Свети Григориј Ниски: Штетните солзи

1241СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: ШТЕТНИТЕ СОЛЗИ

Да не се предаваме повеќе на таа неблагородна и ропска тага! Ако е нужно да тажиме при смртта на блиски луѓе, да ја избереме пофалната и добродетелна тага. Има еден вид тага, доста блажена и пригодна за придобивање на добродетел – тага спротивна на тоа неразумие и ропска безволност. Кој се предава на тој очај, отпосле самиот ќе почувствува покајание, дека ја пречекорил границата на тагата и оставил да биде победен од страдањето. Тагува правилно само оној, кој чувствува од какво богатство се лишил, споредувајќи го тој времен и нечист живот – со она бесмртно блаженство, кое го поседувал пред да го злоупотреби со својата слобода за погибел. Колку посилно таа тага го измачува човекот во сегашниот живот, толку повеќе ја забрзува за него придобивката за мечтаните горни богатства – чувството за недостаток во прекрасното, предизвикува возбуда за грижливо барање на тоа, што силно го посакуваме. Доколку постои и спасителна тага, како што спомнавме, тогаш послушајте вие, кои лесно се оддавате на болеста на очајот, дека ние не ги запираме солзите и тагата, но, наместо осудувачката тага, ја препорачуваме добрата.

Тажете не со световната тага, што донесува смрт, а со тагата по Бога, која произведува неопходно покајание за спасение, како што нè советува Апостолот (2. Кор. 7, 10), зашто неполезно и напразно пролеаните солзи над умрените може да постанат причина и за осуда на оној, кој лошо ја ползува полезната материја – солзите. Ако Бог, Кој сè премудро устроил, го всадил во нашата природа тоа расположение кон Continue reading

Advertisements

Недела на блудниот син

bludniot sinНЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН

Од многуте параболи, кои ги изговорил Господ Исус Христос, најубава, најсодржајна и најпоучителна е параболата за Блудниот син. Од многу свети отци, оправдано таа е наречена „бисер меѓу параболите“ и „Евангелие во Евангелието“. Таа им послужила како инспирација на многу уметници, во создавањето на безброј уметнички дела. Таа е предмет на толкување и проповеди на светски познати егзегети и проповедници, од најстари времиња, па до денес. Таа е благодарна тема за префинети и длабоки етички и психолошки анализи.

Параболата за Блудниот син ни ја открива огромната Божја љубов кон грешникот, кој се кае, како и силата на вистинското покајание и неговите спасоносни плодови. Таа сликовито ни ги опишува човечките судбини, настанати како последица на гревот. Таа ни говори за трагедијата на секој човек, кој се оддалечил од Бога.

Сижето на оваа парабола е земено директно од животот од Христово време. Меѓутоа, оваа парабола и денес не го загубила своето значење. Таа и денес ги возбудува срцата, ја збунува совеста, поттикнува на покајание и упатува кон морално поправање.

За да ја сфатиме и разбереме пораката од оваа парабола, пред сè, потребно е да го следиме внимателно животот на евангелскиот блуден син, да ѕирнеме во неговиот внатрешен свет, во неговата душа, со сите нејзини тежнеења, грижи и возбуди. Затоа, да ги погледнеме хронолошки уште еднаш настаните:

Некој човек имал два сина, кои бескрајно ги сакал, не само затоа што биле негова крв, туку затоа што и по душа бил премногу добар. Двата сина него му биле како неговите две очи, како неговите две раце, двајцата му биле подеднакво мили и драги. Меѓутоа, речиси никогаш двајца браќа не се во сè подеднакви, дури ни приближно. Постариот син беше Continue reading

Преподобен Јован Зедазенски и неговите 12 ученици

Jovan ZedazenskiСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ЈОВАН ЗЕДАЗЕНСКИ И НЕГОВИТЕ 12 УЧЕНИЦИ: ЕПИСКОПОТ НЕКРЕСКИ АВИВ, АНТОНИЈ МАРТКОБСКИ, ДАВИД ГАРЕЏИСКИ, ЗЕНОН ИКАЛТСКИ, ТАДЕЈ СТЕПАНЦМИНДСКИ, МИХАИЛ УЛУМБИСКИ, ПИР БРЕТСКИ, ЕПИСКОПОТ ЦИЛКАНСКИ ИСА, ЕПИСКОПОТ АЛАВЕРДСКИ ЈОСИФ, ИСИДОР САМТАВИСКИ, СТЕФАН ХИРСКИ И ШИО МГВИМСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 7 МАЈ

Преподобниот Јован Зедазенски и неговите 12 ученици се сириски (кападокиски) подвижници, основачи на грузиското монаштво, кои од Кападокија во Грузија пристигнале во средината на VI век. Овие 13 свети кападокиски отци најверојатно биле Грузијци, кои своето духовно образование го стекнале во прочуената Лавра на свети Симеон Столпник, но и во другите манастири по Сирија и Месопотамија, со цел да се вратат во родната земја и да се потрудат во делото на нејзиното христијанско просветување.

