Дали Бог може да се оправда?

ДАЛИ БОГ МОЖЕ ДА СЕ ОПРАВДА?

Ајде да направиме две спротивни слики!

Прва слика: сугестивен разговор меѓу Иван Карамазов и неговиот брат Аљоша, за проблемот со злото и болката во светот. „Слушај ме (Аљоша)… Сакам да видам со свои очи, како срната лежи покрај лавот и како закланиот станува да се прегрне со неговиот убиец. Сакам да бидам овде, кога сите одеднаш ќе знаат зошто сето тоа така се случило. Сите религии на земјата се засноваат на оваа желба… Но, сепак има деца. Што ќе правам со нив тогаш?… ? Слушајте, ако треба сите да страдаат за преку страдање да добијат вечна хармонија, зошто тогаш тоа ги допира децата, кажи ми, те молам? Сосема е неразбирливо зошто и тие треба да страдаат… Солидарноста во гревот меѓу луѓето ми е разбирлива… Но, не може да биде таа солидарност и во гревот со децата. Па, ако навистина е оправдано дека и децата се солидарни со татковците за сите нивни злодела, тогаш, се разбира, таа праведност не е од овој свет и не можам да ја разберам“.

Втора слика: Бог кој страда. Во Евангелието според Лука (13: 35-43) пред нашите очи е  Христос, Кој страда на Крстот. Тоа нѐ става во ситуација како да сме на Голгота. Христос, Кој е на умирање е опкружен со толпа. Таму се присутни пет категории на луѓе. Сите Му се потсмеваат, сите. Духовните и световните водачи – свештеничките и народните водачи Го прекоруваат дека глумел лажен пророк и чудотворец: „Ги спаси другите, нека се спаси Самиот, ако е Христос Божји, Избраниот!“ Народот ги следи своите водачи во ова: сите Го нагрдуваат Исуса, пцујат, Му викаат. Има и војници. Тие едноставно Го предизвикуваат: „Ако си цар на Евреите, спаси се!“. Му се потсмевал и Пилат пишувајќи тријазичен натпис: „Овој е кралот на Јудејците“. Конечно, така се потсмевал и Гестас, разбојникот од левета страна: „Зарем не си Христос? Спаси се Себе Си и нас!“

Што бара Исус на Крстот и сите тие лакрдии под Крстот? Од спорт? Да ја забавува публиката? Или можеби сето тоа „згодно“ се вклопува во „хармонијата на универзумот“, како што би се изразил Иван Карамазов? Фактот на болка и страдање, од една страна. Фактот на Христовата смрт на крстот, од друга страна. Не го наѕираме ли тука, пред Страдалниот Бог, одговорот на

Continue reading

Богојавление и Богослужение

БОГОЈАВЛЕНИЕ И БОГОСЛУЖЕНИЕ

Најлесно и најприродно човекот се согласува да му служи на оној, кого ќе го возљуби. Детето му служи на својот татко или од љубов, или заради некаква очекувана награда, или, пак, од страв. Истото се случува и во животот кај возрасниот човек. Но, прапричината на секое човечко служење кон некому или нешто, наоѓаме во служењето на човекот кон Бога, поточно, во служењето на Бог на човекот.

На вечната мистерија и прашањето на философите: Зошто Едното постанало Мноштво, зошто Бог „морал“ да „еманира“ (Плотин), па од ништо да создава нешто, само еден одговор нас може да нè задоволи: Ова Бог го направил од љубов!

За секоја љубов, па и Божјата, потребни се двајца. Тоа се Бог и човекот. Бог, од преголема љубов и добрина, создавајќи ги Светот и човекот, како и целата вселена, направил еден вид на жртва („Жртвопринесување“ – Андреј Тарковски); во секој случај, Он послужил на Себе и на човекот. Оттука и современиот француски философ Симон Вајл пишува: „Имајќи го предвид Бог, Создавањето не е чин на ширење, туку на повлекување, одрекување. Бог и сите созданија се помалку, отколку што е Самиот Бог. Бог го прифатил тоа намалување. Он испразнил дел од своето битисување (постоење, суштествување). Затоа и свети Јован говори дека Јагнето (Агнецот) било заклано веќе од

Continue reading

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

1000СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ

Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат година со година, генерација со генерација, век со век, го врзуваат времето и го соединуваат со вечноста. И не само тоа, туку и на сите верни им се дава можност, во славењето на Бога и Неговите светии, да доживеат нешто од нивната светост и вечност. А, чувството на светост и вечност, за секој христијанин е доживување од извонредна важност, зашто во тоа чувство човекот на најреален начин Го доживува Бога и самиот себе.

