За иконата на Христовото раѓање

ЗА ИКОНАТА НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Најголемиот настан – доаѓањето на земјата на Синот Божји во Витлеемската пештера, Црквата свечено го претставува во величествена композиција, чиишто главни обележја се формирани во VI-VII век и кој бил широко распространет до XVII век. Познато е: во центарот на композицијата има пештера каде што Младенецот лежи во јасли, до Него е Богородица, животни се волот и магарето, а над пештерата има ѕвезда. Наоколу има дополнителни сцени: со почит замислен Јосиф, мудреците со подароци, пастири и ангели кои Го фалат Господа, миењето на Младенецот. Таквата композиција ја нарекуваме канонска слика на празникот. Буквално одговара на божикните химни, на пример, кондакот на празникот: „Дева денес Надсуштествениот Го раѓа и земјата Му принесува пештера на Непристапниот, ангелите со пастирите славословуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто, заради нас се роди Младенец, Предвечниот Бог“.

Така, литургиското значење на претставата е јасно изразено во канонската иконографија на Рождеството Христово. Иконата треба да му помогне на верникот во неговите духовни потреби. И кога се гледа таква претстава за време на божествената служба, се пеат радосни божикни химни со особено вдахновение во верното срце.

Сепак, најстарата претстава што раскажува за Воплотувањето, а која се наоѓа во катакомбите на Калист во Рим и датира од крајот на II век, ни го покажува самото Рождество како исполнето пророштво. Ја гледаме Богородица со Младенецот (Богородица како доилка, што ја нагласува реалноста на Воплотувањето), пред неа е пророкот (најверојатно Исаиј), кој покажува со крената рака кон ѕвездата. Во III век се појавуваат слики на мудреците, кои носат дарови на Богородица и на Богомладенецот. Такви претстави има и во катакомбите на Калист. Во IV век во катакомбите на Себастијан се појавува повиен Младенец, до него е Богородица и две животни. Оваа композиција станува главна, а со текот на времето во

Continue reading

Историја на празнувањето на Рождеството Христово

Rojdestvo-Hristovo-600x400ИСТОРИЈА НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО

Натпреварувајќи се со Пасха во својата торжественост, празникот на Христовото Раѓање принуден е да причека, иако тој се појавил во самите први времиња на христијанството, уште во апостолскиот век. Дури е тешко и да си замислиме дека христијаните не можеле да не го празнуваат денот на раѓањето на Својот Спасител, да не се „сеќаваат“ и да не го „светат“ тој ден. Всушност, тоа ни од далеку не било така, и тоа од многу едноставна причина.

Не е случајност што христијаните уште одамна, според обичајот, не го празнуваат денот на своето раѓање, туку својот именден, денот на своето крштевање, и тоа многу пофално и трогателно. Со тоа христијаните докажувале дека не била голема радост за светот, па дури ни за нив самите, дека на земјата се родил уште еден грешник, ако во свое време не се преродел во праведник (праведник, според крајната мерка на возможност), преку Тајната на Крштението. Доколку би го немало духовното раѓање, за својот роденден христијанинот би можел да кажи заедно со многустрадалниот Јов: „Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа – се роди дете!“ (Јов 3: 3). Овој презрителен и потценувачки поглед на денот на телесното раѓање, отсекогаш бил близок во христијанството, особено во раните векови, отколку во подоцнежните и современите. Не е лесно да се сфати ова, но навистина, древните христијани денот на раѓањето на човекот го нарекувале „ден на смртта“, и тоа звучело мошне сериозно. А за денот на смртта на мачениците најприфатлив термин бил „natalitia“ – роденден.

При еден таков поглед на роденденот, воопшто, зарем на христијаните би можело да им дојде на ум да го празнуваат и денот на раѓањето на Спасителот? Навистина, Неговото раѓање било толку многу необично, било толку среќно за Continue reading

Петровденски пост

2288ПЕТРОВДЕНСКИ ПОСТ

Овој пост е востановен во чест на светите Господови Апостоли. Во овој пост се пости вака: Во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.

Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник, во среда и петок се дозволува масло и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок се дозволува масло и риба.

Велики Петок

ih1019ВЕЛИКИ ПЕТОК

Велики Петок (грч: Μεγάλη Παρασκευή) е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Најпрво, Христос бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашувал и Го затворил. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што казната била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај Понтиј Пилат. Пред него Христос е осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидувал да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управувал со таа покраина. Ирод Го исмева Исуса и повторно Го враќа кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол – трска. Continue reading

Велигденски пост

Sashe Trenkoski10ВЕЛИГДЕНСКИ ПОСТ

Светата четириесетница е востановена во чест на страдањата и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака: За цело време на постот во сабота и не­дела е доз­во­лена употреба на масло. Риба се упо­требува само на Бла­говештение и Врбица (Цвет­ници). Ако Благо­веш­те­ние падне пред Врби­ца (Цветници), тогаш на денот пред Бла­го­веш­те­ние се разрешува на масло и вино.