За чудата

90006ЗА ЧУДАТА

Не би требало, туку така да се помине преку копнежот кој се среќава во современото христијанско општество – копнежот да се видат, и дури да се прават чуда. Тој треба внимателно да се разгледа. Светите Отци го оспоруваат копнежот да се прават чуда: бидејќи тој ја покажува самоизмамата која живее во душата и владее со неа, заснована на гордост и суета.

…Оние кои сакаат да прават чуда, тоа го сакаат според телесната распаленост, по наговор на страстите кои ги разбираат, иако можеби им се чини дека се раководат од ревноста за делото Божјо. Во таква состојба на самоизмама и возбудување се наоѓаат и оние кои сакаат да видат чуда.

Страшна несреќа е отсуството на вистинско богопознание во човекот: тој делата на ѓаволот ги прима како дела Божји.

Спроти второто Христово доаѓање, кога христијанството, духовното знаење и расудување до крајност ќе пресушат меѓу луѓето, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните (Матеј 24: 24). Особено антихристот обилно ќе прави чуда за да ги поразува и задоволува со нив, телесното мудрување и неукоста. Тој ќе им даде чуда од небесата, кои ги бараат и исчекуваат. Неговото доаѓање – вели свети апостол Павле – ќе се случи по дејство на сатаната, со сила, знаци и лажни чуда. Незнаењето и телесното мудрување, кога ќе ги видат тие чуда, никако нема да запрат за да поразмислат: веднаш ќе ги прифатат заради сродноста на својот дух со нивниот – во својата заслепеност, дејството на сатаната ќе го признаат и исповедаат како најголема појава на силата Божја. Антихристот ќе биде примен многу бргу и непромислено. Луѓето нема да сфатат дека неговите чуда немаат никаква добра разумна цел и никакво одредено значење, дека се туѓи на вистината и преисполнети со лаги, дека претставуваат чудовишна, сезлобна и бесмислена глума, која се обидува да ги восхити, да ги доведе во недоумица и самозаборав, да измами, да привлече со привид на раскошното, но Continue reading

За чувањето на умот

89956ЗА ЧУВАЊЕТО НА УМОТ

Кој не обрнува внимание на чувањето на својот ум, не може да биде чист во срцето и нема да се удостои да Го види Бог. Кој не внимава, тој не може да биде сиромашен по дух, не може да плаче, ниту да биде кроток и смирен, ниту гладен и жеден за правда, ниту милостив и миротворец, ниту прогонет заради правда. Воопшто, ќе кажам: невозможно е да се стекне било која добродетел, на било кој друг начин, освен со внимание. Затоа, треба да се погрижиш за него, повеќе отколку за било што друго, за на дело да го стекнеш она за што ти зборувам.

Човекоугодувањето

89839ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕТО

Правилната љубов кон ближниот се состои во исполнување на евангелските заповеди во однос на него, а никако во исполнување на барањата на ближниот, ниту во дејствување според нагоните на паднатото срце, според сфаќањата на лажно наречениот разум. Исполнувањето на евангелските заповеди во однос на луѓето, ним, обично им е неприфатливо и не им годи: тие бараат да се исполнува нивната волја, да им се удоволува на нивните страсти. Тие тоа го нарекуваат љубов и таа љубов, исполнета со лицемерие, лукавство и измама, синовите на светот им ја принесуваат на оние, кои им се потребни за нивното земно, телесно напредување. Таа неправилна љубов, тоа изопачување на љубовта, таа омраза, прикриена со маската на љубов, Светото Писмо ја нарекува човекоугодување. Со човекоугодувањето се уништува не само љубовта кон Бог, туку, дури и сеќавањето на Бог. „Ако би сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга“ (Гал. 1: 10).