Човечката душа е сродна на вечното и идеалното; таа содржи во себе елемент на вечното и прави човекот да има чувство и свест за неминливото во минливото. Човекот е таинствено и мистериозно битие, зашто во себе носи две реалности и соединува два сосема различни светови – телесниот и духовниот, времениот и вечниот. Бог го создал човекот за да го издигне во подрачјето на Својот божествен живот и да би можел да учествува во историското остварување на Божјата промисла. Преку актот на создавањето, човекот стапува во живот и во него останува, сè додека се раководи од својата духовна и боголика природа. Неговата духовна средина, изворот на неговата снага и достоинство, се заснова на неговата животна врска со Бога, својот Творец. Во тој однос се реализираат сите негови вродени тежнеења. Тоа е неговиот повик и, истовремено, неговиот одговор. Човекот е создаден и повикан да живее заедно со својот Творец. А за еден таков живот, над сè, потребна е светост: „Оти Бог не нè призва кон нечистота, туку кон светост“ (1. Сол. 4: 7). Тоа за човекот е Божји дар, кој треба слободно да го Continue reading

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

102133СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздадениот Адам. Блажениот живот е плод на Светиот Дух и се состои во љубов, радост, мир, долготрпение, благост, милосрдност, вера, кротост, воздржливост (спореди: Гал. 5, 22-23). Тие добрини ни се даваат од Христос Спасителот во Светиот Дух. Само исправниот човек, вистинитиот, кроткиот, добриот, сочувствителниот, сострадателниот, милостивиот, милосрдниот, долготрпеливиот, незлобивиот и човекољубивиот е достоен за Бога. Ние се раѓаме за да ги стекнеме таквите својства на душата и да влеземе во соединување со Бога, да постанеме учесници на Неговата светост и да достигнеме полнота на благодатната состојба или обожување. Ние треба да се подвизуваме поради очистување, и тоа преку покајание и смирение, за да ги соединиме сите наши чувства со единиот и Преблаг Бог. Тогаш, сè божественео го спознаваме одеднаш и го разбираме со гледање, слушање, созерцание и отгкровение.

Ниту еден човек, ни праведен, ни грешен, сам по себе не можи да се спаси. Бог говори: „Кој е за помилување, ќе го помилувам, а кој за утешение – ќе го утешам“ (2. Мој. 33, 19). Свети пророк Давид, исповедајќи го ова, се обраќа кон Бога: „Господи Боже, Спасителу мој!“ (Псал. 88, 11).

Спасението се состои во постанувањето на учесници на Божјата светост, а давањето на светоста се состои во Божјата волја. За неа се удостоени оние, кои немаат никаква искривеност во помислите и кои ги управуваат своите срца кон Бога. Имено, милоста Божја се состои во Continue reading

Свети Григориј Богослов

icon_shigri_ioann_bogoslov2СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ

ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Големо светило на верата и благочестието, на православието и поборништвото е свети Григориј Богослов. Тој е роден во паланката Арианз, близу до градот Назианз, околу 330 г. Тој е рожба на прочуен и благочестив дом – потомок на богат и влијателен род. Татко му се викал исто Григориј – отпрвин бил многубожец, виден администратор, а подоцна постанал и епископ на градот Назианз. Мајка му се викала Нона – класична христијанка и прекрасна мајка; ќерка на благочестивиот Филтат и сестра на прочуениот ретор Амфилохиј, татко на епископот Амфилохиј Икониски. Нона била учителка на својот сопруг за вера и благочестие – таа била и наставничка на своите деца Григориј, Горгонија и Кесариј во истите знаења и добродетели. Како христијанка, сопруга и мајка, таа постанала бесмртна во историјата – со своите пак деца, се прославила во христијанските поколенија.

Отпрвин, училиште за свети Григориј му била домашната стреа – тука тој научил читање и пишување и ги правел првите стапки во реториката под раководство на својот татко и својот вујко. Во тоа огниште, тој ги научил и првите лекции во верата, и се поучил во првите добродетели на благочестието од блажената Нона. Прочуеното потекло, материјалната состојба и културното сознание на родителите и роднините, го насочиле и движеле, успешно, свети Григориј по сите стапала и огништа на тогашната школа и култура – и тој, примерно ги оправдал тие грижи без да се посрами во нешто. Вториот степен на своето образование свети Григориј го завршил во Кесарија Кападокиска – таму тој за прв пат се запознал и сретнал со свети Василиј Велики: средба и историска, и промислителна – за нивно добро, за чест на нивните домови и за слава на православието. Силен ум и духовна жед го поттикнала момчето кон третиот степен на неговото образование – тој заминал во Кесарија Палестинска, важен културен, политички и економски центар за целата Света земја. Во тој град, свети Григориј ги слушал лекциите по красноречивост на славниот, за времето и својата земја, ретор Теспиј. Последниот применил такво влијание врз неговиот ораторски талент и поетски дар, каков што одраз дал Ливаниј врз дарбите на големите христијански проповедници свети Јован Златоуст и свети Василиј Велики. Неговата ревност за знаења и придобивки не била целосно задоволена, затоа, тој се насочил уште по на југ; отпатувал за Александрија – средиште, каде што се крстосувале, речиси, сите постигнувања на духовната и материјалната култура на тогашниот човечки род. Свети Григориј, во тоа световно огниште, слушал, проучил и испитал многу училишта, учители и системи по разни области на Continue reading

