Црквата „Свето Благовештение“ во времето на Втората светска војна

1464008_582670521802427_3805087_nЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ВО ВРЕМЕТО НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Започнувањето на Втората светска војна значеше нова окупација на Македонија. Доаѓањето на бугарската армија во Прилеп, автоматски предизвика повлекување на српската државна апаратура. На 15 јуни 1941 година, во Прилеп официјално започна редовната активност на општинската окупаторска власт и нивната администрација. За кмет во Прилеп бил избран Тодор Цеков, а за негов заменеик Самоковлиев, и двајцата дојденци од Софија. Тодор Цеков набргу бил сменет од таа должност, па веќе во август за кмет бил поставен Методија Ноче, а за негов заменик Цане Аџиздраве.

Бугарската фашистичка влада, во своите денационализаторски и асимилаторски настојувања, во Прилеп ѝ давала значајно место на Бугарската Православна Црква и на нејзиниот административно-верски апарат. Меѓу првите мерки на чистењето на српските елементи во Прилеп, било и протерувањето на српските (или просрпски настроените) свештеници во градот, кои биле дојдени од Србија, или женети со Србинки. За разлика од другите две епархии (Скопската, која била преименувана во Скопско-велешка и Злетовско-струмичката, преименувана во Струмичко-драмска), Охридско-битолската епархија го задржала своето име. Во епархијата била извршена нова територијална поделба на архиерејските намесништва и нивниот број бил зголемен, како што бил зголемен и бројот на парохиите, кои биле сведени само на стотина домови, па свештениците биле подложени на ужасни услови на преживување. Вештачкото зголемување на бројот на парохиите довело до осипување на свештенството, зашто голем дел од свештениците пребегале во Србија, а и тие што останале, биле окарактеризирани како неподобни во извршувањето на мисијата. Веднаш од Бугарија биле доведени голем број на свештеници (во цела Македонија околу 280). Привремените свештеници ги задржувале своите парохии во Бугарија, а на парохиите во Македонија останувале по неколку месеци, па повторно биле враќани назад и заменувани со Continue reading

Advertisements

Црквата „Свето Благовештение“ во времето на Српската Црква (Трет дел)

10646847_363452957182110_2386206012243174406_nЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ВО ВРЕМЕТО НА СРПСКАТА ЦРКВА (1912-1941)

(Трет дел)

Сите српски епископи во Македонија работеле само за една цел: да го прогласат македонскиот народ за непостоечки и постојано да се негира националната индивидуалност и култура. За доследно извршување на национално-патриотската мисија и во градот Прилеп, Српската Православна Црква, потпомогната од Министерството за вера, посебно внимание посветувала на високиот и нискиот клир. Сите епископи на Битолската епархија биле способни интелектуалци, добри организатори и познавачи на верско-националните услови, а освен тоа, биле осведочени великосрпски националисти. Освен за нив, голема грижа се водела и за нискиот клир, кој исклучиво требало да се труди во изградбата на српската национална свест кај прилепчаните. Речиси на сите црковно-административни должности се труделе да поставуваат свештеници, кои биле поддржувачи на великосрпската идеја, а кога немале такви, биле носени од Србија. Дојденците имале специјално поставени задачи, кои ги добивале од највисоките државни институции од Белград: да ги помагаат хуманите и другите културно-просветни друштва (Црвениот крст, „Коло српских сестара“, „Соколац“, четничките здруженија…), да го подигаат моралот на народот преку организирње на културни претстави, во кои се говори за јунаштвото на српските национални јунаци, да ја спречуваат непријателската пропаганда, а во прв ред бугарската и грчката, да повлекуваат финансиски средства од црквите, и тоа со наредба од Министерството за вера, за подигање и реновирање на српски цркви и манастири, па на таков начин да осиромашуваат македонските цркви и манастири. Често се случувало свештениците – Македонци во Прилеп да бидат казнувани од епархиската власт и без причини да бидат преместувани од една парохија на друга. Биле обвинувани дека се антинационални и непријателски елементи. Со отворањето на Битолската богословија во 1922 година, дел од прилепските богослови го стекнале своето богословско образование токму тука. Иако во Богословијата се обидувале да го скршат нивниот национален дух, сепак, прилепските богослови, а подоцна и свештеници, не потклекнале на национално-верските и државно-политичките притисоци на тамошните ректори, професори и воспитувачи. И навистина, подоцна, токму тие свештеници, ќе се покажат како вистински пастири на Христовото стадо во Continue reading

