Синаксар на Велики Вторник

VT_022СИНАКСАР НА ВЕЛИКИ ВТОРНИК

Стихови: „Десет девојки го придружуваат највеликиот вторник, Кои носат победа на неподмитливиот Господар“.

Во светиот и Велики вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на Своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушност, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат подготвени пред крајот, бидејќи за девството Он им зборувал повеќепати, како и за евнусите. Светото Евангелие ја предлага оваа парабола со цел некој, практикувајќи ја оваа добродетел, да не ги занемари другите, а особено милосрдието, со која се просветлува свеќата на девството. Пет од нив ги именува мудри, затоа што на девството тие му го придодале и изобилното масло на милосрдието, а пет – луди, кои исто така го имаат девството, но го немаат милосрдието – елејот. Затоа лудите (неразумни) девојки, иако го имаа поголемиот дел, го занемарија она помалото, па поради тоа во ништо не се разликуваа од блудниците. Ако овие последниве (блудниците) грешеа со телото, оние таму грешеа со нивното богатство.  Continue reading

Синаксар на Велики Понеделник

113445.pСИНАКСАР НА ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК

Стихови на Јосиф прекрасниот: „Целомудрениот Јосиф, се покажа држител на правдата, Давател на пченица и ризничар на добра“.

Стихови за исушената смоква: „Еврејското собрание, без духовни плодови, Христос го споредува со бесплодната смоква; Затоа да бегаме од страстите, зашто и ние еден ден би можеле да бидеме проколнати и исушени“.

Во овој свет и Велик понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа поради некое негово видение на сон. Најнапред тој бил скриен во една јама, а неговиот татко е измамен од неговите браќа со неговата искрвавена облека, велејќи дека е изеден од некој ѕвер. Потоа за триесет сребреника бил продаден на Исмаилќани кои, исто така, го продале на Пентефрија – начлникот на евнусите на египетскиот фараон. Бидејќи неговата жена се разгневи против младиот, поради неговата невиност и чистота, затоа што не сакаше да направи беззаконие со неа, тој побегнал оставајќи ја својата облека. Таа го наклеветала на својот господар, и затоа доби затвор и окови. Оттаму е ослободен поради негиовиот дар да толкува сонови и одведен пред фараонот, а потоа поставен за господар на сета земја египетска. Подоцна станал и снабдувач со жито на своите браќа и, откако во се добро го помина својот живот, умре во Египет, со голем углед поради неговата чистота, покрај другите добродетели. Continue reading

Цветници

Icon_03027_Vhod_Gospoden_v_IerusalimЦВЕТНИЦИ

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Календарот на Православната Црква е исполнет со голем број на праз­ни­ци, кои секоја година нè потсетуваат на настаните кои што се случиле во текот на минатите векови, а кои настани длабоко се проникнати во сржта на право­слав­ниот човек. Такви празници нашата Црква востановила да се празнуваат и во чест на настаните од земниот живот на Спасителот Господ Исус Христос. Иако ги употребуваме термините „празник“ и „празнување“, сепак, денес си спом­­нуваме за еден трагичен настан, за едни тешки и мачни мигови од животот на Спасителот. Многумина од нас би рекле: па денес сè е исполнето со тор­жес­т­во – Христос влегува во Светиот Град Ерусалим; го пречекува мноштво на на­род кој ликува и кој е подготвен од Него да направи политички лидер, кој ќе очекува од Него победа над римскиот непријател, и што е тука трагично и жално?

За жал, тука сè е трагично и жално! Жално е, зашто сето тоа торжество, сето тоа ликување, сите тие надежи се втемелени на недоразбирање, на несфаќање на Христовата мисија. Трагично е, зашто сето тоа мноштво од народ, кое денес ликува: „Осана на Давидовиот Син!“, само по неколку дена ќе се врати при Него со нов восклик, многу гнасен и многу страшен, полн со омраза и злоба, а кој гласи: „Распни Го!“. Continue reading

Лазарева сабота

RaisingofLazarusBlochЛАЗАРЕВА САБОТА

„Лазаре, излези надвор“

(Јован 11: 43)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес сите ние присуствувавме на еден несекојдневен и необичен настан, кој никого од нас не го остави рамнодушен кон она, што го слушна од прочитаното свето Евангелие. Денес многумина од нас се замислија над тајната на животот, смртта и воскресението. Денешниот настан ги затвори устите на многумина кои го омаловажуваа Христа како Господ и Син Божји. А сите ние денес слушнавме дека, во местото Витанија починал еден човек по име Лазар, кој бил брат на сестрите Марта и Марија и кого Господ Христос многу го милувал. Откако ја добил веста за Лазаровата смрт, Христос Самиот се упатил во Витанија, да докаже дека неговата смрт треба да послужи „за да се прослави Синот Божји преку неа“ (11: 4). И навистина, Лазаревата смрт не била смрто­нос­­на.

Човекот не мора да биде лекар, за да знае дека понекогаш и најобичната настинка може да се претвори во смртоносна болест. Тогаш, ако е тоа така, како можеме да ги сфатиме и протолкуваме Христовите зборови, Кој знаел дека Лазар е болен и дека ќе умре, кога вели дека, „таа болест не е за умирање“? Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (11: 25-26) . Болест, која не е на смрт, е било која болест за човекот, кој верува во воскресението и вечниот живот. Continue reading

Во Пакистан започна градбата на првиот православен храм

???????????????????????????????ВО ПАКИСТАН ЗАПОЧНА ГРАДБАТА НА ПРВИОТ ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ

Како што соопштува  The Orthodox Church, во Пакистан започна градбата на првиот православен храм. Минатата недела беа осветени темелите за новиот храм и започна неговата градба. На чинот на осветувањето присуствувале и претставниците на муслиманската заедница. Според зборовите на православниот свештеник Јован Танвеер, се очекува градбата да заврши во октомври месец 2013 година.

