Спомени за отец Пано Мицев

Автограмот на отец Пано Мицев

СПОМЕНИ ЗА БЕЛОВОДИЧКИОТ ПАРОХ – ОТЕЦ ПАНО МИЦЕВ

Селото Беловодица е формирано во почетокот на XVIII век, кога од месноста на средновековната Бела Водица (местото каде што Бела Река се влива во Раец, под Плетвар) населението пребегало заради појава на чума.

Во 1445 година во Бела Водица имало 12 семејства, 2 неженети и 2 вдовици. Во 1467/68 година: 18 семејства и 1 неженет; 1481/82 – 17 семејства; 1519 – 23 семејства и 3 вдовици; 1528/29 – 14 семејства, 4 неженети и 1 вдовица; 1544/45 – 17 семејства. Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година селото Бела Водица припаѓа на нахијата Ќопрулу. Во овој дефтер, како жители на Бела Водица се спомнуваат: Петко Пејо, Димитри Михо, Стојан Перо, Јове Пејо, поп Никола и Бојке Никле. Според овој попис, во Бела Водица има едно муслиманско семејство, исламизираниот Хусеин Абдулах (бенак). Годишниот приход од селото изнесувал 5.000 акчиња.

На старото селиште Бела Водица, покрај патот се наоѓала црквата во чест на „Свети Никола“, која Германците во текот на Првата светска војна ја разурнале до темел, а каменот го употребиле за насип. Оваа црква била живописана во 1591 година, благодарение на ктиторството на поп Никола и Димитрија Миховик. Во ѕидовите на оваа црква имало и мермерни плочи со релјефи на мажи и жени и со грчки натписи. Денешната црква во чест на „Свети Никола“ претставува трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна, која однадвор е расчленета со пет слепи ниши, а има и галерија на кат на западната страна. Подигната и живописана е во 1885 година. Покрај црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Најстарите пишани податоци за парохиски свештеник во селото Беловодица се однесуваат токму на поп Никола од 1591 година. Од 1870 до 1881 година, забележано е дека парохиски свештеник бил отец Тале Јосков. По неговото упокојување, од 1898 година парохиски свештеник бил беловодичанецот, отец Пано Мицев. Во состав на Беловодичката парохија од 1912 до 1925 година биле селата: Беловодица и Тројаци, а од 1925 година кон оваа парохија се приклучени и

Continue reading

Преподобен Адријан Кентербериски

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ АДРИЈАН, ИГУМЕНОТ НА КЕНТЕРБЕРИСКИОТ МАНАСТИР, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 9 ЈАНУАРИ

(?-709; Adrian of Canterbury)

Свети Адријан[1] по потекло бил од Африка. Како младо момче се прочул со својата скромност и цврста вера, па иако млад, бил поставен за игумен на манастирот Нерида, во близината на Неапол, во Италија. По смртта на Кентерберискиот архиепископ Деусдедит, кој починал во 664 година, Римскиот папа Виталијан имал намера него да го постави за наследник, но Адријан искрено сметал дека е недостоен за таква одговорна функција, па го замолил папата, наместо него, за архиепископ да биде поставен грчкиот монах Теодор. Папата попуштил во намерата, но поставил услов, со кој побарал Адријан да замине во придружба на Теодор за Англија и да му биде советник во управувањето со епархијата.

Во 668 година тие го напуштиле Рим, но Адријан бил задржан во Франција од мајордомот Ебруан, кој сомневал дека тој заминал при англиските кралеви, со тајна мисија, наложена од императорот Констант II. По две години, мајордомот сфатил дека неговите сомнежи биле напразни, па дозволил Адријан да замине за Англија.

По пристигнувањето во Англија, архиепископот Теодор го назначил за игумен на манастирот на Светите Апостоли Петар и Павле во Кентербери. Тој го придружувал Теодор во сите негови апостолски мисии низ цела Англија и му помагал со благоразумни совети, во однос на прилагодувањето на древните локални црковни обичаи со римските. Освен тоа, Адријан ја вовел традицијата на римското григоријанско пеење во англиските цркви.

Како еден од најобразованите луѓе на Запад од таа епоха, Адријан многу придонесол во развивањето на науката во Англија. Истовремено тој држел часови по грчки и латински јазик, а активно преведувал на староанглиски. Под негово водство, Кентербериската школа постанала центар за образование во цела Англија, а многу други училишта, имајќи ја за пример Кентербериската, набргу биле отворени и низ цела Англија. Во тие училишта стекнале образование многу подоцнежни светители, научници и проповедници, кои во текот на идниот век биле успешни мисионери во Франција и Германија. Еден од неговите ученици бил и свети Алдхелм.

По 39 години поминати во неуморен труд во Англија, свети Адријан блажено се упокоил во 709 година и бил погребен во Кентербери. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 9 јануари според Јулијанскиот календар.


[1] Адријан = силен, зрел, богат.

Антиминсот на Александриската патријаршија

АНТИМИНСОТ НА АЛЕКСАНДРИСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ВО ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ВО ПРИЛЕП

Во 1961 година, на таванот од административната зграда на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп, според сведоштвата на прота Борис Талески, расфрлани во таванската прашина, биле пронајдени три четвртасти платна. Откако биле лабораториски исчистени и реставрирани во Народниот музеј во Прилеп, за едното било утврдено дека е Свет Антиминс од 1727 година, од времето на Охридската Архиепископија и истиот беше опишан во „Вистина“ бр. 88. За второто платно долго време се сметало дека е Света Плаштаница, имајќи ја предвид неговата површина од 66,5 х 53,5 см. Но, откако бил дешифриран и прочитан целиот текст, било утврдено дека и тоа е Свет Антиминс, и тоа од Александриската Патријаршија. Додека, пак, третото платно е Свет Антиминс од Светогорските манастири од 1842 година.

Овие три Антиминси биле складирани на таванот од тогашниот прилепски архиерејски намесник, прота Павле Наумоски, заедно со други богословски и историски книги на српскохрватски јазик. Според кажувањата на неговиот прислужник, тоа се случило при капитулацијата на Кралството Југославија, во април 1941 година, кога прота Павле емигрирал во Грција. За време на окупацијата, книгите биле симнати од таванот од тогашниот архиерејски намесник и биле однесени во Бугарија.

Накусо, да се потсетиме за значењето на Антиминсот во Православната Црква: Меѓу повеќето црковни предмети, без кои не можи да се извршува Светата Литургија, спаѓа и антиминсот. Антиминсот (старогрчки: ἀντί –наместо и латински: mensa – масатрпеза) претставува долгманесто, четвороаголно платно, врз кое се претставени Христовите страдања и Неговото полагање во гробот и се поставува врз ЧеснатаТрпеза (Светиот Престол) во Олтарот. Антиминсот може да ја заменува Чесната Трпеза и врз него можи да се служи Света Литургија и на секое прилично место. Во антиминсиот се пришиени дел од мошти од светител или маченик и врз него стои потписот на локалниот епископ.

Според Теодор Валсамон, „антиминсот означува дека свештенодејствата во храмот се извршуваат со благослов на епископот“. Појавата на антиминсот датира некаде околу VIII век. Во древната црква, тој се користел таму, каде што немало олтарни трпези за извршување на Светата Литургија. Се користел и во време на воените походи, а го користеле и монасите за служење на Света Литургија низ пустините. Во почетокот, тој не бил изработуван од платно, туку најчесто од

Continue reading