Синовите на светот, болни од самољубие и потчинети на таа страст, љубовта кон ближниот ја изразуваат на тој начин, што без размислување ја исполнуваат секоја негова желба. Учениците на Евангелието љубовта кон ближниот ја изразуваат преку исполнување на сесветите заповеди на својот Господ во однос на ближниот. Удоволувањето на човечките желби и барања, тие го сметаат за душепогубно човекоугодување и се плашат од него, колку што се плашат и бегаат од самољубието. Самољубието е изопачена љубов кон себеси; човекоугодувањето е Continue reading

Човечкиот род

89458ЧОВЕЧКИОТ РОД

Земјата е долина на прогонство, долина на непрекинат неред и метеж, долина на привремено страдалничко престојување на битијата, кои го загубиле своето првобитно достоинство и живеалиште, битија кои го загубиле здравиот разум. На безброј начини луѓето страдаат во таа мрачна и длабока долина! Страдаат и под товарот на сиромаштијата и во изобилноста на богатството; страдаат и во бедните колиби и во велелепните царски дворци; страдаат од надворешни несреќи и од тоа страшно растројство со кое е погодена природата на секој човек во него, со кое му се погодени и душата и телото, со кое е изопачен и заслепен неговиот ум.

Човечкиот род е – род на паднати битија. Земјата е предворје на адот со почетни казни за престапниците. Спасителот ја направил предворје на Рајот.

За човечкото назначување

78234ЗА ЧОВЕЧКОТО НАЗНАЧУВАЊЕ

Што е тоа човек? На ова прашање апостолот на луѓето им одговара: „Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ‘Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ’“ (2. Кор. 6: 16). Светото Писмо, воопшто, секој човек го нарекува – дом, семејство, сад. Оној човек, кој не сака да биде дом Божји, сад на Божествената благодат, станува сад на гревот и на сатаната… Човекот не може да не биде она, за што е создаден: тој не може да не биде дом, да не биде живеалиште, да не биде сад. Не му е дадено да престојува сам со себе, надвор од општењето: за него тоа е неприродно. Тој може да биде сам со себе, единствено со посредство на Божествената благодат, во нејзино присуство, со нејзино дејствување: без неа, тој станува туѓ на себеси; заради доброволното отстранување на благодатта од себе, заради негрижата на целта на Создателот, тој и не сакајќи им се потчинува на власта на паднатите духови.

Човекот станува сад и живеалиште Божјо, со посредство на христијанството; тоа обитувалиште се средува и украсува со дејство на Светиот Дух: „Врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиште Божјо преку Духот“ (Ефес. 2: 22). Човекот тежнее да ѝ удоволи на Божествената цел! Копнее да го постигне достоинството што му го понудил Бог! Тоа достоинство, за време на создавањето на човекот било дар Божји; загубено со падот, тоа по искупувањето пак станува дар Божји. „Затоа ги преклонувам колената свои – им пишува апостол Павле на Ефесјаните – пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос… да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши“ (Ефес. 3: 14, 16-17). Достоинството го подарил и озаконил Бог – отфрлањето на достоинството зад себе повлекува вечна погибел. „Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас – им рекол Спасителот на Своите ученици – христијаните. – Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Јас сум лозата, а вие прачките; и којшто е во Мене, и Јас во него, оти без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши, и во оган ќе ги фрлат, и ќе,  изгорат“ (Јован 15: 4-6). „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое, и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14: 23). Сите Божји избраници станале храмови на божеството, како што за себе зборува свети апостол Павле: Христос живее во мене (Гал. 2: 20). За луѓето, кои не Continue reading

За човечкото достоинство

88982ЗА ЧОВЕЧКОТО ДОСТОИНСТВО

Човеку! Сфати го своето достоинство.

Види ги шумите и нивите, широките реки, безграничните мориња, високите гори, раскошните дрвја, сите ѕверови и стоката по земјата, рибите и другите суштества кои лутаат по морските длабочини – види ги ѕвездите, месечината, сонцето, небото: сето тоа е наменето да ти служи тебе.

Освен видливиот свет за нас, постои уште и невидлив свет за телесните очи, кој, неспоредливо го надминува видливиот. И невидливиот свет е – за човекот.

Каква почит укажал Господ (на оној, кого го создал), според Својот образ! Колку високо назначување однапред му одредил! Видливиот свет е само – подготвено предворје на велелепното и пространо живеалиште. Таму, како во предворје, образот Божји треба да се украси со завршни линии и бои за да добие најпотполна сличност со својот најсвет и најсовршен Изворник, за во убавината и раскошот на таа сличност да влезе во одајата во која, на несфатлив начин е присутен Изворникот, како да ја ограничил Својата неограниченост, за да им се покаже на своите љубени, разумни созданија.

