Зарем не гореа срцата во нас?

017ЗАРЕМ НЕ ГОРЕА СРЦАТА ВО НАС?

Колку време помина, а да не се погледнаа? Колку време еден на друг не си упатија вистински збор? Зашто, додека „меѓусебно разговараа за сè што се случуваше“, постапуваа онака, како што и ние најчесто постапуваме: секој говори за себе, не слушајќи го одговорот на другиот. Се жалиме дека не нè разбираат. Но, дали ние имаме разбирање за другите? Па, зарем не е потребно и да слушаме, ако сакаме да разбереме? Другите нам ни се огледало или ѕид и од нив не бараме друго, освен сопствениот одраз…

Љубовта нам набрзо ни постанува навика, па затоа, речиси секој трет човек, мора да нè извлекува од нашето презаситено задоволство, од нашата затапена дволичност. Обично, детето е она нешто, кое внесува милина, смисла и новост во љубовта на секој брачен пар. Малку се оние семејства, кои заради волјата на некој гостин, ја покажуваат сета своја внатрешна убавина. Во таков случај, третата личност е токму Христос. Ќе се јави ли Он вечерва во ликот на некој осамен патник? Зашто, „каде што се двајца или тројца…“. Он исчезна од пред нивните очи по патот за Емаус, но претходно ги обнови. Во малку направи едно од своите вообичаени чуда: како глуви – прослушаа; како неми – проговорија. Секојпат, кога Христос ќе помине низ нашиот живот, се случува истото чудо: ни дава очи да прогледаме и уши за да прослушаме. Тоа е смислата и на секоја Литургија. Многумина со леснотија ѝ се потсмеваат на големата чета, која пристапува пред Светата Причест, но која секогаш заминува од храмот „снабдена со својот Бог“! Многумина им се потсмеваат на луѓето, кои излегуваат од просторијата за исповед со лице кое светли од смиреноста на одлуката, или понекогаш е облеано со солзи. Оној, кој се исповедал, излегува од својот смрдлив и загушлив ормар, па луѓето лесно паѓаат во напаст и почнуваат да говорат за магијата и автоматското простување.

Но оној, чија душа не може да живее без таа Храна и кој во исповедалницата се ослободува од стариот човек, не може да го сфати таквиот потсмев од останатите. Зошто и тие барем еднаш не се обидуваат? Зарем сеуште немаат сфатено дека христијанството е искуствена и богооткриена религија? Таму, каде што се двајца или тројца… Таму, каде што илјадници и илјадници ги затвораат очите и ги прекрстуваат рацете во Негово име и чувствуваат како срцето им гори, ете, таму е Он! Како дете им бев љубоморен на Петар, Јован и Симон Киринеецот. Не знаев што е тоа Литургија и света Причест, ниту што е тоа заедница на светиите. Не знаев дека секој од нас може да Му помогне на Исуса во носењето на Неговиот крст, а притоа да не мора да ја навали главата на Неговите гради и да Continue reading

Advertisements

Советувањата

87457СОВЕТУВАЊATA

Отците забрануваат на ближниот да му се даваат совети според сопствено убедување, без негово барање; самоволното давање совети покажува дека себеси си припишуваме духовни знаења и квалитети, што претставува очигледна гордост и самоизмама. Ова не се однесува на настојниците и на старешините, кои се должни довереното братство да го поучуваат во секое време, секогаш кога ќе се укаже потреба, па и тогаш кога не се прашани (2. Тим. 4: 2). Но, за време на посетите на други манастири, тие треба да се раководат според советот од преподобниот Макарие Александриски на преподобниот Пахомие Велики. Пахомие го прашал Макарие за поучувањето на браќата и судот над нив. Авва Макарие одговорил: „Учи ги и суди им на своите потчинети, а не суди никому од страна“. Ова правило го чувале и го чуваат сите настојници, кои сакаат да Му угодат на Бога.

