Свети Григориј Богослов: Автобиографија

григориј богословСВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: АВТОБИОГРАФИЈА

Прво – Бог ме дарувал на мојата светла мајка преку молитва; второ – Бог ме примил како пријатен Нему дар од мајка; трето – спасен сум од смрт преку светиот храм; четврто, Словото ми дарило двоостра реч; петто – девството ме поздравувало во пријателски сновиденија; шесто – јас принесов со Василиј еднодушни жртви; седмо – Животодавецот ме истргна од прегратките на бездната; осмо – Он ги очисти моите раце од болести; деветто – на новиот Рим јас ја возвратив едносуштната и рамночестна Троица; десетто – бев поразен од камења и пријатели. И милата Елада, и милите млади години, и телото и сè што придобив, доброволно го посветив на Христа. Ако пак уште и молитвата на мајка ми и раката на татко ми, ме направиле угоден на Бога и клирик – на што да завидувам? Ти, блажен Христе, прими ме во ликот на Твоите угодници и дарувај слава на Твојот служител Григориј, син на Григориј.

Тука лежи љубезниот син на Григориј и Нона, служител на свештената Троица; Григориј, кој со мудрост придобил мудрост и уште во млади денови имал само едно богатство – евангелската надеж. Не мошне многу живееше ти на земјата, но сè доброволно принесе во дар на Христа, а заедно со другото – и крилата реч. Сега, како голем ерарх, небото те примило во небесните хорови, славен Григорие!

Бог ме призвал преку ноќни виденија уште од младост и јас ги достигнав границите на мудроста, очистив преку словото срце и тело, гол избегав од пламенот на Continue reading

Свети Василиј Велики: Лихварството

rostovshhik-chastnye-rostovshhiki-uslugi_1СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ЛИХВАРСТВОТО

Законот јасно забранува: „Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго“ (5. Мојс. 23, 19). Јас знам, дека таа куса реченица има голема сила во житејските работи, затоа и мислам, дека не треба да остане без толкување. Всушност, крајно нечовечно е, кога некој, имајќи потреба од најнасушното и проси заем, за да го поддржи својот живот, друг, незадоволен само од враќање на заемот, размислува, како да извлече за себеси приход и збогатување од несреќниот сиромав. Затоа Господ ни дал јасна заповед: „На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем“ (Мат. 5, 42). Среброљубецот, гледајќи, дека човекот се бори со потреба, дека проси на колена, дека си го понижува своето достоинство – не сака да се сожали над несреќникот, не мисли за единството на природата, не се трогнува од молбата, стои непопустлив и тврд, не се тревожи од солзите, продолжува да откажува помош, почнува да се колне, дека и самиот тој нема пари, дека, дури и тој бара човек да му побара заем. Таа лага тој ја потврдува со клетва и со својата нечовечност придобива порочна купувачка – клетвопрестапување. Меѓутоа, штом оној што сака заем, ќе ја спомне висината на лихвата и посочи сигурни гаранции, среброљубецот, веднаш ги собира веѓите, се потсмевнува, си приспомнува за пријателството со таткото на оној што моли, го нарекува свој познат и додава: „ќе видам, нема ли негде останато сребро – да, има во Continue reading

Пастирска грижа за затворениците

post_0252_0-1024x644ПАСТИРСКА ГРИЖА ЗА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

Меѓу луѓето, кои се одликувале со неуреден и непримерен живот, особена пастирска грижа очекуваат оние, кои заради некакви тешки злосторства, лишени се од слобода и се наоѓаат во затвор, на одлежување на затворската казна.

По затворите се наоѓаат оние, кои ги прекршиле законите, уставите, моралните кодекси… Тоа се луѓе, кои, за жал, се отрфлени од заедницата. Зад решетки се оние, кои не умеат да ја користат својата слобода, кои се опасни и штетни за своите сограѓани. Заради тоа, многумина кон нив се однесуваат рамнодушно, бездушно, сметаат дека кон нив не треба да се има сомилост, туку само остра осуда и казна. Но, овој став не е христијански, па ако никој друг, тогаш пастирот на Црквата – свештеникот, во своите односи кон затворениците не треба да се управува од еден таков став.

Христијанството им препорачува на верните во Господа да се грижат за затворениците. Господ Исус Христос, набројувајќи ги делата на милосрдноста, за кои им ветува награда во царството на небесниот Отец, на угледно место ја истакнува посетата на затворениците, а за негрижата кон оваа должност, Христос напоменува дека следува лишување од царството небесно и вечна мака. Христос толку многу сочувствува со тешката состојба на затворениците, така што, секое сочувство кон нив, секое добро, кое ќе им биде направено, се смета дека Му е направено Нему Самиот; а напротив, се гневи и го смета за невнимание и навреда кон Самиот Себе, доколку наиде на бесчувствителност и бездушност кон нив. На таков начин, Он на Своите следбеници им дава најсилен поттик за Continue reading

Руска Православна Црква

6fd7384e641138cf44dd5129fa2РУСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Историјата на Руската Православна Црква започнува во 988 година, кога Киевскиот кнез Владимир одлучил да ги покрсти Русите. Но, постојат проверени податоци дека и пред таа година во Русија имало христијани. Археолошките испитувања сведочат дека многу трговци, кои имале економски врски со Византија, и пред 988 година го имале примено христијанството и донесено во својата земја. Сепак, за тој период од историјата на Руската Црква речиси ништо не е познато, ниту за христијаните поединци, ниту, пак, за руските христијански заедници.

