Отец Јован Скрињик

17087_363512813842791_6087796734371422110_nОТЕЦ ЈОВАН СКРИЊИК

Отец Јован Скрињик е роден во селото Валки во близина на градот Харков, Украина во 1902 година. Во годините на болшевичките прогони успева, со последните групи на бегалци, да ја напушти родната земја и во 1919 година, со бегалскиот брод пристигнуваат во местото Зеленик на Јадранското Море, откаде се ставени во карантин и преместени во бегалските логори во Војводина. Тука наоѓа работа во рудник, но во неделните и празничните денови редовно ги посетувал светите богослужби. Од месниот свештеник бил забележан како ретко воспитано и религиозно момче, а откако ја видел неговата скромност и одлични гласовни квалитети, бил препорачан да се запише во богословија. Со благослов на епископот Јосиф се запишува во битолската богословија и истата успешно ја завршува во 1925 година.
По завршувањето на богословијата стапува во брак со Драгиња Скрињик, родум од селото Блаце во околината на Прокупље, а на 14/27 јануари 1925 година од епископот Охридско-битолски Јосиф е ракоположен за свештеник во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп и поставен за парохиски свештеник на втора парохија. На оваа должност останува до 1932 година, кога по потреба на служба е преместен како парохиски свештеник во црквата „Свето Богородица“ во Скопје. Почетокот на војната го дочекува во Скопје, но несакајќи да остане под управа на Бугарската Црква емигрира во Србија, па неколкупати ги менува парохиите. Најпрво е поставен за парохиски свештеник во
Continue reading

Advertisements

Свети Григориј Богослов: Мудри совети

101891СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: МУДРИ СОВЕТИ

По добриот почеток, доаѓа и прекрасен крај – таа вистина се оправдува во резултатот на делата. Ете почеток, кој носи добар крај: свето да се трудиш за доброто на животот! Кој има знаења, да не лета без крилја, зашто и птицата не лета без нив. Знаењето е најголема слава во животот на човекот – но и тоа штети на оној, кој го употребува злонамерно. Внимавај да не бидеш измамен од суетна слава – таа е пропаст за ограничените умови. Кога вршиш добро, погрижи се да бидеш постојан во него, зашто преминот кон зло е мал и брз. Скроти ја смеата и ставај граница на гневот, особено пак гледај со сите сили да отстраниш од себеси секаков празен збор. Пред сè, плаши се од Бога, почитувај ги своите родители, говори добро за духовниците и имај почит кон старите. Законот наредува – синот никогаш да не влегува во спор со својот татко, а природата пред него го задолжува со истото. Гневот кон жестокиот престапник не е тежок, зашто судот му го дава заслуженото. Од мудра уста капат најслатки зборови, а од горчливо грло излегуваат кавги. Од добриот јазик истекуваат слатки потоци, а во нескромната уста се раѓаат гнили зборови. За сиромавите пријатели се затворени вратите на богатите, богатите пак, ги сакаат блескавите замоци. Водата е прекрасен напиток; таа не ја нарушува јасноста на мислата; испиената, пак, чаша вино го заматува умот. Виното по природа е туѓо за целомудрието, затоа и произведува задоволство, што го дразни телото. Духот е лек и не трпи претоварен стомак – затоа борбата меѓу духот и телото е постојана.

Подобро е, умерено да се храни човек и да не мечтае за богата трпеза на сон. Глупавиот на сон постанува богат и сонува бездна од пари. Подобро е да бидеш бездетен, отколку да Continue reading

Свети Василиј Велики: Портретот на пијаницата

%d0%bf%d1%8c%d1%8f%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%b9%d0%ba%d0%be%d0%b2-%d0%b8-%d0%b2СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОРТРЕТОТ НА ПИЈАНИЦАТА

