„Исцеленија“

92876„ИСЦЕЛЕНИЈА“

Мнозина ќе ми речат во оној ден: »Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме? И тогаш Јас ќе им кажам: »Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите беззаконија!« (Матеј 7, 22-23)

Христос дојде за да нè спаси од власта на ѓаволот и ропството на гревот. „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот. А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете избавени.“ (Јован 8, 34-36)

Во Тајната на Крштението човекот ги раскинува синџирите на порокот и добива сила од Христа, да започне војна против своите зли склоности. Не постои страст, ниту порок, кој не може да биде победен со Божја помош.

Единствено е неопходно одлучно да се влезе во борба против гревот, и да се започне со водење на духовен живот, да се моли, да се кае, да се причестува и Бога да се моли за помош. Запомнете дека во текот на  Continue reading

Каков е нашиот човечки збор?

48291.bКАКОВ Е НАШИОТ ЧОВЕЧКИ ЗБОР?

Во светот премногу е тешко да се најде нешто толку убаво и значајно, како што е човечкиот збор. Човечката способност преку говорот да ги искажува своите мисли претставува скапоцен Божји дар. Благодарение на човечкиот збор сочувано е и Божјото Откровение. Со помош на напишаните зборови ние можеме да го користиме духовното богатство од многу свети луѓе, кои живееле многу векови пред нас. Нивните молитвени подвизи, совети и поуки ни стојат на располагање за да можеме да ги користиме во сопствениот живот.

Бог е Творец на сè што постои, па и на зборовите. Со Својот семоќен збор Он го создал светот, говорејќи: „Нека биде“. Светиот Дух преку пророците им говорел на луѓето. Ангелите со помош на зборовите на луѓето им ја објавувале Божјата волја. Второто Лице од Света Троица, Божјиот Син, во Евангелието се нарекува „Бог Слово“, зашто преку Словото го создал светот, им ја објавил на луѓето науката за Бог и им открил во што се состои вистинското богопочитување.

Ако некој се обиде да го објасни нашиот земен живот и човечката култура, а притоа да не употребува зборови, би се нашол пред огромни и ненадминливи тешкотии. Говорот на човекот му е потребен исто онолку, колку што му се потребни и водата и воздухот. Сè што живее и диши, сè што може да ги изрази своите чувства, треба да оддава благодарност на Бога, на својот Творец и Промислител, според зборовите на псалмопејачот Давид: „Сè што диши – нека Го фали Господа!“ (Псал. 150: 6). Иако во псалмот не е потенцирано, сепак, се подразбира дека Continue reading

За човечкото назначување

78234ЗА ЧОВЕЧКОТО НАЗНАЧУВАЊЕ

Што е тоа човек? На ова прашање апостолот на луѓето им одговара: „Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: ‘Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ’“ (2. Кор. 6: 16). Светото Писмо, воопшто, секој човек го нарекува – дом, семејство, сад. Оној човек, кој не сака да биде дом Божји, сад на Божествената благодат, станува сад на гревот и на сатаната… Човекот не може да не биде она, за што е создаден: тој не може да не биде дом, да не биде живеалиште, да не биде сад. Не му е дадено да престојува сам со себе, надвор од општењето: за него тоа е неприродно. Тој може да биде сам со себе, единствено со посредство на Божествената благодат, во нејзино присуство, со нејзино дејствување: без неа, тој станува туѓ на себеси; заради доброволното отстранување на благодатта од себе, заради негрижата на целта на Создателот, тој и не сакајќи им се потчинува на власта на паднатите духови.

Човекот станува сад и живеалиште Божјо, со посредство на христијанството; тоа обитувалиште се средува и украсува со дејство на Светиот Дух: „Врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиште Божјо преку Духот“ (Ефес. 2: 22). Човекот тежнее да ѝ удоволи на Божествената цел! Копнее да го постигне достоинството што му го понудил Бог! Тоа достоинство, за време на создавањето на човекот било дар Божји; загубено со падот, тоа по искупувањето пак станува дар Божји. „Затоа ги преклонувам колената свои – им пишува апостол Павле на Ефесјаните – пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос… да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши“ (Ефес. 3: 14, 16-17). Достоинството го подарил и озаконил Бог – отфрлањето на достоинството зад себе повлекува вечна погибел. „Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас – им рекол Спасителот на Своите ученици – христијаните. – Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Јас сум лозата, а вие прачките; и којшто е во Мене, и Јас во него, оти без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши, и во оган ќе ги фрлат, и ќе,  изгорат“ (Јован 15: 4-6). „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое, и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14: 23). Сите Божји избраници станале храмови на божеството, како што за себе зборува свети апостол Павле: Христос живее во мене (Гал. 2: 20). За луѓето, кои не Continue reading

За човечкото достоинство

88982ЗА ЧОВЕЧКОТО ДОСТОИНСТВО

Човеку! Сфати го своето достоинство.

