Педесетница

42328ПЕДЕСЕТНИЦА

Кога Православната Црква празнува некој настан од животот на нашиот Господ Исус Христос, тоа не е обично споменување или сеќавање на настанот. Црквата повторно го живее и доживува секој настан од свештената историја, за да можеме и ние денес да го доживееме лично. На таков начин, Црквата секој настан од минатото го донесува во сегашноста, па така, сите ние се чувствуваме како да сме биле таму и како лично да сме учествувале во секоја радост на Црквата.

Во денот на светата Педесетница си спомнуваме за свештениот настан, кога Светиот Дух, во вид на огнени јазици, слегол врз апостолите.

Светиот Дух слегол врз апостолите не само за да ги воодушеви и охрабри за еден беспримерен подвиг во историјата на Црквата, туку и за да остане во Хрис­то­ва­та Црква до крајот на светот. И колку многу тоа е утешително и радосно за сите нас.

Апостолите примиле право и власт не само да им ги раздаваат даровите на Светиот Дух на верните, туку и да им го предаваат тоа право на своите преемници – епископите и свештениците. Секој од нас, грешните и немоќни свештенослужители на Православната Црква, по преемството од светите апостоли, преку Тајната на Свештенството ја примил власта да им ги раздава на верните благодатните дарови на Светиот Дух. Секој од нас, преку светата Тајна Крштение, го примил првиот дар на Светиот Дух, кога тука, во Црквата, сме биле донесени во рацете на нашите кумови. А во текот на нашиот живот сите ние растеме токму преку даровите на Светиот Дух, кои ги примаме преку светите Тајни на Црквата и преку светите обреди и Continue reading

Advertisements

Недела на Светите Отци од Шесте Вселенски собори

vselensk_sobor_431НЕДЕЛА НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ОД ШЕСТЕ ВСЕЛЕНСКИ СОБОРИ

(Неделниот ден од 13-19 јули ст. ст.)

„Оној, што ќе ги исполни (заповедите) и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“

(Матеј 5: 19)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Христијанската Црква, во првите три века од своето постоење, била постојано гонета и водела борба со своите надворешни непријатели, кои се труделе на сите можни начини да ја уништат. Тие надворешни непријатели биле евреите и јазичниците. Со доаѓањео на власт на императорот Константин Велики, христијанството добило слобода, но веднаш било принудено да води борба со своите внатрешни непријатели, кои биле против нејзиното правилно учење и уредување. Тоа биле еретиците и расколниците. Против овие внатрешни непријатели, кои биле многу пострашни од надворешните, Црквата водела тешка и долга борба, но, сепак, на крајот излегувала како победителка. Оваа борба Црквата ја водела преку развивањето на богословската наука и книжевност, преку делата на светите Отци и учутелите на Црквата. Освен овој начин на борба против еретиците, Црквата водела и колективна борба преку одлуките на сите собори, а особено преку одлуките на вселенските собори. Токму на овие собори искристализирано е учењето на Православната Црква, дефинирани се догмите кои треба да ги исповедаат христијаните, но дадени се и одредени карактеристики на православното христијанско богословие.

Православната Црква е жив двеилјадигодишен сведок на историјата. Како таква таа има скапоцени вредности, кои никогаш не губат од својот сјај. Таквите вредности, но и одредените карактеристики, можеби некогаш од наша страна се подзаборавени, но наша света должност е да ги негуваме, сочуваме и предадеме на нашите идни поколенија. Токму денес, кога го славиме споменот на Continue reading

Недела по Богојавление

1295427860_img_7900НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ

„Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина, и на оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина“

(Матеј 4: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес го слушнавме евангелското четиво кое е одредено да се чита во Неделата по Богојавление, во кое што ни се раскажува како Спасителот Христос, по крштевањето на реката Јордан и по 40- дневното искушување во Јорданската пустина, тргнал за Галилеја, во земјата на Завулоновото и Нефталимовото колено, за оттаму да замине на проповед. На прв поглед, можеби овој податок за повеќето од нас звучи како недоволно значаен детаљ од Христовиот живот и податок кој може и да се одмине. Меѓутоа, овој податок нè принудува да размислуваме за многуте старозаветни пророштва, кои го прет­скажуваат доаѓањето на Спасителот, а кои пророштва останале незабележани од избраниот еврејски народ, кој не поверувал во нив, ги отфрлил, погазил, а во исто време и не го прифатил Христос за свој Месија.

