Свети Кирил Ерусалимски: За молитвата „Оче наш“

90837СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЗА МОЛИТВАТА „ОЧЕ НАШ“

„Оче наш, Кој Си на небесата!“ Какво преголемо Божјо човекољубие. На отпаднатите од Него, на дојдените до крајност во злото, им дарува прошка за сето лошо, и да земат учество во благодатта, и да Го именуваат Оче… „Да се свети името Твое“. Божјото име по естество (природа) е свето, независно од тоа, дали го нарекуваме така, или не. Доколку понекогаш, тоа име се хули во животот на грешниците според реченото: „Зашто поради вас името Божјо се хули мегу незнабошците“ (Рим. 2: 24), ние се молиме да се свети Божјото име во нас, не зашто од несвето, тоа постанува свето, но зашто во нас постанува свето, кога ние сме осветени и кога вршиме достојни дела за светињата. „Да дојде царството Твое. 3а чистата душа е својствено да вели: „да дојде царството Твое“, зашто, кој го послушал Павле и ја исполнил неговата заповед: „Гревот да не царува во вашето смртно тело“ (Рим. 6: 12), тој се очистил на дело и може со мисла и слово да каже на Бога: да дојде царството Твое! „Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“. Божествените и блажени ангели Божји секогаш ја исполнуваат Божјата волја. За ова ни говори псалмопејачот Давид: „Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов“ (Псал. 102: 20). Поради тоа, молејќи се мислено, кажи: како што од Ангелите се исполнува Твојата волја, Владико, нека биде така и во мојот живот на земјата. „Лебот наш насушен дај ни го денес“. Секојдневниот леб не е насуштен – насуштен е оној свет леб, кој дејствува врз суштината на душата. Тој леб не се сместува во стомакот, ниту пак, се исфрла надвор (Матеј 15: 17), но се предава на целата твоја суштина за полза на душата и телото. Зборот „денес“ е употребен наместо „секојдневно“, како што и апостол Павле рекол: „Потсетувајте се секој ден, додека се вели: денес“ (Евр. 3: 13) „и прости ни ги долговите наши, како што им ги простуваме и ние на нашите должници“, зашто, многу се нашите гревови. Паѓаме и со мисла и со слово, и мошне многу вршиме, достојно за осуда! „Ако кажеме дека Continue reading

„Не воведи нè во искушение, но избави нè од лукавиот…“

83475„НЕ ВОВЕДИ НÈ ВО ИСКУШЕНИЕ, НО ИЗБАВИ НÈ ОД ЛУКАВИОТ…“

Со втората половина од молението се објаснува првата. Искушенија овде се нарекуваат оние навистина несреќни случаи и неволји, кога со сопствената волја се стремиме кон грев, се предаваме во власт на ѓаволот и гинеме, како што на тоа бил подложен Јуда Искариотски. „Сатаната влезе во него“ – вели Светото Писмо (Јован 13: 27). Молението не нè учи да ги отфрламе страдањата, кои се неопходни за нашето спасение и нè чуваат од нашите страсти и демони.

…Заедно со догматите на христијанската вера, свети апостол Павле на вселената ѝ проповедал дека „во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки“ (Дела 14: 22). Во Посланието до Евреите апостолот вели дека, сите, кои Му угодиле на Бог биле подложени на казнување и вразумување од страна на Бог, а оние кои не биле, Бог ги отфрлил како туѓи. (Јован 16: 33). Не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот! Не дозволувај со нас да завладеат страстите, со помош на кои, од нашиот пад, се наоѓаме со ѓаволот! И не само тоа: не дозволувај да нè заведе нашата огревовена волја, со чие исполнување се залажуваме и се погубуваме себеси! Не дозволувај да се измамиме со лажни мисли и учења! Не дозволувај да бидеме победени со среброљубие, славољубие и властољубие! Не дозволувај да се покориме на сластољубието и на сладострастието во време кога имаме многу земно богатство, ниту на малодушност и негодување, тогаш кога сме опкружени со сиромаштија! Не дозволувај ни да грешиме! Не дозволувај да нè обземе гордост, кога водиме живот исполнет со добродетели, ниту да нè зафати безнадежност и очај при било какво сопнување.

