“The Reborn of Byzantium” – Петровденска радост

“The Reborn of Byzantium” – Петровденска радост

[https://www.youtube.com/watch?v=tGQMTHqCQkw]

Музика и видео: Глигор Кондовски
Текст: Виолета Иваноска
Пее: Андреј Р. Иваноски
Вокална група: Озген Сулејманоски, Михаела Пееска, Елеонора Џоџоска
Тапан: Дарко Трајкоски
Благодарност до “FUN PRODUCTION”

Акатист кон Преслаткиот Исус

АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ИСУС

12026232

Акатистот е пофална химна што се пее или чита „стоејќи“, од каде што и потекнува името „Акатист“ – неседален, бидејќи во време на неговото читање или пеење не е допуштено да се седи (освен во случај на болест или немоќ).

Денес богатата ризница на Православието содржи голем број Акатисти посветени на: Пресвета Троица, Господ наш Исус Христос, Честниот Крст, најважните Евангелски случки, Пресвета Богородица и Нејзините чудотворни икони, Ангелските небесни Сили и многу Светии Божји.

Одредени Акатисти се читаат во одредени денови во неделата кои се назначени според името на Акатистот во содржината. Останатите Акатисти би требало да се прочитаат барем на денот на прославувањето на Црковниот празник и Светиите за кои се врзани, или спрема нашата потреба, желба и љубов која ја чувствуваме кон Бога и Неговите Светии.

Добри Христов – „Литургија“ (извадок)

Добри Христов – „Литургија“ (извадок)

Од ЦД изданието Laudate nomine Domini во изведба на Orthodox Ensemble под диригентство на Вивијан Клочков.

0018784e

Giuseppe Sarti – „Сега силите небесни…“

Giuseppe Sarti – „Сега силите небесни…“

Од ЦД изданието The Powers Of Heaven: Orthodox Music of the 17th & 18th Centuries во изведба на Estonian Philharmonic Chamber Choir под диригентство на Paul Hillier

0023620e

Fairuz – Wa Habibi – A Good Friday Hymn

Fairuz – Wa Habibi – A Good Friday Hymn

Фаируз е родена во Бејрут на 21 ноември 1935 година. Таа е најпозната либанска интерпретаторка на класична музика. Својата кариера ја започнала како членка на хорот на либанското државно радио. Нејзините први песни се одликуваат со носталгични текстови, љубов, деликатна мешавина на класичната арапска музика и популарната музика на Запад. Во почетокот на 1960 година, Фаируз веќе била ѕвезда на годишниот Baalbeck Festival и била популарна не само во Либан, туку и во целиот арапски свет.

Во текот на Либаската граѓанска војна (1975-1990), Фаируз останала во Либан, иако имала можност да емигрира во Франција. Нејзиниот неутрален став за војната создал од неа либанска хероина, па затоа била почитувана од сите, без разлика на религиската или етничката припадност.