Ново издание на нашата Епархија

Picture 132НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА

Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“.

Книгата претставува историски осврт на животот и фунционирањето на оваа парохија при Прилепското намесништво. Во неа е поместен историски осврт за постоењето на парохијата, хронолошки редослед на парохиските свештеници од нејзиното основање, па до денес, список на имоти на црквите и манастирите, список на икони на секоја црква и манастир, куси биографски податоци за секој свештеник, кој бил на оваа парохија, како и историјат на секое село, кое денес е во состав на парохијата.

Да се потсетиме, оваа парохија денес ја сочинуваат селата: Беловодица, Дрен, Крстец, Лениште, Мало Радобил (Мало Село), Мрамор, Никодин, Ореовец, Плетвар, Големо Радобил (Радобил), Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.

Во оваа парохија денес се наоѓаат 16 цркви (1 гробјанска), 6 манастири (2 во изградба) и 2 параклиси.

Advertisements

Саентолошката секта регистрирана и во Македонија

592917САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА

Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верски групи во Република Македонија.

Накусо, да се потсетиме дека саентологијата е движење или верување во учење чија идеологија се темели на делата на американскиот писател Л. Рон Хабард. Воспоставена е како секуларна филозофија во 1952 година, а нејзин творец бил писателот на научна фантастика Л. Рон Хабард, кој бил докажан пропаднат „психоаналитичар“.

Недолго потоа, во 1953 година била пренасочена како применета религиска филозофија, Хабард својата неверојатно популарна, но истовремено и необично приглупа религија ја основал на тезата дека животот на Земјата индиректно го создал семоќното вонземско суштество Ксена, меѓугалактички диктатор, кој пред 75 милиони години испратил милијарда свои поданици на Земјата, ги сместил покрај вулкани и потоа ги убил со хидрогенски бомби. Останале само нивните души – тетаните – од кои подоцна се развил животот на планетата Земја.

Ксена во меѓувреме бил затворен од неговите поданици во електронска планинска стапица, во која се наоѓа се до денес. Саентолозите тој мит го кријат од јавноста, но креаторите на серијата Саут Парк на одличен начин го искористија во една од своите епизоди.

За основачот на сектата, Рон Хабарт, треба да се знае и тоа дека, прво направил програма за ментално здравје, која ја нарекол дијанетика. Во исто време Рон се оженил, па се преселувал по Америка живеејќи од пишување научнофантастични романи. Години потоа го основа своето Continue reading

Полската Православна Црква се враќа на Јулијанскиот календар

166745.pПОЛСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СЕ ВРАЌА НА ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛЕНДАР

На 18 март, во резиденцијата на Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава, се одржа пролетното заседание на Архиерејскиот Собор на Полската Православна Црква, на кое било прифатено решение без преседан – за првпат во историјата на една Православна Црква, која се раководи според новиот стил, прифатено е решение да се врати кон стариот стил (Јулијанскиот календар).

„Во врска со фактот дека, мнозинството од парохиите на Полската Црква (96%) ги празнуваат црковните празници според стариот стил (Јулијанскиот календар), и по барање на верните, Архиерејскиот Собор го смени решението на Соборот од 12 април 1924 година за преминување на новиот, Григоријански календар, и одлучи да се врати кон Јулијанскиот календар, почнувајќи од 15 јуни 2014 година [н.ст.], во Неделата на Сите Светии“, – соопштува официјалната интернет страна на Полската Православна Црква.

Исто така, издадено е и соопштение дека, во оние парохии, каде што има неопходност, новиот стил може да биде сочуван заради икономија.

Избран местобљустител на тронот на Киевската Митрополија

001221ИЗБРАН МЕСТОБЉУСТИТЕЛ НА ТРОНОТ НА КИЕВСКАТА МИТРОПОЛИЈА

Во понеделник, 24 февруари 2014г., се одржа заседание на Светиот Синод на Украинската православна црква (МП), со кој според Уставот на Украинската православна црква претседаваше најстариот по хиротонија член на Синодот, г. Агатангел, Митрополит Одески и Исмаилски.

Бидејќи, според проценките на лекарите, Неговото Блаженство, Митрополитoт Киевски и Украински г. Владимир, поради здравствени причини не е во можност да ја извршува функцијата на претстојател на Украинската православна црква, а за што се увериле и членовите на Светиот Синод посетувајќи го во болница, беше донесена одлика за неопходност за избор на местобљустител на Киевската Катедра.

