Свети Ефрем Сирин: Непостојаноста на човечката волја

102217СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: НЕПОСТОЈАНОСТА НА ЧОВЕЧКАТА ВОЛЈА

Господи, биди милостив кон нашето зловолие – тоа е причина за сите наши несреќи. Неговите размисли се тајни тажни за душата – неговите пак дела – јавни болки за човекот. Од него е произлезено првото нарушување на заповедта, што ги породило сите гревови во минатото, во сегашноста и за иднината. Ти, Господи на чистотата, очисти ја нашата слобода – сама по себеси таа е матен извор. Се восхитувам на слободата на човековата волја! Таа е силна – но и соборена; таа е господарка – но и робинка; има можност да победува – но сака да отстапува; макар и да е слободна – таа се оддава на ропство; нешто повеќе – како заробеничка своерачно го потпишува своето ропство! Нашата волја многу лесно се повредува. Човекот сака да го вложи своето богатство на небото, меѓутоа, завидливиот на секое добро го попречува и оттргнува од тоа – и тој често отстапува. Во кого љубовта не е чиста – тој ја губи здравата смисла на животот; неговото добротворство се поддржува само со пофалба, како што росата го крепи цвеќето; сретне ли неодобрување – неговото добротворство изнемоштува, како трева од горештина и вене од изгорувачкото ветре на хулењето. Слава на Твојата волја, Господи! Таа постојано го очекува нашето покајание и го посакува нашето спасение.

Нека биде благословен споменот на сите праведници, кои останале цврсти и неизменети во верата и делата свои. Тие не се измениле како месечината во своето движење, но се уподобиле на сонцето, кое секогаш дава еднаква светлина. Нивните духови не биле како летни дождовни потоци, кои ненадејно се наполнуваат и веднаш пресушуваат. Бранови од секаков вид на искушенија крвожедно се насочувале кон праведниците – меѓутоа, тие останале здрави и непопустливи. И славата не ги привлекувала, ниту пак хулењето ги доведувало до изнемоштеност. Секогаш и во с# биле еднакви – никогаш не се губел пријатниот мирис на нивните високи добродетели. Секоја нивна помисла го ширела пријатниот мирис на љубовта. Добриот трговец обилно ги расфрла пријатните мириси на своите аромати – така и Бог ги прославува делата на Своите праведници: по нивниот пат врват нивните ученици. Нека биде благословен Праведниот, Кој ги наградил со венците на победата!

Да разгледаме и размислиме што е подобро: светот ли да го спечалиме, или Бога да Го придобиеме? Да постанеме наследство на Бога, за да Го наследиме и ние. Човекот, како и Творецот, се возвишени и стојат над сè – ако не ја придобиеме својата душа и Бога, тогаш, и целиот свет да го спечалиме, сме се изгубиле себеси. Трудот за телото е оружје за поддржување на здравјето и совладување на мрзливоста – при таа состојба душата е будна, откако се краси со добродетели и ги победува страстите. Да се трудиме – но пред сè, да Го придобиеме Бога, зашто кој Го придобил, тој придобил сè! Да биде благословена Неговата неизменета волја!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s