за трпение на неволјите пред да се појават и помага нивно мирно поднесување кога ќе се појават, Светите Отци го нарекле самоукорување.

Самоукорувањето е обвинување на себе за заедничката гревовност на сите луѓе и за својата посебно. Притоа, корисно е да се сеќаваме на своите нарушувања на Законот Божји и да ги набројуваме, освен блудните падови и сопнувања, за кои отците забрануваат детално да се присетуваме, бидејќи го обновуваат гревовното чувство во човекот и се насладуваат со него.

Самоукорувањето, кога ќе ја достигне својата полнота, конечно од срцето ја искоренува злобата, искоренувајќи го лукавството и лицемерието, кое не престанува да живее во срцето, сè додека во него е присутно самооправдувањето.

Занимавањето со самоукорување го претвора тоа укорување во навика. Кога на оној, кој стекнал таква навика, ќе му се случи некоја неволја, во истиот момент кај него се јавува дејството на навиката и неволјата се доживува како заслужена. „Главна причина за своето вознемирување – вели преподобен авва Доротеј – ако внимателно испитуваме, е тоа што не се укоруваме себеси. Оттаму потекнува секое растројство; заради тоа никогаш не наоѓаме спокојство. И тогаш не изненадува што од сите светии слушаме: ‘Нема друг пат, освен тој’. Не гледаме било кој од светиите дека пронашол спокојство одејќи по друг пат! А ние сакаме да одиме по вистинскиот пат, а притоа да не се прекоруваме себеси. Навистина, ако човекот направи многу добродетели, а не оди по тој пат, никогаш нема да престане да се навредува и да се навредува, уништувајќи ги со тоа сите свои напори. Напротив: оној, кој се Continue reading

Самоодрекувањето

87026САМООДРЕКУВАЊЕТО

Новата заповед вели: Кој сака да ја спаси својата душа, нека ја погуби. Што значи да се погуби душата? Значи да се отфрли дејствувањето според сопствените чувства и да се принудиш себеси на дејствување според евангелските заповеди. На оној, кој така постапува, Евангелието му ги пренесува своите познанија и своите чувства, кои ѝ припаѓаат на природата на новиот човек, обновен според подобието на Создателот и Искупителот наш. Во тоа се состои принудувањето и присилувањето на себе, кое го наложува Евангелието. Тоа го означува советот, кој Светите Отци, толку често го повторуваат: „Дај крв и прими Дух!“ Отсечи ги од себе својствата на паднатата природа и привиј ги својствата на природата обновена со Христа.

Барам во себе самоодрекување и не го наоѓам! Го барам човекот, кој би се одлучил да ја отфрли својата волја и расоблечен од било каква волја, да посака во целост да Го следи Христа, да ја исполнува Неговата волја – и не наоѓам таков човек! Тагува мојот поглед среде многу луѓе како во пустина, не наоѓа глетка на која би запрел и би се утешил! Сите ние ги засакавме своите празни и глупави желби, го засакавме распадливото, минливото, телото и крвта и вечната смрт која живее во нив! Тесниот пат – тоа е пат на самоодрекување; а самоугодувањето е тесно и на широк пат. Се пробиваме, брзаме, се туркаме едни со други во веќе преполната адска бездна! И денес постојат подвижници, но на нив ги нема победните венци, венците Христови. Венец Христов е Светиот Дух. Со Светиот Дух Христос ги овенчува Своите војници победници. Денес Духот не слегува затоа што подвижниците се подвизуваат незаконито. „Ако некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата. Ниеден војник – рекол Continue reading

Спомен на Светите Отци од Седмиот Вселенски собор

7sobor-04СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ОД СЕДМИОТ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР

„Оче Свети, запази ги во Твоето име оние, што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние“

(Јован 17: 11)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Прославувајќи го денес споменот на светите отци од Седмиот Вселенски Со­бор, потребно е сите заедно да принесеме благодарност кон Бога за Негова­та сеопфатна Божествена љубов. Токму таа љубов денес ни го пружа сето она, кое за нас претставува суштински живот, а тоа е Божјата Црква и нејзините све­ти Тајни, преку кои ја стекнуваме Божјата благодат, со која живееме и делува­ме.