Свети Јован Зедазенски, водачот на овие подвижници, своето духовно образование го стекнал во Антиохија. За местото на неговото раѓање, како и податоци за неговите родители, нема ништо сочувано. Уште како младо момче примил монаштво и почнал да живее осаменички аскетски живот, стекнувајќи восхитувачка кротост, смирение и дар на чудотворство. Славата за неговите духовни подвизи привлекла кон него мноштво на ученици, од кои преподобниот избрал 12 ученици, па исполнувајќи ја заповедта на Божјата Мајка, заминал со нив во Грузија. По патот тие добиле благослов од свети Симеон Столпник, а во Мцхет, преминувајќи ја по чуден начин реката Кура, без да ги изводенат нозете, радосно биле пречекани од народот, од царот Парсман (542-557) и од Католикос Архиепископот Евлавиј (552-560). Хроничарите сведочат дека, светите кападокиски отци им се обратиле на присутните на грузиски јазик, а откако влегле во соборниот храм Светицховели и клекнале на колена пред Животворниот Столб, Го славеле и благодареле на Бога. Со благослов на Католикосот Евлавиј, свети Јован со своите ученици се населил на планината Зедазени, каде што некогаш имало јазичнички храм и бил подигнат идол. Тука подвижниците живееле во Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Христос и мирот

95608СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: ХРИСТОС И МИРОТ

Нашиот Господ Исус Христос ни се откри од недрата на Отца, слезе на земјата, нè ослободи од мракот, и нè озари со славната Своја светлина. Изгреа ден за синовите човечки и се прекрати власта на мракот. Изгреа за нас светлина од Неговата светлина, која ги осветли очите помрачени од гревот. Неговата слава ја покри целата вселена и ги озари бездните на адот: смртта е уништена, темнината е распрсната, вратите на адот се урнати, светлината ги озари сите твари, кои порано беа во мрак. Мртвите воскреснаа од гробовите и Го прославија својот Спасител. Он ни даде живот, се вознесе при Својот небесен Отец и пак ќе дојде во голема слава. Да ги запалиме своите светилници и да излеземе да Го пречекаме! Да се развеселиме во Него, како што се возрадува Он во нас, зашто Неговата светлина ни носи радост и веселба. Да го прославиме величието на Исуса; да Му благодариме на небесниот Отец, Кој поради Својата бескрајна милост ни Го испратил Христа и ни ја подарил надежта за спасение. Во оној ден, кога Он ќе дојде изненадно и кога ќе излезат да Го пречекаат сите светии и праведници, со светилници што горат, ангелите и небесните стражи ќе се зарадуваат за славата на Божјите угодници – тогаш Христос ќе возложи венци на нивните глави, и сите ќе бидат во Continue reading

Свети Григориј Богослов: Кратко слово при ракополагањето на епископот Евлавиј

95587СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: КРАТКО СЛОВО ПРИ РАКОПОЛАГАЊЕТО НА ЕПИСКОПОТ ЕВЛАВИЈ

Браќа, примете го моето слово, иако сосема кратко и туѓо на секакво совршенство. Бог е справедлив во Својата милост: Он го прима и Павловото насадување, и Аполосовото напојување, Петровата ревност, и двете лепти на вдовицата, и смирението на митарот, и исповедта на Манасија! Примете го и вие новосоставеното слово за новопоставениот Пастир. Примете го гласот на благодарноста за видените од нас чудеса. Макар и ние да сме најмали и последни од синовите на Израилот – да се благодари богато, нешто што не претставува пречка и на најмалите. Се разбира, совршените ќе принесат на Бога совршена слава – ние ќе Му воздадеме сега што можеме.

