Свети Григориј Богослов: Душата

92222СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: ДУШАТА

Душата е Божјо дишење и, макар да е небесна, трпи мешање со телото. Таа е светлина, заклучена во пештера, меѓутоа, светлина божествена и незгаслива, зашто, не приличи да се разруши бесславно образот на великиот Бог, како што се разрушуваат животните неразумни и оние што ползат, макар, гревот и да се засилил да го направи смртен. Душата не е природата на истребувачкиот оган, зашто тоа што опожарува е лишено од својство да го одушевува изгореното. Душата не е и природата на воздухот – тој се вдишува и издишува и не знае за покој. Душата не е ниту крвотокот, кој циркулира во телото, ниту пак е хармонијата на составните делови на организмот, која ги доведува до единство, зашто не се едно и исто нешто природата на телото и природата на душата. Би имало ли разлика меѓу добродетелни и порочни луѓе, ако добрите и злите во животот се плод на случајно поврзување на природни стихии? Зашто и во бессловесните созданија нема разумна природа, макар и да носат хармонија во тело и живот? Каде е во нив расудливоста, добродетелта и бесмртноста?

Знам и друго учење, кое никако не можам да го примам: учење не од мудри луѓе, а пуста и ниска забава! Според него, душата постојано се преселува во разни тела – секое сообразно на поранешниот живот, лош или добар, како награда за добродетел или некаква казна за грев! Тоа учење де ја соблекува, де ја облекува душата, како човек својата облека. Напразно се измачува душата, како што врти тркалото на злочестивиот Иксион, и му става де ѕвер, де растение, де човек, де птица, де змија, де куче, де риба, а понекогаш и едното и Continue reading

Свети Василиј Велики: Размислувања за псалмите

0_101fd_84c32919_XLСВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ПСАЛМИТЕ

„Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука“ (2. Тим. З: 16), зашто е напишано преку Духот Свет, за да биде општа болница за сите души и за да може секој во него да најде лек за својата болест. Книгата, пак, на Псалмите, го опфаќа во себеси полезното од сите книги на Писмото – таа пророкува за иднината, спомнува за минатото, дава закони за животот, предлага правила за благочестие: со еден збор – таа е општа ризница на доброто учење, и го одбира за секој тоа што му е потребно и полезно. Тука има совршено богословие, што го претскажува доаѓањето на Христа во тело; тука се содржи: страв од казна, закана со суд, откривање на тајни, ветување на слава, надеж за воскресение! Сè, како во голема и општа ризница, е собрано во книгата на Псалмите.

* * *

Што е блаженство и вистинско добро? Суштествува вистинско добро, што во сопствена и првоначелна смисла, следува да се нарече блаженство: и тоа добро и блаженство е Бог. Затоа и Павле, наканувајќи се да спомне за Христа, вели: „Според славното на блажениот Бог Благовестие…“ (1. Тим. 1: 11). Вистинското блаженство е коренито Добро, кон Кое сè е обратено; Кое секој Го бара и сака; Тоа е неизменето естетство и господство по достоинство; Тоа е безметежен живот и бескрбна состојба; во Него нема промени и не Го засегаат пресврти; Тоа е непресушен извор, бескрајна благодат, неисцрпна ризница. Суетните светољупци и неопитните луѓе, не познавајќи ја суштината на Continue reading

Во што се состои суштината на христијанството

211570.pВО ШТО СЕ СОСТОИ СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

Христијанството во целост може да се искаже само со еден збор – Христос! Но, што означува тоа? Тоа ја означува жртвата, која Христос ја извршил заради човечкиот род. Тоа претставува перцепирање врз себе на сето човечко естество, на сите наши рани, на сите наши унакажувања, кои го постигнале Адам, а потоа и сите негови потомци, според силата на отпаѓањето од Бога. Христос за нас постанал и клетва и грев (спореди: 2. Кор. 5: 21). Во тоа е и самата суштина, со која христијанството се разликува од останатите религии.