Накусо да се потсетиме на историските факти кои ни се познати за Седмиот Вселенски Собор. За време на владеењето на царица­та Ирина, која го одобрувала почитувањето на иконите, одржан е овој Собор во градот Никеја, во 787 година, на кој биле дефинирани легитимноста и правил­на­та употреба на иконите во Црквата. Овој Собор исклучуво се држел до теоло­ги­ја­та на светиот Јован Дамаскин. Со донесените соборски одлуки било потврде­но дека иконите можат да бидат сликани и почитувани, но не и обожувани. Епис­копите, кои биле присутни на Соборот, заклучиле дека суштината на хрис­ти­јанската вера се состои во воплотувањето на Синот Божји во човечко тело, но дека Бог навистина е невидлив. Меѓутоа, во Христа Исуса невидливиот Бог постанал видлив. Оној, кој го гледа Исуса, го гледа и невидливиот Отец. Кога во Црквата се негира сликањето на иконите и иконопочитувањето, тогаш се неги­ра и вистинската човечка природа во Исуса. Исто така, тогаш се негира и тоа дека во Христа и преку Христа на луѓето им е даден Светиот Дух, за да постанат свети и навистина да потврдат дека се створени според Божјиот образ и подо­бие (1. Мој. 1: 26). Според тоа, соборската одлука гласела дека отфрлањето на светите икони истовремено е и отфрлање на фактот дека Бог нас нè спасува пре­ку Христа и Светиот Дух. Иконите го претставуваат вистинското преобра­же­ние и обожување на човекот преку Continue reading

Света Злата Мегленска

Sveta_zlataСВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА

Светата великомаченичка Злата Мегленска е светителка – маченичка од времето на турското владеење во Македонија. За нејзиниот живот и маченичка смрт дознаваме од нејзиното житие, кое е напишано во 1799 година, на грчки јазик, од очевидецот на нејзиното мачеништво, свети Никодим Светогорец.

Според житието, света Злата Мегленска е родена и пострадала во Слатино, Мегленско, во Егејска Македонија . Таа е ќерка на сиромашни селски родители, кои што имале уште три ќерки. Света Злата Мегленска зрачела како со духовни, така и со телесни високи квалитети. Духовните квалитети ѝ биле силната вера во Господ Исус Христос, нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Така, нејзината убавина дала повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.

Нејзината ретка убавина го привлекла вниманието на Турчин од нејзиното место, кој страсно ја посакал и еден ден, кога таа излегла со своите другарки во шумата, Турчинот потплатил некои арамии да ја грабнат и да ја одведат во неговиот дом. Таму, отпрвин се обидувал да ја натера да се потурчи, ветувајќи ѝ дека ќе ја земе за жена. Но, света Злата останала непоколеблива и на ваквите ветувања му рекла: Continue reading

Преподобна Гертруда

SVETA GERTRUDAСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА НАША ГЕРТРУДА, ИГУМЕНИЈАТА НА НИВЕЛСКАТА ОБИТЕЛ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 17 МАРТ

(626-659; Saint Gertrude of Nivelles) 

Преподобната мајка наша Гертруда[1] била ќерка на Пипин Ланденски и света Ита, а била и блиска роднина на свети Бавон. Таа е родена во Ланден, во 626 година. Уште како млада девојка се одликувала со особени добродетели, презирајќи ја суетата на овој свет, а подоцна, по совет на свети Аманд, ја посветила својата девственост на Господа.

