Христијанството и деструктивните национални појави: Ксенофобија

ksenofobia_1ХРИСТИЈАНСТВОТО И ДЕСТРУКТИВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПОЈАВИ: КСЕНОФОБИЈА[1]

Ксенофобичниот инстинкт е несвесно карактеристичен за сите човечки суштества, без исклучок. Ксенофобијата претставува само делумна манифестација на еден далеку поедноставен и фундаментален инстинкт – инстинктот на самоодржување. Како и секој инстинкт, ксенофобијата е амбивалентна: сама по себе таа не може да биде оценета ниту позитивно, ниту негативно. Од една страна, постоењето на таков инстинкт им дава можност на луѓето и нивните заедници да се бранат, да го чуваат својот идентитет, да ги одржуваат разновидните форми на живот, вклучувајќи ја и културно-цивилизациската. Од друга страна, пак, како и секој „слеп“ инстинкт, ксенофобијата може свесно да се користи во разните идеолошки манипулации, а понекогаш дури и како главна компонента на целокупните ксенофобични „проекти“ во нацизмот (омразата кон другите етноси), болшевизмот (омразата кон „класниот непријател“), верскиот фундаментализам (омразата кон неверниците, безверниците, еретиците) и сл.

На подсвесно ниво човекот никогаш не би можел до крај да се ослободи од ксенофобичните инстинкти, ниту, пак, од етничките стереотипови, бидејќи тоа донекаде е во спротивност со човечката билошка природа. Меѓутоа, со помош на свеста (верата, образованието, културата, интелектуалната рафлексија) човекот може да ги контролира и неутрализира, или, пак, барем максимално да го ограничи нивното влијание на сопственото мислење и однесување.

Секој народ има одредени стереотипски претстави не само за „другите“, пред сè за соседите, туку и за самиот себе. Овој автостереотип никогаш не е точен, заради тоа што „реалната“ слика на народот е исто така некаква апстракција, прилично неодредена, променлива и отпорна на Continue reading

Advertisements

Свети Јован Златоуст: Христос и мамон

jesus-casting-out-demonsСВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ХРИСТОС И МАМОН

Кој има едно добро дело, а друго такво му недостига – таков човек уште не е совршен. На пример: каква полза од ова, ако некој се моли прилежно, но не дава милостина штедро? Или, пак, добар е во дарувања, но лихварствува и ги притеснува своите должници, или, пак, прави милостина за показ пред луѓето, за да биде виден? Или, пак, дава милостина со целосно усрдие и отворено ласкање пред Бога, но во исто време се превознесува и високо мисли за себеси? Исто така, каква полза и од ова: ако некој има длабоко смирение и строго внимава на постите, но, во исто време, особено е приврзан кон земјата, страда од скржавост и е голем среброљубец – што е мајка на сите зла? Зар среброљубието не е корен на сите пороци и страдања? Треба да се плашиме од тоа зло – треба да го избегнеме тој грев! Среброљубието ја заматило целата вселена: сè и секој довело до хаос -нели тоа нè отстранува и од блаженото служење на Христа, Кој вели: „Не можете да им служите на Бога и на Мамона!“ (Мат. 6, 24).

Христос вели: подај нешто на оние кои имаат потреба – а прости им на оние, кои те навредуваат и ти мислат зло – а Мамон спротивното: плети сплетки против луѓето, кои ништо не ти прават! Христос заповеда: биди кроток и човекољубив – а Мамон заповеда: биди жесток, презирај ги солзите на бедните! Тоа ни го подготвува Мамон пред денот на општиот суд – таму сите наши дела ќе се исправат пред нашите очи: навредените и напаѓаните од нас, ќе нè лишат од секакво оправдување! Ако Лазар, во ништо ненавреден од богатиот, а само лишен од неговото подавање, постанал негов строг изобличител горе, и не допуштил богатиот да добие каква било снисходливост – кажи ми: какво оправдување можат да имаат оние, кои, не само што не Continue reading

Христијанството и деструктивните национални појави: Расизам

53fc66d80604eХРИСТИЈАНСТВОТО И ДЕСТРУКТИВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПОЈАВИ: РАСИЗАМ[1]

Деструктивниот расизам, кој има основа во деструктивните убедувања и чувства, постанал еден од најактуелните проблеми во последните две столетија, па од тие причини е премногу жално што овој проблем многу малку е разработуван од православна позиција.