Во другите светски религии, основачот не се јавува како нешто друго, туку едно­ставно како проповедник на ново учење, или, пак, на некое постаро и подзаборавено. Затоа, во сите религии, нивните основачи го немаат она исклучително значење, кои го има Господ Исус Христос во христијанството. Во другите религии основачот е учител, најавувач на Бога, кој укажува на патот на спасението. И ништо повеќе. Основачот е учител, сфатен како труба Божја, а своето главно учење тој го пренесува или прераскажува. Затоа основачите во другите религии секогаш се наоѓаат во втор план, во однос кон учењето кое го возвестуваат, во основаната од нив религија. Постоењето на нивните религии не зависи од нив, зашто, такаречи, тие се заменливи. Нивната религија нималку не би пострадала, доколку би ја проповедал друг учител или пророк. На пример, будизмот спокојно би можел да постои, доколку се докаже дека Буда и воопшто не постоел, а го основал некој друг основач. Тоа се однесува за сите религии, зашто функциите на основачите на тие религии се завршиле во нивните учења, кои им ги предложиле на луѓето. Нивното учење го составувало битието на Continue reading

Црквата е непогрешлива

92158ЦРКВАТА Е НЕПОГРЕШЛИВА

(ПРИЗНАНИЈА ОД ИНОСЛАВНИ ВО КОРИСТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА)

(Архимандрит Серафим Алексиев, Архимандрит Сергиј Јазаѓиев)

Кон карактеристиките на вистинската Црква (Една, Света, Соборна и Апостолска), треба да додадеме уште една нејзина карактеристична црта – нејзината непогрешливост. Православната Црква е непогрешлива во исповедањето на верата, која ѝ е доверена од Христа преку светите апостоли.

Познатиот црковен историчар од XIX век Владимир Гете, кој по лично убедување преминал од римокатолицизмот во Православието, ја заснова непогрешливоста на Христовата Црква врз „правоверното сведоштво, кое непрекинато е манифестирано од христијанската заедница во однос на учењето, кое Христос и апостолите ѝ го предале на заедницата. Автентичноста на тоа сведоштво се потврдува, како историски факт, од непрекинатите сведоштва, кои започнуваат и се поврзуваат едно со друго од првиот век, па до наши дни. Тие сведоштва до највисок степен се вистинити, така што, кога би ги негирале, би требало да се отфрли целата историја, зашто нема друг историски факт, кој толку непрекинато се продолжува, како сведоштвото на целата таа заедница; заедница која е жива во сите епохи и која непрекинато го чува применото учење… И навистина, прекрасна глетка претставува Православната Црква со својата восхитувачка постојаност во учењето! Таа видела многу спорови; таа издржала многу непријателски напади; таа била изложувана на Continue reading

Свети Анастасиј Радовишки

maxresdefaultСВЕТИ АНАСТАСИЈ РАДОВИШКИ

Свети Анастасиј Радовишки или Свети Спасо Радовишки (Радовиш, 1774 – Солун, 11 септември 1794) е македонски христијански светец – новомаченик, Македонец. На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа. По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напишал неговото житие. Македонската Црква неговиот празник го слави на 8 август според Јулијанскиот календар.

Свети Јован Златоуст: Псалмопеењето

T2IdNjnw4YwСВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ПСАЛМОПЕЕЊЕТО

За што се употребува псалмопеењето? Бог, гледајќи дека многумина од народот се немарни духовно, дека се досадуваат при читањето на Светото Писмо, дека без желба се посветуваат на тој труд, и сакајќи тој труд да го направи сакан, откако ќе го истреби чувството на здодевност, пристапил кон пророштва и мелодија, та сите, откако ќе се насладат од хармоничноста на напевот, со голема усрдност да Му вознесеме свештени песнопеења. Зашто ништо, вистински ништо друго така не ја возвишува и не ја окрилува душата, не ја одвојува од земјата, не ја избавува од игото на плотта, не ја наместува да мудрува и да презира сè житејско, како хармоничното пеење и складно составената божествена песна!