Но, синот на еден прочуен австразиски господин, ја забележал при кралскиот двор и не можел да остане рамнодушен на нејзината убавина. За ова тој му раскажал на кралот, па тој го повикал Пипин и неговата ќерка, за да им предложи средба со младиот господин. Но, Гертруда категорично го одбила овој предлог, а на кралот му кажала дека таа уште од детството ја посветила својата непорочност на Христа. Кралот, иако бил зачуден од овој одговор, сепак, ја одобрил ваквата нејзина одлука. Но, младиот господин, кој не очекувал таков одговор, жестоко се навредил. Пипин не бил задоволен од одлуката на својата ќерка, па одлучил да ги употреби сите можности како родител, за да влијае врз својата ќерка да ја смени одлуката. За младата девојка тогаш останал само еден излез – бегство. Со согласност на својата мајка, Гертруда побегнала од татковиот дом и се скрила во осамено место, каде поживеала извесен период, молејќи се и усовршувајќи се во добродетелите. Откако добро размислил, Пипин се помирил со одлуката на својата ќерка, па ја повикал да се измират, почитувајќи ја нејзината одлука.

Со смртта на Пипин завршил среќниот период во неговото прекрасно семејство. Во времето кога нејзината мајка основала манастир, според советите на свети Аманд, Гертруда се населила во Нивел, за да биде поблиску до мајка си. Но претендентите по нејзината рака, а и по наследството на Пипин, не се откажувале од намерите да се оженат со неа, така што нивната упорност немала граници, па Гертруда одлучила да замине во манастирот, со кој Continue reading

Самооправдувањето

86979САМООПРАВДУВАЊЕТО

Преподобен авва Доротеј за почеток на својата поука за смирението, како камен-темелникот во зданијата, ја зема следнава изрека на еден од светите старци: „Пред сè ни е потребна смиреномудреност, ние треба да бидеме подготвени, против секој збор што ќе го слушнеме, да кажеме ,прости’, бидејќи со смиреномудреност се кршат сите стрели на ѓаволот и на противникот”. Во отфрлањето на оправдувањата, во обвинувањето на себе, и во молењето за прошка во сите ситуации кога вообичаено мирјаните прибегнуваат кон оправдувања и ги намножуваат, се состои големата и таинствена бања на светото смирение. Неа ја почитувале и неа ја завештуваат сите Свети Отци. Тоа дејствување е чудно кога се набљудува површно, но искуството бргу ќе покаже дека донесува голема душевна корист и дека потекнува од Вистината, од Христа. Господ ги отфрлил оправдувањата, не ги употребил пред луѓето, иако можел да им ја покаже Својата голема Божествена правда во целата нејзина големина. „Оправдувањето со зборови не доликува на христијанскиот живот“ – рекол свети Исак Сирин. Преподобен Пимен Велики велел: „Ние паѓаме во многу искушенија, бидејќи не го чуваме поредокот, кој му доликува на нашето знаење. Зарем не гледаме Continue reading

Самоизмамата

86969САМОИЗМАМАТА

Тешко е да се излезе од самоизмамата. На дверите стои стража; дверите се затворени со тешки и цврсти брави, запечатени со печатот на адската бездна. Бравите се – гордоста, која се крие длабоко во срцето на самоизмамените и суетата, која е главен двигател на нивните дејствувања, како и лицемерието и лукавството, со кои гордоста и суетата се прикриваат и кои ги облекуваат во маска на добронамерност, смирение и светост. Нескршлив печат е да се сметаат делата на самоизмама за благодатни дела.

Блажена е душата, која себеси се смета за сосема недостојна за Бог, душата која се осудила себеси како грешна! Таа е на патот на спасението; во неа нема самоизмама.

Чувство на плач и покајание – е единствено нешто што ѝ треба на душата, која Му приоѓа на Господа со намера од Него да добие прошка за своите гревови. Тоа е – добар дел! Ако си го избрал, нема да ти се одземе! Не менувај го тоа богатство за пусти, лажни, насилни и божемни благодатни чувства, и немој да се погубиш себеси со лаги.

