Помислите на тага

86146ПОМИСЛИТЕ НА ТАГА

Од жива вера во Бога се раѓа целосна покорност на Бог, а од покорноста на Бог, мир на помислите и спокој во срцето.

Вам ви е потребно да ја привиете на своето срце верата во Бога и покорноста на Бог; кога ќе ги вкусите, заедно со нив сте вкусиле духовна утеха во неволјата и спокојство. Борбата со помислите кои донесуваат тага, колку и да се тие помисли комплицирани и замрсени, треба да биде многу едноставна, како што е едноставна и целата христијанска вера, пристапна на секој човек според својата едноставност, а според својата сила во состојба секој човек да го задоволи. Против помислите и чувството на тага борете се со кратките зборови: „Господи! Нека биде волјата Твоја! Благословен и свет Бог во сите Свои дела!“ Овие зборови произнесувајте ги во умот, а кога сте сами, тивко на глас; произнесувајте ги без брзање, со големо внимание и побожност; повторувајте ги тие кратки зборови сè додека помислите и чувството на тага не стивнат. Кога повторно ќе се подигнат, пак употребете го истото оружје против нив. Од искуство ќе ја дознаете силата на тоа оружје, кое според својот надворешен изглед, на прв поглед е толку безначајно. А од состојба на борба, невозможно е да се влезе поинаку во состојба на спокојство, освен преку победа. Многу е опасно да се потчините на помислите на тага. Кога таа ќе се засили во човекот и кога ќе завладее со него, може да го убие и телото и душата.

Блудните помисли

images01БЛУДНИТЕ ПОМИСЛИ

Преподобен Макариј Велики, дознавајќи дека некој монах Теопемпт се предава на блудните помисли кои ги носи ѓаволот, му го дал следниот совет: „Пости до вечерта, така да почувствуваш глад; учи го напамет Евангелието и другите книги на Светото Писмо, за секогаш да престојуваш во богомислие. Ако ти дојде злобна помисла, не прифаќај ја, никогаш не дозволувајќи му на својот ум да биде одвлечен долу, туку секогаш насочувај го горе, и Бог ќе ти помогне“.

Особено треба да се избегнуваат расправите и споровите со блудните помисли. Во такви спорови подвижникот најчесто се впушта кога погрешно мисли дека блудните помисли и фантазии во неговата душа се појавиле сами од себе и дека можат да бидат скротени со силата на благоразумно советување на себеси – не сфаќајќи по своето неискуство дека му дошол демонот, кој со задоволство стапува во разговор и спор со него, бидејќи со сигурност знае дека сладострасните помисли и фантазии ќе наидат на симпатии во душата на почетникот, и дека ќе го поттикнат и распалат сладострастието кое живее во неа; тој нè мами и нè наведува на разговор, час, божем отстапувајќи и оддалечувајќи се, час одново напаѓајќи, силно надевајќи се дека ќе однесе конечна победа над нас. Свети Јован Лествичник рекол: „Не помислувај дека блудниот демон ќе го поразиш со спорење и спротивставување: бидејќи тој има добри изговори, бидејќи се бори против нас врз основа на природата… Кој ќе посака да стапи во борба со Continue reading

Исповедање на помислите

16534.dИСПОВЕДАЊЕ НА ПОМИСЛИТЕ

Овде искусното знаење е крајно неопходно. Преподобен Касијан Римјанин вели: „Корисно е да им се откриваат своите помисли на отците, но не на било кој, туку на духовните старци, кои имаат расудување, старци не според телесната возраст и белата коса. Многумина, привлечени од надворешниот вид на старост, ги соопштиле своите помисли, па наместо лек, добиле штета од неискуството на оние кои ги слушале“.

Гревовните помисли и чувства се појавуваат од нашата падната природа. Но, кога гревовните помисли и чувства ќе почнат да доаѓаат постојано и интензивно, тоа е знак дека ги донесува нашиот непријател, паднатиот ангел, или пак тој ја принудува нашата падната природа толку да ги породува. Таквите помисли и чувства треба да се исповедаат на духовникот, често и сè додека ни досадуваат, дури и ако духовникот е простосрдечен, без светска слава. Ќе те спаси твојата вера во Светата Тајна Исповед; Божјата благодат која е својствена на Светата Тајна Исповед ќе те исцели.

