Откривањето на природата на Црквата во споредбени форми (прв дел)

90021ОТКРИВАЊЕТО НА ПРИРОДАТА НА ЦРКВАТА ВО СПОРЕДБЕНИ ФОРМИ (ПРВ ДЕЛ)

(Епископ Александар Милеант)

Споредбените форми (параболи) помагаат да се разбере природата на Царството небесно. Секоја парабола за Црквата ни открива понекоја страна од нејзиниот живот, а во својата целокупност тие учат за единството на Црквата: едно овчо трло, едно лозје, една лоза, еден Ноев кораб, едно Тело, едно здание и т.н. Како што Бог е Еден, а душата неделива, така и вистинската Црква должна е да биде една и неделива, верно чувајќи ја својата суштина во текот на целото свое постоење и не потпаѓајќи на расцепување.

Црквата е зрно кое израснало над земјата во огромно дрво (спореди: Матеј 13: 31-32). Овде се манифестира внатрешната животна сила на Божјото Царство, како праслика на брзиот рат на Црквата. „Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зема и посеа на нивата своја; тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па станува дури и дрво – така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки“ (Матеј 13: 31-32). Минувајќи ги стадиумите на своето развивање, дрвото неколкупати го менува својот вид, но не и суштината. На подобен начин и Црквата на својот историски пат минувала низ разни фази на надворешно изменување на својот црковен живот и богослужбена практика: се менувале формите на управување на Помесните Цркви, се усовршувале богослужбите, се појавувале нови благочестиви обичаи, празници и пости, се составувале нови молитви и црковни мелодии, се прецизирала формулата за христијанската вистина со користење на нови философско-религиозни термини, но сржта на Христовото учење и силата на благодатта останале исти, какви што биле и при апостолите.

Црквата е лозје (спореди: Матеј 20: 1-10; Матеј 21: 33-46; 1. Кор. 3: 6-9). Оваа споредбена форма настанала уште во Стариот Завет. Целта на лозјето е да принесува на Бога плодови на верата и добрите дела. Потребните трудбеници – лозарите, кои се грижат за плодовите во лозјето се потребната црковна ерархија – свештенството. Старозаветните лозари се покажале неверни. „Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други“ (Лука 9: 15-16). Христос го заменил старозаветното свештенство со новозаветните пастири и учители. Ова изедначување (Црква – садник) подоцна го нагласил и свети апостол Павле: „Јас (Павле) посадив – Аполос поли, но Бог направи да израсте. Затоа, ниту оној, кој сади, е нешто, ниту, пак, оној, што Continue reading

Advertisements

Свети Григориј Богослов: За Првопричината

Illuminatred PilgrimIllustration_(2)СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: ЗА ПРВОПРИЧИНАТА

Знам дека на слаб кораб се впуштам во далечно пловење, дека на мали крилја се понесувам кон ѕвезденото небо, штом во мене се породила мислата да Го откријам Божеството, да го дадам определениот за великиот Бог клуч на сè во светот – тогаш, кога и на небесните духовни сили им недостига можност да погледнат пред Бога, доколку е неопходно! Впрочем, затоа што на Бога често Му е пријатен дарот не само од полна рака, но и од Нему угодна душа, макар и бедна, која смело го предлага словото. Меѓутоа, кој е злочестив, да си оди надвор! Моето слово се однесува или до очистените, или пак до оние, кои работат на себеси за очистување. А осквернетите? Како ѕверовите, кои се допреле до планината, кога на врвот засветлил Бог и пишувајќи го на плочи законот на Мојсеј, биле претепани од одронетите камења – така ќе стане исто и со осквернетите! Така и нашето слово ги гони злите луѓе, кои имаат богоборно срце.

„Внимавај, небо, јас ќе говорам; и нека ги слуша и земјата зборовите од устата моја“ (5. Мој. 32, 1). Така говореле во древност богомудрите мажи Мојсеј и Исаија – кога едниот го давал новонапишаниот закон, а другиот напомнувал за нарушувањето на законот – за да го приведат во трепет и сознание жестокосрдечниот израилски народ. Тие зборови ќе ги поставам и јас за вовед во мојот збор. Дух Божји! Ти возбуди во мене ум и јазик, направи ги грмозвучна труба за вистината, за да се насладат сите, кои се прилепиле со срце кон сесовршениот Бог.

