Свети Јован Рилски

ib1824СВЕТИ ЈОВАН РИЛСКИ

„Со Својата крв нè откупи за Бога, од секое колено, јазик, народ и племе“

(Откр. 5: 9)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

На многумина наши браќа и сестри во Христа Господа, честопати оправдано не им било јасно, зошто е важно да се знае на кој народ му припаѓал некој светител, пустиножител, самотник, калуѓер, молитвеник или било кој бегалец од овој свет, кога и самото тоа прашање за него, лично, никогаш не било важно. Тука постои некое големо недоразбирање меѓу светителот, кој бега од светот, и нас, кои се трудиме со сила да го вратиме во самата матица на светскиот живот, во вирот на нашите страсти, во неразбирливите спорови околу името и потеклото на светителот, во кавгите меѓу одредени држави и земји, кои не се ничии, освен Божји, во историјата, која често се претвора во негователка на злопамтењето.

Големиот подвижник и светилник на Православната Црква, свети Јован Рилски, според скромните житијни податоци, роден е во местото Скрина, над реката Струма. Потекнувал од скромни, но честити родители. По нивната смрт, тој ги напуштил земните наслади, се замонашил и се населил во една оддалечена планина, па тука, во една пештера, започнал да живее подвижнички живот. Но, нечестивиот не дозволил своите молитвени правила светителот да ги помине во мир, туку постојано подготвувал лукави заговори против него, било од демоните, било од разбојниците. Откако ја напуштил пештерата, се населил на планината Рила и тука се вселил во едно шупливо дрво. Се хранел само со трева и грав, кој тука почнал да расте по Божја промисла. Многу години тој не се видел со никој човек, додека повторно, по Божја промисла, не бил откриен од некои овчари, кои ги барале своите загубени овци. Гласот за големиот подвижник овчарите набргу го разнесле, па така при него почнале да доаѓаат голем број на луѓе, кои од него барале помош за своите болести и маки. Него го посетил дури и самиот бугарски цар Петар и од него барал совети. Многу ревносни христијани, жедни за вистински монашки живот, почнале да се собираат околу него, па така, набргу се покажала потреба тука да се изгради црква и манастир. Continue reading

Девственоста

2728ДЕВСТВЕНОСТА

Православната Црква смета дека девственоста му е природна на човекот, бидејќи вистинска човекова природа е онаа во којашто бил создаден. Состојбата на падот, во која денес се наоѓа целиот човечки род, претставува неприродна, потприродна и противприродна состојба. Но, бидејќи целиот човечки род е обземен од падот, состојбата на општа немоќ може да се нарече природна на нашата падната природа. Својствата на болест, кои се нормални за болна состојба, се неприродни за здрава состојба. Во тој случај – се согласуваме – ниту девственоста повеќе не ѝ е својствена на човечката природа. Од таа причина има многу малку девственици меѓу праведниците во Стариот Завет; и патријарсите и повеќето пророци морале да се потчинат на јаремот на сопружништво.

Нашиот Господ Исус Христос, Кој ја подигнал паднатата човечка природа, ја обновил и девственоста. Он, по Својата човечка природа, бил сесвет девственик; Неговата Мајка била благодатна, Пречиста Дева. Девственоста, својствена на човековата природа во нејзината првобитна, природна состојба, а несвојствена на паднатата природа возвратена е како дар на природата која ја обновил Спасителот. Дарот Божји во нашиот Господ Исус Христос, е она со што се стекнува нашето вечно спасение, нашето достоинство, нашето совршенство – сето тоа што со заедничко име се нарекува живот вечен. И новозаветната девственост е дар Божји, дар од Господа, како што Он рекол за девственоста: Continue reading

Свети Јоаким Осоговски

f_LZ_1105_PIOСВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

Житието на свети Јоаким Осоговски е зачувано во неколку ракописи, а најстариот потекнува од (XIII минеј) па од XV век кој бил пронајден во Синодолната библиотека во Софија. Но овој ракопис не бил целосен. Постои и белградски препис од XVI век кој бил повеќе пати реиздаван со српска рецензија. Инаку, Стојан Новаковиќ сметал оти житието било составено некаде во XV или XVI век, кога дошле Турците, бидејќи во текстот се споменуваат разрушувања на манастири од страна на Агарените. Но, поради тоа што во сите преписи овој сегмент со Турците не се среќава, сосем оправдан е ставот на Иванов кој смета оти овој сегмент е вметнат подоцна, а самиот текст датира пред XIV век. Во разновидните преписи на житијата и списите, свети Јоаким се ословува некаде како Осоговски (според планината Осогово), а некаде како Сарандопорски. Во однос на времето во кое живеел Осоговски има повеќе претпоставки, така според Иречек, свети Јоаким живеел во XI век, а умрел некаде кон крајот на истиот век.

