Свети свештеномаченик Ромуалд

SVETI ROMUALDСПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК РОМУАЛД, КОЈ ПОСТРАДА МАЧЕНИЧКИ ВО ГРАДОТ МЕХЕЛЕН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 24 ЈУНИ

(?-775; Saint Rumbold; латински: Rumoldus; холандски: Rombout) 

Свети Ромуалд[1] бил ирско-шкотски мисионер, кој неколку пати доаѓал на територијата на Холандија и Брабант (денешна Фландрија). За епископ бил ракоположен во Рим, а бил испратен на епископската катедра во Даблин. За време на своите мисионерски активности во Белгија, со своите молитви испросил од Бога чедо за една бесплодна жена, а потоа тоа исто дете и го воскреснал, откако го загубило животот во еден несреќен случај. Заедно со своите сотрудници во Божјото дело, а со срдечна помош на монахот Хумар, свети Ромуалд основал манастир во Лир. Подоцна, во близината на градот Мехелен, маченички го завршил својот живот од рацете на двајца разбојници, кои јавно ги изобличувал за нивниот нечесен и неморален живот. Неговите свети мошти и денес се наоѓаат во Мехелен, во соборниот храм кој е посветен во негова чест.

Свети Ромуалд денес е заштитник на градот Мехелен, а неговиот спомен Православната Црква го слави на 24 јуни според Јулијанскиот календар.

[1] Ромуалд = сила.

Advertisements

Човечката суета

88298ЧОВЕЧКАТА СУЕТА

Суетата е барање и сакање на минлива човечка пофалба. Суетата се јавува од длабоко непознавање на Бога или од длабок заборав на Бог, од заборав на вечноста и небесната слава, па затоа таа, во својата помраченост, незаситно се стреми кон стекнување на минлива земна слава. На неа оваа слава ѝ се чини како нешто вечно, нешто што не може да ѝ се одземе, токму како земниот живот. Суетата, која не ја бара добродетелта, туку пофалбите за добродетел, се грижи и се труди единствено да добие пофалби за добродетелта, на луѓето да им ја покаже маската на добродетел. И лицемерот стои пред луѓето облечен во облека на двојна измама: однадвор се гледа добродетелта, која во суштина ја нема, а во неговата душа владее самозадоволство и гордост, бидејќи е измамен, пред сè во самиот себе. Тој многу се насладува од суетата која го убива, се насладува мамејќи ги ближните и ужива во своето лицемерие. Покрај тоа, тој му станува туѓ на Бога: бидејќи секој горделив по срце е одвратен пред Господа (Изрек. 16: 5).

Особено внимание треба да се обрне на дејствувањето на суетата во нас, чие дејствување на крвта е многу тешко да се увиди и да се разбере. Суетата скоро секогаш дејствува заедно со префинетото сладострастие и на човекот му пружа многу фина гревовна наслада. Отровот на таа наслада е толку фин, што насладата со суета и со сладострастие многумина ја сметаат за утеха на совеста, дури и за дејство на Божјата благодат. Подвижникот кој е измамен со таа наслада, малку по малку доаѓа во состојба на самозалажување, сметајќи ја самоизмамата за благодатна состојба, тој постепено се потчинува на апсолутната власт на паднатиот ангел – кој редовно добива изглед на Ангел на светлината – и станува орудие, апостол на отфрлените духови. Од таква состојба напишани се цели книги, кои заслепениот свет ги фали и кои, луѓето неисчистени од страсти ги читаат со наслада и со Continue reading

Судот Божји

88281СУДОТ БОЖЈИ

Браќа! Нам, слабите и грешни, потребно и неопходно ни е, често да се сеќаваме на Второто доаѓање и на Страшниот Христов суд: токму тоа сеќавање претставува најдобра подготовка. Страшен е тој Суд, кој по општото воскресение го очекува секој човек. Страшен е и оној суд, кој го очекува секој човек по неговата смрт. Последиците и на едниот и на другиот суд се, или желно очекувани, или страшни. Ако земните судови, на кои се работи само за распадливото и минливото, нè загрижуваат, тогаш уште повеќе треба да се загрижиме заради Судот Божји. Со која друга цел Господ толку јасно ни го најавил тој Суд, ако не со цел да поттикне во нас страв, спасоносен за душата, кој е во состојба да нè зачува од гревовниот, немарен живот, кој претставува причина за нашата погибел. Преподобен Илија, египетски монах, кој молитвено тихувал во Тиваидската пустина, велел: „Мене ме плашат три времиња: времето на исходот на душата од телото, времето на судот Божји и времето на изрекувањето на пресудата, кои ќе ми следуваат од Бога“.