Бог е еден, безначален, безпричинен, неограничен во ништо. Не постоело ништо пред Него, како во минатото, така и во иднината – Он ја опфаќа вечноста и е велик, себлаг и беспределен. Ништо не постоело пред великиот Отец – Он е Татко на единородниот Син, на Кого во раѓањето, Он не претрпел ништо својствено на телото, зашто Бог е Continue reading

Свети Василиј Велики: За создавањето на светот

12922077СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА СВЕТОТ

Кој сака да зборува за создавањето на светот, за него има приличен ред – претходно да каже за начелото и устројството на видливите нешта, да ја предаде историјата за создавањето на небото и земјата, кои не се произлезени сами од себе, како што си претставуваат некои, но ја имале својата причина во Бога. Кој слух ќе биде достоен за величието на таа повест? Со какво приготвување треба да пристапи душата за слушање на такви предмети? Таа треба да биде очистена од телесни страсти, да не биде помрачена од житејски грижи, да биде трудољубива и љубопитна, да проникнува во сè од кое само може да извлече претстава за Бога, достојна за Бога.

Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата! Необичноста на мислата го врзува мојот јазик и го запира моето слово. За што да говорам најнапред? Со што да го започнам толкувањето? Да ја изобличам ли суетноста на незнабожците – или да ја возвеличам вистината на нашето учење? Елинските мудреци многу размислувале за природата – и ниту едно од нивните учења за неа, не останало тврдо и неизменето: зашто секое следно учење го негирало тврдењето на претходното. Затоа, нам не ни се наложува потреба да ги побиваме нивните теории – тие, самите, една со друга заемно се негираат. Елинските учени, како што не Го познавале Бога, не допуштале дека происходот на сите твари зависи од разумна причина – а сообразно со таа основа на своето мислење, тие заклучиле и за сè друго. Навистина, ткаат свилена пајажина оние, кои го пишуваат ова и предлагаат за основа на светот атоми и молекули, или пак, за начело на природата разни стихии. Тие не се снашле да кажат: во почетокот Бог ги создаде небото и земјата – зашто вдахновеното во нив безбожие им го сугерирала лажната мисла, божем сè пребива без раководство и устројство, и дека сè се доведува во движење на слепо.

Битописателот за да нè запази од такво разбирање, во почетокот на своите зборови нè просветил со името на Бога, велејќи: Во почетокот Бог го создаде… Прекрасен поредок: прво говори за почеток, за други да не би сметале дека светот е безначелен, и по тоа додава: создаде – за да покаже, дека создаденото е најмал дел од силата на Continue reading

Свети Јован Златоуст: За смиреномудрието

90089СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ЗА СМИРЕНОМУДРИЕТО

Господ вели: И кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга“ (Мат. 20, 27). Сака да каже: Ако вие посакате председателски места и високи почести – потрудете се да го заземете последното место, да бидете пониско од сите, посмирени од сите, помали од сите, поставете се зад сите! Таков е духот на таа добродетел – имаш пример близок и извонредно силен: „Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Мат. 20, 28). Дека дејството на таа добродетел ги прави нејзините носители славни и прекрасни, можеш да се увериш од тоа, што се случи со Мене, Кој нема потреба ниту од чест, ниту од слава, и при сето ова Јас достигнав преку неа безбројни блага. Навистина, пред да го прими ова тело и да се смири, с# се растројувало и гинело – а кога се понизил на крстот: се издигнал високо – го уништил проклетството, ја згмечил смртта, го отворил рајот, го умртвил гревот, ги отворил дверите на небото, извршил безброј благодејанија, кои ниту јас, ниту сите луѓе можат да ги изразат со зборови. Он пред да се понизи Себеси, Него Го познавале само ангелите: а кога се понизил, Го познал и сиот човечки род. Види: дека смирението не само што не Го понижило, туку Му доставило безбројни придобивки, безбројни блага и направило славата Негова уште посилно да блеска.