„И прости ни ги долговите наши, како што ние им ги проштаваме на нашите должници…“

83457„И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО НИЕ ИМ ГИ ПРОШТЕВАМЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ…“

Подарувајќи им на грешниците возвишени богатства, богатства со најголема вредност, над секоја цена – подарувајќи ги по Својата бесконечна милост, Господ и од нас бара милост кон нашите ближни. Тајната на искупението е заснована на милост. Таа претставува пројава на милоста Божја кон паднатиот човечки род и може да биде прифатена единствено со расположение на душата, која во целост е милостиво настроена кон луѓето. Ние поинаку не можеме да го примиме искупението, кое ни го подарил Бог, освен да стекнеме милосрдие кон себе и кон паднатиот човечки род, да станеме свесни за својата грешност, за падот и за погибелта, да станеме свесни за огревовеноста, падот и погибелта на целиот човечки род, да ја познаеме општата и целосна неопходност од милоста Божја.

Господ рекол: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите“ (Матеј 6: 14-15). Христијанинот треба особено да внимава на душевната слабост на злопамтење, и да го истерува штом ќе се појави, не дозволувајќи му под никаков изговор да се вгнезди во душата, колку и да се чини тој изговор оправдан на прв поглед. Ако се оставиме на волјата на злопамтењето – тоа ќе ја опустоши нашата душа, сите наши подвизи и добродетели ќе ги направи бесплодни и ќе нè лиши од милоста Божја. Кога им ги простуваме на ближните нивните прегрешенија, покажуваме дека Духот Божји се вселил во нас, дека царува во нас, дека управува и раководи со нашата волја. А дотогаш е потребен посебен личен напор за да им се спротивставиме на страстите на злопамтење. Во подвигот против оваа страст, Бог тајно ни помага, воздржувајќи се од јавна помош за нашата слободна волја да може јасно да се изрази. Злопамтењето се заснова на гордоста. Гордоста се крие дури и во Божјите избраници, осветени со благодат. И ним им е неопходно да бидат будни во борбата против тој духовен отров и убиството на душата, кое тој го раѓа – злопамтењето. Преку простување на долговите на браќата, ние во себе ја привлекуваме Божјата благодат, а ја задржуваме во себе со постојано простување на долговите на нашите ближни… (продолжува)

„Лебот наш насушен дај ни го денес…“

83402„ЛЕБОТ НАШ НАСУШЕН ДАЈ НИ ГО ДЕНЕС…“

Овде не се зборува за трулежната храна! „Не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме?“ (Матеј 6: 1); се зборува за храната која дава живот вечен и вечно останува; за новата храна која на луѓето им ја подари очовечениот Син Божји; за лебот на животот кој слезе од небото; за лебот Божји кој е во состојба да го засити човекот и да му даде вечен живот на целиот свет (Јован 6, 27, 33). Зборот „насушен“ означува дека тој леб според своите својства е над сè што постои. Неговата возвишеност и светост се бесконечни и несфатливи; осветувањето и достоинството што го донесува јадењето на тој леб се неизмерни и необјасниви. Лебот кој го дава Синот Божји е сесветото Негово Тело, кое Он го дал за живот на светот (Јован 6: 51). На прекрасната храна ѝ е присоединето еднакво прекрасно пиење. Телото на Богочовекот им е дадено како храна на верните, а Крвта Негова – како пиење.