Види ги шумите и нивите, широките реки, безграничните мориња, високите гори, раскошните дрвја, сите ѕверови и стоката по земјата, рибите и другите суштества кои лутаат по морските длабочини – види ги ѕвездите, месечината, сонцето, небото: сето тоа е наменето да ти служи тебе.

Освен видливиот свет за нас, постои уште и невидлив свет за телесните очи, кој, неспоредливо го надминува видливиот. И невидливиот свет е – за човекот.

Каква почит укажал Господ (на оној, кого го создал), според Својот образ! Колку високо назначување однапред му одредил! Видливиот свет е само – подготвено предворје на велелепното и пространо живеалиште. Таму, како во предворје, образот Божји треба да се украси со завршни линии и бои за да добие најпотполна сличност со својот најсвет и најсовршен Изворник, за во убавината и раскошот на таа сличност да влезе во одајата во која, на несфатлив начин е присутен Изворникот, како да ја ограничил Својата неограниченост, за да им се покаже на своите љубени, разумни созданија.

Не е човекот на земјата за игра! Ниту заради забава… Не е неважно тоа што Бог го создал човекот според Свој образ и подобие! Не е неважно тоа што Синот Божји го искупил паднатиот човек со Својата Крв! Треба да се цени таа Божја дарежливост! Треба да се цени сесветата Богочовечка Крв! Не ја ценат доволно оние, кои на својата вера ѝ посветуваат само површно внимание, на поминување, додека душата во потполност ја посветуваат на суетните, минливи и пропадливи забави. Не! Бидејќи, дури и оние, кои целиот живот му го посветиле на Бог – ништо не сториле и не примиле ништо соодветно во споредба со Божјите добродетели! Еден, само еден е достоен да Continue reading

За читањето на делата од Светите Отци

10589ЗА ЧИТАЊЕТО НА ДЕЛАТА ОД СВЕТИТЕ ОТЦИ

Христијанинот кој живее во светот не треба да ги чита светите отци, кои пишувале за монаси. Каква е користа од читање за добродетелите кои не можат да се исполнат на дело? Не може да има никаква корист, туку само штета, која се состои во тоа, што кај човекот ќе се разбуди фантазирањето за духовна состојба, која нему никако не му доликува. Ова фантазирање понекогаш лажно ќе ја насладува вообразбата со умислени добродетели, а понекогаш на душата ќе наведува униние и очај, кога ќе видиме дека тие добродетели не можеме да ги исполниме, и секогаш ќе нè одвлекуваат од добрите дела, кои, всушност ни доликуваат, па на тој начин нашиот живот ќе го направат пуст и бесплоден. Христијанинот, кој животот го поминува и го завршува во светот, треба да ги чита Светите Отци кои пишувале за сите христијани воопшто.

Ако книгата дава совети за безмолвие и покажува изобилство на духовни плодови, кои се собираат во длабока пустина, кај почетникот задолжително ќе се појави најсилна желба да се оддалечи во осаменост во пустина. Ако книгата зборува за безусловното послушание под раководство на духовниот отец, тогаш кај почетникот задолжително ќе се појави желба за најстрог живот во целосна покорност на духовникот. Бог на нашето време не го дал ниту едниот, ниту другиот начин на живот. Но, книгите на Светите Отци кои се напишани за тоа, на почетникот можат да влијаат толку силно, што тој, по своето неискуство и незнаење, лесно ќе се одлучи да го остави местото каде што живее и каде што ги има сите услови да се спаси и духовно да напредува преку исполнување на евангелските заповеди, заради неостварливиот сон за совршен живот, кој живописно и заводливо се изобразил во неговата фантазија.

Беседите и друштвото од ближните силно дејствуваат на човекот. Беседите и познанството со учен човек донесува многу знаење, со поет многу возвишени мисли и чувства, со патник – многу сведоштва за другите земји и обичаите на нивните народи. Очигледно е дека беседите и познанствата со светите донесува светост. „Со светиите ти постапуваш свето, со невин човек – си благ, со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство“ (Псал. 17: 25-26).