Имено, за појавата на Спасителот Христос говореле сите старозаветни пророци. Да се потсетиме само за миг на неколку од нив. Пророкот Михеј во својата книга запишал: „И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста“ (Мих. 5: 2); праведниот Мојсеј ги запишал Божјите зборови: „Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè, што Јас ќе му заповедам; а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам“ (5. Мој. 18: 18- 19); а, пак, пророкот Малахија наговестил: „А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, исцеление ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе се разиграте како нахранети теленца“ (Малах. 4: 2). Но, пророштвото кое денес го слушнавме во евангелското четиво, кое го запишал евангелистот Матеј, а го искажал пророкот Исаиј, точно и прецизно ни ја одредува суштината на денешниот ден и конкретната ситуација која ја затекнал Христос со Continue reading

Недела пред Богојавление

krewenie6-18012012НЕДЕЛА ПРЕД БОГОЈАВЛЕНИЕ

„Покајте се!“

(Матеј 3: 2)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денешниот евангелски настан нè води во Јорданската пустината, онаму, каде што непосредно пред доаѓањето на Божјиот Син на земјата живеел и проповедал Неговиот Претеча, светиот Јован Крстител. Оние луѓе, кои навикнале да живеат еден удобен и раскошен живот, со своите мисли не сакаат да се задржат во пустинските предели, каде што живеел Христовиот Претеча, додека, пак, оние другите, кои со својот ум и со својот дух проникнуваат во најголемите тајни и мистични длабочини, за разлика од првите, не сакаат да живеат по господарските палати, туку многу поудобно им е со своите мисли да бидат заедно со светиот Јован во пустината. А токму од пустината, од студената и непрегледна област, одекнувал еден повик, кој бил наменет за сите без исклучок; повик, кој го наговестувал доаѓањето на Спасителот во светот; повик, кој најавувал дека се исполнило времето; повик, кој кратко и јасно гласел: „Покајте се!“.

Денес, кога се наоѓаме во предвечерието на големиот и торжествен празник Богојавление, да размислиме во што се состои успешноста и силата на нашето покајание. Заклучокот би бил едноставен: во Божјата милосрдност, која ние ја просиме во своите молитви од Господа Бога. Зашто, ако Бог ги затвори пред нас дверите на Своето милосрдие, кој ќе ни ги отвори? Ако Господ нè осуди, кој ќе нè заштити? Ако Господ нè порази со Својот праведен гнев, кој ќе нè поштеди и избави?

Што доживува секој од нас во миговите на покајание? Едноставно, во нашите мисли се враќа целиот наш животен век, па ние се потсетуваме колку долго го имаме разгневувано Божјото милосрдие; колку долго го имаме злоупотребувано Божјото долготрпение; колку пати сме останали глуви за судот на својата совест; колку пати сме Continue reading

Недела по Рождество Христово

9 Святые мученики 14000 младенцев от Ирода в Вифлееме избиенныеНЕДЕЛА ПО РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

(Недела на Светите Богоотци)

„Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали“

(Матеј 2: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Веста за раѓањето на Спасителот на светот набргу се раширила по сите страни на Јудејската земја, и минувајќи ги нејзините граници, таа стигнала и во далечните многубожечки краеви, на Исток. Таа стигнала и до ушите на господарот на земјата, царот Ирод, кој за неа разбрал од мудреците, кои дошле од Исток во Ерусалим, за да се поклонат на новородениот Цар и Спасител на светот. Излегувајќи пред Ирод, тие го прашале: „Каде е новородениот Цар Јудејски?“, од кои зборови Ирод се запрепастил, бидејќи се исплашил дека новородениот Цар ќе му ја преземе круната и престолот. Затоа веднаш скроил план како ќе се ослободи од својот ривал, кој сеуште не го познавал. Па така намислил да Го убие веднаш, штом ќе го пронајде.