Дека секоја расна теорија е ненаучна ни сведочи и Светото Писмо кога тврди: „Сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса; сите, што се крстивте во Христа, во Христа се облековте. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса. А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници“ (Гал. 3: 26-29). Овие зборови, иако говорат за единството и заедницата на сите оние, кои Го примиле Христа за свој Спасител, сепак, потенцираат дека без разлика каква е расната припадност на секој еден, за него има место на земјава, а уште повеќе во заедничарењето со Бога. Сепак, сведоци сме дека на земјава и понатаму постојат Јудејци, Елини, црнци, Индијанци, Кинези, Африканци… Сите тие се припадници на одредени раси и не претставува никаквов грев да се припаѓа на некоја од нив. Всушност, поимот расизам во својата основа треба да биде дефиниран како припадност кон одредена раса. Затоа, христијанството не може да го прифати и одобри деструктивниот расизам, оној, кој велича одредена раса и ја издига над другите, при што останатите раси ги потценува и понижува.

Проблемот со расизмот со години наназад е секогаш актуелен, а во поново време се појавуваат и одредени религиозни групации, кои своето „учење“ го базираат токму врз Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Ересите

1452374331_164696-pСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕСИТЕ

Ѓаволот ги победил преку ереси не само многубошците. Мнозина веќе и од лажноимените христијани, кои недостојно го носат пријатното име Христово, се осмелуваат нечестиво да Го разделат Бога од тварите, создадени од Него. Ги разбирам злоимените и безбожни еретици – оние кои се преправаат дека се христољупци и оние кои совршено Го мразат Христа. Кој Го хули Отца, тој е непријател и на Сина. Тие еретици се осмелуваат да тврдат дека, има два бога – едниот добар, а другиот – зол. Каква голема заслепеност! Тие ги именуваат двата бога како два извора на доброто и злото, и тврдат дека и двата се неродени…

Пронаоѓач на сите ереси е Симон маѓесникот – оној кој се обидел да ја откупи со пари непоткупливата благодат на Светиот Дух. Штета на Црквата ѝ нанеле и Керинт, Менандар, Карпократ, Евиониј и Маркион – оние усти на безбожието, кои проповедале различни добри и зли богови. Следбеник на Маркион бил злоимениот Василид, човек ужасен по карактер. Поборник на злобата бил и Валентин – провозгласникот на 30 богови. Бегај од сите еретици, особено пак од оној, кој е едноименик на лудилото – манијата, по име Манес – тој е пронајдувач на злобата, живеалиште на секаква нечистота и тиња на сите ереси! Во Египет бил некој си Скитијан, сарацен по раѓање, кој немал ништо заедничко ниту со јудејството, ниту со Continue reading

Свети Григориј Ниски: Блудникот

boschverlorenСВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: БЛУДНИКОТ

Страотната труба на апостолската поука, соопштувајќи, навистина, многу и различни правила за благочестие, особено избегнување од бездната на срамодејствието, како што приложува на крај и воениот пропис: „Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело“ (1. Кор. 6, 18). Ако имаш војна со неверието – спротивстави се; ако непријателот те заплашува со подлост – против таков противник добра е заседата; ако клеветата растегнува лак – се наложува борба лице во лице; ако те навредува блуден образ – подобро е да завртиш грб и да избегнеш средба со него, зашто прељубодејството ги насочува своите стрели во очите! Затоа е потребно да се памти заповедта на военоначалникот: „Бегајте од блудството!“ Блудството е таков порок, од кој треба да се бега повеќе, отколку од другите.