Црквата „Свето Благовештение“ во времето на Српската Црква (Втор дел)

sp0006ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ВО ВРЕМЕТО НА СРПСКАТА ЦРКВА (1912-1941)

(Втор дел)

Уште со назначувањето на српски епископ на Пелагониската епархија, веднаш биле извршени и организациски смени во административното работење на црквата „Свето Благовештение“. Дотогашниот старешина, отец Глигориј Алексиев, бил сменет од таа должност, а на негово место бил поставен отец Спасе Игуменов, од кого српската власт искрено очекувала дека ќе работи за нивните интереси. Меѓутоа, познавајќи го инетелектот и способностите на отец Спасе, тие виделе дека тешко ќе можат преку него да ги остварат своите замисли. Била извршена и смена и на должноста архиерејски намесник. Наместо дотогашниот архиерејски намесник, еромонахот Дионисиј, на таа должност бил поставен свештеникот Никола Томиќ, дојденец од Србија, кој кус период бил на оваа должност, а за  него податоците сведочат дека во 1913 година го напуштил Прилеп и Македонија и заминал за Корзика, каде и најверојатно починал. На неговото место, истата година бил поставен свештеникот Иван Антонов, руски емигрант, кој како архиерејски намесник останал до 1919 година, за потоа да го наследи свештеникот Михајло Ѓорѓевиќ (1919-1921), исто така српски платеник и агитатор, дојденец од Србија. Откако српската црковна власт сфатила дека со овие дојденци не може со успех да ја спроведува великосрпската политика, се одлучила во 1921 година за архиерејски намесник да постави домороден свештеник, во лицето на отец Павле Наумоски, кој на оваа функција останал до 1941 година. Меѓутоа, отец Павле се покажал како вонредно интелектуална личност, иако српската власт имала целосна доверба кон него, но тој никогаш не работел за српските идеи и цели, без разлика што во својата административна работа се покажал како вистински професионалец.

По заминувањето во пензија на отец Спасе Игуменов во 1918 година, за старешина на црквата бил поставен отец Дамјан Пеливаноски, кој на оваа функција останал до 1925 година. По неговото пензионирање, за старешина бил поставен отец Милан Смичкоски, сè до почетокот на Втората светска војна – 1941 година и повторното доаѓање на Бугарската егзархија на власт.

Со постигнувањето на мировниот договор во Букурешт на 10 август 1913 година, била потврдена и дозавршена поделбата на Македонија. По овој датум, српската власт и во Прилеп вовела српски административен апарат и ги суспендирала сите егзархиски службеници и свештеници. Во црковната администрација бил воведен српскиот јазик како официјален службен јазик за кореспонденција. По завршувањето на Првата балканска војна во Прилеп биле отстранети сите свештеници и други раководни лица, кои политички не биле подобни на хегемонистичката политика на Continue reading

Црквата „Свето Благовештение“ во времето на Српската Црква (Прв дел)

sp0014ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ВО ВРЕМЕТО НА СРПСКАТА ЦРКВА (1912-1941)

(Прв дел)

Најмлада, а истовремено и најслаба, била големосрпската пропаганда во Прилеп. Додека во Прилеп се воделе жестоки битки за превласт меѓу Патријаршијата и Егзархијата, српската пропаганда не располагала со своја независна црква и со свои епископи на овие простори, па затоа таа во црковен поглед се потпирала на црковно-училишните установи на Цариградската патријаршија во Прилеп, а тие биле со сосема ослабнати позиции. Иако прилепските трговци одржувале силни економски врски со Србија, сепак, нивната пропаганда не успеала овде да пушти длабоки корења. Дури во 1881 година се направени поконкретни обиди за отворена пропаганда, а по српско-бугарската војна од 1885 година, пропагандата се активирала посилно. Во овој период за српската пропаганда бил добредојден судирот меѓу Егзархијата и прилепската црковно-училишна општина, па во тоа време таа испратила двајца свои агитатори во Прилеп, со цел да ја привлечат на своја страна групата која била против Егзархијата, на чие чело стоел тогашниот нејзин претседател, отец Спасе Игуменов. За да ја оствари својата цел, тие дури и се согласиле општината да го смени своето име во „Македонско православно општество“, сè со цел да не бидат повеќе под управа на Егзархијата. Но, отец Спасе ја насетил оваа нивна намера и не попуштил пред српските притисоци, туку докрај останал доследен на своите барања за формирање самостојна црква, односно, возобновување на Охридската архиепископија.