Со што се разликуваш ти, човеку, од бессловесните животни? Не со дарот ли на разум, кој си го добил од Творецот, ти постана началник и господар на сè? Писмото вели дека кој се лиши од разумот, по причина на пијанство, тој се вбројува кон неразумните животни и се споредува со нив; јас пак ќе додадам, дека пијаницата е понеразумен и од добитокот, затоа што бессловесно недогледува и недослушува како пијаниот? Пијаниците не ги познаваат ни своите најблиски, кон туѓите, пак, се однесуваат како кон познати. Често прескокнуваат сенка како поток или ров. Ушите им се полни со звуци и шумови како разбранувано море. Тие си претставуваат, дека земјата се подига нагоре, а планините се вртат наоколу. Тие понекогаш се смеат непрестано, а некогаш се онеспокојуваат и плачат неутешно – де се дрски и неплашливи, де плашливи и нерешителни. Сонот им е тежок и непробуден – близок до вистинска смрт; почивката, пак, им е побесчувствена и од самиот сон – затоа, животот им е сновидение. Еден нема облека, кај другиот завршува лебот за утре, а пијаниците имаат сè и во своето пијанство царуваат, предводат војски, градат градови, сечат пари! Други, пак, од нив, паѓаат во спротивни слабости – паѓаат во очај, постануваат тажни, неспокојни, солзливи, се плашат од секаков шум, од сè одат во ужас. Такво е она што следува и својството од виното што врие во срцата нивни.

Заразата од воздухот иде бавно – поразот од виното брзо: кој го опорочил образот Божји во себе, тој подлежи на лесно распаѓање. Пијаниците не само што се сушат и тлеат од излишни задоволства, кои ги прават сластољубиви, но и згоените наизглед тела, им се полни со Continue reading

Свети Игнатиј Брјанчанинов: За совеста

101737СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ: ЗА СОВЕСТА

Совеста е сетило на човечкиот дух, премногу чувствително, светло, кое го разликува доброто од злото.

Ова сетило многу појасно го разликува доброто од злото, отколку умот.

Многу потешко е да ја прелажеме совеста, отколку умот.

Со прелажениот ум, поддржан од гревољубивата волја, совеста долго се бори.

Совеста е – природен закон.

Совеста го раководела човекот до пишаниот закон. Паднатото човештво постепено го усвојувало неправилниот начин на мислење за Бога, за доброто и злото: лажно наречениот разум ѝ ја предавал својата неправилност на совеста. Пишаниот закон постанал неопходност за раководство кон правото Богопознание и Богоугодната активност.

Христовото учење, запечатено со светото крштение, ја исцелува совеста од лукавство, со која гревот ја заразил. Вратеното правилно делување на совеста се подражава и возвишува преку следењето на Христовото учење.

Здравата состојба и правилното делување на совеста можно е единствено во крилото на Православната Црква, затоа што секоја примена неправилна мисла има влијание врз совеста: ја пренасочува од правилното делување.

Намерните гревови ја затапуваат, оглувуваат и успиваат совеста.

Секој грев кој не е очистен преку покајание, остава штетни влијанија врз Continue reading

Свети Асаф, епископот на Лан-Елви

asafЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ АСАФ, ЕПИСКОПОТ НА ЛАН-ЕЛВИ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 1 МАЈ

(?-околу 596/601; St. Asaph of Llan-Elwy)

Житијните податоци за свети Асаф,[1] епископот на Лан Елви, говорат дека тој бил внук на легендарниот крал Пабо Пост Придајн (Pabo Post Prydain). Иако податоците за него се базираат на локалното предание, кое се зачувало до денес, сепак, наоѓањето на јасенот, црквата, бунарот и долината во Тенгенеле, во околината на Холивел, ја докажуваат автентичноста на преданието и веродостојноста на житијните податоци. Речиси сите податоци за свети Асаф се сочувани во житијето на неговиот авва, свети Кентигерн,[2] кое е напишано од Џослин Фурнески (Jocelyn Furness) во XII век.

Свети Асаф бил духовен син на свети Кентигерн и тргнал по неговите стапки, кога тој ја напуштил Шкотска околу 545 година, за да ги избегне гонењата. Попатно, тие заедно го посетиле и свети Давид во Меневија, а потоа основале манастир на имотот, кој го добиле како подарок од Кадвалон, таткото на Мајлгун, кралот Гвинедски, по долината на реката Елва, по што и манастирот почнал да се вика Лан-Елви (Црквата на Елва).