Со постојан и силен напад над нас, паднатиот дух се труди во нас да посее семе на гревот, да нè научи на било кој облик на грев, преку често потсетување на него, да поттикне посебна наклонетост кон него и да го претвори во Continue reading

Седумте сина на Скева

5109-gradonacalnikot-risteski-go-cestita-praznikot-preobrazenie-gospodovo-960x600-4СЕДУМТЕ СИНА НА СКЕВА

Кога свети апостол Павле го проповедал Евангелието во Ефес, тој го благовестел Царството Божјо и во локалната синагога. Јудејците се спротивставувале и „го попречувале патот Господов“, заради што апостолот ги напуштил и продолжил да проповеда на друго место.

За две години сите го слушнале Словото, но исто така, виделе и големи чуда, кои Бог ги извршил „преку рацете Павлови“.

Тогаш Јудејците, кои го отфрлиле учењето, сепак, им завидувале на делата. Писмото објаснува дека тоа биле некои од „заколнувачи-скитници“, или поконкретно, тоа биле седумте сина на некој си јудејски првосвештеник, по име Скева. Тие се соблазниле од славата, која ја носеле чудата, па одлучиле со празни и алчни срца да ги имитираат апостолите. Почнале да го прават истото она, кое го правеле и апостолите, па го повикувале Христовото име над обземените од зли духови, говорејќи: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!… А лошиот дух одговори и рече: Исуса Го познавам и Павле го знам, но кои сте вие?“ (Дела 19: 1-17). И така, тие тешко пострадаа од духот, а бесомачниот си останал неизлекуван.

Во овие наши модерни, но лукави дни, би било корисно почесто да се потсетуваме на овој настан. Тој ни ја открива реалноста, која директно се однесува на духовната ситуација, во која и денес сме поставени.

И денес многу луѓе го отфрлаат словото на благовестието, го злословуваат патот Господов. Светот ја бара вистината онаму, каде што му е угодно, па бидејќи не ја наоѓа, ја заменува со полувистини. На истиот начин постапиле и Continue reading

Свети Пипин Ланденски

СВЕТИ ПИПИНСПОМЕН НА СВЕТИОТ ПИПИН ЛАНДЕНСКИ, ФРАНЕЧКИОТ МАЈОРДОМ НА АВСТРАЗИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 21 ФЕВРУАРИ

(580 – 640; француски: Pepin de Landen) 

Свети Пипин[1] во историјата уште е познат и како Пипин Постариот или Пипин I. За време на владеењето на кралот на Меровингите, Дагоберт I, тој бил франечки мајордом на Австразија, а подоцна бил мајордом и на кралот Зигеберт III.

Според „Фредераговата хроника“, главниот извор за Пипиновата биографија, неговиот татко се викал Карломан. Неговата титула „Ланденски“, најверојатно упатува на градот Ланден, кој денес се наоѓа во фламанскиот дел на Белгија, а најверојатно тоа е и местото на неговото раѓање. Со свршувачката на неговата ќерка Бега за Ансегисел, синот на Арнулф, епископот на Мец, дошло до обединување на двата моќни клана на Пипинидите и Арнулфинзите, од кои подоцна ќе се изроди династијата на Каролинзите.

Заедно со неколку благородници од Австразија и Бургундија, во 613 година Пипин се свртил против старата регенткиња Брунхилда, која владеела во името на нејзиниот правнук Зигеберт II. Освен Пипин и Арнулф, во оваа група на незадоволници, кои пребегале кај кралот Хлотар II, биле и Варнахар II и Радон.

Современиците отсекогаш го фалеле Пипин поради неговата вонредна мудрост и давање совети за добро управување со државничките работи. Иако некои непријатели се обидувале да го свртат кралот против него, Пипин успеал да се одржи на позиција до 629 година. Тогаш, од засега непознати причини, тој се повлекол од позицијата мајордом, па заминал да живее на својот семеен имот.

Дури по смртта на Дагоберт, во 639 година, Пипин повторно ја презел должноста на мајордом на Австразија, во името на Зигеберт III. Негова главна задача била да ја надгледува поделбата на кралската ризница меѓу Зигеберт и Continue reading

Исповедање на помислите

183779.bИСПОВЕДАЊЕ НА ПОМИСЛИТЕ

Овде искусното знаење е крајно неопходно. Преподобен Касијан Римјанин вели: „Корисно е да им се откриваат своите помисли на отците, но не на било кој, туку на духовните старци, кои имаат расудување, старци не според телесната возраст и белата коса. Многумина, привлечени од надворешниот вид на старост, ги соопштиле своите помисли, па наместо лек, добиле штета од неискуството на оние кои ги слушале“.