Оние што ви доаѓаат за совет, примајте ги со страв Божји, и секогаш кога ќе дојдат, молете Го Бог да ви даде корисно слово за ближниот. Обраќајќи Му се на Бог, пред секој разговор со ближниот, вие своите беседи ќе ги исчистите од суета. Зборувајте внимателно, не впуштајќи се во многуглаголивост. На посетителите не поставувајте им љубопитни прашања и трудете се да не започнувате разговори за манастирските работи и за сите дела на овој свет. Ако пак, се занесете и кажете нешто што не е според совеста, т.е. нешто што ги нарушува овде изложените правила, во мислите прекорете се себеси и покајте се пред Бога. На тој начин доаѓањето на ближниот ќе ви донесе голема корист, откривајќи ви ја вашата немоќ, која без тоа можела да остане скриена, што е многу штетно за Continue reading

Свети Григориј Палама

Gregory_Palamas_DionysiouСВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА
Свети Григориј Палама, архиепископ Солунcки, заштитникот на православното учење за Божествената светлина, се родил во 1296 г., во Мала Азија. Во време на турската наезда семејството избегало во Константинопол и нашле прибежште на дворецот на императорот Андроник II Палеолог (1282–1328). Таткото на свети Григориј станал висок чиновник при императорот, но наскоро умрел. Андроник самиот го презел воспитувањето и образованието на момчето, кое било надарено со прекрасни способности и голема упорност.

Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Света Гора Атон и станал послушник во монастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (спомен на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.

По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на свети Симеон Нов Богослов (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници. Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името исихазам (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.

Заради опасноста од нападите на турците, свети Григориј заедно со браќата преминал во Солун (Тессалоники), каде што тогаш бил ракоположен во чин свештеник. Своите презвитерски обврски свети Григориј ги соединувал со отшелничкиот живот. Во сабота и недела пастирот излегувал меѓу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекгаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси –отшелници и раководел со неа пет години.

Во 1331 г. светиот се оддалечил на Атон и се осамил во скитот свети Сава, близу Лаврата на преподобниот Атанасиј. Во 1333 г. бил назначен за игумен на Есфигменскиот манастир, во северниот дел на Света Гора. Во 1336 г. светиот се вратил во скитот свети Сава, каде што се занимавал со богословски трудови, кои не ги оставил до крајот на животот.

Во 30-ите години на XIV век во животот на Источната Црква се случиле настани, кои го поставиле светителот Григориј во редот со големите вселенски апологети на Православието.

Околу 1330 г. во Константинопол од Калабрија пристигнал учениот монах Варлаам. Наскоро Варлаам допатувал на Атон, таму се запознал со начинот на духовниот живот на исихастите и врз основа на догматот за недостижноста на Божјата природа, умното делување го нарекол еретичка заблуда. Варлаам влегол во спор со монасите и се обидувал да ја докаже создаденоста (тварноста) на Таворската светлина; при тоа тој не се засегал да ги исмејува расказите од монасите за молитвените примања и за духовните просветлувања.

Светителот Григориј, заштитувајќи го учењето за Божествената Таворска Светлина, говорел: «Вообразените со световна и суетна мудрост не внимаваат на мажите кои се искусни во духовното учење, кога слушаат за Светлината, (со која засветли Господ на гората на Преображението и која што ја видоа Апостолите), мислат дека таа е нешто сетилно и створено…, иако Самиот Тој што засветли со Светлина на Тавор јасно покажа дека таа Светлина не е створена, нарекувајќи ја неа Божјо Царство (Мт. 16, 28)…

Секаде присуствува Царот на сè и секаде е — Неговото Царство, бидејќи доаѓањето на Неговото Царство не означува Негово преминување од едно место на друго, туку Негово откривање со силата на Божествениот Дух…

Светлината на Преображението Господово не се раѓа и не исчезнува и не подлежи на сетилни способности и, иако била созерцувана со телесните очи…, сепак таиниците (учениците) на Господа во тоа време преминале од плотта во духот, преку изменување на сетилата, што се случило во нив преку Духот…

Засветлила онаа Неискажлива Светлина и таинствено им била јавена на Апостолите… додека (Господ) се молел; со тоа е покажано, дека родителка на тоа блажено видение била молитвата, дека блесокот настанал и се јавил од соединување на умот со Бога и дека таа им се дава на сите што при постојано вежбање во подвизите на добродетелите и молитвата, го устремуваат својот ум кон Бога. Вистинската убавина може да се созерцува само со очистен ум.

