Осветување на нови антиминси во нашата епархија

DSC_0111ОСВЕТУВАЊЕ НОВИ АНТИМИНСИ ВО НАШАТА ЕПАРХИЈА

Што е тоа антиминс?

(Значење, историја и примена)

Во црковната терминологија антиминс се нарекува едно четириаголно платно, од свила или лен, кое секогаш стои на светиот Престол во Олтарот, а кое е завиткано во илитонот, а се чува под Светото Евангелие. На овој антиминс се служи Божествената Литургија. На него е претставено погребението Христово, со Јосиф и Никодим, и жените мироносици, и четирите евангелисти на четирите агли, а на постарите зачувани антиминси претставен е само крстот Христов, односно распетието. Бидејќи антиминсот е замена за Престол, којшто пак го претставува Гробот Христов, затоа на него се претставува погребението Христово.

Името антиминс е грчко-латинска кованица, од зборовите „анти“ – наместо, и „менса“ – трпеза, маса, односно, наместопрестолие, или подвижен Престол за служење Литургија.

Во првите векови, кога Црквата била гонета, и Литургијата се служела тајно, (обично врз гробовите или телата на мачениците, во краен случај и врз дланките на ѓаконите или врз градите на епископот) се употребувало платно во кое, при опасност, ги завиткувале светите дарови и бегале на друго место. Кога христијанството станува легално и слободно, почнуваат да се градат храмови врз Continue reading

Advertisements

Видението на свети Нифонт на Светата Литургија

4558ВИДЕНИЕТО НА СВЕТИ НИФОНТ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА

Пријател на ангелите

Едно утро отидовме да отслужиме Литургија во храмот на Св. Никола, кој се наоѓа покрај Палатата на изобилието, како што ја нарекуваа.

Стигнавме пред да почне службата. Но праведникот почна да се моли на Господа, завлекувајќи се во еден ќош. Бргу потона во таинствено созерцание. (Овде ќе спомнам дека ако се молеше, а јасно не го гледаше Господа, таквата молитва ја сметаше за изгубено време).

Многу подоцна, слушнав како разговара со некого. Се изненадив, бидејќи знаев дека се уште никој нема во црквата. Во еден момент разговорот престана и малку потоа замислен, седна во својата стасида. Сакав да го запрашам со кого разговараше. но во меѓувреме почна Божествената Литургија. Додека собраниот народ пееше, преподобниот отец стоеше право, со погледот упорно прикован за светиот жртвеник. Блескаше од радост и ведрина. Погледот му се измени. Ликот му беше блескав и румен како свежа ружа.

За време на Големиот Вход, светителот со копнеж ги подаде рацете кон светињата и изгледаше како да се моли потресно собрано. Срцето силно му чукаше, готово да препукне. Преплавен со благодатта на Духот и привлечен од божествениот ерос, тој копнееше да потрча по даровите, да падне на нив и да ги целива…Но, за да не соблазни некого, а и од почит кон редот, го воздржуваше својот боговдахновен порив и остана на своето место славејќи го Бога.

Заминувајќи по отпустот од црквата, го замолив да ми открие со кого разговараше утрото и какво видение имаше. А тој, како чедољубив отец, ништо не ми сокри. Затоа и јас сега запишувам се што слушнав за да се прослави името Божјо и да се зарадуваат сите што се надеваат на Него. Во црквата, блажениот разговарал со ангел! Тоа бил ангелот кој го чува светиот жртвеник. Тој во еден момент ме се јавил на светиот и му рекол: Continue reading

Размислувања за Православното богослужење во современиот свет

????????????????????????????????????РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ПРАВОСЛАВНОТО БОГОСЛУЖЕЊЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ

Самиот збор „богослужење“ едноставно и јасно ни говори сам за себе: тоа е служење на Бога. А служењето на Бога секогаш било доволно тешко дело. Да се потсетиме на Адам. Уште кога се наоѓал во рајот и кога сеуште не бил паднат под товарот на гревот, кој денес со себе го носи секој човек, дури и најмалото послушание кое го добил – невкусувањето на плодот од дрвото за познавање на доброто и злото, постанало камен на сопнување, на кој Адам се сопнал и паднал толку многу тешко и страшно, така што и ден-денес ние ги чувствуваме неговите последици во вид на првородниот грев. Но, човекот и човештвото отсекогаш тежнеело кон Бога. Адам веднаш по прогонувањето од рајот започнал да ги гради првите жртвеници, а подоцна истото го правеле и неговите деца, а самиот чин на жртвување кој го практикувал Адам, претставува служење на Бога – богослужение.

Наше главно богослужение е – Литургијата. Вистински да се сфати што претставува Литургијата, најпрво треба вистински да се сфати што означува Пасха.

Токму на Пасха совршено се чувствува Христовата близина. Во храмот за време на воскресенската богослужба слушаме: „Христос воскресе!“. На Пасха смртта е победена. Со Своето воскресение Христос покажал образец на воскресението за секој и за сè. И секој од нас должен е да воскресне и телесно, и духовно. Телесно, по второто и славно Христово доаѓање, а духовно – овде и сега! Токму богослужбите совршено ни помагаат да ја сфатиме својата одговорност за својата душа, која е во умирање… Continue reading

За значењето на молитвата: „За соединувањето на црквите“

77597.bЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЦРКОВНАТА МОЛИТВА: „ЗА СОЕДИНУВАЊЕТО НА ЦРКВИТЕ“

Во почетокот на божествената Литургија, меѓу првите молитвени прозби кон Господа Бога, Православната Црква го произнесува следниов возглас: „За мир во целиот свет, благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се помолиме на Господа“.

Слушајќи го ова, некои верни, ширејќи го своето срце од љубов, верољубие и верска толеранција, се молат не само за „благосостојба и соединување“, односно,  за зачувување во единство на „светите Божји цркви“, православните, односно деловите, кои ја сочинуваат Вселенската Црква, на пример, Цариградската, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Руската, туку и за соединување на црквите, кои се оддалечиле од Православието, како на пример, Римската, Ерменската…

Некои, пак, заградувајќи се со строга ревност за Православието, со истите зборови се молат само за „соединување на светите Божји цркви“ православни.

Кој е тој, што не ја почитува ревноста за Православието? Кој е тој, што не го признава достоинството на сеопфатната и широкограда љубов? Кој став е поисправен, во однос на правилното сфаќање на молитвените зборови од оваа прозба? Или, подобро кажано, кое од двете значења има предност за вистинско сфаќање? Continue reading