Света Рипсимија Ерменска

RIPSIMIJA ERMENSKAСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЧЕНИЧКА РИПСИМИЈА ЕРМЕНСКА, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 30 СЕПТЕМВРИ

Кога императорот Диоклецијан посакал да се ожени со девица, која со својата убавина би ги надминала сите убавици во светот, ги испратил своите потчинети да бараат таква девојка. По долга потрага, потчинетите во еден женски манастир ја пронашле младата Рипсимија, која потекнувала од царски род. Кога ја виделе, тие биле поразени од нејзината убавина, па откако еден уметник направил нејзин портрет, му ја покажале на императорот. Восхитен од нејзината убавина, царот наредил да се подготви сѐ што е потребно за свадба. Веста за царскиот брак стигнала и до манастирот. Блажените девојки, кои на број биле 37, откако ја сфатиле сета сериозност на несреќата која ги снашла и која им го загрозувала заветот на целомудрие, почнале да тагуваат.

Откако се предале на строг пост, срдечна молитва кон Бога и заедничко советување што да се прави понатака, во што се приклучила и света Нина, тие тајно го напуштиле Рим и избегале во Ерменските области, па се населиле во едни лозја, на периферијата од градот Двина, престолнината на царството, во околината на Ахалкалаки.

Откако Диоклецијан разбрал дека сите девојки, заедно со нивната игуманија, старицата Гајанија, избегале од градот и се преселиле во Ерменското царство, испратил писмо до царот Тиридат III, молејќи го да ја врати назад Рипсимија или да ја земе за жена за себе. Откако царот го примил писмото, веднаш наредил Рипсимија да биде најдена и Continue reading

Advertisements

Свети Григориј Ерменски

GRIGORIJ ERMENSKIЖИТИЕ НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ГРИГОРИЈ, ПРВИОТ ЕПИСКОП И ПРОСВЕТИТЕЛ НА ЕРМЕНИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 30 СЕПТЕМВРИ 

Житието на свети Григориј Просветител (ерменски: Գրիգոր Լուսավորիչ , Грикор Лусаворич), (ок. 252-326), напишано е од Агатангел (Агатангелосом), писател од IV век, легендарниот автор на историјата за обраќањето на Ерменија во христијанството. Освен житието, книгата содржи и зборник од 23 проповеди, кои му се припишани на свети Григориј Просветител, па затоа ова дело уште се нарекува и „Книга на Григорис“ или „Учењето на Просветителот“(ерменски: „Вардапетутюн“).

Во книгата се раскажува дека таткото на Григориј, Апак (Анак), откако бил потплатен од персискиот цар, го убил ерменскиот цар Хозрој, но за ова дело и самиот платил со сопствениот живот, а сето негово семејство било истребено, освен најмладиот син, кој бил пренесен во Кесарија Кападокиска, благодарение на неговата воспитувачка, која била христијанка. Таму малечкиот Григориј бил крстен и стекнал христијанско воспитување. Тука се оженил, но по неколку години одлучил да се оддели од својата избраничка. Таа заминала да живее во манастир, а тој заминал во Рим и таму стапил во служба кај Тиридат (287-330), синот на Хозрој, сакајќи со ревносна служба да ја отплати кривицата на својот татко. Откако пристигнал во Ерменија во 287 година, во придружба на мноштво римски легиони, Тиридат го вратил татковиот престол во своја власт. Заради исповедање на христијанството, Тиридат наредил Григориј да биде фрлен во ров за таму да умри од глад. Тука Григориј поживеал 13 години, хранет од една благочестива жена. Меѓутоа, по кусо време, Тиридат душевно заболел, но бил исцелен од Григориј, по што во 301 година се крстил и го прогласил христијанството за државна религија во Ерменија. Во 302 година Григориј бил ракоположен во епископски чин од епископот Леонтиј Кападоскиски во Continue reading

Православието во Ерменија

ERMENIJA 04ПРАВОСЛАВИЕТО ВО ЕРМЕНИЈА

Местоположба: Ерменија се наоѓа во југозападна Азија. На запад граничи со Турција, на север со Грузија, на исток со Азербејџан, а на југ со Иран.

Површина: 29.800 км2.

Број на население: 2.976.372 жители (според пописот од јули 2006 година).

Официјален јазик: ерменски.

Куса историја на државата. Претците на современите Ерменци, како што се претпоставува, пристигнале од запад околу XII век пред Христовото Раѓање и се населиле во областите кои подоцна се нарекувале „Мала Ерменија“. Во VII век пред Христовото Раѓање на истиот простор изникнала малата ерменска држава, која во Библијата се спомнува како „Домот на Тогарма“ (1. Мој. 10: 3). Оваа држава била освоена од мидискиот цар Увахшатрој во 580 година пред Христовото Раѓање.