Карактеристична црта на човечката злоба е таа што, кога човекот е заразен од неа, не расудува и не ги исчекува настаните да се случат до крај. Што го поттикнало Ирод да Го гони Христа? Нормално, веста од непознатите лица дека ќе се роди јудејскиот цар. Потоа мудреците заминале и повеќе не се вратиле. Ако Ирод спокојно размислувал за веста која ја разбрал, тој ќе сфател дека новиот Цар дури и да е таков, каков што тој мислел дека е, нема да се бори со него за власт, зашто, додека порасни, Ирод повеќе нема да биде жив. А, пак, кој ќе биде наследник на Иродовиот престол, тоа апсолутно не зависело од него и од јудејците, туку директно од римскиот цар. Ако не беше Continue reading

Недела пред Рождество Христово

qz2i3kНЕДЕЛА ПРЕД РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

(Недела на Светите Отци)

(Неделниот ден од 18-24 декември според Јулијанскиот календар)

„Голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот…“

(1. Тим. 3: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Во предвечерието на Христовото Рождество, кога сите ние го оче­куваме воплотувањето на Синот Божји, колку трогателно и кол­ку внимиателно све­та­та Црква си спомнува за сите оние, кои го при­нес­ле своето тело и својот живот за да се роди нашиот Спасител.

Денес е празник на Господовите претци. Секој од нас во свое­то тело, во својата душа го носи сето минато на човечкиот род. И Хрис­тос, Кој се при­соеди­нил кон човештвото, не се појавил како нов чо­век, како нова Божја твор­ба. Он ја примил Својата човечност од ил­ја­дагодишната историја на човечкиот род. Во Неговото тело, во Не­говото човештво живееле сите оние, кои живееле и низ историјата до Неговата појава.

А секоја година во неделата пред Христо­во­то Рождест­во, на литургијата се чита делот од Евангелието според Ма­теј, кој се нарекува „Книга за родството на Исуса Христа“. Мно­гу­ми­на од нас си го имаат поставено прашањето: па зарем има потреба од читањето на толку многу имиња и дали тие, воопшто, нешто зна­чат за нас и нашето духовно усовршување? Но, ако подлабоко раз­мис­лиме за суштината на денешниот ден, лесно ќе сфатиме дека на­вис­тина богомудра е одлуката на светите отци, кои одлучиле токму денес да се чита овој евангелски фрагмент.

Пред сè, треба да знаеме дека сите тие личности кои се спо­м­ну­ваат се семејството на Господа Исуса Христа, каде што Он припаѓа по Своето човеш­тво. Сите тие се Негови роднини. И тоа е доволно за тие имиња да бидат значајни за нас: Христос е една крв со нив, Хрис­тос е член на тоа семејство. За Божјата Мајка секој еден од нив може да рече Continue reading

Недела на светите Праотци

11759mНЕДЕЛА НА СВЕТИТЕ ПРАОТЦИ

(Неделниот ден од 11 до 17 декември по Јулијанскиот календар)

„Мнозина се поканети, но малкумина се избрани“

(Лука 14: 24)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Една реченица искажана од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос, која ја слушнавме во денешното Евангелие, нè поттикнува да разми­слу­ваме за смислата и суштината на денешниот неделен ден – ден, кој светата Црква го насловила како Недела на светите Праотци. Христовите зборови: „Мно­зина се поканети, но малкумина се избрани“, даваат јасна слика на слу­чува­њата во светот, почнувајќи уште од Стариот Завет, па за време на Христо­ви­от живот на земјата, но и за времињата во кои ние живееме. Светите Праотци се нарекуваат сите оние старозаветни праведници кои живееле до Христовото доаѓање во тело на земјава. Во следната недела, пак, ќе се празнува споменот на светите Отци, кои исто така се старозаветни праведници, но од кои по телесна линија потекнувал Христос.

