Градењето на црквата „Свето Благовештение“

205044_144373352298815_4356625_nГРАДЕЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“

Мајсторите Коста Лауцот и Ристе Тасламиче, пред да започнат да ја градат црквата, долго време размислувале како треба таа да изгледа. Се работело за монументален објект, со големи димензии, кој требало да запази одредени стандарди, а и самото место за градење не било најпогодно за симнување под земја, а Турците токму на тоа инсистирале. Местото и денес е карактеристично, зашто само на два-три метри длабочина има вода. Впрочем, во црквата и денес се наоѓаат два бунари кои датираат од тоа време, кои се доказ со какви проблеми се сретнувале мајсторите. Сондажните испитувања направени кај олтарниот дел во 2006 година потврдија дека црквата „лежи“ на вода, зашто видливо беше дека вода истекува од внатрешниот дел на црквата нанадвор. Овој факт е уште еден показател дека ревноста на прилепчани и нивната упорност во градењето на црквата била огромна, зашто ниту една пречка не била во можност да ја прекине нивната намера.

Имајќи доволен и огромен простор за градба, а имајќи ги предвид дотогаш изградените монументални цркви во Битола, Штип, Скопје и Велес, мајсторите се одлучиле прилепската црква да биде трокорабна и без купола, зашто евантуалното издигање на куполата би ја надминала висината на џамиите. Освен тоа, турските власти не дозволиле нејзино надворешно нагласување, па затоа нејзината монументалност може многу повеќе да се согледа одвнатре. Според формата, мајсторите одлучиле црквата да биде долга 32, широка 26, а висока 9 метри и да биде ѕидана од Continue reading

Advertisements