Свети Јован Златоуст: Против забавите

100946СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ПРОТИВ ЗАБАВИТЕ

Може ли, да се истрпи? Може ли, да се поднесе? Во самиот ден на нашето искупување, во денот, кога човечкиот род доби спасение, вие не се засрамивте – ги посетивте срамните забави? На Велики Петок, кога твојот Господ е распнат за светот, кога се принесува таква жртва, кога рајот се отвора, кога разбојникот се спасува, кога клетвата се уништува, кога гревот се простува, кога омразата се прекратува, кога Бог се помирува со луѓето, кога, воопшто, сè се изменува – во деновите кога следува да се пости, да се славослови, да се благодари, да се моли и плаче, тогаш ти ја оставаш црквата, ја забораваш жртвата, се делиш од браќата, го презираш постот, постануваш пленик на ѓаволот – одиш да гледаш забави?! Зар не знаеш, дека самиот ти, откако ќе им повериш пари на своите слуги, сакаш од нив сметка и за последната лепта, исто така и Бог ќе сака од нас отчет за сите дни од нашиот живот, како сме го поминале секој ден пооделно? Што ќе одговориш – со што ќе се оправдаш? Старците ги посрамија своите глави, татковците се изложија пред своите деца, момчињата паднаа во соблазна, сите потонаа во безбожие – никој нема да згреши, ако ги нарече детеубијците заводници, кои ги убиваат невините и ги развратуваат возрасните! Ќе кажеш: каква безбожност има тука? Јас, пак, натажен, ти велам, дека ти си болен и не го чувствуваш тоа – не знаеш, дека ти си болен и не бараш лекар! Ти си исполнет со прељубодејство – сееш соблазна и прашуваш: какво безбожие?!

Не ли си ги слушнал зборовите на Христа: „Дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“ (Мат. 5, 28)? Ќе ми приговориш: дека не гледаш со желба – како ќе ме убедиш во Continue reading

Свети Григориј Богослов: Совети кон Олимпијада

100529СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: СОВЕТИ КОН ОЛИМПИЈАДА

Ти го испраќам, ќерко моја, овој добар подарок: татковски совет – тој е најдобар дар. Олимпијадо, златото, примесено со скапоцени камења, не служи за украсување на жената. Царскиот образ не го поправај со срамни црвила; не ставај на своето лице друг погибелен образ. Црвените, златните, шарените и блескавите облеки остави ги на други, кои не се красат со светол живот. Ти погрижи се за целомудрието – за убавината што е достојна за восхит пред внатрешните очи. Добрите карактерни црти – тоа е најдобриот цвет за жената, која има вистинска, неизменета и достојна за прослава убавина. Пред сè, почитувај Го Бога, а потоа, својот сопруг – очите на твојот живот и раководителот на твоите желби. Него, единствениот, сакај го; единствено тој да го развеселува твоето срце; и тоа толку повеќе – колку понежна љубов има кон тебе. Под оковите на еднодушноста, негувај неразделна приврзаност. Не си дозволувај слобода, на каква може да те предизвика љубовта на мажот – внимавај на пристојност и умереност, зашто во сè е можно преситување. Откако си се родила како жена, не си присвојувај важност, својствена на мажот; не се фали со род, немој да се надменуваш со облеки, не се величај со мудрост. Твојата мудрост нека биде покорност на законите на сопружништвото, зашто јазолот на бракот прави сè општо меѓу жената и мажот. Кога мажот е раздразнет – прави отстапки; кога пак е изморен – помогни му со нежни зборови и добри совети. Колку и да си изнервирана, никогаш не го укорувај својот сопруг без мерка, зашто тој е твоето најголемо богатство. Не го суди за неуспех во неговата работа – тоа е неправедно, зашто по искушение често и добрите претпријатија не ја достигнуваат својата цел.