Вникни се со мене во специфичноста на апостолската поука: „Бегајте од блудството!“ Зошто? Затоа што секој грев, кој го прави човекот, е надвор од неговото тело; меѓутоа, блудникот греши против сопственото тело. Блудникот греши не како убиецот, кој убива туѓо тело, но своето го запазува; не како среброљубецот, кој штети на другиот, но себеси се пази; блудникот штети на самиот себеси – се прободува од стрелата на бесчестието! Разбојникот се решава да краде, за да го храни своето тело – блудникот, пак, се загрижува да ја ограби својата сопствена плот. Среброљубецот се разјадува од страст за корист – блудникот, пак, ја искористува чистотата на Continue reading

Христијанството и деструктивните национални појави: Фундаментализам

fundamentalismХРИСТИЈАНСТВОТО И ДЕСТРУКТИВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПОЈАВИ: ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ[1]

Терминот фундаментализам е конципиран во протестантските кругови во САД во почетокот на ХХ век. Најчесто е употребуван како генерички поим кој ги покрива сите форми на верски и национален екстремизам. Меѓутоа, фундаментализмот е многу повеќе од обично религиозно движење и не претставува некаква девијација на религијата. Фундаментализмот има за цел во националната држава да спроведе и „божествен поредок“.

Секој фундаментализам има идеолошка димензија, зашто нивното основно верување не се однесува само на доктринарната вистинитост, туку и на самиот начин на живот. Токму тука фундаментализмот влегува во двобој со христијанството и паѓа на испит, зашто е во целосна спротивност со учењето на Црквата. Фундаментализмот ги советува своите следбеници – верници дека мора да се одвојат од неверниците, дека некои стандарди од сексуалниот живот мора да бидат одржани, дека мора да им се помага на браќата по вера, а на неверниците не и сл.

Религијата е важна матрица врз која се конструира фундаментализмот, но не и единствена. Честопати доаѓа до поврзување на етнитетот и религијата, како на пример во Иран и Израел. Тоа, пак, ја отежнува прецизната идентификација на фундаментализмот. Уште од своето формирање како суверена држава, во Израел религијата е поставена како основа на општествената идентификација и национално движење. Теоретските основи ги поставил познатиот еврејски мислител Рав Аврам Јицак Кук во годините меѓу двете војни. Бескомпромисната борба за остварувањето на националните цели тој ја поставил како дел од религиозниот потфат, но со примена на сила. Фундаментализмот претставува агресивна политизација на религијата, чија крајна цел е стекнување на политичка моќ. Најчесто се поврзува со десно ориентираните движења, но познати се и случаи на Continue reading

Српска Православна Црква

coat_of_arms_of_serbian_orthodox_churchСРПСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Србија и српските приморски земји христијанството го примиле за време на управувањето на Властимир, кога ѝ настанала српската држава. Примањето на христијанството било тесно поврзано со дејноста на светите браќа Кирил и Методиј.

За време на Самуиловото царство сите епископии во просторната држава ги потчинил под јурисдикција на новооснованата Охридска патријаршија, така што и сите српски земји во црковен поглед се нашле под нејзина управа. Бидејќи Охридската патријаршија била изразито словенска црква, со словенски висок клир, во српските земји Рашка и Дукља се развила народна ерархија.

По пропаѓањето на Самуиловото царство, Србите биле на удар на романизираната Сплитска архиепископија, чија главна задача била да ја уништи народната црква со словенски јазик. Сепак, Србите кои и понатаму останале под јурисдикција на Охридската архиепископија го зачувале народниот јазик и православната вера.

Во 1170 година Рашкиот жупан Немања се прогласил за велики жупан и сметал дека само врз база на Православието може да создаде силна држава. Идејата за создавање на автокефална Српска Црква ја дал неговиот најмлад син Сава.

Според каноните, уредувањето на црковното прашање во Србија можело да стане преку Охридската архиепископија, под чија јурисдикција биле српските епархии. Меѓутоа, Сава и Немања биле свесни дека Охридскиот архиепископ Хоматијан нема тоа да го дозволи, па затоа тие побарале автокефалност од патријархот во Никеја (кој од политички причини во тој период се наоѓал таму). Со вешто поставени и смислени дипломатски акции во 1219 година Сава успеал да добие автокефалност за Српската Црква од Никејскиот патријарх. Самиот патријарх соборно го избрал, ракоположил и прогласил Сава за прв архиепископ на целата српска земја и поморските краишта и му дал право да може самиот со соборот на својата Црква да назначува епископи во Continue reading

Христијанството и деструктивните национални појави: Конзерватизмот

konservatismХРИСТИЈАНСТВОТО И ДЕСТРУКТИВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПОЈАВИ

КОНЗЕРВАТИЗМОТ[1]