Недела по Богојавление

1295427860_img_7900НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ

„Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина, и на оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина“

(Матеј 4: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес го слушнавме евангелското четиво кое е одредено да се чита во Неделата по Богојавление, во кое што ни се раскажува како Спасителот Христос, по крштевањето на реката Јордан и по 40- дневното искушување во Јорданската пустина, тргнал за Галилеја, во земјата на Завулоновото и Нефталимовото колено, за оттаму да замине на проповед. На прв поглед, можеби овој податок за повеќето од нас звучи како недоволно значаен детаљ од Христовиот живот и податок кој може и да се одмине. Меѓутоа, овој податок нè принудува да размислуваме за многуте старозаветни пророштва, кои го прет­скажуваат доаѓањето на Спасителот, а кои пророштва останале незабележани од избраниот еврејски народ, кој не поверувал во нив, ги отфрлил, погазил, а во исто време и не го прифатил Христос за свој Месија.

Имено, за појавата на Спасителот Христос говореле сите старозаветни пророци. Да се потсетиме само за миг на неколку од нив. Пророкот Михеј во својата книга запишал: „И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста“ (Мих. 5: 2); праведниот Мојсеј ги запишал Божјите зборови: „Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè, што Јас ќе му заповедам; а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам“ (5. Мој. 18: 18- 19); а, пак, пророкот Малахија наговестил: „А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, исцеление ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе се разиграте како нахранети теленца“ (Малах. 4: 2). Но, пророштвото кое денес го слушнавме во евангелското четиво, кое го запишал евангелистот Матеј, а го искажал пророкот Исаиј, точно и прецизно ни ја одредува суштината на денешниот ден и конкретната ситуација која ја затекнал Христос со Continue reading

Свети Хуберт

SVETI HUBERTСПОМЕН НА СВЕТИОТ ХУБЕРТ, ЕПИСКОПОТ НА ГРАДОТ ЛИЕЖ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 3 НОЕМВРИ

(656-727; Saint Hubertus; лимбуршки: Hubertus van Luuk) 

За свети Хуберт,[1] познато е дека е роден во градот Тулуз, во аристократско семејство. Како момче, живеел при дворот на франечкиот крал Дитрих III во Париз, а подоцна при дворот на Пипин од Херистал во Мец. Уште од најрани години бил ценет поради неговите вонредни способности. Во 682 година се венчал со аристократката Флорибана, со која го добиваат синот Флориберт, кој подоцна ќе постане епископ, исто како татко му. За време на породувањето, Флорибана починала, па Хуберт оттогаш се повлекол од аристократскиот живот и се занимавал со единствената страст, за која дотогаш знаел – ловот. Според преданието, еднаш, кога бил на лов на Велики Петок на Ардените, Хуберт здогледал еден елен, кој меѓу роговите имал распетие, а слушнал и глас, кој го советувал да оди при епископот Ламберт. Набргу потоа, Хуберт го пронашол свети Ламберт во Мастрихт. При епископскиот двор Хуберт бил љубезно пречекан и духовно бил поучуван. Сите свои аристократски права тој му ги предал на својот брат Оде, но му го дал и синот, да се грижи за него. Својот имот им го поделил на сиромасите и бил ракоположен за свештеник. По совет на неговиот духовен отец, во 708 година заминал на поклонение во Рим. Во меѓувреме, додека патувал, свети Ламберт бил убиен во Мастрихт, а римскиот папа за ова имал чудесно видение. Кога пристигнал во Рим, папата го ракоположил за епископ и го вратил назад, за да раководи со епископската катедра во Лиеж. Откако се вратил, свети Хуберт се предал на молитвен и подвижнички живот. Подоцна, со негов благослов, светите мошти на свети Ламберт биле префрлени од Мастрихт во Лиеж, кој тогаш бил малечко село. Благодарение на неговата активност, Лиеж набргу прераснал во голем град, а над гробот од свети Ламберт била изградена голема катедрала. Свети Хуберт бил првиот епископ на Лиеж, а свети Ламберт бил прогласен за заштитник на градот. Грижливо се трудел и во ширењето на христијанството во подрачјето на Ардените.

Свети Хуберт починал од природна смрт, за време на редовна молитва. Погребан бил во црквата на Свети Петар во Лиеж, а подоцна неговото тело било префрлено во Бенедиктовиот манастир Амдаин. Во времето на реформаторските војни, неговото тело исчезнало, но се верува дека тајно бил погребан во некој дел од локалната шума.