Од сега, во текот на кусиот земен живот, кој Светото Писмо дури не го ни нарекло живот, туку странствување, бара познанство со светите. Сакаш ли на небото да му припаѓаш на нивното друштво, сакаш ли да учествуваш во Continue reading

За читањето на духовните книги

SONY DSCЗА ЧИТАЊЕТО НА ДУХОВНИТЕ КНИГИ

Духовните книги треба да се читаат по малку, за умот да не се презасити. Со умот се случува исто што и со желудникот, кој, кога ќе се презасити се одвраќа и од најдобрата храна.

Како пример за тоа, колку расипаното духовно око штетно делува на нашето спасение, ќе го наведеме следново, што од искуство го видовме: некои се начитале романи, според нив го дотерале умот и срцето; подоцна, поразени од било каков незгоден пресврт во животот, или по сопствен внатрешен разбуден наговор, или дури на поттик од милоста Божја, тие луѓе посакале да живеат благочестив живот. Тогаш се покажала целата погубност на расположението што ја стекнале со претходното читање. Навикнатоста на насладување со сладострастие, постојано ги одвлекувала од покајните чувства и ги водела во наслада на сладострастие, толку омразена пред Бога, која душата на човекот ја прави непристапна за Светиот Дух, а лесно пристапно живеалиште за сатаната. Особено јасно тоа се забележува кај женскиот пол. Оние жени кои читале многу романи, а потоа се посветиле на побожен живот, или дури на подвижништво, обично сакаат нивниот нов живот, исто така, да биде роман; тие сакаат, според расположението на својата душа да бидат – љубовници! Сакаат, бидејќи нивната волја, повредена од неправилната употреба, насилно ги влече кон усвоеното сладострастие, додека умот, ослабен, помрачен, развратен, поробен со мисли стекнати преку читање, нема ниту сила, ниту способност да раководи со волјата и да ја воздржува од неправилен стремеж. Оние, кои се наситиле од читање на романи, многу се наклонети на самоизмама и на Continue reading

Духовната утеха

88676ДУХОВНАТА УТЕХА

Трпезата на духовна утеха е како храна и воедно како отров! Кој ќе ја вкуси неа, го губи живото чувство за сè она за што копнее светот. Сето она што светот го цени, нему почнува да му дејствува како пуст и грозен прав, како смрдлива мрша.

Кога човекот ќе се удостои да почувствува било што духовно, т.е. чувство од Бог, тој сфаќа дека сите негови сопствени чувства се ништожни, поврзани со самозалажување. На патот до ветената земја, треба да се помине низ пустина. Кога човекот оди по таа пустина, треба да знае дека тоа е пустина, а не ветената земја, за да не прифати некоја пустинска оаза со раскошна и богата природа како ветена земја, па заради тоа да биде лишен од вистинската ветена земја. Тие оази претставуваат утехи, кои повремено му се даваат на почетникот во подвигот на молитва. На нив никако не треба да им се обрнува посебно внимание. Прв духовен дар е благодатното внимание на молитвата, какво што не може да се има само со сопствена сила.

Чувај ја утехата и не дозволувај му на твојот ум да се препушта на фантазирања. Утехата најпрво дејствува на умот обновувајќи ги мислите; а тој, кога ќе почувствува дека оживеал, по своето неискуство лесно им се предава на фантазирањата и во нив бесплодно и неразумно ја исцрпува сладоста што му е дарувана… Кога ќе добиеш утеха, посвети се повеќе на благодарење, на молитва и на самопрекорување; утехата така ќе биде сè поголема… Овие утехи ја претставуваат таинствената манна, која во Светото Писмо е наречена небесен леб (Псал. 77: 24), кој ги храни новите Израилци – христијаните – во текот на нивното патување низ пустината, т.е. за време на нивното земно странствување. Тие утехи се скриената манна (Откр. 2: 17) од Откровението, за која Синот Божји му рекол на Јован Богослов кога му се јавил: На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од скриената мана. Таа навистина е скриена: невидлива е за луѓето, бидејќи неа ја гледа само Бог, Кој ја дава; а слугата Божји, кој ја прима, со Continue reading

Кон празникот на Господовото Сретение

SRETENIEКОН ПРАЗНИКОТ НА ГОСПОДОВОТО СРЕТЕНИЕ

Праведниот Симеон примил од Бога ветување, дека нема да ја вкуси смртта, до она време, додека на Го види Исуса Христа, Спасителот на светот, Кој се воплоти на земјата.

Чекањето на таа средба постанало цел во животот на старецот, кој ги надживеал сите свои современици. Доживувајќи поодминати години, тој останал единствен претставник на своето време, среде новото поколение. Неговата телесна немоќ била поткрепувана од светата вера и цврстото убедување дека на земјата ќе Го сретне Бога и дури тогаш ќе заврши неговиот земен живот.