Гревовните помисли и чувства се појавуваат од нашата падната природа. Но, кога гревовните помисли и чувства ќе почнат да доаѓаат постојано и интензивно, тоа е знак дека ги донесува нашиот непријател, паднатиот ангел, или пак тој ја принудува нашата падната природа толку да ги породува. Таквите помисли и чувства треба да се исповедаат на духовникот, често и сè додека ни досадуваат, дури и ако духовникот е простосрдечен, без светска слава. Ќе те спаси твојата вера во Светата Тајна Исповед; Божјата благодат која е својствена на Светата Тајна Исповед ќе те исцели.

Со постојан и силен напад над нас, паднатиот дух се труди во нас да посее семе на гревот, да нè научи на било кој облик на грев, преку често потсетување на него, да поттикне посебна наклонетост кон него и да го претвори во Continue reading

Помислите

86048ПОМИСЛИТЕ

Врз оној што се моли дејствуваат четири вида помисли и чувства: едните никнуваат од благодатта која во секој православен христијанин е засадена со светото Крштавање, други ги донесува Ангелот чувар, некои се појавуваат од паднатата природа, и конечно, некои ги донесуваат паднатите духови. Првите два вида на помисли, или поправилно, спомените и чувствата, ја потпомагаат молитвата, ја оживуваат, го засилуваат вниманието и чувството на покајание, произведуваат умиление, плач на срцето, солзи, го разоткриваат пред очите на оној што се моли целиот обем на неговата грешност и сета длабочина на човековиот пад, ја најавуваат смртта која никој не може да ја избегне и чиј час е непознат, нелицемерниот и Страшен суд Божји, и вечните маки чија суровост луѓето не можат ниту да ја насетат. Во помислите и чувствата на паднатата природа доброто е измешано со злото, додека во демонските помисли и чувства злото често се крие зад доброто, а понекогаш дејствува и отворено. Последните два вида на помисли и чувства дејствуваат заедно, со врската и општењето на паднатите духови со паднатата човечка природа, а како прв плод на нивното дејствување се јавува гордоста и расеаноста на молитва. Демоните кои донесуваат привидно духовни и возвишени познавања, со нивна помош одвлекуваат од молитвата, предизвикуваат суетна радост, наслада, самозадоволство, како од откривање на најтаинствено христијанско учење. Веднаш по демонското богословие и философија, во душата продираат суетните и страсни фантазии, ја разграбуваат и ја Continue reading

Поклоните

86036ПОКЛОНИТЕ

Поклоните се делат на земни и на појасни; вообичаено се прават во текот на вечерното правило, пред почивката. Најдобро е да се прават поклони пред читањето на вечерните молитви, т.е. да се започнува правилото со поклони. Од поклоните телото малку се уморува и се загрева, а срцето доаѓа во состојба на понизност; со таква состојба подвижникот поусрдно, потопло и повнимателно ќе се моли. Кога молитвите ќе бидат читани по поклоните, во нив ќе се почувствува сосема поинаков вкус. Поклоните треба да се прават без итање; Тој телесен подвиг треба да биде проникнат со духовен плач на срцето и молитвен крик на умот. Кога ќе посакаш да започнеш со коленоприклонување, телото намести го во најпобожна положба, која слугата и созданието Божјо мора да ја има во присуство на својот Господ Бог. Потоа собери ги мислите за да не лутаат на сите страни, и без брзање, да слушаш само ти, заклучувајќи го умот во зборовите, од смиреното и покајно срце произнеси ја молитвата: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме грешниот“. Изговарајќи ја молитвата поклони се лесно до земја, со побожност и со страв Божји, без распаленост, со чувство на грешник кој се кае и моли за прошка, како пред нозете на Исуса Христа. Немој да го замислуваш ликот или да имаш претстава на Господа, туку биди убеден во Неговото присуство; биди убеден дека Он те гледа тебе, твојот ум и срце, и дека Неговиот дар е во негови раце; првото е недозволено фантазирање, кое води во погибелно самозалажување, а убеденоста во присуството на секадеприсутниот Бог е убеденост во сесветата вистина. Поклонувајќи се до земја, пак доведи го телото во состојба на побожност и спокојство, и пак, без брзање произнеси ја гореспомнатата молитва; изговарајќи ја пак поклони се на опишаниот начин. Не гледај на бројот на поклони, туку целото внимание обрати го на квалитетот на молитвата што ја Continue reading

