Свети Григориј Богослов: Животни вистини

104202СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: ЖИВОТНИ ВИСТИНИ

Од ударите на железото се запалуваат и камењата, а телесниот камшик го образува срцето. Најлошо е да даваш клетва, и да сакаш клетва – и во двата случаи ја навредуваш правдата. Собирај богатство за вечниот век – сегашниот век мизерува дури и пред својот крај. Не се приврзувај кон среќа што се руши од времето – тоа, што времето го гради, времето и го разрушува. Непристојно е за жената да пројавува машки карактер – за жена со благ карактер, најголема пристојност е срамежливоста. Задоволството е краткотрајно – само што настапило и одлетало: како фрлен камен. Најголемо богатство за болниот е здравјето – тоа премудро го бара и природата. Зборовите на неразумниот маж се како пенлив морски бран – се удира од брегот, но не ги напојува растенијата на брегот. Поткупот ги принудува и мудреците, гледајќи да не ги видат – златото е таква мамка за луѓето, како што е мамката за птиците. Болките предвремено раѓаат старост – тоа што начинот на животот го одзема, времето не може да го востанови. Богатството е најревносен додворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгодно е да направиш зло. Ниту една придобивка не е подобра од пријател – меѓутоа, никогаш не придобивај за пријател лош човек. Загрижениот ум е молец, кој ги разјадува коските: телото цвета, кога се избегнуваат грижите. Ниедно преситување не може да Continue reading

Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

SVETI ERKONVALDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЕРКОНВАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЛОНДОН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 30 АПРИЛ

(630-693; Erkenwald of London)

Свети Ерконвалд[1] по потекло бил од царското источноанглиско семејство Офи.

Скромните житијни податоци сведочат дека тој основал редица на познати манастири во Англија, меѓу кои е и манастирот во Чертси,[2] во денешната грофовија Суреј, каде што тој, откако се откажувајќи се од игуменските должности, се подвизувал до 675 година. Таа година, по смртта на епископот Вини, Ерконвалд бил ракоположен за епископ кај источните Саксонци, со епископско седиште во градот Лондон. Ракополагањето го извршил свети Теодор од Тарс, архиепископот на Кентербери, со дозвола на кралот Себи.

Свети Ерконвалд надалеку се прочул со светоста на својот живот. Во 686 година тој учествувал во помирувањето на архиепископот Теодор од Кентербери со епископот Вилфрид од Јорк. Во преамбулите на своите закони, кралот Ини го нарекувал светителот „мојот епископ“. Во времето на неговото епископско управување, бројот на цркви се преумножил, со зголемил приходот на епархијата, а Британската Црква се стекнала со многу кралски привилегии.

Според една древна епитафија, свети Ерконвалд со Лондонската епархија раководел 11 години, по што се оддалечил и осамостоил во манастирот во Continue reading

Свети Василиј Велики: Небесните светила

104105СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: НЕБЕСНИТЕ СВЕТИЛА

Сите го знаеме предназначувањето на небесните светила – на нив, Бог им овозможил во нивното движење да го разликуваат денот од ноќта и да ги определуваат времињата и годините. Упатствата на небесните светила се неопходни за човечкиот живот. И ако некој не бара претерано многу нешто во нивните знаци, тогаш при продолжено набљудување ќе открие полезни обележја. Многу нешто може да се дознае за изобилие од дожд, за сушата, за движењето на ветровите – локални или сестрани, силни или слаби. Една од одликите на сонцето, ни ја посочил Самиот Господ, велејќи: „Денес ќе има невреме, зашто небото е матно“ (Мат. 16, 3). Кога сонцето ќе се скрие зад магла, тогаш зраците му се помрачуваат и тоа постанува огнено – крваво, бидејќи густината на воздухот произведува во нашите очи таква претстава. Згуснатата и застојаната атмосфера не може да биде расеана од зраците, ниту пак совладана, поради презаситеност од земна пареа, која, следствено на силната влага, предизвикува бурно време во она место, каде што се случува тоа. По истиот начин и месечината, кога ќе се покаже овлажнета, или пак, сонцето е опкружено од т. н. венци, тоа служи за признак или на претстоен обилен дожд, или пак на силен ветар. Кога пак, заедно со сонцето се движат, т. н. странични сонца – тоа се знаци за некакви воздушни промени. Така исто, облачните столбови, кои вертикално висат на небото – покажуваат дожд, силна бура или, воопшто, голем пресврт во атмосферата.

Компетентните луѓе забележале многу признаци и во месечината при нејзината измена низ месечевиот месец – а имено: заедно со нејзините видоизмени во Continue reading

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

1000СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат година со година, генерација со генерација, век со век, го врзуваат времето и го соединуваат со вечноста. И не само тоа, туку и на сите верни им се дава можност, во славењето на Бога и Неговите светии, да доживеат нешто од нивната светост и вечност. А, чувството на светост и вечност, за секој христијанин е доживување од извонредна важност, зашто во тоа чувство човекот на најреален начин Го доживува Бога и самиот себе.