Името „Ерменија“, кое Ерменците не го користат, им е дадено на јужните соседи – Арамејците, Персијците и Мидијците, додека самите Ерменци својата земја ја нарекуваат „Хајк“. Првото спомнување на терминот Ерменија се сретнува во клинестите записи на персискиот цар Дариј I (522-486 пред Христа). Од VI па до IV века пред Христа, оваа територија влегувала во состав на државата на Ахеменидите.

Персиското владеење престанало кога Александар Македонски ги присоединил овие земји кон својата империја. По смртта на Александар, управникот на Источна Ерменија се прогласил себе си за цар. Ова самостојно Араратско царство било освоено по 100 години од сирискиот цар Антиох Велики, но по неговиот пораз од Римјаните, локалните управници во 189 година пред Христа почнале да се прогласуваат за цареви. Така никнале три ерменски царства: Велика Ерменија, Мала Ерменија и Софена.

Во Велика Ерменија речиси 200 години управувала династијата на Арташесидите, која во еден кус период ги имала освоено Сирија и Палестина, но ги загубила по Continue reading

Свети маченик Луарсаб II

LUARSABСПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК, БЛАГОВЕРНИОТ ЦАР ГРУЗИСКИ ЛУАРСАБ II, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 21 ЈУНИ

Светиот маченик и благоверниот цар грузиски Луарсаб II е роден во 1587 година. Тој бил син на Георгиј Х (1600-1603), кој бил убиен од персисикиот шах Абас I (1584-1628). По смртта на својот татко, Луарсаб останал да живее со своите две сестри – Хорешан и Елена. Уште како мало дете се одликувал со разумност и благочестивост и, без разлика што бил толку мал, бил крунисан на Карталинското царство со името Луарсаб II. Во 1609 година Грузија била подложена на напади од турската војска под водство на Дели Мамад Хан, Младиот цар започнал решителна битка против Турците во близина на селото Квенадкоци (меѓу Гори и Сурами). Спроти големата битка, 14-илјадната грузиска војска ја поминала цела ноќ во будност и молитва, а утрината, по божестената Литургија и причестувањето со Светите Тајни, во една херојска битка, грузиската војска успеала да ја натера во бегство 60-илјадната противничка армија.

Персискиот шах Абас I, кој се вознемирил од оваа победа на грузиската војска, се исполнил со завист и злоба кон Луарсаб II, почнал да кова секакви планови за да го погуби благочестивиот цар. Светиот Луарсаб бил принуден, спасувајќи го местото Картли во централна Грузија од разорување, да ја даде својата сестра Елена за сопруга на муслиманскиот шах Абас I. Но, ни тоа не го задоволило шахот. По некое време, тој навлегол во Грузија со голема војска. Тогаш благоверниот цар, заедно со кахетинскиот цар Тејмураз I и многу феудалци, биле принудени при крајот на 1615 година да се оддалечат во Continue reading

Свети маченик Константин,кнез Грузиски

KONSTANTIN GRUZISKIСПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК КОНСТАНТИН, КНЕЗОТ ГРУЗИСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО СЛАВИ НА 10 НОЕМВРИ

Свети Константин бил богат и моќен велможа во Грузиското царство за време на византиската императорка света Теодора, која владееле во периодот од 842-856 година. Неговите добродетели, благочестивост, љубов кон бедните и сострадателност кон грешниците направиле да биде еден од најпрочуените луѓе во Царството.

Константин имал 85 години кога во Грузија навлегле Арапите, почнале да ги убиваат христијаните, а потоа почнале и да ги бркаат од родната грутка. Свети Константин, заедно со својот син, застанале како водачи на грузиската војска. За време на битката кај градот Гори, тој бил заробен и одведен во Тбилиси. Трпејќи ги со радост маките во затворската самица, напишал едно послание до монасите, во кое ги замолил да се молат за него, но не за да му биде подарена слобода, туку за да може храбро и мажествено да ги поднесува страдањата. Кога Константин бил изведен пред арапскиот полковник Буге, кој постојано се кител со своите победи, светиот кнез му рекол дека тие победи, кои тој ги извојувал, не му биле испратени од Бога како награда, туку многу повеќе како казна и опомена на христијаните за нивните гревови.