И ти: „Запејте Му на Господа нова песна, зашто создаде чудесни работи“ (Псал. 97, 1). Ние бевме гонети, поразувани и изгонувани од житејските бранувања; едни несреќи нè угнетуваа, други нè заплашуваа. Кој ја промени бурата во тивок ветар? Кој го уништи оружјето, мечот и борбата? Кој нè прими нас отфрлените и изгонетите? Нели Ти Боже, го направи тоа? „Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ“ (Псал. 23, 8)! Он го раздели морето, Тој го нахрани во пустината народот што скиташе. Он му ја даде необичната манна, Он му пушти вода од камен, Он го победи Амалика преку таинствено воздигање на јерејски раце, Он ги разруши градските ѕидини без стенобитни орудија и бој, Он го посрами гордиот и надмениот потомок на гигантот Голијат, кој се дрзна да излезе на бој против големиот Давид. Затоа, нека кажат сите еднодушно: „Нека е благословен Господ, Кој не нè предаде во плен на нивните заби. Душата наша се избави како птица од примка на ловци; примката се скина, а ние се избавивме“ (Псал. 123, 6 – 7); да го присоединиме и другото, што го изразува душата, возрадувана од Continue reading

Свети Ѓорѓи Кратовски

кратовскиСВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ

Свети Ѓорѓи Кратовски остави вечна порака за Македонецот како се брани својата татковина, како се победуваат човечките страдања, како се здобива човечката храброст и како се добива последната победа на земниот живот со силната љубов и вера во Божјата вечна правда и својот народ. Светот е преполн со неправди, мачења, убиства, гробови и мирис на распадливоста. И кој може сето тоа да го поднесе? Само оној во чие срце престојува и живее Христос.

Денес да си спомнеме за Свети Ѓорѓи и да поучиме од неговата мудрост, со која ни дава одговор на овие дилеми. Македонскиот новомаченик свети Ѓорѓи Кратовски само 18 години му посвети на земниот живот и остана бесмртен и храбар војник Христов, вечен Син на Светлоста, Кој пред нечестивите Турци го проповедаше Светото Тројство, вистински и смел Син на својата родна татковина Македонија.

Во градот Кратово, на крајот од 15 и почетокот на 16 век, живееле две побожни души, маж и жена: Димитриј и Сара. Тие биле здрави, вредни, штедливи и сиромашни, но задоволни со тоа што го имале, а во домот биле весели а во друштвото почитувани. Имале една лична желба која им недостасувала, а која длабоко ја носеле во своето срце и за тоа на Бога Му се молеле. Тоа било желба и молитва Господ да им дарува пород. И таа желба им ја исполнил Бог. Во 1497 година им се родило машко дете, на кое му го дале името Ѓорѓи. Кога малиот Ѓорѓи навлегол во шестата година, родителите го дале на училиште. Во тоа време училиштата работеле и во црквите и манастирите. Кога Ѓорѓи го добил потребното образование, неговиот татко го дал на златарски занает, како би можел самиот да си заработува за живот. Како што Ѓорѓи имал надворешна убавина, тој исто така поседувал и внатрешна интелектуална способност и многу брзо го Continue reading

Прота Глигориј Алексиев

индексПРОТА ГЛИГОРИЈ АЛЕКСИЕВ

Прота Глигориј Алексиев во протоколите на црквата „Свето Благовештение“ се среќава и под името Глигориј Константинов Ѓаконов или Глигориј Константинов Алексиев. Тој е роден во Прилеп во 1845 година. Уште како дете пројавил интерес кон писменоста, па набргу го изучил писмото во варошките ќелијни училишта. Неговата љубов кон книгата придонесла уште во млади години и тој да стане учител, и тоа во она време кога во Прилеп имало само десет учители (1874/75 година). Се оженил со велешанката Елисавета (Сава) Палашева, која исто така била писмена жена и учителка за женските деца во Прилеп. Иако учител, љубовта кон Божјиот олтар го привлекла кон примање на чин, па така станал и ѓакон во соборната црква (оттука и презимето Ѓаконов), на која должност останал долги години. Како учител работел и надвор од Прилеп, во Воден, Костур, Лерин, Мелник, Серез, а најмногу време учителствувал во Кукуш. Отец Глигориј бил енергичен борец против грчките и бугарските епископи, но и против грчките и бугарските просветни работници, кои работеле против наставата и просветата на народниот мајчин јазик. Тој не знаел за работен ден. Како неуморен просветител и деец на Божјата нива, од страна на Егзархијата бил исклучен од учителската дејност, но останал да богослужи во Црквата и бил ракоположен за свештеник во поодминати години, во 1897 година. Истата година бил поставени за старешина на црквата, а на таа должност останал до 1912 година. И како свештеник продолжил да се бори за самостојна Македонска Црква и дошол во уште пожесток судир со Continue reading

Преподобен Григориј Хандзтиски

Григорий Хандзтийский (Грузинский)СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ГРИГОРИЈ ХАНДЗТИСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 5 ОКТОМВРИ

Преподобниот Григориј Хандзтиски бил основач и архимандрит на манастирот Кларџети. Потекнувал од прочуен грузијски род, кој уживал голема чест при царот Ашот Куропалат (786-826). Григориј уште како мал пројавил интерес за монашки живот. Своето заминување од дома и следењето на подвижничкиот пат, тој вака ѝ го објаснил на својата мајка: „Прости ми, мајко моја, но јас се оддалечувам од тебе не по своја волја, туку затоа што, ова што се случува со мене, така било угодно на Бога“.