Житието не посочува од каде дошол свети Јоаким во Осогово. Биографот забележал „светителот се устреми како многу светла ѕвезда од запад кон исток и пристигнал во Осоговските планини и пустини“. Continue reading

Успение на Пресвета Богородица

dormition_2_5001УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

„Твоето Успение, Богородице, го слават властите и престолите, началата и господствата, силите и херувимите, и прекрасните серафими“

(Стихира на „Господи повикав“)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес го празнуваме најглавниот празник во чест на Божјата Мајка, иако во текот на годината постојат многу празници посветени во чест на Пресветата Богомајка. Но, највеличенствен од сите тие празници е токму денешниот празник – Успението на Пресвета Богородица. Ова не произлегува само од фактот дека Православната Црква ги слави спомените од смртта на сите свои светии, меѓу кои и Богородица, туку од фактот дека денешниот ден, денот на блаженото упокојување на Божјата Мајка, во себе содржи нешто величенствено и премногу важно за спасението на нашите души. А токму за тоа се зборува и во преданието за нејзиното свето Успение.

Потребно е да се знае дека Црквата не ни оставила никакво житие кое би било посветено на Пресвета Богородица. Иако многумина свети отци со векови наназад ни го прераскажувале целиот живот на Богородица, сепак, тие тоа го правеле врз основа на разни древни документи. Историјата на Црквата е сведок дека до денес се сочувани само два вида на пишани документи, кои сведочат за Пресвета Богородица, не сметајќи го она што за неа е кажано во светото Евангелие. Првиот расказ ни сведочи за нејзиното раѓање, а денес ни е познат под името „Протоевангелието на Јаков“, а вториот расказ ни сведочи токму за нејзиното Успение. И двата раскази денес се сочувани во библиотекарските музеи во својата најоригинална форма и потекнуваат од II век. Ова е важно да се истакне и да се знае, зашто веродостојноста на тие документи до денес не е нарушена и тие претставуваат вистински извор на информации за сето она што се случило на денешен ден. Continue reading

Свети пророк Михеј

Micah_Ding6x8СВЕТИ ПРОРОК МИХЕЈ

Од племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Езекија. Ги изобличуваше пороците на својот народ и лажните пророци коишто пророкуваа „за вино и жесток пијалок“. Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажа и пропаста на Ерусалим, којашто ќе дојде зашто поглаварите негови ќе земаат мито, свештениците ќе учат за плата, а неговите пророци ќе гатаат за пари. „Затоа, заради вас, Сион ќе се преора како нива и Ерусалим ќе стане како купиште.“ Но од сите негови пророштва најважно е пророштвото за Месијата, особено за местото на Неговото раѓање. Тој го именуваше Витлеем како место на раѓање на Месијата, на Кого исходот му е од почетокот, од вечните времиња. Не се знае точно дали и овој пророк беше убиен од Евреите или умре со мирна смрт (Еремија 26, 18-19). Но се знае дека беше погребан во неговото родно село и дека моштите му ги пронајдоа заедно со моштите на Пророкот Авакум, во времето на царот Теодосиј Велики, според некое таинствено откровение што го имал Елевтерополскиот епископ Зевин.

Дволичноста

hypocrisyДВОЛИЧНОСТА

Отфрлањето на дволичноста, т.е. двоумењето меѓу љубовта кон Бог и љубовта кон гревот е неопходна, бидејќи со тоа се чува, негува и засилува добрата волја и стремежот кон Бог, што кон нас ја привлекува посебната милост Божја. „Ако постојано држиме меч во рацете – рекол Пимен Велики – Бог постојано ќе биде со нас; ако бидеме храбри, Он ќе ни ја даде Својата милост“.

Грижите

2723ГРИЖИТЕ

Колку е чуден копнежот по земен успех! По тој успех избезумено се брза. Штом ќе се најде, тој веднаш ја губи вредноста и барањето започнува со нови сили. Тој копнеж со ништо сегашно не се задоволува: тој живее само во иднината, копнее само по она што го нема. Предметите на желбата го мамат срцето на барателот со фантазија и со надеж дека ќе биде задоволено: измамен, тој целото време од земниот живот ита по тие предмети, додека не му се случи ненадејна смрт. Како и со што да се објасни тоа барање, кое е слично на нечовечен предавник кој владее со сите и ги заведува сите? Во нашите души е засаден копнеж кон бесконечните богатства. Но, ние паднавме, и срцето ослабено со падот во времето и на земјата го бара она што постои во вечноста и на небото.

Расеаниот живот, исполнет со секојдневни грижи, исто како и прејадувањето и пијанствата, прави човекот да греши (Лука 21, 34). Таквиот човек е прилепен за земјата и е зафатен само со минливото и со суетното; служењето на Бог за расеаниот човек станува споредна работа; и помислата на тоа му е сурова, мрачна и неиздржливо тешка.