Свети Хуберт денес е заштитник на градот Лиеж, на математичарите, ловците, оптичарите и работниците во металната индустрија. Неговиот спомен Православната Црква го прославува на 3 ноември според Јулијанскиот календар.

[1] Хуберт = разумен, паметен.

Солзите

слезаСОЛЗИТЕ

Солзите, како својство на паднатата природа, се заразени со болеста на падот како и сите други својства. Некој, по природа посебно е наклонет кон солзи и ги пролева во секоја згодна прилика: таквите солзи се нарекуваат природни. Постојат и гревовни солзи. Гревовни солзи се нарекуваат солзите кои се пролеваат од гревони убедувања. Такви солзи особено пролеваат луѓето предадени на сладострастие; солзи слични на сладострасните пролеваат оние, кои се наоѓаат во самоизмама и прелест; солзи обилно се леат и од суета, лицемерие и човекоугодување. Конечно, нив ги пролева и злобата: кога е лишена од можноста да направи злостор, да пролее човечка крв, таа пролева солзи. Вакви солзи имал Нерон, во кого современите христијани заради неговата суровост и омраза кон христијанството мислеле дека го гледаат антихристот. Во природните солзи спаѓаат и солзите заради огорченост; кога пак огорченоста има гревовен карактер, тогаш солзите на огорченост стануваат гревовни солзи. И за природните и за гревовните солзи, Светите Отци ни заповедуваат, веднаш штом ќе се појават да ги претвораме во богоугодни, т.е. да го менуваме поводот за солзи: да се потсетуваме на своите прегрешенија, на неизбежната и неизвесна смрт, на судот Божји – и да плачеме од тие причини.

Солзите, како дар Божји служат како обележје на милоста Божја: „Солзите во молитвата – вели свети Исак Сирин – се знаци на милоста Божја, на која душата се удостоила со своето покајание, и тоа дека е примена и дека со солзите почнала да влегува во полето на чистота“.

Солзите кои се пролеваат заради гревовите најпрво се горки, тие течат во болка и во мака на духот, а таа болка и мака, духот ги пренесува на телото. Малку по малку со солзите почнува да се соединува утехата, која се состои во Continue reading

Човечките стравови

strahЧОВЕЧКИТЕ СТРАВОВИ

Не чудете се што слушнавте тропкање: тоа е ѓаволски страв, а на стравовите не треба да им се предавате, знаејќи дека ѓаволот е целиот во Божја власт и дека може да го прави и го прави единствено она што Бог ќе му дозволи, заради наша корист. Кој бил во борба, а да не ги слушнал бојните труби и тропањето на непријателското оружје? Кога ќе ги слушне, храбриот војник се весели, бидејќи согледува и заклучува дека е близу часот на битката и нејзиниот крај. Една девојка која ја познавам, одела по пустиот пат близу до нашиот манастир; кога поминуваше покрај мостот, под него, одеднаш скокна разбојник со огромни мустаќи и, ставајќи ѝ го пиштолот на градите, викна: „Ќе те убијам!“ девојката се осени со крсниот знак и рече: „Ако е Божја волја – убиј ме!“ Само што ги изговори овие зборови, чудовиштето исчезна. Ова ви го пишувам за да бидете храбри и со стравот Божји да го победувате стравот демонски. Кај нас, кога некој има стравови, тој доаѓа и кажува, па стравот се уништува со Божјата благодат, која ги заштитува смирените, т.е. оние кои се откриваат, бидејќи смирението на почетникот се состои во тоа, со задоволство и слободно да ги открива своите помисли.

На стравот не треба да му се дозволи да завладее со тебе. Кој ќе подлегне на таа страст, таа го обзема и таквиот ќе се плаши од секакви бесмислици. Прочитај ја во светата Лествица главата за стравовите. Никакви заколнувачки молитви не ни се потребни: тие се над секој од нас прочитани за време на светото Крштавање. Потребно е да се предадете на волјата Божја и да се сметате себеси достоен за секаков човечки и демонски напад: тогаш стравот ќе Continue reading