По Божја промисла, а воден од чувството на исполнување на времето, праведниот старец Симеон дошол во храмот, кога Пречистата Богомајка, според законите од тогашниот јудејски народ, Го донесла во храмот, заради молитва, Предвечниот Младенец Христос.

Откако со својата душа го познал во Младенецот Искупителот на човечкиот род, за Кого говореле пророците, Кој бил очекуван со години, Богопримецот Симеон Го зел во своите раце Младенецот, па ги искажал зборовите, кои до денес останале во составот на православните богослужби: „Сега го отпушташ својот слуга, Владико, според зборовите Твои, со мир…“.

На границата меѓу Стариот и Новиот Завет, при осамнувањето на едниот и разденувањето на другиот, праведниот старец, преклонувајќи ги колената, го предал Младенецот на неговата Мајка, која го вовела во светот, кој толку многу имал потреба од преродба и милосрдност, во кој имало толку многу болни, заразени од злоба, пропаднати во Continue reading

Трпението

88483ТРПЕНИЕТО

„Дом на душата е трпението, бидејќи таа живее во него; храна на душата е смирението, бидејќи таа се храни со него“ – рекол свети Илија Евдик.

Точно: хранејќи се со светата храна на смирението, душата може да престојува во светиот дом на трпение. Кога ќе снема од таа храна, таа излегува од домот на трпението. Како виор ја обзема немир и кружи со неа. Како бранови во неа се подигаат различни страсни помисли и чувства, ја потопуваат во длабочината на неразумни и гревовни размислувања, фантазирања, зборови и постапки. Душата достигнува состојба на раслабеност, мрачно униние, често приближувајќи се до бездните на убиствен очај и потполно растројство.

Сакаш ли постојано да престојуваш во светиот дом на трпение? Тогаш треба да се снабдиш со храна, која е неопходна за тоа: стекни и умножувај во себе смирени помисли и чувства.

Светите Отци заповедаат борбата да се издржи без напуштање на местото, особено ако во него нема очигледен повод за грев. Монахот кој заради душевната борба го остава местото на својот живот, никогаш не може да стекне духовни плодови. Непоколебливоста е еден од првите квалитети на војникот, и на земниот и на духовниот. Искусните војници во борбата за обележје на храброст го сметаат нападот на непријателските линии, но за неспоредливо поголема храброст го сметаат мирното стоење, со непоколеблива цврстина, под оганот на непријателската артилерија, тогаш кога тоа го бара општиот план на војсководецот. Таквите војници се најсигурни. На такви војници Continue reading

Трезвеноста

86558ТРЕЗВЕНОСТА

Кога го прашале преподобен Агатон, монах на египетскиот Скит, што е поважно, телесниот или внатрешниот подвиг, одговорил: „Човекот е како дрво; телесниот подвиг е сличен на листот на дрвото, а внатрешниот на плодот. Но, како што е речено во Светото Писмо, секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган (Лука 3: 9), од што е јасно дека секоја наша грижа треба да биде за плодот, т.е. за чувањето на умот. Потребно е и тоа, дрвото да биде покриено и украсено со лисја, со што е претставен телесниот подвиг„. „О, чудо! – воскликнува блажен Никифор Атонски, кој зборовите на преподобен Агатон ги навел во своето дело за духовниот подвиг – Каква изрека изговорил овој свет против сите кои не го чуваат умот, туку се надеваат само на телесното дејствување! Секое дрво што не дава добар плод (т.е. чување на умот), туку има само лисја, т.е. телесни подвизи, се сече и фрла во оган. Страшна е оче твојата изрека!“

Чувањето на умот, трезвеноста, вниманието, умното дејствување, умната молитва – сето тоа се различни имиња за еден ист душевен подвиг, во негови различни појавни облици. Душевниот подвиг во одредено време преминува во духовен. Духовниот подвиг е истиот тој душевен, но веќе осенет со Божествената благодат. Овој душевен или духовен подвиг отците го одредуваат на следниот начин: „Вниманието на срцето е постојано безмолвие, кое секогаш и непрекинато го повикува Исуса Христа, Синот Божји и Бог, диши со него и со него храбро станува против непријателите, се исповеда на Него, Единствениот Кој има власт да простува гревови“. Едноставно речено, тоа е внатрешно дејствување, умно, душевно дејствување, умна молитва, трезвеност. Чување на умот се нарекува истото тоа: побожно занимавање со Исусовата молитва. Блажен Никифор Атонски ги споредил овие имиња со исечено парче леб, кое во зависност од обликот може да се нарече и парче и кришка и лепче. Божественото Писмо на Continue reading