Домашните работи се многу корисни; оддалечуваат од неработливоста и му ја олеснуваат на умот неговата невидлива борба. Борбата без такви работи се спротиви во силен подвиг; кој му е дозволен само на оној, кој е принуден на таков подвиг од околностите, или Бог го довел таму. Разборитоста бара да не се стапува во борба која ги надминува силите, напротив, треба да се олесни.

Со вера предај се на волјата Божја, не ја отфрлај дејствената грижа за себе, туку горделивата. Кога ќе дојдат такви грижи, многу е подобро да Му се обраќаме на Бог со молитва за себе, отколку да се надеваме во разни планови, кои секогаш се неостварливи.

Деветта Недела по Педесетница

christ_walking_on_waterДЕВЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“

 (Матеј 14: 27)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Постои еден прекрасен збор, кој нам добро ни е познат, збор, кој го допира срцето на секој од нас, кој во нас предизвикува прекрасни емоции и пријатни возбуди. Тоа е зборот мајка, поим кој нè асоцира на топлина, сигурност, радост… Но, освен телесната мајка, која нè родила по тело, ние, како православни христијани со сигурност можеме да кажеме дека освен родителката по тело, имаме уште една мајка, која нè спасува заради вечноста, нè охрабрува и вразумува, а тоа е нашата света Црква. Светата Црква умее многу повеќе да ги загрее нашите верни срца и преку молитвите, и преку богослужбите, и преку светите Тајни… Светата Црква, нашта прекрасна мајка, постојано нè учи како треба да живееме, за да бидеме достојни деца на нашиот Спасител Господ, Главата на нашата Црква, Началникот на нашата вера.

Евангелскиот настан, на кој се потсетивме денес, на оваа света Литургија, нè потсетува дека сите ние имаме слаби и грешни срца, кои имаат потреба од благодатниот извор на духовни сили. Имено, една ноќ, додека апостолите пловеле по Генисаретското езеро, го виделе Господа Исуса Христа како оди по површината водата. Бидејќи се исплашиле од оваа глетка, Он им рекол: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“. Од овие зборови тие се охрабриле, а апостолот Петар дури и изразил желба и тој да тргне по водата, па затоа Христос ѝ го повикал. Но, повикот имал и друга цел. Христос го повикал Петар да тргне да оди по водата со друга цел: да покаже колку сеуште била немоќна и слаба верата во него, онаа вера, која подоцна имала моќ и планини да преместува, која ги покорувала срцата на луѓето и која го довела до маченичка смрт за својот Господ. И веднаш, штом посомневал, се исплашил и почнал да потонува, па наоѓајќи се во една безизлезна ситуација почнал гласно да вика: „Господи, спаси ме!“. На овој повик Господ му одговорил: „Маловернику, зошто се посомнева?“. Continue reading

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

ib2260СВЕТАТА МАЧЕНИЧКА И ДЕВИЦА СУЗАНА И ДРУГИТЕ СО НЕА

Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив и нивните цели домови. Разјарен заради ова, царот нареди та џелатите ги одведоа Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј. Жената на царот, Сирена, потајна христијанка, ноќе го зеде телото на маченичката и чесно го погреба. А папата Гај ја претвори онаа куќа во којашто ја погубија Света Сузана во црква и во неа служеше служби. Наскоро по страдањето на оваа Христова невеста пострада и нејзиниот татко Гавиниј и чичко ѝ, папата Гај. Чесно пострадаа за Христа и примија венци на невенлива слава во 295 и 296 година.

Брак или живеење заедно?

Difficult choiceБРАК ИЛИ ЖИВЕЕЊЕ ЗАЕДНО?

Познатиот француски социолог и философ Жан Бодријар во една прилика ќе забележи: „Се наоѓаме во универзум во кој има сè повеќе информации, а сè помалку смисла“. Уништувањето на смислата на живеење и на општохристијанските вредности зема сè поголем замав, а голема улога во тоа имаат токму информациите кои пристигнуваат од сите страни и од секакви медиуми. Сè помалку смисла има и христијанската љубов, која по дефиниција не претставува само чувство, туку и чин на слободната волја и став со кој безусловно се предаваме и жртвуваме за среќата на другите, истовремено надминувајќи ја сопствената себичност.

Големо негативно влијание за љубовта да премине во „чувство“ одигра (и сеуште одигрува) Холивуд со својата моќна филмска машинерија. Токму тој е главниот виновник што љубовта денес се претвори во синоним на страста. И во модерното општество љубовта исклучиво припаѓа во областа на чувствата. Но ова преценување на страста е во контрадикторност со сосема поинаквиот концепт за љубовта, кој отсекогаш бил ценет во традицијата на христијанската Црква. Токму врз основа на овој концепт, бракот не претставува само остварување на љубовта, туку тој е и самата основа на љубовта. Continue reading