Манастирската црква ја изградиле од бичени и исправени дрва, по примерот на Британците, зашто не биле во можност да ја направат од камен. Сите монаси, 965 на број, кои биле духовни чеда на свети Кентигерн, биле разделени на три дела: 300 неписмени ја обработувале земјата; 300 се занимавале со секојдневните активности, а останатите 365, според бројот на деновите во годината, ги извршувале секојдневните богослужби. Постарите од овие, му помагале на свети Кентигерн во управувањето со епархијата, а останатите се делеле на три хора, кои постојано пееле во црквата. Кога едниот хор завршувал со Continue reading

Помош

101639ПОМОШ

Постои еден прекрасен збор, кој го бранува срцето на секој човек, било да е стар или млад, образован или необразован, сиромав или богат… а тоа е зборот – мајка. Единствено таа може да го утеши своето родно чедо, па неговото срце да се исполни со тишина и радост. Единствено во нејзините прегратки, синот или ќерката, можат да најдат спокој и утеха, а таа може да ги поднесе сите преживувања, сите грижи, сите растревожувања од срцето на своето возљубено чедо. Дури и тогаш, кога синот или ќерката имаа свои семејства, свои деца, за старата мајка своите чеда и понатаму се деца, врз кои сака да ја излие целата љубов од своето мајчинско срце.

Освен нашата телесна мајка, православните христијани за своја мајка ја имаат и светата Црква, кон која сите ние, како нејзини деца, припаѓаме. Таа наша мајка, која нè спасува за вечноста, ги охрабрува и вразумува своите деца. Мајката – светата Црква, ги загрева нашите верни срца со своите молитви, богослужби, свети Тајни… Со сите тие средства, таа го засладува нашето срце, нè учи како треба да живееме, за да бидеме достојни деца на Спасителот Господ, Главата на нашата Црква, Началникот на нашата вера.

Да се потсетиме на едно евангелско сведоштво, кое честопати сме го слушале на светите Литургии, кое со своите свети зборови, на нашите слаби и грешни срца им дава голем извор на духовна сила.

Една ноќ, апостолите пловеле со чамецот по водите на Генисаретското Езеро. Одеднаш фатила силна бура, па апостолите се исплашиле за својот живот. Во мугрите, кога Христовите ученици веќе биле во ужас, и кога со тажни чувства биле носени од високите бранови, тие Го виделе Христа како оди по водата. Во почетокот тие не Го познале, па помислиле дека тоа е привидение, кое им го навестува брзиот крај, па затоа почнале да Continue reading

Свети Григориј Богослов

icon_shigri_ioann_bogoslov2СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ

ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Големо светило на верата и благочестието, на православието и поборништвото е свети Григориј Богослов. Тој е роден во паланката Арианз, близу до градот Назианз, околу 330 г. Тој е рожба на прочуен и благочестив дом – потомок на богат и влијателен род. Татко му се викал исто Григориј – отпрвин бил многубожец, виден администратор, а подоцна постанал и епископ на градот Назианз. Мајка му се викала Нона – класична христијанка и прекрасна мајка; ќерка на благочестивиот Филтат и сестра на прочуениот ретор Амфилохиј, татко на епископот Амфилохиј Икониски. Нона била учителка на својот сопруг за вера и благочестие – таа била и наставничка на своите деца Григориј, Горгонија и Кесариј во истите знаења и добродетели. Како христијанка, сопруга и мајка, таа постанала бесмртна во историјата – со своите пак деца, се прославила во христијанските поколенија.