Како резултат на активностите на сите три пропагандни агентури, кои со семожни средства се бореле за привлекување на секој човек од градот, меѓу прилепчани се создал расцеп и тие се поделиле на егзархисти, србомани, патријаршисти, родољупци, па почнале постојано да се караат, а подоцна почнале и да се убиваат меѓу себе. Турската власт вешто ја користела оваа вештачки создадена верско-национална раситнетост, па помагајќи ги послабите за сметка на посилните, како и кога ѝ било потребно, се обидувала да го оттргне вниманието од себе, како главен виновник на сето ова зло.

Српската пропаганда во Прилеп требало да направи многу напори и да потроши многу пари, додека не постигне некои, во споредба со другите пропаганди, безначајни резултати. Меѓу првите нејзини задачи била формирањето на нови општини, зашто црковно-училишните општини полека го губеле своето влијание и авторитет. Новите општини биле признати од Continue reading

Црквата „Свето Благовештение“ за време на Бугарската егзархија (Втор дел)

163183_121396694596481_1390358_nЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ЗА ВРЕМЕ НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА

1870-1912

(Втор дел)

За жал, Пелагониската митрополија со словенски митрополит се стекнала многу подоцна. Првиот егзархиски митрополит на оваа епархија бил поставен на 23 декември 1897 година, во лицето на митрополитот Григориј. Тој е роден во 1853 година во градот Стара Загора, во Бугарија. По завршувањето на основното образование, во 1874 година е замонашен и ракоположен за свештеноѓакон. Во 1875 година се запишал во Петропавловската духовна семинарија, а во 1878 се преместил во Одеската и таму, во 1881 година, го завршил своето богословско образование. Веднаш продолжил да учителствува во семинаријата во Петропавловск, каде што останал до 1885 година и тука примил свештеномонашки чин. Во 1890 година Егзархијата го назначила за претседател на солунската македонска црковно-училишна општина. Во 1891 година добива митрополитски чин и како таков е поставен на тронот на Охридската епархија. Во 1897 година, заради недоразбирања и проблеми со локалната власт, преместен е на Пелагониската епархија.

Оваа состојба на отсутност на егзархиски архиереи била добредојдена за влашкото лоби и за патријаршистите, за да можат и понатаму да вршат своја пропаганда, па прилепските свештеници биле ракополагани подалеку од својот роден град од егзархиските митрополити. И Егзархијата оваа ситуација ја користела за свои цели, зашто на секој начин се трудела да ги Continue reading

Црквата „Свето Благовештение“ за време на Бугарската егзархија (Прв дел)

988906_363468150513924_2637128726032756858_n

 

ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ЗА ВРЕМЕ НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА

1870-1912

(Прв дел)

Немајќи сопствена автокефална Црква, прилепчаните, како и целиот македонски народ, влегле во активна соработка со Бугарите во борбата за ослободување и отстранување на црковната власт на Цариградската патријаршија. Оваа борба имала двојна улога. Таа немала само за цел да ја отстрани Патријаршијата, туку борбата била и за стекнување на право за основање на сопствена Македонска Црква – возобновена Охридска архиепископија. Историјата ни сведочи како, со помош на централната турска власт и руската дипломатија, на чело со рускиот амбасадор во Цариград, грофот Н. Игнатиев, на 28 февруари 1870 година, бил издаден султански ферман од султанот Абдул Азис, со кој се основала самостојна Бугарска Црква под името Бугарска егзархија. На таков начин, бугарската буржоазија го решила своето црковно прашање, а македонскиот проблем го прифатила како свој, но на таков начин што му придала бугарски акцент. Со овој потег биле пројавени отворени претензии кон Македонија како територија, но и кон македонските епархии, со цел истите да преминат под јурисдикција на Егзархијата. Во Турција црковното прашање се идентификувало со националното прашање, па Македонците биле запишувани како бугарски народ. Така и прилепчаните, како и останатите Македонци, биле изиграни и принудени да ја признаат Бугарската егзархија, а со тоа да дозволат да потпаднат под нова пропаганда и асимилација – бугарската.