…Сходно на возвишеноста на храната и дејството што нејзиното земање го има во оние кои ја земаат, Господ Своето Тело го нарекол вистинска храна, а Својата Крв – единствено вистинско пиење на човекот обновен со искупението (Јован 6: 55). Обичната храна на синовите на стариот Адам, која е заедничка и за бесловесните животни, се уништува со варење и не може да ја отстрани смртта – претставува „храна што се расипува“ (Јован 6: 27). Лебот наш насушен дај ни го денес – така ова молење го запишал свети Лука (Лука 11: 3). Со молењето е поврзана и заповед, со која на христијаните им е наложена обврска за секојдневно причестување со Светите Тајни – обврска која денес не се извршува толку често. Кога рекол денес, Господ ја изразил мислата дека без овој леб ние не сме во состојба да поминеме ниту еден ден во духовниот живот. Кога рекол денес, изразува дека треба да го јадеме секојдневно и дека неговото давање во претходниот ден не е доволно, ако денес не ни биде даден повторно. Секојдневната потреба за него бара да зачестиме со ова молење и да го принесуваме во секое време; нема ден во кој не би било неопходно за нас, со неговата употреба и причест, да го утврдуваме срцето на нашиот внатрешен човек (Ваквото објаснување на лебот насушен никако не го прави чудно читањето на молитвата Господова пред ручек: Материјалниот леб служи како слика на лебот кој слегол од небото)… (продолжува)

„Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата…“

83385„ДА БИДЕ ВОЛЈАТА ТВОЈА, КАКО НА НЕБОТО, ТАКА И НА ЗЕМЈАТА…“

Небо се наречени жителите на небото: тие непогрешно и непопустливо ја извршуваат волјата Божја. Тие својата волја веќе не ја додаваат на волјата Божја. Веќе и немаат своја волја! Нивната волја се слеала во едно со волјата Божја.

…А земја се наречени христијаните. Нема да згреши никој од нас, ако произнесувајќи го ова молење, под земја го подразбира своето срце, не одделувајќи го ниту телото од него. Каде што ќе бидат насочени силите на срцето, таму ќе се насочат и телесните сили, и тежнеењата на телото ќе се преобразат сходно на тежнеењата на срцето, од телесни и скотоподобни – во духовни, свети и ангелски. Потполното соединување на човечката волја со волјата Божја претставува состојба на највисоко совршенство, коешто може да го достигне разумното Божјо создание. Вакво совршенство имаат ангелите. Нашиот Спасител благоизволел и ние – немоќните и несреќни луѓе, земени од земја, кои многу кратко време скитаме на земјата, а потоа пак слегуваме во неа –да го добиеме она што го поседуваат најсветите небесни духови. Он ни заповедал да трагаме по совршенството, кое за нас сè уште е недостижно. Оној, кој во себе го почувствувал Царството Божјо, се учи да не се задоволува само со тоа; тој се учи да не се предава на безгрижност и неработење; се учи да се стреми кон што поцелосен развој на владението Божјо во себе. Во целото човечко битие, во сите негови составни делови, во духот, душата и телото, нека дејствува исклучително волјата Божја, соединувајќи ја со себе и во себе, од падот разединетата волја на тие делови. Само со волјата Божја може да се исцели човечката волја, затруена од гревот; само во волјата Божја и со нејзина помош, желбите на тие составни човечки делови, кои добиле разни насочувања, спротивставени едни на други, можат да поминат од несогласност во согласност и да се соединат во една желба… (продолжува)

„Да дојде Царството Твое…“

83339„ДА ДОЈДЕ ЦАРСТВОТО ТВОЕ…“

„Да дојде царството Твое!“ „Царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17: 21). Каква восхитувачка доследност во молитвата Господова! Со оваа доследност се изобразува логичноста, постапноста и возвишената и света систематичност на духовното напредување. По молењето за дарување на совршено Богопознание, Господ го учи Боговосиновениот човек да бара во неговата душа да слезе Царството Божјо. Он заповеда тоа Царство да го молиме со смирена молитва на верата, која одговара на нашата сила. Оној кој верува, не може да не го добие. Тоа е ветено со Словото Божјо: „Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец“ (Јован 14: 21). „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14: 23). Да дојде Царството Твое! Прекрасна молба! Прекрасна желба се буди со молењето! Оваа смела молитва се исполнува. Се исполнува – како доказ за тоа служат искуствата кои покажуваат на нејзиното исполнување.

…Во сите векови на христијанството на таблиците на црковната историја се запишувани искуствата, кои кај Божјите светии покажувале дела кои ја надминуваат човечката природа и не ѝ припаѓаат неа, туку на Бог, Кој живее и царува во светите луѓе. Преподобен Макариј Египетски говори: „Во оние кои ги озарила благодатта на Божествениот Дух и се населила во длабочината на нивниот ум, како душа е – Господ“. Овој голем отец уште говори: „Дејството и силата на Светиот Дух живеат во обновениот човек“.

