Дваесет – сурово, ама реално

ДВАЕСЕТ – СУРОВО, АМА РЕАЛНО

По излегувањето од мајчината утроба, првото искуство на новороденото дете е – плачот! На таков начин, уште една душа влегува во овој паднат свет и нејзините солзи трезвено нѐ потсетуваат на човечкиот пад од совршенство во пропадливост. Меѓутоа, ова дете, секое дете, ама и секоја генерација, е повикана за нешто, што го надминува дури и чудото на неговото сопствено раѓање; повикано е на заедница со Бога, на светлина, на совршенство.

Во ова време на лелекање и кукање, овој повик е заборавен. Родителите многу повеќе им говорат на своите деца за нивниот висок повик, но не подготвувајќи ги за тој повик и не се молат да бидат вброени и споени меѓу избраните. Добро знаеме: многумина се повикани, но малкумина се одбрани, а улиците на овој свет и понатаму се преполни со гладни детски усти.

Дали само нашата генерација страда по улиците на нихилизмот, живеејќи ја до дно пеколната стварност и реалност на постоење без Бог и Вистината, која е духовна основа на модерното друштво и општество. Навистина, оваа песна на маестралниот Марчело, нѐ потсетува дека нашата генерација е генерација на децата на Апокалипсата, на првите жртви од последната фаза на апостасијата од Христа. Нашата генерација, ние и нашите деца, проголтани од духот на „модерното“ време, од самозадоволувањето и себезадоволувањето, од безмилосната трка по материјалното и неговите лажни вредности, ете токму таквата генерација, може да се најде не само меѓу младите по улиците, меѓу гангстерите и променливите лица на контракултурата, туку и меѓу наизглед нормалните деца, за кои нихилизмот, за жал, постана мода.

Сурови, ама реални се стиховите од оваа песна:

„Depresivci se osmehuju do dana kad se roknu.

A ne znam više nikoga ko ne pije,

ko zaspi bez tableta il’ da se drogom ne prebije.

I svi se smeše kô tužne karikature.“

Марчело, фала ти за обидот да ја разбудиш нашата генерација!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s