Размислувајќи за Христовите зборови „Мнозина се поканети, но малку­ми­на се избрани“, најпрво што треба да сфатиме е фактот дека самото родство по телесна линија со Господа Исуса Христа не било од особена важност за ста­розаветните праведници. Имено, целата приказна за поканетите на свадба која денес се читаше, доволно ни сведочи дека избраниот јудејски народ доброволно ја отфрлил поканата за учество на свадбената вечера, односно, за влез во Царст­во­то небесно, па на нивно место Домаќинот, односно, Самиот Бог, ги повикал јазичниците, кои постанале народ Божји, рамноправни со сите, а кои дотогаш се сметале за презрени и понижени. Тоа е вистината, но тоа не е и единствената смисла на оваа приказна. Иако е кажана во Христово време, таа подеднакво се однесува и за старозаветните прилики. Ако сме го читале Свето­то Писмо на Стариот Завет, оваа приказна многу лесно ќе ја распознаеме и таму. Имено, Стариот Завет ни сведочи дека, иако Израилот се сметал за избран Божји народ, сепак, имало и луѓе кои не припаѓале на Израилот, но преку своите добри и справедливи дела влегле во него и се вброиле во редот на светите Праотци. Таков бил праведниот и многустрадален Јов, кој потекнувал од земјата Уз; таква била богобојажливата Рут, која по народност била Моавка, но од која потекнува славниот цар Давид, а Continue reading

Спомен на Светите Отци од Седмиот Вселенски собор

7sobor-04СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ОД СЕДМИОТ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР

„Оче Свети, запази ги во Твоето име оние, што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние“

(Јован 17: 11)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Прославувајќи го денес споменот на светите отци од Седмиот Вселенски Со­бор, потребно е сите заедно да принесеме благодарност кон Бога за Негова­та сеопфатна Божествена љубов. Токму таа љубов денес ни го пружа сето она, кое за нас претставува суштински живот, а тоа е Божјата Црква и нејзините све­ти Тајни, преку кои ја стекнуваме Божјата благодат, со која живееме и делува­ме.

Накусо да се потсетиме на историските факти кои ни се познати за Седмиот Вселенски Собор. За време на владеењето на царица­та Ирина, која го одобрувала почитувањето на иконите, одржан е овој Собор во градот Никеја, во 787 година, на кој биле дефинирани легитимноста и правил­на­та употреба на иконите во Црквата. Овој Собор исклучуво се држел до теоло­ги­ја­та на светиот Јован Дамаскин. Со донесените соборски одлуки било потврде­но дека иконите можат да бидат сликани и почитувани, но не и обожувани. Епис­копите, кои биле присутни на Соборот, заклучиле дека суштината на хрис­ти­јанската вера се состои во воплотувањето на Синот Божји во човечко тело, но дека Бог навистина е невидлив. Меѓутоа, во Христа Исуса невидливиот Бог постанал видлив. Оној, кој го гледа Исуса, го гледа и невидливиот Отец. Кога во Црквата се негира сликањето на иконите и иконопочитувањето, тогаш се неги­ра и вистинската човечка природа во Исуса. Исто така, тогаш се негира и тоа дека во Христа и преку Христа на луѓето им е даден Светиот Дух, за да постанат свети и навистина да потврдат дека се створени според Божјиот образ и подо­бие (1. Мој. 1: 26). Според тоа, соборската одлука гласела дека отфрлањето на светите икони истовремено е и отфрлање на фактот дека Бог нас нè спасува пре­ку Христа и Светиот Дух. Иконите го претставуваат вистинското преобра­же­ние и обожување на човекот преку Continue reading

Недела на сите македонски светии

sveta-sofija-ohridНЕДЕЛА НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СВЕТИИ

„Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии“

(Псал. 115: 6) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! 