Господ наш Исус Христос Самиот од Себе ја имал таа Светлина. Заради тоа, Тој и немал потреба од молитва за да ја просветли со Божествената Светлина Својата плот, но само покажал; од каде таа Светлина слегува на Божјите свети и на кој начин може да биде созерцувана: зашто, напишано е, дека и светите «ќе засветат како сонце» (Мт. 13, 43), то ест, целосно проникнати со Божествената Светлина ќе го гледаат Христа… Ние веруваме дека Тој при Преображението јавил не некоја друга Светлина, туку токму онаа, што била скриена во Него под завесата на плотта; истата Светлина е Светлината на Божјата природа и затоа е Нестворена, Божествена…»

Свети Григориј ги изложил своите аргументи во богословскиот труд «Триади во заштита на светите исихасти» (1338 г.). Околу 1340 г. Атонските подвижници со помош на светителот составиле општ одговор на нападите од Варлаам —«Светогорски томос».

На Константинополскиот Собор во 1341 г. во храмот Света Софија, се одвивал спорот на светителот Григориј Палама со Варлаам, чија тема била: природата на Таворската Светлина. На 27 мај 1341 г. Соборот ги прифатил ставовите на светителoт Григориј Палама за тоа, дека Бог, Кој е недостапен во Својата Суштина, се јавува Себеси во енергиите, како Таворската Светлина, кои се насочени кон светот и се достапни за восприемање, а не се створени.

Иако учењето на Варлаам било осудено како ерес и самиот тој бил предаден на анатема, споровите меѓу паламитите и варлаамитите не завршиле. Меѓу вторите припаѓале ученикот на Варлаам, монахот Акиндин и Патријархот Јован XIV Каленас (1341–1347); кон нив се приклонил и Андроник III Палеолог (1323–1341). Акиндин настапил со редица трактати во кои ги прогласувал светителот Григориј и Атонските монаси за виновници за црковниот проблем. Светителот напишал подробно побивање на измислиците од Акиндин. Но, без оглед на тоа, Патријархот го одделил светителот од Црквата (1344) и го осудил на затвор кој траел три години. Во 1347 г., кога Јован XIV на патријаршискиот престол го сменил Исидор (1347–1349), светителот Григориј Палама бил ослободен и воведен во чин архиепископ Солунски. Во 1351 г. Влахернскиот Собор торжествено ја посведочил православноста на неговото учење.

Три години пред неговото упокоение тој се вратил во Солун. Непосредно пред да се упокои, нему му се јавил во видение светителот Јован Златоуст. Со зборовите: «Во горните! Во горните!» светителот Григориј Палама мирно се преставил при Бога, на 14 ноември 1359 г. Во 1368 г. тој бил канонизиран на Константинополскиот Собор при Патријархот Филотеј (1354–1355, 1362–1376), кој ги напишал житието и службата на светителот.

Тропар, глас осми:
На Православието учителу, на светителите украсу, на богословите поборнику непобедлив, Григорие чудотворецу, на Солун голема пофалбо, проповеднику на благодатта, моли го Христа Бога да бидат спасени нашите души.
Кондак, глас осми:
На Премудроста свештен и Божествен органу, на Богословието светла согласна труба, те воспеваме, Григорие Богоговорнику, но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче, води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.

Continue reading

Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (II)

witch-of-endor-samuel-appearsВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (II)

Сведоштва од Стариот Завет во врска со оние што говорат со „мртовци”

Кога Евреите се приближуваат до границите на земјата Хананска (по бегството од Египет, околу 1200-1300 година пред Христа), Бог преку пророкот Мојсеј го предупредува народот на следниов начин:

„Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. (Второзак. 18: 9-14).

Овој текст е доволно јасен и нема потреба од дополнителни толкувања. Да повториме уште еднаш дека, Бог е толку категоричен во однос на овие „феномени”, бидејќи комуникацијата со бесови (под вид на мртовци) е погубна за човечката душа. Феномени како горенаведените пророкот не ги нарекува поинаку освен гадотии пред Господа, и на нив тој го оддава распадот на хананските држави.