По неколку дена окован во тешки окови, светиот кнез бил изведен  пред калифот Ал-Мутавакили во Самара, престолнината на Абасидите. Калифот му предложил да се откажи од својата вера, а за возврат му ветил многу почести и продолжување на животот. Но, светиот му одговорил на калифот дека залудни се сите негови убедувања и дека тој има Continue reading

Преподобен Шио Мгвимски

ШИО МГВИМСКИСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ШИО МГВИМСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 9 МАЈ

Преподобниот Шио (Симеон) Мгвимски е роден во Антиохија Сириска. Неговите родители биле христијани и својот син го воспитувале како вистински наследник. Младото момче стекнало одлично образование и го изучил Светото Писмо. Љубовта кон Словото Божјо толку длабоко се вгнездила во срцето на младиот Шио, така што тој постојано во својот ум ги имал евангелските зборови, а со себе секогаш го носел Светото Евангелие. Иако млад, тој поседувал Божја дарба правилно да го толкува Светото Писмо.

Откако слушнал за светиот подвижник Јован Зедазенски, Шио тајно го напуштил родителскиот дом и се упатил кон преподобниот. Свети Јован го вратил младото момче при родителите, претскажувајќи им дека и тие еден ден ќе станат монаси. И претскажувањето навистина за брзо се исполнило. Шио ги убедил остатокот од својот живот да го поминат во монаштво, а самиот тој, откако го разделил имотот по сиромашни и манастири, се населил при преподобниот Јован, кој во тоа време бил големо светило во Антиохија, па откако примил од него монашки потстриг, постанал негов ученик.

По 20 години подвижнички живот, преподобниот Шио, заедно со 12 други избрани ученици на свети Јован, заминал во Иверија (Грузија), за таму да го проповеда Божјото Слово.

Откако со успех ја завршил апостолската мисија, преподобниот посакал да живее отшелнички живот. Со благослов на Католикосот Евлалиј и на својот учител, Шио го започнал својот пат на запад од Мцхет, кон непреодните и Continue reading

Преподобен Јован Зедазенски и неговите 12 ученици

Jovan ZedazenskiСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ЈОВАН ЗЕДАЗЕНСКИ И НЕГОВИТЕ 12 УЧЕНИЦИ: ЕПИСКОПОТ НЕКРЕСКИ АВИВ, АНТОНИЈ МАРТКОБСКИ, ДАВИД ГАРЕЏИСКИ, ЗЕНОН ИКАЛТСКИ, ТАДЕЈ СТЕПАНЦМИНДСКИ, МИХАИЛ УЛУМБИСКИ, ПИР БРЕТСКИ, ЕПИСКОПОТ ЦИЛКАНСКИ ИСА, ЕПИСКОПОТ АЛАВЕРДСКИ ЈОСИФ, ИСИДОР САМТАВИСКИ, СТЕФАН ХИРСКИ И ШИО МГВИМСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 7 МАЈ

Преподобниот Јован Зедазенски и неговите 12 ученици се сириски (кападокиски) подвижници, основачи на грузиското монаштво, кои од Кападокија во Грузија пристигнале во средината на VI век. Овие 13 свети кападокиски отци најверојатно биле Грузијци, кои своето духовно образование го стекнале во прочуената Лавра на свети Симеон Столпник, но и во другите манастири по Сирија и Месопотамија, со цел да се вратат во родната земја и да се потрудат во делото на нејзиното христијанско просветување.

Свети Јован Зедазенски, водачот на овие подвижници, своето духовно образование го стекнал во Антиохија. За местото на неговото раѓање, како и податоци за неговите родители, нема ништо сочувано. Уште како младо момче примил монаштво и почнал да живее осаменички аскетски живот, стекнувајќи восхитувачка кротост, смирение и дар на чудотворство. Славата за неговите духовни подвизи привлекла кон него мноштво на ученици, од кои преподобниот избрал 12 ученици, па исполнувајќи ја заповедта на Божјата Мајка, заминал со нив во Грузија. По патот тие добиле благослов од свети Симеон Столпник, а во Мцхет, преминувајќи ја по чуден начин реката Кура, без да ги изводенат нозете, радосно биле пречекани од народот, од царот Парсман (542-557) и од Католикос Архиепископот Евлавиј (552-560). Хроничарите сведочат дека, светите кападокиски отци им се обратиле на присутните на грузиски јазик, а откако влегле во соборниот храм Светицховели и клекнале на колена пред Животворниот Столб, Го славеле и благодареле на Бога. Со благослов на Католикосот Евлавиј, свети Јован со своите ученици се населил на планината Зедазени, каде што некогаш имало јазичнички храм и бил подигнат идол. Тука подвижниците живееле во Continue reading

Преподобен Григориј Хандзтиски

Григорий Хандзтийский (Грузинский)СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ГРИГОРИЈ ХАНДЗТИСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 5 ОКТОМВРИ

Преподобниот Григориј Хандзтиски бил основач и архимандрит на манастирот Кларџети. Потекнувал од прочуен грузијски род, кој уживал голема чест при царот Ашот Куропалат (786-826). Григориј уште како мал пројавил интерес за монашки живот. Своето заминување од дома и следењето на подвижничкиот пат, тој вака ѝ го објаснил на својата мајка: „Прости ми, мајко моја, но јас се оддалечувам од тебе не по своја волја, туку затоа што, ова што се случува со мене, така било угодно на Бога“.