Отпрвин, училиште за свети Григориј му била домашната стреа – тука тој научил читање и пишување и ги правел првите стапки во реториката под раководство на својот татко и својот вујко. Во тоа огниште, тој ги научил и првите лекции во верата, и се поучил во првите добродетели на благочестието од блажената Нона. Прочуеното потекло, материјалната состојба и културното сознание на родителите и роднините, го насочиле и движеле, успешно, свети Григориј по сите стапала и огништа на тогашната школа и култура – и тој, примерно ги оправдал тие грижи без да се посрами во нешто. Вториот степен на своето образование свети Григориј го завршил во Кесарија Кападокиска – таму тој за прв пат се запознал и сретнал со свети Василиј Велики: средба и историска, и промислителна – за нивно добро, за чест на нивните домови и за слава на православието. Силен ум и духовна жед го поттикнала момчето кон третиот степен на неговото образование – тој заминал во Кесарија Палестинска, важен културен, политички и економски центар за целата Света земја. Во тој град, свети Григориј ги слушал лекциите по красноречивост на славниот, за времето и својата земја, ретор Теспиј. Последниот применил такво влијание врз неговиот ораторски талент и поетски дар, каков што одраз дал Ливаниј врз дарбите на големите христијански проповедници свети Јован Златоуст и свети Василиј Велики. Неговата ревност за знаења и придобивки не била целосно задоволена, затоа, тој се насочил уште по на југ; отпатувал за Александрија – средиште, каде што се крстосувале, речиси, сите постигнувања на духовната и материјалната култура на тогашниот човечки род. Свети Григориј, во тоа световно огниште, слушал, проучил и испитал многу училишта, учители и системи по разни области на Continue reading

Преподобен отец Адамнан

sveti-adamnanЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ АДАМНАН, ПОДВИЖНИКОТ ОД ЈОНСКИОТ МАНАСТИР, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 23 СЕПТЕМВРИ

(623/624-704; Adamnan of Iona)

Свети Адамнан[1] е роден околу 623/624 година, во југозападниот дел од грофовијата Донегал, во Ирска. Како младо момче се замонашил во локалниот манастир Друим Туама (Druim Tuamma). По извесно време се преселил во прочуениот Јонски манастир, на малечкиот остров западно од Шкотска, кој во тоа време бил под духовно раководство на игуменот Сегин. Во манастирот имал прекрасна можност да ги изучи грчкиот и латинскиот јазик, а прекрасно го изучил и толкувањето на Светото Писмо. Во 679 година, по смртта на игуменот Фајлб, Адамнан бил избран за игумен – деветти по ред по свети Колумба.

Во тоа време во Ирска и на островот Јона живеел Алдфрид, вонбрачниот син на Нортумбрискиот крал Освиј, кој бил прогонет од татковината од својот помлад брат Егфрид. Алдфрид воспоставил блиско пријателство со Адамнан и постанал негов ученик. Кога во 685 година Егфрид бил убиен во една битка со Пиктите, Адамнан го благословил Алдфрид, кој се вратил во татковината и седнал на кралскиот трон. Во 686 година, Адамнан го посетил со молба да отпушти 60 Ирци, кои се наоѓале во заробеништво. Кралот ја исполнил неговата молба, ги ослободил заробениците, кои безбедно пристигнале на островот Јона.

По овој настан, Адамнан почесто ги посетувал англиските земји. Во 688 година ја имал последната средба со кралот Алдфрид, кога му ја подарил својата книга „За светите места“. Во тоа време, според сведоштвата на свети Беда Почитуваниот, тој посетил неколку англиски манастири, па под влијание на свети Колфрид Јарушки, ја примил Римската пасхалија. Меѓутоа, Јонските монаси одбиле да ја прифатат новата Пасхалија, па Адамнан одлучил да Continue reading

