Преподобен Финијан од Клонард

St Finnian Of ClonardСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ФИНИЈАН, ПОДВИЖНИКОТ ОД МАНАСТИРОТ КЛОНАРД, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 12 ДЕКЕМВРИ

(?-549; Finnian of Clonard)

Преподобниот Финијан, најверојатно, роден е во Мајшел (Myshall), во грофовијата Карлоу (Carlow), а во христијанската вера бил воведен од свети Фортчерн (Fortchern). Според преданието, тие двајцата се населиле во Велс, за да имаат можност да се усовршуваат, под духовна грижа на големите светители од тој крај, какви што биле свети Кадок Ланкарфански (Cadoc of Llancarfan), свети Давид Меневиски (David of Menevia) и свети Гилдас (Gildas).

По долго отсуство, тој се вратил во родниот крај и почнал да оди од село во село, поради проповед на христијанската вера. Тој основал цркви и манастири, а својата активност најмногу ја развил во Агхоул (Aghowle), во грофовијата Виклоу (Wicklow) и во Муња Сулкен (Mugna Sulcain). Воден од ангелот Божји, тој пристигнал во Клонард (Cluain Eraird), во кралството (денешната грофовија) Мит (Meath). Според преданието, нему во видение му било кажано дека тоа е местото каде што ќе почине и ќе воскресне на сеопштото воскресение. Тука изградил и црква од глина и гранки.

Гласот за него набргу се проширил во околината, па кај него почнале отсекаде и од сите возрасти – од најмали деца, до највозрасни старци, а имало и Continue reading

Advertisements

Свети Ефрем Сирин: Непостојаноста на човечката волја

102217СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: НЕПОСТОЈАНОСТА НА ЧОВЕЧКАТА ВОЛЈА

Господи, биди милостив кон нашето зловолие – тоа е причина за сите наши несреќи. Неговите размисли се тајни тажни за душата – неговите пак дела – јавни болки за човекот. Од него е произлезено првото нарушување на заповедта, што ги породило сите гревови во минатото, во сегашноста и за иднината. Ти, Господи на чистотата, очисти ја нашата слобода – сама по себеси таа е матен извор. Се восхитувам на слободата на човековата волја! Таа е силна – но и соборена; таа е господарка – но и робинка; има можност да победува – но сака да отстапува; макар и да е слободна – таа се оддава на ропство; нешто повеќе – како заробеничка своерачно го потпишува своето ропство! Нашата волја многу лесно се повредува. Човекот сака да го вложи своето богатство на небото, меѓутоа, завидливиот на секое добро го попречува и оттргнува од тоа – и тој често отстапува. Во кого љубовта не е чиста – тој ја губи здравата смисла на животот; неговото добротворство се поддржува само со пофалба, како што росата го крепи цвеќето; сретне ли неодобрување – неговото добротворство изнемоштува, како трева од горештина и вене од изгорувачкото ветре на хулењето. Слава на Твојата волја, Господи! Таа постојано го очекува нашето покајание и го посакува нашето спасение.

Нека биде благословен споменот на сите праведници, кои останале цврсти и неизменети во верата и делата свои. Тие не се измениле како месечината во своето движење, но се уподобиле на сонцето, кое секогаш дава еднаква светлина. Нивните духови не биле како Continue reading

Преподобен Јустинијан од Велс

justinianЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ЈУСТИНИЈАН, ПОДВИЖНИКОТ НА ОСТРОВОТ РАМСЕЈ ВО ВЕЛС, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 5 ДЕКЕМВРИ

(VI век; Justinian of Wales)

Свети Јустинијан е роден во Бретанија, во блародно и благочестиво семејство. Најпрво бил ракополжен за свештеник, а потоа избегал од својата татковина и започнал да живее отшелнички живот на островот Рамсеј, на брегот на Дивед (Dyfed), во јужен Велс. Своите духовни сили и трудови ги здружил со отшелникот Гонориј (Honorius), кој таму живеел со својата сестра и нејзината слугинка.

Светоста на Јустинијан предизвикала восхит кај свети Давид Велшки, кој го повикал кај себе, а подоцна му дал и куќи на островот. Еден ракопис од XII век соопштува дека некои морнари го известиле преподобниот дека свети Давид бил болен и барал да биде посетен од него. Јустинијан, со својот духовен разум, сфатил дека тие морнари се лажни, дека тоа е ѓаволско привидение, па почнал да го чита 79 псалм. Откако завршил со читањето, морнарите „исчезнале како црни гаврани“. Откако стигнал до келијата, тој го нашол свети Давид во добро здравје.