Нашата природа се насладува на убавата песна и хармоничната мелодија и има склоност кон нив, оти и доенчињата, кога се неспокојни и плачат, ги заспиваат со песни: доилките, носејќи ги на раце и движејќи се напред-назад, им пеат каква било детска песна, и со неа очичките им потонуваат во сон. Често и патникот, од горештина истоштен, потерувајќи го добитокот, го продолжува својот пат со пеење и со тоа си ја олеснува тежината на патувањето. И не само патниците, но и земјоделците, и пастирите, и лозарите: и кога ораат, и кога го пасат добитокот, и кога копаат, исто така пеат. Истото го прават и морепловците -движејќи ги веслата, тие пеат и песни. И жените в куќи – било кога предат, било кога чистат, било кога мијат – пеат пооделно или општо. Сите: и жени, и морнари, и лозари, и пастири, и земјоделци, и патници го прават ова, за да ја Continue reading

Свештениците Христо и Димитриј Икономоски

11024728_815450268524450_7259221574998029895_nСВЕШТЕНИЦИТЕ ХРИСТО И ДИМИТРИЈ ИКОНОМОСКИ

Свештениците Христо и Димитриј Икономоски потекнуваат од старото семејството Икономовци, кое во Прилеп е населено од денешен Варош пред повеќе од 250 години. Прв пишан спомен за свештениците од ова семејство наоѓаме во 1837 година. Во купопродажниот договор за дворниот плац на „бившата прилепска црква“, меѓу потписите на свештените лица, како прв стои потписот на „иконом папа Христо“. Отец Христо е роден во 1766 година. Во 1799 година бил на поклонение на светиот Гроб во Ерусалим и тогаш постанал аџија, па благодарение на него, неговите потомци пред своето лично име ќе го додаваат префиксот „аџи“. Од денот на осветувањето на црквата, 8 септември 1838 година (според стариот стил), па сè до неговата смрт во 1862 година тој служел во црквата, иако кога починал бил во длабока старост и имал 96 години. Од него потекнува и презимето на неговите наследници во Прилеп. Неговиот татко се викал Адам и исто така бил свештеник во Варош (како свештеник е спомнат уште во 1760 година). Според некои истражувања, таткото на Христо – Адам е роден во 1735 година во Варош, а починал во 1825 година на 90-годишна возраст. Христо Икономот имал три сина свештеници: аџи Димитриј, аџи Константин и поп Адам, кој бил крстен според неговиот дедо. Аџи Димитриј Икономоски е првиот свештеник кој е Continue reading

Свети Кирил Александриски: Родителите и децата

181642.bСВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ: РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

Нашиот Господ Исус Христос, за да покаже дека, почитта кон родителите е извонредно неопходна добродетел за нас, ја удостоил Својата Мајка со внимание и грижа. Кога бил прикован на дрвото и веќе висел на чесниот крст, Исус ја препорачал Света Дева на Својот близок ученик и го назначил за близок старател на нејзината старост – тогаш Он рекол. „Жено, ете ти син!“ (Јован 19: 26); откако се завртел кон ученикот, рекол: „Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19: 27). Бог, откако покажал мошне убава приврзаност кон родителите од страна на децата и откако им ја наложил законската и неопходна потчинетост – во исто време го озаконил и ова: какви треба да бидат односите на родителите кон родените од нив, ако не го одрекуваат тоа, што е угодно на Бога. Така премудриот Павле, откако им сугерирал кратко и вразумувачко на децата, дека тие се должни да се покоруваат на своите татковци – им го кажал и на татковците следното: „И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку воспитувајте ги во науката и стравот Господов“ (Ефес. 6: 4). Тоа значи: откако ќе постанете за нив наставници на најпревосходното учење, поучете ги во законски и богоугоден живот! Законот, повеќе од сè и мошне правилно, изискува од татковците да се грижат за чесноста на своите деца – тој заповеда: „Не осквернувај ја ќерката своја, со тоа што ќе ѝ дозволиш да врши блудство и да се исполни земјата со беззаконија“ (3. Мој. 19: 29). Создателот, пред сè друго, како некакво начело на свет живот, изискува од нас телесна непорочност, оти телесната чистота, туѓа на секоја слабост, срам и бесчестие, служи како увод во духовната светлина. На татковците им прилега да ги раководат своите деца во најдоброто – ако пак, бидат невнимателни педагози и лекомислени, и особено ако бидат изобличени во тоа, дека постанале за своите деца водачи и наставници во Continue reading