Но, знаејќи дека горното предупредување само по себе не ќе биде во сила да ги одврати оние што се предале на секакви пагански „феномени”, еврејскиот народ, кој при тоа бил веќе запознат со овие феномени уште од Египет, Бог преку Мојсеј издал строги закони, кои предвидуваат дури и смртна казна (убиство со камења) на оние кои се Continue reading

Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (I)

Vanga_posterRusВЕРАТА ВО „СИЛИТЕ“ – ГЛАВЕН БЕЛЕГ ВО АКТИВНОСТА НА ВАНЃА КАКО ВРАЖАЧКА И ГЛЕДАЧКА (I)

Анализа на нејзините активности од гледна точка на Светото Писмо и Светото Предание

Светото Писмо и светите Отци спомнуваат само за два извори на нашето знаење за невидливиот духовен свет: божествен и демонски. За трет извор не се спомнува. Всушност, како што веќе рековме погоре, современите истражувања за присуство на сопствени парапсихички способности кај човекот, исто така го потврдуваат тоа христијанско учење: „Десетици милиони долари биле потрошени за истражувања во оваа област и никогаш немало веродостојна демонстрација на парапсихичка сила што потекнува од самиот човек”.

Ванѓа, исто така, никогаш не тврдела дека таа самата е причината или изворот на нејзините претскажувања; напротив, таа често и отворено зборувала за општењето со „силите“, така што после сличните „општувања“ таа не се сеќавала на ништо од тоа што се случило и се чувствувала отпадната и уморна. Од неа речиси ништо не зависело, „силите“ ја „посетувале“ кога ќе посакаат и целосно ја контролирале. Условно кажано, Ванѓа била еден човечки радиоприемник на туѓа радиостаница.

Последователна потврда за горенаведеното се зборовите на нејзината внука Красимира Стојанова:

„Бев 16-годишна кога еднаш во нашата куќа во Петрич, Ванѓа ми проговори. Само тоа не беше нејзиниот глас, не беше дури ни таа, а некој „друг” човек кој зборуваше преку нејзината уста. Зборовите кои ги чув, немаа ништо заедничко со разговорот, кој го водеше пред тоа, сеедно како некакво друго лице да интервенира меѓу нас. Слушнав: „Еве, ние те гледаме…”, и после ми беше раскажано со детали сѐ што сум правела во текот на денот до тој момент. Се скаменив од страв. Малку потоа Ванѓа воздивна и рече: „Уф, ме пуштија силите” …Ја прашав зошто така ми го Continue reading

Советувањата

87410СОВЕТУВАЊАТА

Отците забрануваат на ближниот да му се даваат совети според сопствено убедување, без негово барање; самоволното давање совети покажува дека себеси си припишуваме духовни знаења и квалитети, што претставува очигледна гордост и самоизмама. Ова не се однесува на настојниците и на старешините, кои се должни довереното братство да го поучуваат во секое време, секогаш кога ќе се укаже потреба, па и тогаш кога не се прашани (2. Тим. 4: 2). Но, за време на посетите на други манастири, тие треба да се раководат според советот од преподобниот Макарие Александриски на преподобниот Пахомие Велики. Пахомие го прашал Макарие за поучувањето на браќата и судот над нив. Авва Макарие одговорил: „Учи ги и суди им на своите потчинети, а не суди никому од страна“. Ова правило го чувале и го чуваат сите настојници, кои сакаат да Му угодат на Бога.

