Свети маченик Сава

Свети маченик Сава

СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК САВА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 15 АПРИЛ

(334-372; латински: Sabbas)

Светиот маченик Сава[1] по потекло бил Гот и живеел во IV век. Во тоа време христијанството меѓу Готите го проповедал епископот Улфил. Меѓу многуте покрстени, бил и свети Сава, кој бил роден во христијанско семејство во 334 година, во долината на реката Бузау, во Дакија (денешна Романија)

Откако станал христијанин, тој започнал да живее добродетелен и богоугоден живот. Негова главна карактеристика биле смиреноста, воздржливоста, молчаливоста, бестрасноста и безбрачноста, а секој ден го поминувал во молитва и грижа околу локалната црква. Освен тоа, храбро го исповедал христијанството и насекаде се трудел да го искорени идолопоклонството.

Готските кнезови и судии, под влијание на јазичничките жрецеви, започнале гонење против христијаните и почнале да ги принудуваат да вкусат од идоложртвеното месо. Многу од јазичниците, за да ги поштедат животите на своите ближни и роднини, кои го примиле христијанството, им давале наместо од жртвуваното, обично месо. Некои христијани се согласиле со оваа постапка, но свети Сава го одбил овој предлог и изјавил дека, христијанинот е должен храбро да ја исповеда својата вера. Поради оваа постапка тој бил избркан од населбата, каде што живеел, но набргу потоа бил замолен повторно да се врати меѓу своите. Кога гонењето против христијаните се засилило, соселаните на свети Сава пристапиле пред судот и изјавиле дека меѓу нив нема ниту еден христијанин. Меѓутоа, Сава не сакал да живее тајно, па истапил пред судиите и на целиот глас изјавил: „Не колнете се лажно, зашто сите вие знаете дека јас сум христијанин“. Тогаш селаните изјавиле пред судијата дека има само еден христијанин – Сава. Но, судијата откако видел дека Сава е

скромен и сиромав човек, кажал дека тој не може никому да наштети, па го ослободил од обвинението.

Меѓутоа, гонењето продолжило и понатаму. Набргу потоа, еден од готските военоначалници по име Афарид, за време на големиот празник Пасха, го нападнал селото каде што живеел Сава. Свети Сава, пак, заедно со епископот Гутик, се подготвувале за прославувањето на најсветиот празник, но по патот, по Божја промисла, бил вратен во селото. Во истото време од Грција се вратил и свештеникот Сапсал. Војниците ги фатиле Сапсал и Сава, кому не му дозволиле ни да се облече. Сапсал го врзале за запрежна кола, а Сава, потполно гол, го влечеле со колата и го тепале со палки и бичеви. Меѓутоа, Господ го чувал маченикот, така што утрото, кога стигнале до градот, свети Сава им рекол на мачителите: „Погледнете на моето тело и кажете дали има траги од вашите удари?“. Војниците биле вчудовидени, зашто го виделе маченикот потполно здрав, без ни најмали траги од ударите. Тогаш го приврзале за осовините од запрежната кола и го тепале цел ден. Ноќта, некоја благочестиива жена, која станала поради домашните обврски, го видела светиот маченик, се сожалила и го одврзала. Таа го прибрала во својот дом, но по некое време повторно бил фатен, изведен пред судот со свештеникот Сапсал, и пак им било предложено да вкусат од идолопринесеното месо, за да бидат пуштени на слобода. Сапсал одговорил: „Ние побргу ќе се согласиме Афарид да нè распне, отколку да вкусиме од осквернетото месо“. Свети Сава прашал: „Кој го испратил ова месо?“. „Владиката Афарид“ – одговорил слугата. „Има само еден Владика – Бог, Кој е на небото“ – возвратил маченикот. Исполнет со гнев, еден од слугите го удрил маченикот со тупаница во градите. Сите помислиле дека маченикот ќе умре, но светителот не почувствувал никаква болка и му рекол на слугата: „Твојот удар за мене беше толку силен, исто како да си ме удрил со најмеката волна“.

Афарид наредил Сава да биде осуден на смрт. Сапсал го оставиле во затвор, а Сава го однесле кај реката Мусова, за да го удават. По патот, светителот радосно благодарел на Бога за тоа, што бил удостоен да пострада за Неговото име.

Војниците и слугите, кои биле во придружба на светителот, по патот меѓу себе разговарале: „Зошто да не го ослободиме овој невин човек? Афарид нема ни да разбере дека сме го пуштиле“. Свети Сава го наслушнал нивниот разговор, па извикал: „Исполнете го она, што ви е заповедано! Јас ги гледам ангелите, кои се дојдени со слава да ја земат мојата душа!“. Така, маченикот го фрлиле во реката, врзувајќе околу неговиот врат една поголемо парче дрво.

Свети Сава маченички пострадал на 12 април 372 година, кога имал 38 години. Џелатите го извадиле неговото тело и го фрлиле на брегот, но христијаните успеале да го подигнат и сокријат. Подоцна, еден од скитските водачи по име Јунин Саран, кој бил христијанин, ги пренесол моштите на маченикот во Кападокија, каде што со достојна почит биле пречекани од свети Василиј Велики. Споменот на светиот маченик Сава, Православната црква го прославува на 15 април според Јулијанскиот календар.


[1] Сава (арамејски: Saba) = старец, дедо.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s