Со тајно гласање, на должноста местобљустител е избран Митрополитот Черновицки и Буковински, г. Онуфриј. По заседавањето на Светот Синод, Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил во телефонски разговор му честита на новоизбраниот местобљустител, посакувајќи му помош од Бога во носењето со ваквата одговорна служба во тешките моменти за Црквата во Украина.

Извор: patriarchia.ru

Во Париз се одржа протестен митинг

118733.pВО ПАРИЗ СЕ ОДРЖА ПРОТЕСТЕН МИТИНГ

На 2 јуни оваа година, во Париз се оджа протестен митинг. На плоштадот Трокадеро, кој е познат и под името Плоштад за заштита на човечките права, христијаните од повеќе националности, кои живеат во франција, барале ослободување на двајцата заробени епископи во Сирија, известува сајтот „Седмица“, повикувајќи се на Archevêché Orthodoxe Antiochien d’Europe.

Во провинцијата Алепо, на 24 април 2013 година, бунтовниците ги заробиле Алепскиот митрополит Павле (Јазига) од Антиохиската Православна Црква и епископот Марко Григориј Јухану Ибрахим од Сиро-Јаковитската Црква. До денес нема никакви информации каде се епископите.

Во Пакистан започна градбата на првиот православен храм

???????????????????????????????ВО ПАКИСТАН ЗАПОЧНА ГРАДБАТА НА ПРВИОТ ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ

Како што соопштува  The Orthodox Church, во Пакистан започна градбата на првиот православен храм. Минатата недела беа осветени темелите за новиот храм и започна неговата градба. На чинот на осветувањето присуствувале и претставниците на муслиманската заедница. Според зборовите на православниот свештеник Јован Танвеер, се очекува градбата да заврши во октомври месец 2013 година.

Поглаварот на Коптската Црква го критикуваше претседателот на Египет

111237.pПОГЛАВАРОТ НА КОПТСКАТА ЦРКВА ГО КРИТИКУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕГИПЕТ

Поглаварот на Коптската Црква, патријархот Тавадрос II, го критикуваше претседателот на Египет Мухамед Мурси за неспособноста на државата да го заштити христијанското малцинство во државата, соопштува Седмица.ru.

Коптскиот лидер изјавил, дека Мурси ветил заштита на соборниот храм „Свети Марко“ во Каиро, но „во реалноста тоа не го направил“. На минатите избори храмот бил нападнат од исламските радикали, по што 80 луѓе биле ранети.

Христијаните тврдат дека полицијата се откажала да се меша и да заштитува, кога верниците биле каменувани. Патријархот Тавадрос изјавил дека инцидентот „се јавува како плод на незаинтересираност и неточна проценка на настаните“.

Патријархот Тавадрос, кој стана поглавар на египетските Копти во минатиот ноември, честопати предупредува за порастот на влијанието на исламистите. Неговиот претходник – покојниот патријарх Шенуда III, ги подржуваше пријателските односи со претходната власт на чело со Хосни Мубарак. По симнувањето на Мубарак од власт, случаите со насилство по однос кон христијанското малцинство забележително пораснаа.

Патријарх Кирил: „Хуго Чавез беше искрен патриот на својата земја“

57566.bПатријарх Кирил: „Хуго Чавез беше искрен патриот во својата земја“

Починатиот Хуго Чавез беше еден од најистакнатите политички лидери во современиот свет, искрен патриот на својата земја , кој вложи многу напор за подобрување на условите за живот на својот венецуелски народ. Господинот Чавез беше познат низ целиот свет по својата независна позиција и принципиелност.

 

Извор: портал „Православие и мир“

Нов Закон за свештениците во Турција

Le_24feb_a_11h23_-_Ste_Sophie_(1280x1280)Министерството за образование и верски прашања на Турција воведе  измена на законодавството за Грчкото православно свештенство. Новиот закон стапи на сила на 1 март 2013 година.

 

Православните свештеници во Турција, кои се во клирот на Цариградската Патријаршија, сега материјално-финансиски ќе зависат од државата. Сите свештеници ќе бидат назначени во грчките православни парохии под раководство на Дирекцијата за Верски прашања на Турција, а со согласност на петчлената комисија, составена од претставник од Министерството за надворешни работи на Турција, претставник на Министерството за внатрешни работи и тројца православни теолози. Continue reading