Сиот живот на преподобниот Григориј поминал во постојани молитви, во солзи, воздржливост, во трпење, кротост, длабоко смирение и постојан труд. Тој се удостоил да биде благочестив и ревносен служител на Христовата Црква и во времето на царот Ашот Куропалат бил избран за игумен на Хандзтијскиот манастир. Одликувајќи се со длабока послушност кон Божјата волја, свети Григориј ја видел смислата на земниот живот токму во послушанието, кое на сите им ја подарува небесната благодатна слобода. Послушноста кон духовниот отец тој ја поставил во основа на секојдневниот манастирски живот, зацврстувајќи ги на таков начин општожителните манастири по сета Кларџета, а подоцна, како архимандрит, и по сета Грузија.

Во тоа време во Визнатија, како последица од иконоборниот собор од 815 година, Православието било притеснато и гонето, грузијското монаштво, кое било под духовна закрила на Continue reading

Светиот цар Давид III Возобновител, Грузиски

DAVID IIIСПОМЕН НА СВЕТИОТ БЛАГОВЕРЕН ЦАР ДАВИД III ВОЗОБНОВИТЕЛ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 26 ЈАНУАРИ

Светиот благоверен Давид III Возобновител, царот на Иверија и Абхазија, според едни историски сведоштва живеел во периодот од 1089-1125 година, а според други, од 1084-1125 година. Тој бил истакнат државник, културен и црковен деец на Грузија. Своето воспитување го стекнал од својот духовник, преподобниот Арсениј Икалтојски, кој бил прочуен богослов и научник-енциклопедист.

Титулата „Возобновител“ цар Давид ја добил од грузискиот народ, како признание за неговите големи дела во афирмирањето на Грузија и зацврстувањето на Грузиската Православна Црква. Грузија, која била безжалосно опустошена од Турците, која страдала од домашните предавници, под скиптарот на Давид Возобновител се обединила во централизирана држава. Грузиската Црква, во чие постоење царот гледал институција на незлобивост и обединување, се јавила како предмет на особена грижа. Свети Давид се одликувал со длабока благочестивост, свето ги почитувал црковните канони и со својата власт ги чувал и практикувал. По негова иницијатива, во 1103 година бил повикан црковниот Собор во Руиса, каде што биле донесени одлуки, кои содејствувале кон зацврстување на канонскиот живот на Црквата и утврдување на црковното благочиние.

Како високообразован човек, свети Давид го поттикнувал развивањето на науката. Тој ги основал Гелатската и Икалтојската академија. За време на неговото царување, во Грузија биле подигнати десетици храмови и манастири, се формирале нови градови и населби, а старите урбано се ширеле. Царот премногу грижа посветил за Continue reading

Света царица Тамара Грузиска

tamara_gruzinskay-03СПОМЕН НА СВЕТАТА БЛАГОВЕРНА ЦАРИЦА ТАМАРА, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО СЛАВИ НА 1 МАЈ

Светата благоверна царица на Грузија, Тамара Велика, родена е околу 1165 година. Потекнувала од древната грузиска династија Багратиди и од 1178 година била совладарка со својот татко Георгиј III. Времето на царувањето на света Тамара, познато е како златен век во грузиската историја. Царицата се одликувала со високо благочестие и продолжувајќи го започнатото дело на својот дедо, светиоит благоверен цар Давид III Возобновител, се потрудила кон распространувањето на Христовата вера по цела Грузија, како и градење на храмови и манастири. Во 1204 година, управникот на Румскиот султанат Рукн ед Дин, се обратил до царицата Тамара со барање да се откаже Грузија од христијанството и да го прифати исламот за државна религија. Царицата го отфрлила ова барање и во историската битка во близина на Басијана, грузиската војска ја разбила коалицијата на муслимански држави. Мудрото управување на благоверната царица Тамара предизвикало сенародна љубов и почит кон неа. Последните години од животот таа ги поминала во пештерниот манастир Вардѕиа. Тука царицата имала своја келија, која била претворена во мал храм, во кој таа постојано вознесувала молитви кон Continue reading