Случки од чудните сонови

85995СЛУЧКИ ОД ЧУДНИТЕ СОНОВИ

Чудни сонови ги нарекуваме оние сонови, што на некој начин ја предвидуваат или ја претскажуваат иднината, а во поширока смисла тоа се сите оние несекојдневни сонови што се вистински или имаат смисла и значење, за разлика од обичните сонови, што не се ништо друго, туку игра на нашите замисли. Се случува понекојпат во сон да се добие решение на научни, филозофски и други задачи, што не биле решени во будна состојба, да се прикажат одамна заборавени случки или луѓе, да се добијат податоци за оние кои исчезнале. Уште поизразити се, макар што се ретки, соновите со непосредно или симболично претскажување на иднината, како што е опасноста што му се заканува на човекот или на неговите познаници, болест, смрт, како и (многу ретко) особено потресни сонови со живи и подетални прикази за далечната иднина и целосна судбина на еден човек.

Чудниот сон на о. Јован Кронштадтски

На четиринаесетти декември 1895 година се наполниле 40 години од служењето на отец Јован во свештенички чин. Тој ден, по доцната Литургија, високопочитуваниот славеник во својата беседа пред народот во Кронштадтско- андреевскиот собор, покрај останатото, го раскажал својот чуден сон, што го сонувал 15 години пред тоа, дека во 1855 година ќе биде поставен во Кронштадт. „Големо беше моето чудење, рекол отец Јован, кога ја видов пресјајната внатрешност од храмот, кој во тоа време веќе бил обновен, зашто таа внатрешност ми била позната од сонот уште од младите години. Да, петнаесет години порано сум сонувал прекрасен сон, во кој ми била прикажана заправо таа внатрешност од храмот со овој нов иконостас. Тој сон се врежал во мојата душа засекојпат и оставил во Continue reading

Покајанието

85975ПОКАЈАНИЕТО

„Зошто да умирате, доме Израилев?“ (Језек. 18: 31). Христијани, зошто умирате со вечна смрт заради вашите гревови? Зошто адот се полни со вас, како во Црквата Христова да не е востановено семоќното покајание? Тој бесконечно благ дар му е даден на домот Израилев – на христијаните; и во било кој миг од животот, какви и да се гревовите, тој дејствува со иста сила: го чисти секој грев, спасува секого кој прибегнува кон Бог, макар и да е во последните мигови пред смртта.

„Зошто да умирате, доме Израилев?“ Христијаните неповратно гинат со вечна смрт, бидејќи цело време од својот земен живот се занимаваат само со нарушување на заветите дадени на крштавањето, само со служење на гревот; тие гинат бидејќи не го удостојуваат ниту со најмало внимание Словото Божјо, кое им објавува за покајанието. Дури ниту во последните мигови пред смртта тие не умеат да ја искористат семоќната сила на покајанието! Не умеат да ја искористат бидејќи не знаат ништо за христијанството, или имаат недоволна и погрешна претстава, која е подобро да се нарече целосно незнаење, отколку некакво знаење.

Сите светии на Православната Црква во текот на целиот живот неотстапно се држеле до покајанието, дури и тогаш кога Божјата благодат очигледно дејствувала на нив. Денес кога се занимаваат со религија, повеќе бараат или ладни формални знаења, или лажни наслади. И едното и другото му припаѓа на овој свет, а не на Христа.

Да потонеме до крај и некористољубиво во трудот на покајанието, предавајќи се и врачувајќи се себеси во потполност на волјата и на благоста Божја. „Нема неправда кај Бог, – учи преподобниот Макариј Велики, – Бог нема да го остави неисполнето она што го рекол, кога ние ќе го исполниме она на што сме обврзани“.

„Покајанието, – вели преподобниот Марко, – како што сметам јас, не е ограничено со време, ниту со било какви дела: тоа се извршува со исполнување на Христовите заповеди, сразмерно на тоа исполнување“.

За некој точно и сигурно да престојува на патот на покајнието, благиот Господ неискажливо ја намножува утехата, намножувајќи го умилението и чувството на човековата ништожност. Своите избрани и најверни слуги од сега ги Continue reading