Ако за Бога, Кој е седоволен и за ништо не чувствува потреба, смирението доставило такви блага, привлекло многу следбеници, го распространило Неговото царство, завладеало со светот: тогаш, зошто ти се плашиш, дека ќе се понижиш од смирението? Ако го возљубиш смирението – ти ќе бидеш повисок, поголем, пославен: тоа ќе се случи тогаш, кога ќе се поставиш пониско од другите; кога не претендираш за првенство; кога се подложуваш на понижувања; кога служиш на блиските; кога страдаш за немоќните; кога се понижуваш за секој страдалник – кога си Continue reading

Православието во Албанија

Alternate_Emblem_Orthodox_Autocephalous_Church_of_AlbaniaПРАВОСЛАВИЕТО ВО АЛБАНИЈА 

Местоположба: Албанија (Shqipëria) е медитеранска и балканска земја во југоисточна Европа. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад.

Површина: 28 748 км2.

Број на население: 3 619 778 жители (според податоци од 2008 година).

Официјален јазик: албански.

Куса историја на државата: Територијата на современа Албанија во древност била дел од Римската Империја, потоа од Византија, потоа од Бугарското Царство, па од Српското Кралство, па од Венецијанската Република и од Епирското Деспотство. Првата независна држава на оваа територија се појавила во 1272 година, кога Неаполитанскиот крал Карл I го прогласил создавањето на кралството Албанија со престолнина во Драч, но ова кралство постоело само кусо време. Во следниот период Албанија повторно влегла во состав на православната Византија.

Во 1389 година, во битката на Косово Поле, обединетите сили на Србите и Албанците претрпеле пораз од Турците, па од почетокот на XV век поголемиот дел од територијата на Албанија потпаднале под власт на султанот. Во текот на речиси целиот XV век Албанците, предводени од Георги Кастриот, наречен Скендербег, се обидувале да ја задржај својата независност. Во 1443 година Скендербег успеал да ги прогони Турците од Круе. Тој успешно им се спротивставил на казнените експедиции на двајца султани. По смртта на Скендербег во 1468 година, неговите наследници ја продолжиле борбата. Дури во 1479 година, по падот на Скадар и Драч, на Османлиите им успеало да воспостават власт над сета Албанија, која траела до почетокот на ХХ век.

Во периодот од 1878-1881 година се појавило општонационално движење за автономија на Албанија, познато под името Албанска Лига. Откако добиле фактичка автономија на Северна Албанија и Косово, Лигата подоцна била поразена од Турција. Обидот да се направи преродба на движењето во 1899-1900 година завршило со Continue reading

За чудата

90006ЗА ЧУДАТА

Не би требало, туку така да се помине преку копнежот кој се среќава во современото христијанско општество – копнежот да се видат, и дури да се прават чуда. Тој треба внимателно да се разгледа. Светите Отци го оспоруваат копнежот да се прават чуда: бидејќи тој ја покажува самоизмамата која живее во душата и владее со неа, заснована на гордост и суета.

…Оние кои сакаат да прават чуда, тоа го сакаат според телесната распаленост, по наговор на страстите кои ги разбираат, иако можеби им се чини дека се раководат од ревноста за делото Божјо. Во таква состојба на самоизмама и возбудување се наоѓаат и оние кои сакаат да видат чуда.

Страшна несреќа е отсуството на вистинско богопознание во човекот: тој делата на ѓаволот ги прима како дела Божји.