Иако е помлада, бугарската пропаганда во Прилеп била најсилна. Поголемата бројност и повисоката културно-просветна и економска развиеност на бугарската нација, ѝ давало предност над далеку бројно помалата и економски позаостанатата македонска нација. Оттука, во Прилеп, веднаш со прифаќањето на Continue reading

По градењето на црквата „Свето Благовештение“ до основањето на Бугарската егзархија (Трет дел)

163266_120497114686439_4411152_nПО ГРАДЕЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ДО ОСНОВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА (Трет дел)

(1838 – 1870)

По заминувањето на валијата во Битола, одново почнале нови преписки до повисоките власти и повторно праќање на делегации во Цариград. Како резултат на тоа, во 1869 година стигнал нов ферман од Цариград, во кој на Власите им било наредено да си изградат нова црква, а грчкиот јазик во училиштето да се изучува само како предмет во класовите. Врз основа на овој ферман, Власите полека веќе почнале да се откажуваат од своите идеи да ја присвојат црквата, зашто виделе дека прилепчани биле неуморни борци во зачувувањето на нивната црква, идентитет и самобитност. Набргу потоа, тие почнале да се пазарат со прилепските еснафи за помошта, која требало од нив да ја добијат. Преговорите траеле цели две години. Во текот на тие две години, многу правници и чиновници од повисоките власти доаѓале во Прилеп за да најдат спогодбено решение меѓу двете конфронтирани страни. Најголем проблем била сумата која прилепчани требало да им ја исплатат на Власите за градба на новата црква, но никакво решение не било на повидок. За решавање на овој спор било потребно да дојде дури и солунскиот валија Акиф паша, па на учтив начин ги замолил двете страни да го решат спорот. Пазарењата започнале одново и на крајот било одлучено црковната општина да им исплати на Власите 25.000 гроша на две рати за градење на црквата. Власите избрале место за градење на црква и училиште во истото маало, каде што била црквата „Свето Благовештение“, сè со цел да ги привлечат прилепчаните да одат во нивната црква. Според преданието, имотот за градба на новата црква го подарило семејството Continue reading

По градењето на црквата „Свето Благовештение“ до основањето на Бугарската егзархија (Втор дел)

311372_198389653563851_611568162_nПО ГРАДЕЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ДО ОСНОВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА (Втор дел)

(1838 – 1870)

Во неделата утрото, на 25 февруари 1868 година, кога црквата го славела споменот на светиот патријарх Тарасиј Цариградски, Бенедикт благоизволил да отслужи света архиерејска Литургија во преполнетата црква. Прилепчани се собрале во огромен број, не само затоа што знаеле дека ќе се случи нешто важно и одлучувачко, туку затоа што била и втората седмица од Велигденскиот пост, па многумина биле дојдени и за да се причестат. Ѓаконот на владиката Бенедикт, за време на светата Литургија, се искачил на амвонот за да го чита евангелското четиво, па откако едвај прочитал неколку реда на грчки јазик, веднаш се слушнал гласот на Коста Биолчев, кој со сета сила викнал: „Не сакаме!“. Одеднаш во црквата се слушнало едногласно „Не сакаме!“, кое излегувало од устите на речиси двеилјадните прилепчани. Настапила куса тишина и владиката се појавил на царските двери со знак кон ѓаконот да продолжи со читањето на грчки јазик, но гласовите не стивнувале, туку биле уште погласни. Во еден момент, владиката видел дека не може да го смири верниот народ, па му наредил на ѓаконот да слезе од амвонот и да продолжи да чита на црковно-словенски јазик, а прилепчани веднаш се смириле. По читањето на Евангелието, архиерејскиот намесник аџи Константин Дингов (кого прилепчани го викале аџи попот), се искачил на амвонот за да го прочита пристигнатото патријаршиско писмо, но само што го прочитал насловот: „Григориј, архиепископот Цариградски, на новиот Рим, Вселенскиот патријарх…“, црквата повторно се заглушила од народниот повик: „Не сакаме, слези, не ја сакаме Патријаршијата!“. Овие повици не престанувале сè додека владиката не му дал знак на аџи Константин да слезе од амвонот. По овој настан владиката Бенедикт ја дослужил светата Литургија. На таков начин Бенедикт, кој дотогаш се сметал за Continue reading