Совети кон оние, кои се подготвуваат за исповед

2015СОВЕТИ КОН ОНИЕ, КОИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИСПОВЕД

Во Светото Писмо е кажано: „Синко мој, ако сакаш да Му служиш на Господа, приготви ја душата своја за искушение. Управи го твоето срце и биди цврст: не збунувај се кога ќе бидеш посетен од Бога. Прилепи се до Него и не отстапувај, за да бидеш прославен во последниот ден“ (Сир. 2: 1-3).

Штом се одлучиш да постиш, да се каеш и да ги исповедаш своите гревови, веднаш ќе се појават мноштво внатрешни и над­ворешни пречки. Непријателите на човечкиот род, откако ќе дознаат за твојата намера, на секој начин ќе те возне­ми­ру­ваат со разни неприлики и сомнежи, со помисли и стравови. Но, сето тоа ќе исчезне штом ќе покажеш дека имаш цврсти намери.

Човекот треба да се исповеда што е можно почесто, а паузите меѓу исповедите треба да бидат исполнети со духовна бор­ба и подвизи, кои ќе нè зацврстат во подготовките за наред­ната исповед. Значи, честото исповедање на гревовите ќе те чу­ва, поддржува и охрабрува во твојот духовен живот. Божјата благодат која делува во светите Тајни Покајание и Причест прави човекот да почне да ги чувствува своите гревови и сла­бос­ти, да не се впушта лесно во гревот и да се зацврстува во вис­тините на верата, а Црквата и целиот нејзин поредок ќе му постанат помили и поблиски до срцето. Continue reading

Слово за парастосите

0_8159e_336d0df8_lСЛОВО ЗА ПАРАСТОСИТЕ

Православниот христијанин со својата смрт не прес­танува да биде член на Црквата. Преку смртта христијанинот преминува од еден дел на Црквата во друг. Заминува од земната Црква (воинствената) во небесната (торжествената). Но и зем­на­та и небесната Црква претставуваат една е единствена Хрис­то­ва Црква, Негово Тело, столб и тврдина на Вистината.

Според тоа, како што Црквата за своите чеда се гри­же­ла во текот на нивниот овоземен живот, подавајќи им, како нај­неж­на мајка, полнота на благодатта и благослов преку светите Тајни и Молитвословијата, така таа не ги напушта и не ги забо­ра­ва ниту во часот на смртта, а ни после тоа. За Црквата, како и за Самиот Господ, „нема мртви“, зашто нашиот Бог е „Бог на живите, а не на мртвите“.

Во предсмртните мигови Црквата се труди преку мо­лит­ви­те, исповедта и причестувањето што подобро да ги подготви своите чеда за излегување пред Божјото лице и преминот во веч­ниот живот, а по смртта не ја прекинува врската на љубов кон нив, туку ја продолжува преку послесмртните молитви: опе­ло, парастос и помен (трисаѓија, блудец).

Многумина не знаат што претставува парастосот и која е неговата смисла! Continue reading

Правила за благочестив живот

bm01ПРАВИЛА ЗА БЛАГОЧЕСТИВ ЖИВОТ

Принудувај се себеси да стануваш порано и во определено време. Откако ќе се разбудиш, во истиот момент насочи ја својата мисла кон Бога, па откако ќе се прекрстиш, заблагодари на Бога за поминатата ноќ и за сите Негови милости кон тебе. Моли се на Бога да раководи со твоите мисли, чувства и желби, па така, сè што говориш и работиш, да Му биде угодно Нему.

Облекувајќи се, потсети се за присуството на Господа и ангелот-чувар. Проси од Господа Исуса Христа да те облечи во облеката на спасението.

Откако ќе се измиеш, пристапи кон читање на утринските молитви. Приклонувајќи ги колената, сосредоточено, благоговејно и со смирение моли се, како што прилега, зашто не си скриен од погледот на Семожниот. Проси од Него вера, надеж и љубов, но и сили спокојно да примиш сè, што ќе ти донесе тебе денот кој настапува – секакви тешкотии и непријатности. Проси да биде благословен твојот труд и да имаш помош да извршиш било какво добро дело и да ги избегнеш гревовите. Continue reading

Добри Христов – „Литургија“ (извадок)

Добри Христов – „Литургија“ (извадок)

Од ЦД изданието Laudate nomine Domini во изведба на Orthodox Ensemble под диригентство на Вивијан Клочков.

0018784e

Омразата и помирувањето

spor_bОМРАЗАТА И ПОМИРУВАЊЕТО

 „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите“ (Матеј 6: 14-15)

Злобата и омразата меѓу луѓето претставуваат едно големо зло во човечкиот живот. Омразата ги разурнува братските човечки односи и од пријателите создава непријатели. Ќе запрашате: зошто овие соседи не зборуваат? И ќе слушнете: се скарале! Ќе запрашате: зошто овие пријатели не се поздравуваат? И ќе ви одговорат: се скарале! Ќе запрашате: зошто овие роднини не се посетуваат? Следува повторно истиот одговот: се скарале! Познавате две добри семејства. И едните и другите се многу добри луѓе. Но, меѓу себе не сакаат ниту да се видат, ниту да се чујат. Бесот на кавгата влегол меѓу нив и не им дозволува да се помират и да живеат во мир. Караниците, по влијание на сатаната, се првата причина за раздорите. Колку многу луѓе денес се влечат по судови, губат и време и нерви и средства, а сè со цел взамено да се одмаздуваат меѓу себе. Ако запарашате: зошто се судат?, ќе чуете се навредиле, меѓу себеси рекле лоши зборови и несакаат да си ги простат! Continue reading