По бесовско вдахновување, еден ден свети Јустинијан бил нападнат од неговите тројца прислужници. Кога Јустинијан ги изобличил нивните дела, тие се разгневиле, го турнале на земја и го убиле. Чудотворен извор на света вода бликнал на местото, каде што се стркалала неговата чесна глава. Злодејците набргу ги стигнала казна, па тие биле принудени да живеат одвоени од нормалниот свет и со нив никој не сакал да контактира.

Според преданието, свети Јустинијан ја подигнал својата глава и ја однесол на местото каде што сакал да Continue reading

Свети Тудвал, епископот на Треге

Saint_TugdualЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ТУДВАЛ, ЕПИСКОПОТ НА ТРЕГЕ И ЕДЕН ОД СЕДУМТЕ ПОКРОВИТЕЛИ НА БРЕТАНИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 5 ДЕКЕМВРИ

(?-564; Tugdual of Treguier)

Велшкиот монах Тудвал бил еден од синовите на кралот Хоел I Мор (Hoel I Mawr). Пред да се замонаши во Јинис Тудуал (источниот остров на свети Тудуал), кој се наоѓа на полуостровот Лејн (Lleyn), во северен Велс, тој заминал од Британија во Ирска. Подоцна емигрирал во Леон, во Бретанија, и се населил во местото Лан Пабу (Lan Pabu), заедно со своите 72 следбеници. Таму основал поголем манастир, под покровителство на кралот Дерох (Deroch of Domnonee). Оттука Тудвал патешествувал по Бретанија и им го проповедал евангелскиот збор на локалните жители. Го основал и манастирот Вал Трегор во Треге (Val Trechor at Treguier) и тука имал видение, дека треба да оди во Париз и да прими подарок во земја од франечкиот крал Хилдеберт. Кралот настојувал Тудвал да биде поставен за епископ на Треге, каде што е почитуван до денешен ден, а особено во пределите на Леон. Токму во Треге, свети Тудвал се упокоил во 564 година, а неговиот кивот и денес може да се види во соборната градска црква.

И денес неколку места во Велс го прославуваат свети Тудвал како свој заштитник. Неговото житие го напишал свети Леван, основачот на градот Килевен во Ирска. Освен во Треге, дел од неговите мошти се пренесени во Лавал и Шартр. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 30 ноември според Јулијанскиот календар.

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

102133СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздадениот Адам. Блажениот живот е плод на Светиот Дух и се состои во љубов, радост, мир, долготрпение, благост, милосрдност, вера, кротост, воздржливост (спореди: Гал. 5, 22-23). Тие добрини ни се даваат од Христос Спасителот во Светиот Дух. Само исправниот човек, вистинитиот, кроткиот, добриот, сочувствителниот, сострадателниот, милостивиот, милосрдниот, долготрпеливиот, незлобивиот и човекољубивиот е достоен за Бога. Ние се раѓаме за да ги стекнеме таквите својства на душата и да влеземе во соединување со Бога, да постанеме учесници на Неговата светост и да достигнеме полнота на благодатната состојба или обожување. Ние треба да се подвизуваме поради очистување, и тоа преку покајание и смирение, за да ги соединиме сите наши чувства со единиот и Преблаг Бог. Тогаш, сè божественео го спознаваме одеднаш и го разбираме со гледање, слушање, созерцание и отгкровение.

Ниту еден човек, ни праведен, ни грешен, сам по себе не можи да се спаси. Бог говори: „Кој е за помилување, ќе го помилувам, а кој за утешение – ќе го утешам“ (2. Мој. 33, 19). Свети пророк Давид, исповедајќи го ова, се обраќа кон Бога: „Господи Боже, Спасителу мој!“ (Псал. 88, 11).

Спасението се состои во постанувањето на учесници на Божјата светост, а давањето на светоста се состои во Божјата волја. За неа се удостоени оние, кои немаат никаква искривеност во помислите и кои ги управуваат своите срца кон Бога. Имено, милоста Божја се состои во Continue reading