Оние што ви доаѓаат за совет, примајте ги со страв Божји, и секогаш кога ќе дојдат, молете Го Бог да ви даде корисно слово за ближниот. Обраќајќи Му се на Бог, пред секој разговор со ближниот, вие своите беседи ќе ги исчистите од суета. Зборувајте внимателно, не впуштајќи се во многуглаголивост. На посетителите не поставувајте им љубопитни прашања и трудете се да не започнувате разговори за манастирските работи и за сите дела на овој свет. Ако пак, се занесете и кажете нешто што не е според совеста, т.е. нешто што ги нарушува овде изложените правила, во мислите прекорете се себеси и покајте се пред Бога. На тој начин доаѓањето на ближниот ќе ви донесе голема корист, откривајќи ви ја вашата немоќ, која без тоа можела да остане скриена, што е многу штетно за душата. Дури и да не сте достојни да давате совети, како што не сум достоен ниту јас, сепак, заради оскудица својствена на нашето време, ние треба да го делиме со ближните нашето оскудно знаење. Доколку ова го Continue reading

Христијанството во Бангладеш

20090802e76c60e91ec1a738ee0046bca3902cb6ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО БАНГЛАДЕШ

Местополжба: Бангладеш е држава во Јужна Азија, која е дел од источниот дел на древниот регион познат како Бенгал. Бангладеш буквално значи „Земја на Бенгал“. Се наоѓа северно од Бенгалскиот залив, а копнени граници има со Индија и Мјанмар. Во близина се наоѓаат Кина, Непал и Бутан.

Површина: 144.000 км².

Број на население: 161.083.804 жители, според податоците од месец јули, 2012 година.

Официјален јазик: Бенгалски, а се употребува и англискиот јазик.

Куса историја на државата: На почетокот на своето постоење, Бангладеш бил познат како Бенгал. Кога во 1947 година Британците го напуштиле потконтинентот, областа Источен Бенгал станала дел од Пакистан, наречен Источен Пакистан. Бенгалското национално чувство се развило по создавањето на независен Пакистан. Во 1971 година избувнале нереди. Околу еден милион Бенгалци биле убиени, а повеќе милиони протерани во Индија, кои на крај влегле во војна на страната на Бенгалците, со што придонеле за поразот на Западен Пакистан. Источен Пакистан станал независна нација на Бангладеш. Опустошеноста предизвикана од војната била поправена, а политичката нестабилност, вклучувајќи и атентати врз двајца претседатели, продолжила.

Религија: Доминантна религија во Бангладеш е исламот (89,7 %), додека следбеници на хиндуизмот се 9,2 % од населението. Христијаните се застапени во Протестантската Црква на Бангладеш, а има бал број и на римокатолици. Во Бангладеш се регистрирани и сектите Божјо Собрание и Јеховини Сведоци.

Христијанството во Бангладеш: Првите римокатолички мисионери во Бенгалија пристигнале заедно со португалските колонизатори во 1517 година. Во 1599 година во Читагонг пристигнале и језуитите за пастирска дејност меѓу колонистите. Во јануари 1600 година била построена првата римокатоличка црква во градот Саткирха.

Првата црковна структура на Римокатоличката црква во Бенгалија постанал апостолскиот викаријат на Бенгалија, кој бил основан од Светиот Престол во 1834 година. Во 1850 година апостолскиот викаријат на Бенгалија бил Continue reading

Совеста

87366СОВЕСТА

Совеста е чувство на човековиот дух, фин и светол, кој разликува добро од зло. Тоа чувство подобро го разликува доброто и злото, отколку умот.

Доброволните прегрешенија ја помрачуваат, затапуваат, ја заглушуваат и ја успиваат совеста. Секој грев, кој не е исчистен со покајание, штетно влијае на совеста. А постојаниот и доброволен гревовен живот како да ја умртвува.

Како што сечилото од ножот се остри со камен, така и совеста се остри со Христа: таа се просветува со изучување, а се изострува со исполнување на евангелските заповеди.

Просветена и изострена со Евангелието, совеста детално и јасно му ги покжува прегрешенијата на човекот – дури и најмалите.

Биди совесен во однос на Бог: исполнувај ги сите заповеди Божји, како оние, чие исполнување сите го гледаат, така и оние чие исполнување никој не го гледа и кое е видливо само за Бог и за твојата совест.