Свештеникот како исповедник

46968.bСВЕШТЕНИКОТ КАКО ИСПОВЕДНИК

Специфичноста на денешното време условува за оваа тема да се говори од поширок аспект, бидејќи свештеникот, како исповедник, не може повеќе да се замисли само како исповедник со епитрахил во црквата. Денешното време ја исфрла третата и четвртата генерација, кои имаат многу малку претстава за Бог, односно верата, а и ако имаат, тогаш тој однос е негативен или индиферентен. Кај многу луѓе и понатаму се чувствува „прекинот“ во односите кон Бога, зашто грубиот материјализам, кој со децении владееше на овие простори, имаше за цел да избрише сè што нè поврзуваше со Бога и со старите и испробани вредности. Таквиот човек ретко може да го доживее чувството на вистинска среќа (блаженство), односно, „царството Божјо во нас“.

Меѓутоа, предобриот Бог, Кој од љубов кон човечкиот род Го испратил и Својот Син за да нè ослободи од прародителскиот грев и смртта, сака сите луѓе да бидат среќни и сите да го искористат „откупувањето со Христовата крв“. Знаејќи дека човечката природа е ослабена од гревот и наколонета кон него, Господ Исус Христос ја востановил светата Тајна Покајание, односно, ја востановил исповедта. „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“ (Јован 20: 22-23), вака говори Господ и додава: „Сè што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сè што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото“ (Матеј 18: 18).

Покајанието, како Тајна, е свештена активност, во која свештеникот, преку силата на Светиот Дух, му ги отпушта и разрешува гревовите на христијанинот, кои тој ги направил по Крштението, а за кои се кае и ги исповеда, така што христијанинот повторно се очистува и посветува, исто како да излегол од Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Гревот

Tower of SilenceСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: ГРЕВОТ

Гревот е ужасно зло. Беззаконието е најтешката болест на душата, тоа ги потсекува нејзините сили и ја фрла во вечниот оган. Злото е производ на слободната желба. Дека грешам по сопствена волја, јасно говори пророкот: „Јас те посадив како благородна лоза – најчисто семе; а како се претвори ти во Мене во див ластар од туѓа лоза?“ (Јерем. 2: 21). Прекрасна фиданка, но лош плод, лош од желба. Лозарот не е виновен, но лозата ќе биде фрлена во оган, зашто е насадена за добро, а таа посака да принесе плод на злото. По зборовите на апостолот: „Оти ние сме Негова творба, создадени во Христа Исуса за добри дела“ (Ефес. 2: 10). Творецот, како добар, нè создал за добри дела, но создаденото по сопствена желба, скршнало во лукавство, затоа гревот е ужасно зло, но не и нанадминливо.

Гревот е ужасно зло за оној, кој го задржува во себеси, тој е излечива болест за оној, кој го прогонува од себеси преку покајание. Претстави си човек, кој држи во својата рака оган: доколку жарот е во неговата рака, несомнено, ќе го изгори; меѓутоа, ако го отфрли жарот, ќе го отстрани од себеси и тоа, што горело. Ако некој, пак, мисли дека, ако греши не се изгорува, нека се вслуша во Светото Писмо: „Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова?“ (Изрек. 6: 27). Гревот ги опожарува силите на душата. Можеби некој ќе запраша: Што е гревот? Животно ли е? Ангел ли е? Ѓавол ли е? Што дејствува во него? Човеку, тој непријател, кој се бори со Continue reading