Човечката душа е сродна на вечното и идеалното; таа содржи во себе елемент на вечното и прави човекот да има чувство и свест за неминливото во минливото. Човекот е таинствено и мистериозно битие, зашто во себе носи две реалности и соединува два сосема различни светови – телесниот и духовниот, времениот и вечниот. Бог го создал човекот за да го издигне во подрачјето на Својот божествен живот и да би можел да учествува во историското остварување на Божјата промисла. Преку актот на создавањето, човекот стапува во живот и во него останува, сè додека се раководи од својата духовна и боголика природа. Неговата духовна средина, изворот на неговата снага и достоинство, се заснова на неговата животна врска со Бога, својот Творец. Во тој однос се реализираат сите негови вродени тежнеења. Тоа е неговиот повик и, истовремено, неговиот одговор. Човекот е создаден и повикан да живее заедно со својот Творец. А за еден таков живот, над сè, потребна е светост: „Оти Бог не нè призва кон нечистота, туку кон светост“ (1. Сол. 4: 7). Тоа за човекот е Божји дар, кој треба слободно да го Continue reading

Свети Чед, епископот на Личфилд

SVETI CHEDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЧЕД, ЕПИСКОПОТ НА ЛИЧФИЛД, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 2 МАРТ

(634-672; Chad of Lichfield)

Свети Чед,[1] заедно со својот брат Кед, своето образование го стекнале во манастирот во Линдисфарн, кај неговиот основач – свети Ајдан, а потоа учел кај свети Егберт, во манастирот Ратмелсиги (Rathmelsigi).

Кед го повикал Чед во Англија, за да му помогне во основањето на манастир во Ластинго (Laestingaeu), денешен Ластингем, во Северен Јоркшир. По смртта на Кед, во 664 година, Чед бил избран за втор игумен во Ластинго, а нешто подоцна, по молба на Освиј, кралот на Нортумбрија, бил ракоположен и за епископ на Нортумбрија, со седиште во Јорк.

Во црковната историја е забележан и еден спор околу назначувањето на Чед за епископ во Јорк. Имено, истовремено во Јорк своја епископска имал и свети Вилфрид, но ова прашање било разрешено во 669 година, кога Кентерберискиот архиепископ Теодор одлучил Вилфрид да остане во Јорк, а Чед се вратил во Ластинго.

По смртта на епископот во Мерсија, свети Теодор го помолил кралот Освиј да го назначи Чед за епископ на овдовената епархија. За свое епископско седиште, Чед го избрал Личфилд, каде што набргу по пристигнувањето, основал црква и манастир.

Во првите години од епископствувањето, Чед го основал манастирот во Линдси (Lindsey), на земјата, која ја добил како подарок од кралот Вулфхер Мерсиски (Wulfhere). Набргу потоа го основал и манастирот во Continue reading

Протоереј-ставрофор Борис Талески

11018583_363497510510988_9220060986052349074_nПРОТОЕРЕЈ-СТАВРОФОР БОРИС ТАЛЕСКИ

Живата енциклопедија на историјата на Прилеп, толкувачот на првите ракописни средновековни книги, неуморниот истражувач на првите печатени книги во градот, антикварот, во чија библиотека можеа да се најдат сите часописи излезени пред и по војната – протоерејот-ставрофор Борис Талески е роден во 1916 година во патријархално семејство. Воспитан во страв Божји и во чување на прадедовските вредности, уште од мал пројавил љубов кон родната Црква и желба за посветување на Божјиот олтар.

По завршувањето на основното образование, во 1932 година се запишува во Битолската богословија и истата со одличен успех ја завршува во 1938 година. Во тоа време професори во оваа еминентна установа биле прекрасните познавачи на богословската наука: Војислав Батиќ, кој бил и ректор на Богословијата, потоа епископот Симеон, Василије Костиќ, еромонахот Инокентиј и др.

По завршувањето на школувањето, веднаш заминал на отслужување на воениот рок во Бања Лука, каде што и се запознал со неговата животна и верна сопатничка Босилка Антониќ, со која подоцна ќе стапи во брак. Во 1939 година, веднаш по стапувањето во брак и по отслужувањето на воениот рок, се враќа во Прилеп и бил ракоположен во ѓаконски и свештенички чин и најпрво бил поставен на Брезовската парохија во Демирхисарската општина. Бидејќи бил со кревко здравје,  уште првата зима тешко се поболил, зашто во парохијата имал премногу пат, кој морал пешки да го изоди. Неговиот дом се наоѓал во селото Брезово, а парохиската канцеларија во Continue reading

Полска Православна Црква

Herb_Warszawskiej_Metropolii_PrawosławnejПОЛСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

КРАТКА ИСТОРИЈА

На територијата која денес влегува во составот на современа Полска, христијанството се појавило од разни страни: од Големото Моравско кнежевство, од Германските земји и од Киевска Русија. Најверојатно е дека полските земји дошле во допир со христијанството под влијание на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј. Со ширењето на Моравското кнежевство Силесија, Краков и Мала Полска влегле во состав на Велиградската епархија.

