Кон Богомладенецот за Божик

2012-1218-nativity-christКОН БОГОМЛАДЕНЕЦОТ ЗА БОЖИК

Во оваа света ноќ, Богомладенецу, ја чувствуваме Вистината на Твоето Богораѓање.  Низ нашите души и нивниот кревок сад, струи тајната на Твоето сместување во колевката. Преку верата Те гледаме повиен во пелени, со љубов се приближуваме до Твојата колевка, со надеж пристапуваме до Тебе, за да се соединиме со Тебе. Ти затоа дојде во светот, за да ни дадеш живот во изобилие.

Нашиот живот без Тебе, Сине Божји, се претвора во пекол на земјава. Без Твојата љубов сè е празно, сè е лажно, сè е измама. Вдлабочени во светот на времето меѓу двете вечности, само во Тебе наоѓаме тврдина и патоказ кон целта. Без заедница со Тебе се губиме бедно во времето, на кое Ти единствено му даваш полнота. Времето се движи или кон Тебе или кон ништожност. Ти на сè што постои даваш содржина и смисла. Исполни нè денес и нас со Себе, Сине Божји, кога по Твојата милост доживуваме восхит од Твоето присуство.

Денес Те чувствуваме во душите како во Твојата колевка. Песната, која ангелите ја пееја на витлеемското небо и пастирите долу, претставува вечна тема на Твоето Богораѓање. Истата песна ја пејат и денес нашите чувства во допирот на душата со Исконот. Во Твојата Тајна го достигнуваме небото, зашто Ти постана човек, за ние да постанеме слични на Бога. Нашата денешна радост е радост од Твојата близина, од допирот со Тебе, Сине Божји Единороден.

Вековите минуваат, а човечките очи секогаш Те бараат. Сè што постои од Тебе добило суштина. Видовитите очи затоа секаде Те гледаат. Сè на свој начин е симбол на Тебе, Слово Божјо, Логико на вечноста и времето. Ти си невидлива мета на мудреците, скриена вистина на истражувачите и откриена радост на Твоите проповедници. Ти си во сè и пред сè како ден од очите до видикот. Охрабри нè да Те видиме во Вечноста низ завесата на тварите, во која Ти си ја внесол тајната на нејзиното постоење. Сè што постои ја зрачи тајната за Continue reading

Advertisements

Свети Јован Златоуст. Рождество Христово

101187СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

Настапи празникот над сите празници и се исполни со радост вселената! Ова е празник за торжество на сите добродетели, корен и извор на сите наши блага. Празник преку кој небото се отвори, Духот се испрати, преградите паднаа, поделбата се соедини, мракот се распрсна, светлината блесна, небото прими естество, произлезено од земјата, земјата Го прими Оној, Кој почива на херувимите, робовите постанаа слободни, непријателите – чеда, инородните наследници! Преку тој празник е уништена продолжителната омраза и долгата војна, и настапи мир, одамна очекуван од ангелите и посакуван од праведните луѓе. И Павле воскликнувал, велејќи: „Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив, откако со плотта Своја го уништи непријателството, а со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили, за да создаде во Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир“ (Ефес. 2, 14-15). Преку Него е воздигната блескавата и славна знаменитост на Крстот – придобивката Христова, ова е почеток на нашата природа, вооружување на нашиот Цар! Има ли нешто на земјата рамно на тој празник? Бог е на земјата, а човекот на небото; ангелите им служат на луѓето, а луѓето се во општење со небесните сили; демоните бегаат, смртта е уништена, рајот е отворен, клетвата е симната, гревот исчезнал, заблудата е изгонета, вистината триумфирала!

Природата, од која херувимите го пазеле рајот, денес се соединила со Бога. Откако го слушаш ова – прости се со безволноста: повисоко од секоја надеж и очекување е тоа, дека Бог постанал човек! Ако ова постанало, тогаш и сè друго ќе последува по Continue reading

Историја на празнувањето на Рождеството Христово

Rojdestvo-Hristovo-600x400ИСТОРИЈА НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО

Натпреварувајќи се со Пасха во својата торжественост, празникот на Христовото Раѓање принуден е да причека, иако тој се појавил во самите први времиња на христијанството, уште во апостолскиот век. Дури е тешко и да си замислиме дека христијаните не можеле да не го празнуваат денот на раѓањето на Својот Спасител, да не се „сеќаваат“ и да не го „светат“ тој ден. Всушност, тоа ни од далеку не било така, и тоа од многу едноставна причина.

