Свети Григориј Богослов: Да добротвориме!

103747СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ:

ДА ДОБРОТВОРИМЕ!

Да не ми даде Бог да живеам богато, кога сиромавиот има потреба; да се насладувам на здравје, кога не можам да ги излекувам раните на брата си; да имам храна, облека и живеалиште – кога не го разделувам со оној што страда, лебот, облеката и покривот! Ние сме должни: или од сè да се откажеме за Христа, да го земеме својот крст, да Го следиме жртвено, да постанеме независни од плотското, да се ослободиме од сè, што нè влече кон земјата, да летаме на крилја кон горниот свет, да се возвисиме со смирение, да се збогатиме со сиромаштија, воопшто, во замена на сè, да Го придобиеме Христа – или пак: да ги разделиме своите богатства со Христа, да ги осветиме преку милостина, да постанеме достојни сопственици на своите имоти, да ги направиме и сиромавите соучесници во нашата среќа. Ако јас орам и сеам, само за себеси, ќе кажам со зборовите на Јов: „Јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат; тогаш место жито нека расте трње и место јачмен – какол“ (Јов 31, 8 и 40). Жежок ветар нека ја уништи и виор нека ја развее мојата сеидба, така што, сиот труд да ми отиде напразно. Ако пак јас почнам да градам амбари, за да собирам богатства од Мамона за Мамона, уште истата ноќ нека ми биде земена душата, за да дадам отчет за лукавото чување на моите богатства.

На крај, нема ли да се вознемириме? Нема ли, да ја отфрлиме жестокосрдечноста? Нема ли, да се гадиме од ниската скржавост? Нема ли, да размислиме за човечката судбина? Нема ли, да престанеме да ја обраќаме во придобивка несреќата на другите? Во човечкиот живот нема ништо цврсто и постојано; нема ништо, што, не ја губи својата сила и да остане во неизменета состојба; по природниот ред на нештата, нашата судбина се врти како тркало – во различни времиња, често во еден ден, а понекогаш и во еден час, ние се подметнуваме на различни промени, така што, поскоро можеш да се опираш на постојаноста на ветровите, кои, никогаш не се востановени по место и насока, на трагите од коработ кој плови по морето, на лажните ноќни сновиденија, кои доставуваат кратко задоволство, на постојаноста на цртежите врз песокот при детските игри, на трагите од птиците кои летаат во воздухот, отколку на човечката благосостојба… благоразумни се оние луѓе, кои немаат вера во сегашните блага и собираат богатство за идното, кои, гледајќи ја непостојаноста на човечкиот успех, го сакаат добротворството, што никогаш нема да им се измени. Таквите луѓе, несомнено, добиваат една од трите награди: или никогаш не паѓаат во несреќа, зашто Бог често ги утешува благочестивите и со земни блага; или во страдањата тие имаат утеха од Бога, зашто страдаат не од порочност, а по Божја промисла; или пак, тие, со право можат да сакаат од оние кои се во благосостојба, сострадание и жртва, каква тие ја покажувале кон страдалници во среќните денови.

Да го отфрлиме земното изобилие и да го придобиеме небесниот спокој! Да го исползуваме само полезното на земјата, да ги искупиме своите души со милостина, да дадеме од својот имот на бедните, да придобиеме небесно богатство! Не давај сè на телото – дај делче и на душата; не давај сè на светот – дај дел и на Бога; одземи нешто од стомакот и посвети го на духот; спаси нешто од огинот и вложи го во вечноста; дај нешто и на Оној, од Кого си добил многу повеќе; оддај дури и сè на Оној, Кој ти дал сè!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s