Стравот Божји

88206СТРАВОТ БОЖЈИ

Оној, кој сака да Му пристапи на Бог за да Му служи, треба да се препушти на раководство на стравот Божји. Чувството на свештен страв, чувството на најдлабока побожност, ни влева, од една страна неизмерно величество на Божјото битие, а од друга страна – нашата крајна ограниченост и слабост, нашата состојба на грешност и пад. Стравот го наложува и Светото Писмо, кое почнува да ни го заменува гласот на совеста и природниот закон, кога тие се помрачија и почнаа да испуштаат нејасни и обично лажни звуци, за Евангелието во потполност да ги замени, кога се појави. „Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет“ (Псал. 2: 11) – нè учи Светиот Дух; на покорните на Неговата заповед Он им вели: „Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа“ (Псал. 33: 11); го објавува ветувањето дека ќе им подари страв Божји на оние, кои вистински имаат намера да станат свои на Бог: Ќе вложам во срцата нивни страв од мене, за да не отстапуваат од мене“ (Јерем. 32: 40). Почетокот на големата наука – со дело Богопознание – е стравот Божји. Оваа наука во Светото Писмо се нарекува премудрост. „Почетокот на мудроста е стравот од Господа, здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно“ (Псал. 110: 10).

Залудно занесените, исполнети со гордост и самоизмама, се гнасат од стравот Божји, како нешто што им е својствено на презрените слуги, кога на тој страв нè повикува Бог, објавувајќи дека Он, Самиот ќе биде наш учител на стравот и дека ќе ни даде духовен дар на стравот Божји. Не е понижувањето за човекот – ништожна творба, падната и отфрлена, погината, која усвоила непријателство кон Бог – да премине од состојба на непријателство и Continue reading

Недела пред Богојавление

krewenie6-18012012НЕДЕЛА ПРЕД БОГОЈАВЛЕНИЕ

„Покајте се!“

(Матеј 3: 2)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денешниот евангелски настан нè води во Јорданската пустината, онаму, каде што непосредно пред доаѓањето на Божјиот Син на земјата живеел и проповедал Неговиот Претеча, светиот Јован Крстител. Оние луѓе, кои навикнале да живеат еден удобен и раскошен живот, со своите мисли не сакаат да се задржат во пустинските предели, каде што живеел Христовиот Претеча, додека, пак, оние другите, кои со својот ум и со својот дух проникнуваат во најголемите тајни и мистични длабочини, за разлика од првите, не сакаат да живеат по господарските палати, туку многу поудобно им е со своите мисли да бидат заедно со светиот Јован во пустината. А токму од пустината, од студената и непрегледна област, одекнувал еден повик, кој бил наменет за сите без исклучок; повик, кој го наговестувал доаѓањето на Спасителот во светот; повик, кој најавувал дека се исполнило времето; повик, кој кратко и јасно гласел: „Покајте се!“.

Денес, кога се наоѓаме во предвечерието на големиот и торжествен празник Богојавление, да размислиме во што се состои успешноста и силата на нашето покајание. Заклучокот би бил едноставен: во Божјата милосрдност, која ние ја просиме во своите молитви од Господа Бога. Зашто, ако Бог ги затвори пред нас дверите на Своето милосрдие, кој ќе ни ги отвори? Ако Господ нè осуди, кој ќе нè заштити? Ако Господ нè порази со Својот праведен гнев, кој ќе нè поштеди и избави?

Што доживува секој од нас во миговите на покајание? Едноставно, во нашите мисли се враќа целиот наш животен век, па ние се потсетуваме колку долго го имаме разгневувано Божјото милосрдие; колку долго го имаме злоупотребувано Божјото долготрпение; колку пати сме останали глуви за судот на својата совест; колку пати сме Continue reading

Преподобна Гудула

SVETA GUDULAСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА НАША ГУДУЛА, ПОКРОВИТЕЛКАТА НА ГРАДОТ БРИСЕЛ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 8 ЈАНУАРИ

(650-714; Saint Gudula)

Заедно со свети Жери Бриселски, преподобната мајка Гудула[1] е покровителка на градот Брисел. Таа, како млада девојка, се воспитувала во Нивелскиот манастир, под духовно раководство на света Гертруда. По смртта на нејзината учителка, Гудула се вратила во родителскиот дом, каде што продолжила да се подвизува во молитва и милосрдни дела, останувајќи и понатаму девица, но не сметајќи се за достојна да го носи монашкиот чин. Уште за време на земниот живот, таа била почитувана поради нејзините аскетски подвизи, како и поради помошта, која несебично им ја подавала на сите несреќни. По смртта била прославена како чудотворка, а од нејзините мошти многумина, кои со вера пристапувале, добивале исцеленија.

Света Гудула денес е заштитничка на градот Брисел и на девиците. Православната Црква нејзиниот спомен го празнува на 8 јануари според Јулијанскиот календар.

[1] Гудула = неопишлива убавина.