Не е човекот на земјата за игра! Ниту заради забава… Не е неважно тоа што Бог го создал човекот според Свој образ и подобие! Не е неважно тоа што Синот Божји го искупил паднатиот човек со Својата Крв! Треба да се цени таа Божја дарежливост! Треба да се цени сесветата Богочовечка Крв! Не ја ценат доволно оние, кои на својата вера ѝ посветуваат само површно внимание, на поминување, додека душата во потполност ја посветуваат на суетните, минливи и пропадливи забави. Не! Бидејќи, дури и оние, кои целиот живот му го посветиле на Бог – ништо не сториле и не примиле ништо соодветно во споредба со Божјите добродетели! Еден, само еден е достоен да Continue reading

За читањето на Светото Писмо

Svyatoe-Evangelie-1000ЗА ЧИТАЊЕТО НА СВЕТОТО ПИСМО

Знај: Божественото Писмо, кога неправилно се сфаќа и толкува, може да ја погуби душата. Тоа го рекол свети апостол Петар за Посланијата на свети апостол Павле, проширувајќи ја таа констатација и на другите книги од Светото Писмо (2. Пет. 3: 16), што посебно треба да се однесува на Стариот Завет, кој е полн со праслики и сенки. Треба внимателно да се однесуваме со мечот со две острици – со Светото Писмо. Светите Отци на монасите почетници им советуваат повеќе да се занимаваат со читање на дејствените отечки книги, во кои детално се објаснети монашките подвизи и е покажан патот на правилно разбирање на Светото Писмо, отколку со читање на самото Свето Писмо. И ти следи го тој свет и спасоносен совет на Отците.

Кон Светото Писмо однесувај се побожно, како што му доликува на вистинскиот син на вистинската Црква; имај ја потребната доверба и почит кон отечките дела. Истиот оној Дух Божји, Кој делувал кај пророците и апостолите, делувал и кај светите учители и пастири на Црквата; сведок на тој догмат е светиот апостол: „И едни од вас Бог постави – вели тој – во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители“ (1. Кор. 12: 28).

Во согласност со зборовите на апостолот, зборовите на Светото Писмо и упатсвото на Црквата, прво место во вашата благочестива литература треба да заземаат делата на апостолите. Меѓу делата на апостолите, прво место зазема Евангелието. За правилно да го сфатите Новиот Завет, читајте ги светите учители на Црквата, читајте го и Continue reading

За читањето на делата од Светите Отци

10589ЗА ЧИТАЊЕТО НА ДЕЛАТА ОД СВЕТИТЕ ОТЦИ

Христијанинот кој живее во светот не треба да ги чита светите отци, кои пишувале за монаси. Каква е користа од читање за добродетелите кои не можат да се исполнат на дело? Не може да има никаква корист, туку само штета, која се состои во тоа, што кај човекот ќе се разбуди фантазирањето за духовна состојба, која нему никако не му доликува. Ова фантазирање понекогаш лажно ќе ја насладува вообразбата со умислени добродетели, а понекогаш на душата ќе наведува униние и очај, кога ќе видиме дека тие добродетели не можеме да ги исполниме, и секогаш ќе нè одвлекуваат од добрите дела, кои, всушност ни доликуваат, па на тој начин нашиот живот ќе го направат пуст и бесплоден. Христијанинот, кој животот го поминува и го завршува во светот, треба да ги чита Светите Отци кои пишувале за сите христијани воопшто.

Ако книгата дава совети за безмолвие и покажува изобилство на духовни плодови, кои се собираат во длабока пустина, кај почетникот задолжително ќе се појави најсилна желба да се оддалечи во осаменост во пустина. Ако книгата зборува за безусловното послушание под раководство на духовниот отец, тогаш кај почетникот задолжително ќе се појави желба за најстрог живот во целосна покорност на духовникот. Бог на нашето време не го дал ниту едниот, ниту другиот начин на живот. Но, книгите на Светите Отци кои се напишани за тоа, на почетникот можат да влијаат толку силно, што тој, по своето неискуство и незнаење, лесно ќе се одлучи да го остави местото каде што живее и каде што ги има сите услови да се спаси и духовно да напредува преку исполнување на евангелските заповеди, заради неостварливиот сон за совршен живот, кој живописно и заводливо се изобразил во неговата фантазија.