Во 988 година, паралелно со покрстувањето на Русите, биле формирани и првите епархии, и тоа во Киев била формирана Киевската митрополија, која била прва по чест над целата Руска Црква, потоа, во 990 година била формирана Ростовската епархија; во 992 – Новгородската. Во периодот на државните расколи на одделни кнежества, секое од нив тежнеело да има своја епархија, со цел да не зависи од другото кнежевство не само политички, туку и духовно. Сепак, заедничкиот број на епархии не бил голем и нивниот број изнесувал околу дваесетина. Нивната зависност од централната митрополија честопати била условена, па така Новгородскиот архиепископ, кој важел за една од најважните фигури во периодот на болјарската република, фактички се избирал независно од Киев.

Руската Православна Црква била зависна од Цариградската Патријаршија и нејзините митрополити биле назначувани од престолнината на Империјата. Честопати тоа биле Грци, кои не биле многу заинтересирани за развојот и напредокот на Руската Црква. Разделувањето во Црквата започнало со освојувањето на дел од руската територија од страна на Литовското кнежевство, а потоа од Литовско-Полското кралство. Полскиот крал и Литовскиот кнез биле заинтересирани за Continue reading

Свети Јован Златоуст: Стравот е големо добро

98421СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: СТРАВОТ Е ГОЛЕМО ДОБРО

Ако стравот не беше ретко добро – татковците не би назначувале воспитувачи за своите деца, ниту, пак, законодавците би поставувале началници по градовите. Има ли нешто поужасно од геената? Меѓутоа, нема ништо пополезно од стравот, кој ја пораѓа неа, зашто стравот од геената ни го принесува венецот за вечноста. Каде што има страв – таму нема завист; каде има страв – нема мака од среброљубие; каде има страв – таму гневот е изгасен, лошата алчност смирена, секоја безумна страст искоренета. Во домот на постојано вооружениот војник, не смее да се појави крадец, разбојник и злодеец – така и во душата, која има страв, не може лесно да влезе секоја страст: силата на стравот го изгонува секое искушение. Не е само тоа полза од стравот – има и друга поголема: тој, не само што ги прогонува лошите страсти, туку лесно нè воведува во секоја добродетел. Каде што има страв – таму има расположение кон добротворство, усрдие кон молитва, плач за покајание, желба за понизност, надеж за спасение! Ништо така не го уништува гревот и ја засилува добродетелта, како стравот пред Бога: затоа, кој не живее во страв, тешко може да биде добродетелен, како што пак и оној кој живее во страв, речиси не може да згреши. Стравот не е ништо друго, освен камен и тврдина против злото – ние сме оградени од Continue reading

Свети Кирил Александриски: Стара и нова заблуда

98359СВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ: СТАРА И НОВА ЗАБЛУДА

„Кога одеше, виде еден слеп човек од неговото раѓање. Учениците Негови Го прашаа и рекоа: ,Рави, кој згрешил? – тој или родителите негови, та се родил слеп? Исус им одговори: ,Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него“ (Јован 9, 1-3). Многу премудрите ученици, љубопитни кон добри работи, не без божествен однос, благополезно се заинтересирале да ја дознаат причината на таа човечка трагедија – со тоа, породиле полза не толку за себеси, колку за нас. Всушност, не мала полза придобиваме и ние, кога слушаме тука од Оној Кој сè знае, вистинско мнение, преку кое можеме да се отстраниме од подлоста на пусти учења, кои постоеле не само кај Јудеите, но, веќе и во некои кои прекумерно се погордеале со познавање на Боговдахновените писма. Последните, кои формално припаѓаат кон христијаните, се осмелиле да го предлагаат за вистина она, што повеќе е дело на нивното воодушевување во сопствениот пронајдок и на своите сопствени желби – дури и не се плашеле да ја изедначат елинската заблуда со догмите на Црквата. Несреќните Јудеи не малку негодувале против ова, дека тие, откако ќе понесат казни за грешноста на своите прадедовци и Бог, како божем без причина да им ги наложува гревовите на нивните татковци – тие го исмевале тоа како неправеден суд и дури се изразувале некако под форма на поговорка. Татковците јадеа кисело грозје, а на децата забите им фаќаа оскомина?“ (Језек. 18, 2).

Оние христијани, кои страдаат од блиско и сродно на Јудеите незнаење, тврдат дека, душите на луѓето се создадени и постојат пред создавањето на Continue reading

Куси податоци за парохиски свештеници

10394793_363513720509367_2766094879971634258_nКУСИ БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ПАРОХИСКИ СВЕШТЕНИЦИ ПРИ ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“

Отец Глигориј Антов е роден во 1858 година, а за свештеник е ракоположен во 1902 година. Тој има потекло од старо свештеничко семејство, кое со генерации наназад давало достојни служители на Божјиот олтар. Во еден премногу тежок период е ракоположен за свештеник, а на парохиска должност во црквата „Свето Благовештение“ останал до 1930 година, кога по потреба на служба е преместен во црквата „Свети Кирил и Методиј“. Се упокоил на 21 март 1935 година и бил погребан на старите градски гробишта.