Биди совесен во однос на ближниот: не задоволувај се само со надворешна пристојност на своето однесување кон ближните! Барај од себе и твојата совест да биде задоволна од тоа однесување. А таа ќе биде задоволна, тогаш кога не само твоите дела, туку и твоето срце, ќе бидат поставени во оној однос кон ближниот, кој е заповедан во Continue reading

Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (III)

Vanga_monument_in_RupiteКОЈ Е ИЗВОРОТ НА „ДАРБА“ КАЈ ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА? (III)

Еден од знаците за крајот на овој земен свет е дека времето сѐ повеќе ќе го забрзува својот тек, а ѓаволот сѐ повеќе ќе го засилува својот бес, знаејќи дека му останува малку време (Откр. 12: 12). Во претсмртните пророштва на свети Нил Мироточиви од 1817 година читаме дека „денот ќе поминува како еден час неделата – како ден, месецот – како недела и годината – како месец”, а природните стихии исто така ќе се изменат и ќе го забрзаат својот нормален ритам.67 Сметаме дека ова во одреден степен веќе почнало да се случува. Но, од каде потекнува оваа се позасилена јарост со која демоните се стремат да го погубат човекот? Што добиваат бесовите од тоа? Еве каков ценет одговор на ова прашање наоѓаме во духовната книга „Евергетинос”:

„Бидејќи немаат можност директно да го нападнат Бога, злите духови Го напаѓаат во Неговите созданија, особено во човекот, кој единствен е создаден по Негов лик и подобие. Тие (злите духови) доживуваат огромно пеколно задоволство да го осквернат овој лик и да го одземат од Создателот она создание, кон кое Тој пројавува неизмерна љубов. Православниот христијанин треба да знае дека злобниот дух, кој не е способен за ништо добро, доживува необјасниво задоволство кога може да придобие соучесници во своите злосторства (преку своите непрестајни обиди да ја приклони слободната човечка волја кон грев), така што неговите соучесници со него ќе ја делат и Continue reading

Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (II)

1024px-Vanga's-House-InteriorКОЈ Е ИЗВОРОТ НА „ДАРБА“ КАЈ ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА? (II)

Во последните децении насекаде во светот се зголемуваат случаите на окултни феномени и тоа е загрижувачки знак за духовното здравје на човештвото, кое се испоставува сѐ поранливо на демонско влијание. Според статистиката, само за 5 години во Русија (од 1990-1995 година) се појавиле 300 000 екстрасенси, исцелители и волшебници. И не станува така само во Русија, ами и во целиот свет. Можеби повеќето наши современици ги слушнале имињата на Едгар Кејси, В. Гелер, Џуна Давиташвили, А. Кашпировски, Џ. Диксон, А. Чумак, Ју. Лонг, Д. Коперфилд итн. Некои од нив се „специјализирани” во исцелување, други „пророкуваат”, трети контактираат со „вонземјани”, а има и такви кои „скромно” ја преферираат сферата на масовните забави. А, за да покажеме дека случаи на ненадејна појава на „феноменални” способности како Ванѓините не се единствени, ќе приведеме неколку примери кои многу личат на бугарскиот „феномен”.

Во книгата „Од што сакаат да нѐ ‘спасат’ НЛО, екстрасен сите, окултистите и волшебниците” (2001), издадена со благослов на претходниот руски патријарх Алексеј II, има опис на интересен разговор одржан во текот на летото на 1990 година меѓу руски свештеник и 34-годишен екстрасенс, кој ненадејно видел НЛО, а потоа почувствувал дека може да лекува луѓе, ако само ја стави раката над болното место. Еве и дел од разговорот:

„Во почетокот забележав дека само да помислам нешто и тоа веднаш станува реалност. На пример, додека нѐ води придружбата на работа, одеднаш во мене се појавува мисла: „Еј, сега овој ќе се сопне”. И навистина, придружникот, кого го гледам, се попречува и паѓа. Во друг случај: „Началникот ќе се разболи.” И всушност, тој заболува. Сето ова продолжуваше ден по ден, па блиските почнаа да ме сметаат едвај не за пророк. Потоа, непознато од каде и од каква причина, кај мене се појави чувство дека, ако ја ставам раката над болното место, на човек ќе му стане подобро. Така и се случи.

Сега имам свој кабинет во поликлиника и немам време за одмор од пациенти. Парите сами се расфрлуваат и Continue reading