Не го фали пред својот маж оној, кого тој не го сака, со цел да го навредиш. Радостите и сите болки на мажот, сметај ги како свои – нека и грижите ви бидат општи, зашто преку тоа ќе расте вашиот дом. И твојот совет може да има место, но предноста припаѓа на Continue reading

Свети Василиј Велики: Постот

100498СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ

Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месец, во десеттиот ден од месецот, е почеток на постот (3. Мојс. 16, 29). Задлабочи се во историјата и барај ја древноста на неговото потекло. Постот не е ново откритие, а е скапоценост од отците. Сè, што се одликува со древност – е чесност. Почитувај ја старината на постот. Тој е современик на човештвото. Постот е озаконет во Рајот. Таква прва заповед добил Адам: „А од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади“ (1. Мој. 2, 17). Тоа: „да не јадеш“ е востановување на постот и воздржувањето. Ако Ева постеше и не беше вкусила од дрвото – сега ние не би имале потреба од тој пост: „зашто здравите немаат нужда од лекар, а болните“ (Мат. 9, 12). Ние сме повредени од гревот – да се исцелиме преку покајание: а покајанието без пост е нецелосно. Заповедано е да се покајуваме со дух, а не да се предаваме на суета – преку постот ќе се оправдаш пред Бога.

Оти не сме постеле, затоа сме истерани од Рајот – затоа, да постиме, за да се вратиме во Рајот. Не го поддражавај престапот на Ева, не го примај повторно советот на змијата, која ти предлага лакомост, за да угодиш на телото. Не се оправдувај со недостатоци и слабост на телото – не ги претставуваш тие оправдувања на мене, а на Бога! Одговори ми: да постиш не можеш – а да се прејадуваш и да го товариш твоето тело со бремето на секакви храни можеш?! Во Рајот немало ниту вино, ниту колење на животни, ниту јадење на Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Ересите

1452374331_164696-pСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ЕРЕСИТЕ

Ѓаволот ги победил преку ереси не само многубошците. Мнозина веќе и од лажноимените христијани, кои недостојно го носат пријатното име Христово, се осмелуваат нечестиво да Го разделат Бога од тварите, создадени од Него. Ги разбирам злоимените и безбожни еретици – оние кои се преправаат дека се христољупци и оние кои совршено Го мразат Христа. Кој Го хули Отца, тој е непријател и на Сина. Тие еретици се осмелуваат да тврдат дека, има два бога – едниот добар, а другиот – зол. Каква голема заслепеност! Тие ги именуваат двата бога како два извора на доброто и злото, и тврдат дека и двата се неродени…

Пронаоѓач на сите ереси е Симон маѓесникот – оној кој се обидел да ја откупи со пари непоткупливата благодат на Светиот Дух. Штета на Црквата ѝ нанеле и Керинт, Менандар, Карпократ, Евиониј и Маркион – оние усти на безбожието, кои проповедале различни добри и зли богови. Следбеник на Маркион бил злоимениот Василид, човек ужасен по карактер. Поборник на злобата бил и Валентин – провозгласникот на 30 богови. Бегај од сите еретици, особено пак од оној, кој е едноименик на лудилото – манијата, по име Манес – тој е пронајдувач на злобата, живеалиште на секаква нечистота и тиња на сите ереси! Во Египет бил некој си Скитијан, сарацен по раѓање, кој немал ништо заедничко ниту со јудејството, ниту со Continue reading

Црквата како заедница на Божјиот народ

98892ЦРКВАТА КАКО ЗАЕДНИЦА НА БОЖЈИОТ НАРОД

Старозаветниот израилски народ бил праслика на Божјиот народ – новозаветната Христова Црква. Искупителниот подвиг на Спасителот Христос го поставил почетокот на постоењето на Црквата како ново човештво, како духовно потомство на праотецот Авраам. Со Својата Крв Христос нè откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе.[1] Црквата, според самата своја природа поседува вселенски, а според тоа, и наднационален карактер. Во Црквата нема разлика меѓу Јудеец и Елин.[2] Како што Бог не е само Бог на Јудејците, туку и на сите оние, кои произлегуваат од јазичничките народи,[3] така и Црквата не ги дели луѓето ниту по националниот, ниту по класниот предзнак: во неа „нема ни Елини, ни Јудејци, ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сè и во сè е Христос“.[4]

Во современиот свет терминот „нација“ се употребува во две значења – како етничка заедница и како собрание на граѓани во една определена држава. Взаемните односи на Црквата и нацијата потребно е да се разгледуваат во контекст на двете значења.

Во Стариот Завет за означување на поимот народ се користат зборовите ‘at и goy. Во еврејската Библија, двата поими се стекнале со целосно и конкретно значење: со првиот поим се означувал израилскиот народ, богоизбраниот; а со вториот, во множина (goyim) – јазичничките народи. Во Септуагинтата (грчкиот превод на Библијата) првиот термин е преведен со зборовите laos (народ) или demos (народ како политичко образование); а вториот – со зборот etnos (нација) или во множина etni (јазичници).[5]

Спротивставеноста на богоизбраниот израилски народ и останатите народи се потенцира низ сите книги на Стариот Завет, па на било каков начин се допира до Continue reading