Во Православната Црква постојат многу празници и сите тие имаат длабока таинственост и вистинска смисла во нивното празнување. Ниту еден празник не е случаен, ниту, пак, измислен, зашто сите тие со сјајни букви се запишани во свештената историја на нашата Црква. Без празниците ние би го загубиле сопствениот идентитет, зашто тие се жив сведок за сè она што се случувало со нас и како православни, но и како национално определен народ – Македонци. Затоа, на секој еден празник, кога ние присуствуваме на богослужба во светиот храм, нас нè опфаќа прекрасно чувство на самоувереност, а во нашите очи честопати навираат и солзи од прекрасните богослужбени молитвени песни, посветени за тој ден, што, пак, е доказ дека ние се соживуваме со настаните, кои се случиле на определениот празничен ден.

Денешниот празник, празникот на сите македонски светии, иако е од понов период на нашата Црква, треба постојано да нè потстетува на одговорот на едно често поставувано прашање: Кои сме ние? Одговорот, пак, нема никогаш да го дознаеме, ако не се потсетиме кои биле нашите претци, нашите чувари на најсветото, оние, кои ни ја предале светата Православна вера во сета нејзина чистота, при што жртвувале сè што имале. За жалење е оној народ, кој не знае за своето минато, кој не ги знае своите претци, кој не знае од каде доаѓа и на каде оди. Според тоа, денес имаме можност да го вратиме временскиот часовник наназад и да се потсетиме на одговорот од прашањето: Кои сме ние, но и да го запаметиме за навек и достојно да им го пренесуваме на своите идни генерации.

Пред сè, ние сме доброволци, зашто нашите свети претходници, кои се овенчале со ореолот на вечната слава, доброволно ја примиле Христовата вера, што, пак, постанало главен мотив и неопходен услов за сè што е свето, херојско, благородно, творечко и хармонично низ целата наша свештена историја. Ткаењето на нашата историја обоено е со многу бои, но кога се гледа оддалеку, се гледа една боја која надвладува, а тоа е Христовата боја. Овде, на ова парче света земја наречена Македонија, отсекогаш сè доброволно се работело: доброволно се Continue reading

Недела по Крстовден

86604НЕДЕЛА ПО КРСТОВДЕН

„Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“

 (Марко 8: 34) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! 

Секое наше тргнување на пат е условено со стигнување до одредена цел. Бесцелно никој не трнува на пат. За полесно да се стигне до посакуваната цел, постојат патокази кои правилно го насочуваат нашето движење. Нам ни преостанува само да ги следиме патоказите, да се раководиме според нив, па вистинската цел ќе биде неизбежна. Доколку, пак, не се раководиме според нив, а почнеме да се движиме според свои сопствени лажни насочувања, тогаш лесно ќе можеме да заталкаме во безизлезни ситуации, во слепи улички, во бескрајни лавиринти, каде што нема излез, а за цел и да не говориме.

Господ денес ни говори за најглавниот пат по кој треба да одиме, при што ни го покажува и единствениот вистински патоказ. Христовиот пат е единствениот пат на животот, зашто сите останати патишта се човечки и несигурни. Во денешново модерно и технички напредно време, луѓето премногу напреднаа во науката, се спуштија до најдлабоките морски длабочини, се издигнаа највисоко колку што можат во вселената, проникнаа во најзапуштените места на земјинава топка, излечија многу тешки болести, но, сепак, сето тоа не ги направи луѓето да бидат посреќни и подобри. Напротив, и понатаму постојат предизвици кои човекот не може да ги одгатне, и понатаму постојат безброј отворени прашања, на кои ограничениот човечки разум не може да даде одговор. Денес треба да сфатиме зошто Господ запрашал: „Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?“ (Марко 8: 36). Што и да направи човекот, колку многу и да напредува во науката, колку земни предизвици и да совлада, сепак, ако во исто време не ја збогатува својата душа, ако не ја облагородува и не ја осветува, сите тие успеси се бесплодни и суетни. Впрочем, сведоци сме и на фактот дека ништо, што е материјално, не е во состојба да создаде вистинска среќа за човекот, ниту, пак, да го направи самиот човек да биде подобар. Единствено, само преку оживотворувањето на духот преку Божјата правда може во човекот да се Continue reading