Беседите и друштвото од ближните силно дејствуваат на човекот. Беседите и познанството со учен човек донесува многу знаење, со поет многу возвишени мисли и чувства, со патник – многу сведоштва за другите земји и обичаите на нивните народи. Очигледно е дека беседите и познанствата со светите донесува светост. „Со светиите ти постапуваш свето, со невин човек – си благ, со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство“ (Псал. 17: 25-26).

Од сега, во текот на кусиот земен живот, кој Светото Писмо дури не го ни нарекло живот, туку странствување, бара познанство со светите. Сакаш ли на небото да му припаѓаш на нивното друштво, сакаш ли да учествуваш во Continue reading

За читањето на духовните книги

SONY DSCЗА ЧИТАЊЕТО НА ДУХОВНИТЕ КНИГИ

Духовните книги треба да се читаат по малку, за умот да не се презасити. Со умот се случува исто што и со желудникот, кој, кога ќе се презасити се одвраќа и од најдобрата храна.

Како пример за тоа, колку расипаното духовно око штетно делува на нашето спасение, ќе го наведеме следново, што од искуство го видовме: некои се начитале романи, според нив го дотерале умот и срцето; подоцна, поразени од било каков незгоден пресврт во животот, или по сопствен внатрешен разбуден наговор, или дури на поттик од милоста Божја, тие луѓе посакале да живеат благочестив живот. Тогаш се покажала целата погубност на расположението што ја стекнале со претходното читање. Навикнатоста на насладување со сладострастие, постојано ги одвлекувала од покајните чувства и ги водела во наслада на сладострастие, толку омразена пред Бога, која душата на човекот ја прави непристапна за Светиот Дух, а лесно пристапно живеалиште за сатаната. Особено јасно тоа се забележува кај женскиот пол. Оние жени кои читале многу романи, а потоа се посветиле на побожен живот, или дури на подвижништво, обично сакаат нивниот нов живот, исто така, да биде роман; тие сакаат, според расположението на својата душа да бидат – љубовници! Сакаат, бидејќи нивната волја, повредена од неправилната употреба, насилно ги влече кон усвоеното сладострастие, додека умот, ослабен, помрачен, развратен, поробен со мисли стекнати преку читање, нема ниту сила, ниту способност да раководи со волјата и да ја воздржува од неправилен стремеж. Оние, кои се наситиле од читање на романи, многу се наклонети на самоизмама и на Continue reading

За послушноста кон Црквата

89218ЗА ПОСЛУШНОСТА КОН ЦРКВАТА

Да го оградиме со смиреност умот, не дозволувајќи му непромислено да стреми кон стекнување на знаења, колку и да ја привлекуваат нашата љубопитност нивните новини и значајни имиња. Да се пазиме од испитувањата на лажните учења, прикриени со име и со маска на христијанско учење. Да ги смириме во послушност кон Црквата, отфрлајќи ја секоја помисла, која станува против разумот Христов, против разумот на Црквата. За умот, отпрвин е тежок тесниот пат на послушност кон Црквата; но тој пат води на широчина и во слобода на духовниот разум, пред кој исчезнува секоја горделива нескладност, која телесниот и душевен разум ја наоѓаат во точно покорување на Црквата. Да не му дозволиме за духовните работи да чита нешто друго, освен она што го има во книгите кои ги напишале писателите на вистинската Црква, за кои самата Црква посведочила дека се органи на Светиот Дух. Оној што ги чита светите писатели, незабележливо се присоединува со Светиот Дух, Кој претстојува и зборува во нив; а кој ги чита еретичките автори, макар тие во своите еретички зборници да се прогласени и за светители, се присоединува кон лукавиот дух на прелест: заради непослушност кон Црквата, во што се гледа гордоста, тој паѓа во замките на овој свет.