Спроти второто Христово доаѓање, кога христијанството, духовното знаење и расудување до крајност ќе пресушат меѓу луѓето, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните (Матеј 24: 24). Особено антихристот обилно ќе прави чуда за да ги поразува и задоволува со нив, телесното мудрување и неукоста. Тој ќе им даде чуда од небесата, кои ги бараат и исчекуваат. Неговото доаѓање – вели свети апостол Павле – ќе се случи по дејство на сатаната, со сила, знаци и лажни чуда. Незнаењето и телесното мудрување, кога ќе ги видат тие чуда, никако нема да запрат за да поразмислат: веднаш ќе ги прифатат заради сродноста на својот дух со нивниот – во својата заслепеност, дејството на сатаната ќе го признаат и исповедаат како најголема појава на силата Божја. Антихристот ќе биде примен многу бргу и непромислено. Луѓето нема да сфатат дека неговите чуда немаат никаква добра разумна цел и никакво одредено значење, дека се туѓи на вистината и преисполнети со лаги, дека претставуваат чудовишна, сезлобна и бесмислена глума, која се обидува да ги восхити, да ги доведе во недоумица и самозаборав, да измами, да привлече со привид на раскошното, но Continue reading

Имало ли црква во Прилеп пред 1838 година?

180534_128292680573549_3463785_nИМАЛО ЛИ ЦРКВА ВО ПРИЛЕП ПРЕД 1838 ГОДИНА?

Историските податоци говорат дека по смртта на кралот Марко, по битката на планината Ровиња во Романија во 1395 година, Прилеп бил населен од турски војски-колонисти. Средновековниот Прилеп немал доволно вода за изведување на верските обреди на завојувачот, па затоа не бил подобен за постојано населување со муслимани. Затоа тие се населувале југозападно од стариот град, по долниот тек на Ореовечка река, за што постојат и археолошки докази, а таков е локалитетот „Скршена џамија“. Османлиите, по многуте воени успеси и користејќи ги прописите на шеријатското право дека само муслиманите се правоверни, не им давале такво право на другите верници. Под влијание на идеите на Француската буржоаска револуција за слобода, еднаквост и братство на сите луѓе, но и поради загубите на Отоманската империја по војните против Западна Европа од 30-тите години на XIX век, и на другите конфесии започнува да им се одобрува да обновуваат и градат верски објекти, но само на местото на урнатите стари објекти.

Новиот Прилеп трипати бил населуван од христијанско население. Првпат тоа се случило кога османлиите го зазеле целиот Балкан и демобилизираните војски ги колонизирале давајќи им огромни аграрни поседи по селата во освоените земји. На таков начин земјоделците по селата биле обесправени, обезоружени и претворени во чифчии, а сето тоа предизвикало револт кај населението кое бегало во градовите. Затоа, во Тапу тахир дефтерот од 1476/77 година, кога турската власт извршила попис на домаќинствата во прилепската нахија, за да може да има преглед врз домаќинствата, луѓето, нивниот имот и занимање, а со цел да ги остварува своите економски и политички цели, се спомнува дека Прилеп имал 22 маала, што значи дека за помалку од половина век од Continue reading

(Верувам) во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква

wp_20130413_006(ВЕРУВАМ) ВО ЕДНАТА, СВЕТА, СОБОРНА И АПОСТОЛСКА ЦРКВА

(Од Толкувањето на Символот на верата)

(Владимир Николаевич Лоски, Епископ Петар Јуил)

Претставувајќи ни ја Црквата како објект на верата, Символот напомнува дека таа не се јавува само како собрание на верните, туку има и првостепена улога во историјата на спасението.

За време на Своето земно служење нашиот Господ Исус Христос објавил дека Он Самиот ќе биде нејзин Создател (спореди: Матеј 16: 18), а и многу новозаветни текстови потенцираат дека Христос е нејзина Глава (спореди: Ефес. 1: 22). Еврејскиот збор Kahal означува „собор на Израилците, кои се повикани од Бога“. Во книгата Повторени закони читаме: „За да не ги заборавиш делата, што ги видоа твоите очи… Во оној ден, кога стоевте пред Господа, вашиот Бог, при Хорив, кај скинијата, и кога ми рече Господ: Собери го при Мене народот, за да им ги кажам Моите зборови… И Он ви ги објави заветот Свој, и ви заповеда да ги исполнувате десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи“ (5. Мој. 4: 9-10, 13). Ние го сретнуваме и терминот „кахал-екклесиа“ како ознака за торжествените народни собори во Ерусалим. Според тоа, тој термин никогаш не е сретнат во нерелигиозна смисла, што соодветствува на неговата употреба во Новиот Завет и во древната христијанска литература, каде што означува и помесна општина, но и собрание на верните. Исто така, честопати се сретнува и изразот „Божја Црква“ (1. Кор. 1: 2).