Ако конзерватизмот се сфати во својот буквален превод од новолатинскиот јазик како старомодност, застареност и беспричинско спротивставување на новите движења, тогаш премногу тенка е границата меѓу него и фанатизмот. Како таков тој е во спротивност со христијанското сфаќање и учење. Меѓутоа, Православната Црква во конзерватизмот не смее да гледа фанатизам и потребно е да ја објасни неговата вистинска суштина. Конзерватизмот нема негативно мислење, како што денес многумина мислат. Конзерватизмот, пред сè, значи „зачувување“ и „одржување“ на вредностите кои еден народ ги поседува, а кои се главна карактеристика во неговото историско постоење. Впрочем, конзерватизмот е главна одлика токму и во Црквата, зашто едно од својствата на Црквата е нејзиното нееволуирање во областа на догмите, кои се наоѓале уште во првоначалното Откровение. Светите Отци на Соборите не внесле ништо ново во обидите на објаснување на догмите, туку само ги откривале, зачувале, одржале и појасниле. Тоа е вистинскиот пристап кон конзерватизмот и негово правилно применување. Националниот конзерватизам треба да биде подобен на христијанскиот. Зачувувањето на националните белези треба да биде манифастирано преку одржување и објаснување на истите, а секоја новотарија која се заканува да измени било што од нивната суштина, треба да биде отфрлана како туѓа, зашто ја загрозува суштината на националното постоење. Отфрлувањето, пак, на секоја новотарија треба да биде проследено со логично објаснување, а не слепо и беспричински, зашто, ако нема логично објаснување на отфрлањето, конзерватизмот преминува во фанатизам.

[1] Conservativus, conservare – зачувување, одржување, правец на мислење и тежнеење на оние кои сакаат да го зачуваат старото, она што се затекнало и наследило во приватниот, општествениот, политичкиот живот; спротивност на новотарии, старомодност, застареност.

Христијанството и деструктивните национални појави: Фанатизам

fanatizamХРИСТИЈАНСТВОТО И ДЕСТРУКТИВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПОЈАВИ

ФАНАТИЗАМ [1]

Човечкиот збор претставува средство за општење и изразување. Но, во нашиот лексикон постојат зборови, кои многу повеќе имаат строго определена негативна конотација и многу повеќе ги усложнуваат, отколку што ги појаснуваат самите нешта. Некои од нив постанале и прекари, кои честопати им се прилепуваат на оние, кои не се согласни со било чие мислење или позиција. Еден од тие зборови, кој луѓето недоволно јасно го сфаќаат, а кој сè почесто се употребува и во наши дни е зборот – фанатизам. Честопати за некоја личност, која е цврсто убедена во своите сфаќања, ја нарекуваат дека е фанатик, од едноставна причина што кај неа постои цврст став за сопствените погледи на светот и сè она што се случува во него. Затоа фанатизмот честопати се поврзува со подготвеност за жртвување, а предаденоста на идејата се соединува со нетрпеливост кон оние, кои мислат поинаку. Фанатизмот го карактеризира негрижа за етичките нормативи, кои пречат за достигнување на личната цел. За фанатиците е карактеристична повишената емоционалност, некритичкиот однос кон информациите кои им одговараат, неприфаќање на критиките, па дури и добронамерни, кои укажуваат на нивните грешки. Фанатизмот претставува слепа и неоснована вера, која нема факти и докази.[2]

Да се потсетиме на она време, кое не беше така далечно, кога фанатици се нарекуваа сите религиопзни луѓе, кои уште се нарекува и бесомачни, суеверни, малумни, а пак, самата вера во Бога се трудеа да ја претстават како резултат на болна фантазија, незнаење, фанатизам и сл. Но, и во денешно време зборот фанатизам сè повеќе почнува да се употребува со единствена цел: да се омаловажи, дискредитира, потцени и понижи човекот, кој има свои сфаќања и не сака да ги менува, како што камелеонот ги менува своите бои во зависност од околината. Затоа, треба да се има јасен став што претставува фанатизмот, а што принципиелноста.

Православната Црква фанатизмот го сфаќа како духовна гордост, себеориентираност, лажно убедување и секогаш справедливост во сопственото мислење. Фанатизмот претставува дефицит, па дури и целосно отсуство на љубов кон Continue reading