„Ако некои од отците – вели преподобен Исак Сирин – пишувале дека постои чистота на душата, дека постои нејзино здравје, бестрастие, вид, не го пишувале тоа за ние, пред време да ги бараме и исчекуваме. Во Светото Писмо е речено: „Царството Божјо нема да дојде забележливо“ (Лука 17: 20). Оние, во кои живее исчекувањето, стекнале гордост и пад… црквата Божја го отфрлила барањето и исчекувањето на возвишените Божествени дарови. Тоа не е обележје на љубов кон Бог, туку – болест на душата“.

Сите светии себеси се сметале недостојни за Бог; со тоа го покажувале своето достоинство, кое се состои во Continue reading

Праведен Авраам

02349_hiresПРАВЕДЕН АВРААМ

Според Светото Писмо, Авраам е првиот патриарх од Израил, кој бил роден во Ур, по долниот тек на реката еуфрат. Кога му се јавил на деветдесет и девет годишниот Аврам и склучил завет со него, Бог му кажал дека одсега па понатаму тој ќе се вика Авраам, а жена му Сара ќе биде именува во Сарра.

Заедно со својот татко, Тара и Лот ја напуштиле тогашната Вавилонска империја и се населиле во Харан, меѓу реките Тигар и Еуфрат (блиску до денешната граница меѓу Сирија и Турција). По смртта на својот татко, по совет на Господа, Авраам го продолжил „делото“. Продолжил кон југ, ја преминал Хананската земја до Сихем, потоа пристигнал до планината меѓу Ветил и Гај и навлегол во пустината Негев.

Во тоа време Авраам и Лот имале големи стада добиток. Биле прилично богати, но богатство од таков тип било несигурно. Доколку настанало глад меѓу народот, богатството им „исчезнувало“. Затоа, по некое време тој отишол во Египет, каде како своја сестра тој ја претставил жена си Сара, бидејќи му било страв од фараонот дека ќе го убие поради нејзината убавина, со која би сакал да му ја одземе. Фараонот навистина го привлекла убавината на Сара, ја однел во својот дом и како замена за Сара, на Авраам му дал некои скапоцености. Но, Бог го казнил и неговиот двор бил обземен со болести, со кое фараонот ја раскрил измамата на Авраам, му ја вратил повторно Сара и повторно го испратил на пат. Блиску до Continue reading

Самољубието

080САМОЉУБИЕТО

Самољубието е изопачена љубов кон себе. Таа љубов е безумна и погубна. Оној кој е самољубив, кој е врзан за суетното и минливото, за гревовните наслади – непријател е на самиот себе. Тој е – самоубиец: мислејќи дека се љуби себеси и си угодува себеси, тој се мрази и се погубува, се убива со вечна смрт.

Очигледно: за да го засакаш ближниот како себеси, претходно треба правилно да се засакаш себеси.

Се сакаме ли себеси? Без разлика на тоа колку ова прашање е чудно, треба да се каже дека луѓето кои се сакаат себеси се многу ретки. Повеќето од луѓето се мразат себеси и се трудат да си нанесат колку што е можно повеќе зло. Ако го измериме злото, кое му е направено на човекот во текот на животот, ќе најдеме дека ниту најлутиот непријател не му нанел толку зла, колку што човекот си нанел самиот на себе. Секој од нас, кога непристрасно би се загледал во својата совест, би видел дека таквиот заклучок е оправдан. Која е причината за тоа? Која е причината што ние на себе, скоро постојано си правиме зло, а притоа, постојано и незаситно сакаме добро? Причината е во тоа што, правилната љубов кон себе ја заменивме со самољубие, кое нè наговара да се стремиме кон неразумно исполнување на нашите желби и нашата падната волја, раководени од лажниот разум и лукавата совест. Нас нè водат и користољубието, и славољубието, и злопамтењето, и осветољубивоста и сите гревовни желби! Ние се  Continue reading