По градењето на црквата „Свето Благовештение“ до основањето на Бугарската егзархија (Прв дел)

487416_447490165320464_699739605_nПО ГРАДЕЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ДО ОСНОВАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА (Прв дел)

(1838 – 1870)

До градбата на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп, Пелагониските митрополити на Цариградската патријаршија не посветувале доволно внимание на тукашните општествени прилики. По градбата на црквата, а во исто време и со активното функционирање на црковно-училишната општина, тие почнале да кројат планови за погрчување на прилепчани. Најраспространета агентура за спроведување на елинистичката политика биле Власите, кои во Прилеп и прилепско се населиле по разурнувањето на градот Морско Поле (Москополе) од страна на Албанците. Благодарение на нивната способност за трговија, тие набргу станале едни од побогатите граѓани на Прилеп и на таков начин успеале да се додворуваат пред влијателната турска власт. Меѓутоа, против идеите на грчките епископи и Власите, одлучно застанал силниот патриотизам на прилепчаните, нивната силна еснафска организација, но и конзерватизмот на градското свештенство. Сите тие биле писмени луѓе, кои читале и пишувале исклучиво на својот мајчин јазик. И покрај својата писменост, голем дел од духовништвото не го разбирал грчкиот јазик, а и тие што го разбирале, не сакале да богослужат на грчки. Голем дел од свештениците во исто време биле и учители по многуте ќелијни училишта. Впрочем, и дејноста и преписките на црковно-училишната општина се воделе на прилепскиот говорен јазик, што е доволен показател дека грцизмот наишол на силен отпор меѓу прилепчани.

Добар доказ дека прилепчани биле против грцизмот и грчкиот јазик, претставува и големиот и свечен настан што се случил на празникот во чест на Continue reading

Осветувањето на црквата „Свето Благовештение“

416910_269946536408162_1843478887_nОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“

Најрадосниот и долгоочекуваниот ден за прилепчани се случил во четвртокот на 8 септември 1838 година, на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица. Завршните градежни работи биле приведени кон крај, па останало прекрасната црква да биде досредена внатрешно. Но, бидејќи наближувала зимата, црковно-училишната општина одлучила црквата да се освети за да можат да почнат да се служат светите богослужби и сите свети Тајни и обреди. Конечно, прилепчани можеле да се соберат на едно место во толку голем број, да ја слушаат Божјата наука од своето домородно свештенство, но и да се поштедат од пешачењето до варошките цркви. Како најпогоден ден бил избран празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица. И токму во денот кога православните христијани низ целиот свет со радост го празнувале роденденот на Радоста на целиот свет, прилепчани со радост го празнувале роденденот на својата црква; во денот кога се разреши човечката неплодност, прилепчани го празнувале денот кога од своите души и срца принесле вистински плод на пожртвуваност; во денот кога се создаде Вратата на исток преку Која Христос ќе влезе и ќе излезе и пак ќе остане затворена, прилепчани создале црква низ која безброј православни христијани преку светите Тајни ќе дојдат до познавање на Бога.

Осветувањето на црквата го извршил Пелагонискиот митрополит Герасим, кој на тронот дошол во 1833 година и тука останал до 1840 година. Владиката Герасим, уште со своето доаѓање на чело на епархијата, преку влашкото лоби, се обидел на прилепчани да Continue reading