Во Символот на верата, Црквата е определена како Една, Света, Соборна и Апостолска. Овие својствени карактеристики на Црквата составуваат една неразделна целина, зашто секое од нив е поврзано со останатите. Тие се различни по смисла, но ниту едно од нив не е можно да се исклучи. Поинаку кажано, лошо да се толкува или да се испушти било кое од нив, тоа значи да се омаловажи смислата на другите. Така, на пример, православното сфаќање на единството е поврзано со конкретното сфаќање на соборноста. Не напразно свети Кипријан Картагински својот труд, напишан против расколниците, го нарекол „За единството на Соборната Црква“. Кога пристапуваш кон учењето на Црквата, потребно е да ги избегнеш неточните и двосмислени претстави. Потребно е да се избегнуваат двете крајности: од една страна, пренагласените „духовни“ сфаќања за Црквата, кои ја Continue reading

За чувањето на умот

89956ЗА ЧУВАЊЕТО НА УМОТ

Кој не обрнува внимание на чувањето на својот ум, не може да биде чист во срцето и нема да се удостои да Го види Бог. Кој не внимава, тој не може да биде сиромашен по дух, не може да плаче, ниту да биде кроток и смирен, ниту гладен и жеден за правда, ниту милостив и миротворец, ниту прогонет заради правда. Воопшто, ќе кажам: невозможно е да се стекне било која добродетел, на било кој друг начин, освен со внимание. Затоа, треба да се погрижиш за него, повеќе отколку за било што друго, за на дело да го стекнеш она за што ти зборувам.

Зошто луѓето не можат да Го видат Бога со своите телесни очи?

201648.bЗОШТО ЛУЃЕТО НЕ МОЖАТ ДА ГО ВИДАТ БОГА СО СВОИТЕ ТЕЛЕСНИ ОЧИ? 

Кога ќе се започне разговор за Бога, многу луѓе бараат прво да го видат, па после да поверуваат во Него.

Таквиот нивни став нужно бара за сите луѓе постојано и видливо Божјо присуство во светот: сите луѓе постојано да Го имаат пред очите, па дури потоа да го исполнуваат она, кое Он го бара од нив, заради нивното вечно добро. Таквиот Бог би бил деградиран во улога на строг полицаец, чии заповеди луѓето многу повеќе би ги исполнувале од страв заради казната, а не заради синовска љубов и почит. Во тој случај, и луѓето би биле деградирани и би биле доведени на ниво на неразумни животни, кои под страв и закани од ќотек, би ја извршувале волјата на својот господар. Меѓутоа, луѓето со својата духовна природа се слични на својот Творец и од Него се надарени со високи духовни дарови: разум и слободна волја, кои животните ги немаат. Бог од луѓето не бара слепа, животинска покорност од страв, туку разумна и доброволна послушност, која е придвижена од синовската љубов, а не животинскиот страв. На таков начин, Творецот ги издигнал луѓето високо над животните, на достоинство на свои синови, и како на такви им го доверил управувањето над Земјата и над сè што е на неа, та во Негово име да управуваат со сè, а на крајот да положат сметка за својата работа, како што добрите синови секоја вечер реферираат пред својот татко за извршената работа во текот на поминатиот ден. На оваа одговорност пред Бога нè предупредува и свети апостол Павле, во своето Послание до Римјаните, кога говори: „И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе“ (Рим. 14: 12).

За луѓето, како разумни и слободни битија, што е подостојно и почесно: Да ги извршуваат заповедите од страв од присутниот и видливиот Господ, или тоа да го прават од синовска љубов и благодарност за примените добра, иако не Го гледаат со телесните очи? Кое добро дело има поголема морална вредност и пред Бога и пред луѓето: Она, кое се извршува од страв од казна, или она, кое се извршува од љубов? Секој човек со нормален ум ќе речи: Continue reading