Во 966 година кнезот Мешко I (Мечеслав) го примил христијанството, по што следувало покрстување на народите. Според преданието, кнезот најпрво го примил христијанството од источниот грчко-словенски обред, но по неговото женење со саксонската принцеза, во Полска се засилило латинското влијание. Археолошките испитувања сведочат за тоа дека и пред покрстувањето на кнезот Мешко I, на територијата на Полска постоеле храмови кои биле градени во византиски стил.

Православието во Полска е донесено преку Русија. Токму и првите епархии на полската територија биле формирани во периодот кога таа влегувала во составот на Руската империја. Варшавската епархија била формирана во 1840 година, а во 1860 година таа била обединета со Волинската.

По провозгласувањето на независност, полската власт имала потреба од независност и во црковното прашање. Во тој момент во Полска живееле некаде околу 3,5 – 5 милиони православни верници. На територијата на државата веќе постоеле Холмската, Варшавската, Виленската, Гродненската и делови од Волинската и Минската епархија. Идејата за автокефалност на Православната Црква во Полска ја поддржувал и Continue reading

Свети Јован Златоуст: Славољубието

103928СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: СЛАВОЉУБИЕТО

Нема страст, што не е штетна за човечката душа. Како што бурните ветрови го напаѓаат тивкото море, го разматуваат до дно, така и различните страсти, откако ќе се втурнат во душата, разматуваат сè во неа и ја парализираат нејзината мисловна способност: тоа особено се однесува за страста славољубие. Да презреш богатство и блага – не е нешто тешко: меѓутоа, да ја презреш честа од луѓето и славата на земјата – потребни се многу усилби, голема мудрост, високо благочестие, ангелска душа! Зашто нема, навистина нема друга страст толку силна и насекаде полна со власт, макар и во различни степени, како страста за овоземска слава. На кој начин можеме да го победиме тоа зло – ако не наполно, барем делумно? Можеме само ако ги обратиме очите кон небото, ако Го имаме Бога во срцето свое, ако ги поставиме своите мисли повисоко од сето земно. Кога ќе посакаш каква било слава – претстави си, дека си ја добил; размисли за маките и последиците од неа – ти нема да откриеш ништо мудро во тоа; помисли си колку зла причинува и од какви блага лишува; на каков труд и опасности се подметнуваш, а какви се плодовите и наградата од сето ова?! Суета и погибел. Спомни си, дека мнозина од луѓето на земјата се лоши, и откажи се од нивната слава; размисли за секој од нив, каков е и ќе видиш, дека славата му е достојна за смеа; ќе дознаеш, дека таа повеќе е срам, отколку чест; и тогаш исправи го погледот кон небото и вознеси го своето срце над Continue reading

Свети Кед, епископот на Ластингем

SVETI KEDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КЕД, ЕПИСКОПОТ НА ЛАСТИНГЕМ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 ЈАНУАРИ

(620-664; Cedd of Lastingham)

Свети Кед[1] е роден во англиско семејство, кое живеело во Нортумбрија. Во служењето на Господа се посветиле и неговите родени браќа Чед (Caedda), Сајнибил (Cynibill) и Келин (Caelin), кои биле свештеници. Заедно со Чед, тој бил испратен да се школува во Линдисфарн, во времето на свети Ајдан.

Во 653 година, заедно со уште други четворица свештеници, бил испратен при Освиј, кралот на Нортумбрија, за да ги просветува жителите на Средна Англија, по барање на нивниот старешина Педа. По завршувањето на таа мисија, бил отповикан и испратен на нова благородна проповед – да му помага на кралот Зигеберт во Есекс, за да ги христијанизира источните Саксонци.

Во Есекс бил ракополжен за епископ и тука основал многу цркви и манастири, од кои попознати се Тилбури (Tilbury) и Итанчестер (Ithancester). По враќањето во родната Нортумбрија, го основал и манастирот Ластингем (Lastingham) во Јоркшир. Тука постанал и негов прв игумен, не оставајќи ги епископските задолженија.

На Соборот во Витби, исто како и свети Кутберт Линдисфарнски, иако Келт по воспитување, ја прифатил римската пасхалија. Набргу, по одржувањето на Соборот, тој се вратил во манастирот во Ластингем, каде блажено се упокоил во 664 година.

Православната Црква неговиот спомен го празнува на 7 јануари според Јулијанскиот календар.

[1] Кед = всхитувачки.