Кипарска Православна Црква

church_of_cyprus-svgКИПАРСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Според преданието, се смета дека христијанството на островот Кипар го донесле светите апостоли Павле и Варнава. Споменот на Свети апостол Варнава во Кипар е и национален празник и истиот е вброен во календарот на националните светии. Основањето на апостолската црква се смета во 47 година. Утврдувањето и ширењето на христијанството траело и во текот на наредните три века. Во тој период Кипарската Црква се изборила и за своја самостојност. Во 431 година, на Ефескиот собор, независноста и автокефалноста на Кипарската Црква била призната и секое мешање од страна на Антиохиската Црква било забрането и недозволиво. Во 488 година Синодот на Цариградската Црква го потврдил истото решение. Според историските податоци, на Првиот Вселенски собор учествувале и три кипарски епископи: Кирил Пафски, Геласиј Саламински и свети Спиридон Тримитунтски. Во документите од Сардикискиот собор од 343 година се наоѓаат и потписи од дванаесет кипарски епископи. Кипарските епископи активно учествувале во активностите и на Вториот и Третиот Вселенски собор. Освен тоа, на кипарскиот архиепископ му биле придодадени неколку карактеристични знаци – одличја: императорски скиптар со златно јаболко и крст на врвот, како замена за архијерејскиот жезал, пурпурна мантија и право да ги потпишува официјалните документи со црвено мастило. Автокефалноста на Кипарската Црква крајно била потврдена во 962 година од страна на Цариградскиот вселенски собор. Од средината на VII век до средината на X век островот честопати бил напаѓан од Арапите, кои до темел ги уривале манастирите и храмовите. Заради арапските закани и опасности византискиот император во периодот од 688-695 година евакуирал поголем дел од населението во новиот град на Дарданелите, кој бил наречен Нова Јустинијана. Тука своја престолнина имал и Кипарскиот архиепископ, кој тука живеел до 747 година, а според новиот град ја добил и денешната титула. Во 965 година византискиот император Роман II конечно ги ослободил Кипраните од Арапите. Сепак, во 1191 година островот повторно бил освоен, овојпат од крстоносците, кои таму формирале свое кралство. По неговиот распад, па сè до 1571 година островот ѝ припаѓал на Венеција. Сето тоа време на островот насилно се ширел римокатолицизмот. Во 1260 година сите манастири биле претворени во латински, а бројот на православните епископи паднал од 15 на 4, но и тие биле потчинети на месниот латински архиепископ на Кипар.

Во 1571 година, по освојувањето на островот од страна на Турците, латинската ерархија била уништена, а на православната ѝ било допуштено слободно да делува, па дури било допуштено и да се избираат домородни епископи и архиепископ. Но, зголемувањето на епархиите повеќе од 4 било забрането. Епископите не биле само духовни, туку и Continue reading

Свети Јован Златоуст: Високоумството

101550СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ВИСОКОУМСТВОТО

Да бидеш простак по природа – не претставува вина; но, да постанеш простак од злоупотреба на умот – не е за извинување и повлекува по себе голема казна. Такви се оние, кои како резултат од својата мудрост високо мислат за себеси и паѓаат во крајно високоумство. Ништо друго не го прави човекот толку простак, како високоумството; затоа и пророкот го нарекува варваринот простак: „Простакот говори глупости“ (Иса. 32, 6). А за да пресудиш за неговите глупости од неговите зборови, послушај што зборува тој. „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди… ќе бидам сличен на Севишниот“ (Иса. 14, 13-14). Кажи ми: дали има нешто поглупаво од тие зборови? Ако, пак, подробно ти ги прераскажам сите зборови на високоумните, ти тешко ќе распознаеш – од високоумни ли се изречени, или, пак, од простаци, зашто и во едните и во другите недостатокот е еден и ист. Друг, пак, варварин рекол: „Јас сум Бог“ (Језек. 28, 2). Таков бил и опишаниот од пророкот, безумен, кој во размислите на своето срце рекол: „Нема Бог“ (Псал. 13, 1). Ист таков бил и Каин, кога рекол на Бога: „Зар сум јас чувар на братот мој?“ (1. Мој. 4, 9). Сега ти ќе распознаеш ли: кои зборови се изречени од високоумни, и кои од простаци?

Високоумство, кое не запазува умереност и ги натценува своите дарби, раѓа простаци; затоа, ако почеток на премудроста е стравот пред Господа –  почеток, пак, на простаклукот е високоумството и негирањето на Бога! И така: ако познавањето на Бога е мудрост – неверувањето во Него е глупост; неверувањето, пак, произлегува од гордоста, бидејќи почеток на гордоста е негирањето на Бога: последователно, гордоста е крајна глупост! Горделивиот човек е душевно раслабен, тој губи мерка за Continue reading