Отец Костадин Стеванов е роден во Прилеп во 1855 година. За свештеник е ракоположен во 1904 година. Менувал неколку парохии. Се упокоил на 75-годишна возраст, на 29 јануари 1930 година. Во тоа време живеел на улицата Крал Александар бр. 2.

Отец Јован Грдановиќ е роден во 1880 година, а за свештеник е ракополжен во 1906 година. Овдовел премногу млад, кога неговата презвитера Хариклија починала на 38-годишна возраст, во 1923 година. Во тоа време живеел на улицата Велешка бр. 33, а заради проблеми со здравјето, по негово барање, пензиониран е на 13 јануари 1933 година. По неговото пензионирање, извесен период бил Continue reading

Христијанскиот став за војната

 tserkov_vov_620ХРИСТИЈАНСКИОТ СТАВ ЗА ВОЈНАТА 

<Не убивај>

(2. Мој. 20, 13) 

Војна   вооружена борба меѓу држави или народи,или меѓу класни групи внатре во државата. 

Војната се јавува како физичка манифестација на скриената духовна немоќ на човештвото – братоубиствената завист (спореди: 1. Мој. 4: 3-12). Војните ја следат целата човечка историја по паѓањето во грев и, според евангелските зборови, ќе ја следат и понатаму: „А кога ќе чуете за боеви и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да стане“ (Марко 13: 7). За тоа сведочи и Откровението, нагласувајќи ја последната борба меѓу силите на доброто и злото на местото Армагедон (спореди: Откр. 16: 16). Земните војни се праслика на небесните, зашто се родени од гордоста и спротивставувањето на Божјата волја. Човекот, кој бил повреден преку гревот, се покажал вовлечен во стихијата на таа војна. Војната е зло. Нејзина причина, како и причина за злото во човекот воопшто, е гревовното злоупотребување на богодадената слобода, зашто „од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули“ (Матеј 15: 19).

Војната е условена од историските прилики и се јавува како практична потреба. Сè додека во меѓународните односи владее правото на посилниот, кое се користи за да се потчини или да се уништи послабата држава, сè дотогаш војната ќе биде потребна и реална. За да не дојде до употреба на правото на посилниот и да не биде доведена во прашање сопствената егзистенција, секоја држава се подготвува за војна. На таков начин, војната е неделив и конститутивен дел од државата. Ако било која држава еднострано и предвреме се откаже од војната, на тој начин се откажува и од своето постоење, а на губењето на својата самостојност нема долго да чека. Според тоа, војната претставува зло само доколку е агресивна, но може да биде и добра, доколку е одбранбена.

Ваков став може да се има за сите војни кои се воделе во минатото, но за секоја друга војна во иднина, која би се водела со најмодерни средства за уништување мора да се гледа со други очи. Светот сè повеќе се покажува како една неделива целина, па избувнувањето на војната би можело да има најшироки светски размери. Кога ќе се земат во предвид современите средства за уништување, идната војна би претставувала биолошка опасност за Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Еретиците

shop7902-1СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕТИЦИТЕ

Порокот ја подражава добродетелта, и плевелите се обидуваат да се наречат пченица – и по вид тие прилегаат на пченицата, меѓутоа, по вкус тие се изобличуваат од оние, кои умеат да ги разликуваат. И ѓаволот се преобразува во светол ангел, не за да се врати таму, каде што бил, а за да ги покрие со мракот на слепотијата оние, кои водат рамноангелски живот, и да ги воведе во заразата на безверието. Многу волци одат во овчи кожи – кожите им се овчи, но не и копитата и забите! Нешто повеќе – бидејќи облечени со кожи на кротки животни и измамувајќи ги со надворешност незлобивите души, тие испуштаат од своите заби гнилежен отров на нечестието. Од таа причина, нужни ни се божествена благодат, трезвен ум и будни очи, та јадејќи плевели за пченица, да не претрпиме некаква штета; и примајќи го волкот за овца, да не му постанеме плен; и сметајќи го погубниот ѓавол за благотворен ангел, да не бидеме проголтани од него, зашто Писмото вели: „Ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта“ (1. Петр. 5, 8). Имено, затоа Црквата напомнува, затоа се чита Светото Писмо, затоа се приложуваат проповеди.

За благочестив живот потребни се две работи: благочестиви догми и добри дела – и догмите без добри дела не Му се благоугодни на Бога; и делата, извршувани без благочестиви догми, не се примаат од Бога. Каква е ползата добро да ги знаеш догмите, и во исто време срамно да блудствуваш?! Исто така – каква е ползата да бидеш целосно целомудрен и во исто време нечестиво да хулиш?! Од таа причина, голема придобивка е да ги изучиш догмите, но за целта е потребна трезвена душа, зашто многу се оние, кои Continue reading