Сиот живот на преподобниот Григориј поминал во постојани молитви, во солзи, воздржливост, во трпење, кротост, длабоко смирение и постојан труд. Тој се удостоил да биде благочестив и ревносен служител на Христовата Црква и во времето на царот Ашот Куропалат бил избран за игумен на Хандзтијскиот манастир. Одликувајќи се со длабока послушност кон Божјата волја, свети Григориј ја видел смислата на земниот живот токму во послушанието, кое на сите им ја подарува небесната благодатна слобода. Послушноста кон духовниот отец тој ја поставил во основа на секојдневниот манастирски живот, зацврстувајќи ги на таков начин општожителните манастири по сета Кларџета, а подоцна, како архимандрит, и по сета Грузија.

Во тоа време во Визнатија, како последица од иконоборниот собор од 815 година, Православието било притеснато и гонето, грузијското монаштво, кое било под духовна закрила на Continue reading

Свети Василиј Велики: Жестокосрдечноста

95441СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ЖЕСТОКОСРДЕЧНОСТА

Го нарекуваш Господа Учител, а не Му служиш како ученик. Исповедуваш, дека Бог е благ, а ги забораваш Неговите даренија. Без сомнение, Бог е благ и дарува блага – ти прашуваш за вечниот живот и го бараш, а всушност, целиот си предаден на наслади од сегашниот живот. Каков тежок, неподнослив услов ти предложи Учителот? „Продај го имотот свој и раздели го на сиромаси“ (Мат. 19, 21). Ти откажуваш да благотвориш, откако велиш, дека не си во состојба, да ги задоволиш сите просјаци. Тоа, твојот јазик го потврдува и со клетва – меѓутоа, твојата рака те изобличува во спротивното: таа тивко ја разгласува твојата лага, блескајќи преку скапоцениот камен на твојот прст! Само тој твој прстен, колку луѓе може да ослободи од беда и долгови? Колку домови на пропаднати луѓе може да поправи? Еден твој сандак со облека може да го облече целиот народ, кој е вкочанет од студ. Ти се нарекуваш сиромав – се согласувам: зошто точно оној е сиромав, кој има потреба од многу – а страста за многу те прави ненаситен во желбите и надежите! Како оној кој се качува по столб и подига нога постојано за повисоко стапало и не се запира, додека не стигне на врвот – така и ти, не се успокојуваш во својот стремеж со сè да завладееш и да стигнеш до врвот, додека не се разбиеш со Continue reading

Свети Јован Златоуст: Не треба да губиме надеж за спасението

95381СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: НЕ ТРЕБА ДА ГУБИМЕ НАДЕЖ ЗА СПАСЕНИЕТО

Не треба да ги пренебрегнуваме средствата за спасение и да очајуваме: да се обратиме кон Лекарот, Кој може да нè излекува само со една желба, зашто Он е семоќен. Види, како Он го исцелил Павле и како го излекувал Матеј! Едниот од нив бил хулител, другиот, пак, митар: меѓутоа, хулителот не останал хулител, туку постанал апостол; и крадецот не останал крадец, туку постанал евангелист! Јас зборувам за поранешните нивни пороци и за нивните последни добродетели, затоа, за да знаете каква е ползата од покајанието и да не очајувате за своето спасение. Порано, нашите учители биле познати со своите гревови, а после се прославиле со својата праведност: богохулството и митарството се крајните степени на нечестието. Какво занимање е митар? Несправедливост преку законот, дрско насилство, ополномоштен грабеж. Митарот е полош од разбојникот: крадецот се срами кога краде, а тој пљачкосува со дрскост. При сето ова, митарот неочекувано постанал евангелист! Како и по кој начин? „А кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи на митница, и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него“ (Мат. 9, 9). Каква сила на словото! Мрежата е фрлена; пленикот стана војник, тињата – злато! Од длабочината на нечестието – митарот се искачил на врвот на Continue reading