Оној, кој во себе го почувствувал царството Божјо, се отуѓува од светот, кој непријателски е расположен кон Бог. Оној, кој во себе го почувствувал Царството Божјо може да сака, од вистинска љубов кон ближните, во сите нив да се покаже Царството Божјо. Тој може правилно да сака на земјата да настане видливо Царство Божјо, кое од лицето на земјата би го истребило гревот и би го востановило на неа владението на Правдата… (продолжува)

„Да се свети името Твое…“

83328„ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ…“

… Молитвата Господова им е дадена на грешниците, и пред сè, тие се учат од Бог, својот Отец, бараат да се свети името Негово. Во тоа човеково барање е содржано молење да му биде дарувано искрено покајание. Да се свети името Твое во храмот на мојата душа! За тоа се молам, бидејќи не го наоѓам во себе. Наоѓам спротивно: жално сум потчинет на гревот и на паднатите духови, кои го пронајдоа гревот и ме заразија со него. Во мојата душа живеат престапни и смрдливи помисли за чувствата. Дали влегуваат однадвор или се раѓаат во неа – не знам. Знам дека се јавуваат неочекувано и деспотски, и дека немам сили да ги истерам и исфрлам од себе. Со овие помисли и чувства се разгневува Бог; Он се одвраќа од нив; со нив се хули на Бог; со нив, јас Му останувам туѓ на Бога. Мене ми е неопходно исчистување! Мене ми е неопходно покајание! Подари ми, Оче мој небесен, моќно покајание, кое би го исчистил мојот внатрешен храм од сите нечистотии и злосмрдеи, би ме направило способен да го примам восиновувањето што ми го даде, и кое, уште за време на моето земно странствување би ме направило жител на небото. Сè досега ползам по земјата. Нека влезе во мојата душа вистинско Богопознание! Нека го просвети мојот ум, моето срце, целата моја дејност: Да се свети името Твое (Матеј 5: 8). Такво е значењето на ова молење. Можеме да сакаме чистота и покајание; можеме и должни сме да ги употребуваме сите средства кои зависат од нас, за да ги стекнеме; но, дали конечно ќе ги добиеме, не зависи од нас. Тоа е дар Божји. Ние, пред сè треба да Го молиме Отецот Небесен, од Своите духовни ризници да ни испрати дар на покајание, со покајание да нè исчисти од гревовната нечистотија, да нè украси со блажена чистота, која Го гледа Бог (Матеј 5: 8) и која е единствена во состојба да прими вистинско Богопознание. Да се свети името Твое!… (продолжува)

„Оче наш…“

83293„ОЧЕ НАШ…“

Молитвата Господова започнува со повикот: „Оче наш!“ Кој од светите луѓе би си дозволил себеси и на своите браќа, на грешните луѓе, отфрлени и поробени од ѓаволот и вечната смрт, таков повик кон Бог? Очигледно никој. Тоа можел да го дозволи само Бог. Он и дозволил. Ако дозволил, воедно и дарувал. Синот Божји, Кој стана човек, ги направи луѓето синови Божји и Свои браќа. Кон Бог Отец Он се однесува по правилото на природата: „Оче наш!“ И нам ни го дава благодатното право на Бог да Му пристапуваме како на Отец, нашата молитва кон Него да ја започнеме со прекрасниот повик, за кој никој од луѓето не би се осмелил ниту на памет да му падне: „Оче наш!“

Почетокот на Господовата молитва е – дар од Господа, бескрајно скапоцен дар, дар од Искупителот на искупените, од Спасителот на спасените. Молењата од кои се состои молитвата Господова – се молења за духовни дарови, кои човечкиот род ги стекнал преку искупение. Во молитвата нема ниту збор за телесните, минливи човечки потреби. Оној, Кој заповедал да се бара единствено Царството Божјо и неговата правда, и ветил дека на оние кои го бараат тоа Царство ќе им даде и сè минливо, што е неопходно (Матеј 6: 33), дава молитва која одговара на заповедите и ветувањето… (продолжува)