Не е случајност што христијаните уште одамна, според обичајот, не го празнуваат денот на своето раѓање, туку својот именден, денот на своето крштевање, и тоа многу пофално и трогателно. Со тоа христијаните докажувале дека не била голема радост за светот, па дури ни за нив самите, дека на земјата се родил уште еден грешник, ако во свое време не се преродел во праведник (праведник, според крајната мерка на возможност), преку Тајната на Крштението. Доколку би го немало духовното раѓање, за својот роденден христијанинот би можел да кажи заедно со многустрадалниот Јов: „Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа – се роди дете!“ (Јов 3: 3). Овој презрителен и потценувачки поглед на денот на телесното раѓање, отсекогаш бил близок во христијанството, особено во раните векови, отколку во подоцнежните и современите. Не е лесно да се сфати ова, но навистина, древните христијани денот на раѓањето на човекот го нарекувале „ден на смртта“, и тоа звучело мошне сериозно. А за денот на смртта на мачениците најприфатлив термин бил „natalitia“ – роденден.

При еден таков поглед на роденденот, воопшто, зарем на христијаните би можело да им дојде на ум да го празнуваат и денот на раѓањето на Спасителот? Навистина, Неговото раѓање било толку многу необично, било толку среќно за Continue reading

Рождество Христово – Божик

Икона_Рождество_Христово,_XVIII_в._ГТГРОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК 

„Мудреците… штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна“

(Матеј 2: 11) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денешниот празник на Христовото раѓање е еден свечен ден, кога секој вистински верник ја доживува својата исконска врска со изворните вистини и убавини на нашата Православна вера. Денес е ден, кога човечката душа доаѓа во допир со Богомладенецот Христос, допир со небесниот Бог Отец, Кој Го испрати Својот Син во овој свет, но допир и со Животворниот Божји Дух, Кој носи радост во човечките срца. Таа радост е посебна Божикна радост, кога возрасните и децата се исто, кога во секоја душа се повторува Тајната на Богораѓањето во верата, во радоста, во единството на сите генерации, кои се повикани во Божјо синовство.

Како што во наследните гени човекот ги прима „биографиите“ на сите свои предци, така и во јадрото на секоја жива душа, засветлуваат сите вистини, од кои и заради кои постои овој чудесен Божји свет. Животот е скриен, но и откриен продолжеток од Вечноста кон вековите. Затоа Божик не е само памтење на Евангелието, туку и прочитување на вечната Вистина за Небото и за нас.

Големата Тајна на денешниот празник, раката на богонадарениот уметник ја овековечила на светата празнична икона, која денес го благоукрасува нашиот храм. На таа икона можме да ја видиме и Ѕвездата, која ги предводи Мудреците и им го покажува вистинскиот пат до Богомладенецот, тука се стадата заедно со своите кротки овчари, потоа вечерниот оган, а тука е и ѕвезденото небо од зимската палестинска ноќ. Но, над сè и пред сè, тука е онаа величенствена порака од Небото над јаслите од Богомладенецот: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2: 14). Доколку не беа напишани Евангелијата, доволно ќе беше да ја Continue reading

Средба со Божикната вистина

1554557_467170353387971_2096232370_nСРЕДБА СО БОЖИКНАТА ВИСТИНА

Бадник и Божик се свечени денови, кога секој вистински православен верник ја доживува својата исконска врска со изворните вистини и убавините на нашата вера. Тоа е време на допир на човечката душа со Богомладенецот Христос, Кого небесниот Отец Го испрати во светот, но тоа е допир и со Божјиот Животворен Дух, Кој сака да има радост во срцата на луѓето. И тоа не било каква радост, туку онаа посебна Божикна радост, кога возрасните и децата се едно, кога во секоја душа се повторува тајната на Богораѓањето, во верата, во радоста, во единството на народите и генерациите, кои се повикани да бидат Божји синови.

Како што во наследните гени човекот ги прима „биографиите“ на своите претци, така во јадрото на секоја жива душа засветлуваат сите вистини, од кои и поради кои постои овој чудесен Божји свет. Оттука произлегува и вдахновението кај Пророците, оттука е и месијанската идеја, дури и кај паганските народи, оттука е и визионерството кон времето за Спасение кај вдахновените лица од древните култури. Животот е сокриен и откриван континуитет од Вечноста кон вековите, од Исконот кон сите времиња, сè до нас, кои постоиме денес. Затоа Божик не е само памтење на Евангелието, туку и исчитување на онаа исконска вечна вистина за Небото и нас, сè до Исконот. Пророкот Исаиј го согледал времето на Месијата и Спасителот: „Го гледам сега, не одблиску“. Источните мудреци без напор ја прочитаа на небото Христовата Ѕвезда, која ги водела кон Витлеем. Оттука, и Continue reading