Православниот став за религиозната толерантност

iisus_hristos_i_samaryankaПРАВОСЛАВНИОТ СТАВ ЗА РЕЛИГИОЗНАТА ТОЛЕРАНТНОСТ

Денес сме сведоци на еден уникатен феномен: никогаш во историјата на човештвото, односите меѓу различните религии и деноминации не биле подобри и потолерантни, отколку што се денес. Но, и покрај тоа, омразата, војните и насилството меѓу луѓето не намалуваат. Црквата и религиите веќе не го одредуваат општествениот живот и немаат одлучувачко значење за суштествувањето на нашиот современик. Црквата е одделена од државата. Нејзината улога е исклучена од партиските лидери, индустријалците и мас-медиумите.

Сепак, факт е дека меѓународните договори, кои ги регулираат правата на човекот (Меѓународната карта за правата на човекот, член 18; Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, член 20), го гарантираат правото на јавна и лична вера, која не треба и не смее да поттикнува кон дискриминација и насилство. Истовремено, пак, сведоци сме дека, онаму, каде што се толерира секоја вера и каде што сè е дозволено, таму се случува и најголемата нетолерантност.

Според тоа, постојат неколку причини Православната Црква да е резервирана кон сфаќањето на терминот „религиозна толерантност“. Честопати, религиозната толерантност се јавува под маската на религиозното безразличие, студенило и рамнодушност. За некои „богослови“ религиозната толерантност се сведува до нивото на Continue reading

Свети Григориј Богослов: Монасите

93504СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: МОНАСИТЕ

Едни принесуваат на Бога сребро и злато, други нежни свилени ткаенини, а трети изливаат чисти капки солзи – некои пак, сами себеси се принесуваат во непорочна жртва пред Христа. Ти принеси Му го на Христа следниот дар: има служители Божји – дај им целосна слобода, дај слобода на оние, кои со спокоен дух, со чисто срце, мнозина други воведуваат нагоре и ги прават тајници на небесното. Дај слобода на сите Христоносци, кои стојат повисоко од земјата, кои не носат брачни вериги, кои не се допираат до светот, кои деноноќно со песни Го славословат Бога, кои се туѓи за земните придобивки, со кои кнезот на светот ги соблазнува жалните земнородци, откако се потсмева над нив, давајќи ги де на едниот, де на другиот. Дај слобода на оние, кои имаат едно повисоко богатство – надеж да го добијат тоа, што не гине и што не минува од рака на рака. Тие немаат потреба од ребро, кое би го сакало своето тело; не се опираат на младешка рака, т. е. на деца; не возложуваат надеж на еднокрвни и другари, на крв и на прав, кои следното утро умираат; тие во градови и општества не се гордеат со самонадежна сила, која личи на моќта на слабиот ветар, ниту пак бараат брзопреодна човечка слава – таа наслада за сновидците: тие го насочуваат целиот свој дух кон Бога, на божествениот тврд камен го заврзуваат својот кораб. Тие се тајновидци на интимниот живот во Христа и кога тој живот ќе се открие, тие ќе блескаат во Continue reading

Свети Василиј Велики: Природата на зависта

94109СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПРИРОДАТА НА ЗАВИСТА

Друга страст, попогубна од зависта не се раѓа во душата на човекот. Таа штети повеќе на оној, кој ја има, отколку на другите. Како што ’рѓата го разјадува железото, така и зависта душата, во која живее. Пакосните се раѓаат, откако ќе ја прогризаат утробата на својата родилка; зависта, пак, ја изгризува душата, што ја носи. Зависта е мака за успехот на ближниот. Завидливиот никогаш не чувствува скудност од тага и огорчување. Ако кај ближниот има плодородие во неговиот живот; ако неговиот дом изобилува со сите житејски потреби; ако радоста му е целосна и постојана – сето ова ја потхранува болестта и го мачи завидливиот. Тој ни најмалку не се разликува од човек, кој со ништо не е покриен и кон кого отсекаде се упатуваат стрели. Некој што е храбар, или пак, добро е развиен телесно – пораз е за завидливиот. Ако некој ги надминува надмоќно мнозина со своите духовни квалитети; ако обраќа внимание и предизвикува натпреварување со мудрост и со силата на своето слово; ако пак, друг е богат и се слави со штедра помош и општење со бедните и за тоа добива благодарност и пофалба од благодарните – сè ова се удари и рани, нанесени во самото срце на завидливиот. Најтешко во таа болка е тоа, што завидливиот не ја признава својата болест. Макар и да оди со наведнати очи и да е нерасположен и збунет; макар и да се жали, дека почива во зло – меѓутоа, ако го прашаат, за неговото страдање, тој се срами да даде гласност на својата несреќа и да каже: „Јас сум завидлив и Continue reading

Свети Јован Златоуст: Да ги почитуваме родителите

1112-660x300СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ РОДИТЕЛИТЕ

Власта на родителите над децата се крие во принципот на самата природа – таквата чест за нив е награда за маките при раѓањето. Премудриот за ова зборува: „Кој има страв Господен – тој го почитува татка си; на своите родители им служи како на господари“ (Сир. 3, 7), и продолжува: „Помни дека од нив си роден; што можеш да им дадеш за сето она што го направиле за тебе?“ (Сир. 7, 30). Притоа, има ли нешто, што синот не може да му го даде на татка си? Има. Смислата на тие зборови е следнава: ти не можеш да ги родиш оние, кои тебе те родиле. Така во ова, ние отстапуваме од нашите родители, за да се издигнеме со друго над нив: со почитувањето кон нив – не толку по законот на природата, а првенствено пред природата, поради страв од Бога. Господ силно сака родителите да бидат почитувани од нивните деца: и тие, кои го прават ова, Он ги наградува со големи блага; А тие, кои го престапуваат тој закон, ги казнува со тешки несреќи! „Кој го злоставува таткото свој или мајката своја, со смрт да се казни“ (2. Мој. 21, 16). 3а разумните, пак, деца е речено: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог“ (2. Мој. 20, 12). Среќната старост и долгиот живот се сметаат за најголемо добро на земјата – тоа Бог го определил како награда за оние, кои ги почитуваат своите родители. Раната смрт се смета за Continue reading

Свети Кирил Александриски: Духовната заштита

93950СВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ: ДУХОВНАТА ЗАШТИТА

Некогаш пророк Исаија предупредувал: „Станувајте, кнезови, намачкајте ги штитовите“ (Иса. 21,5)! Премудриот Павле исто говори: „Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство“ (Ефес. 6, 11). Божјите пријатели, кои се ревнители на добродетелта и усрдници во прекрасното, мошне мажествено водат борба против секое нечисто и плотско насладување. Против упорноста на ѓаволот тие ја спротивставуваат силата на верата, трпението во бедите, непобедливата решителност, ревноста во трудољубието – воопшто сè што е достојно за пофалба. Мислам, дека никој не може да достигне таков степен на духовна машкост, и по таков начин да добие слава, достојна за восхит, ако тој Го нема Христа за сопатник и помошник. Христос секогаш е готов да помогне и да содејствува на оние, кои се стремат да мудруваат за она, за кое и Он мудрувал – готов е да ги поткрепи оние, кои бараат преку Него очистување и сметаат за чест да поднесат хулење за Него. Затоа, боговдахновениот псалмопевец вели: „Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог. И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот, и од збор кој збунува. Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност; како што ќе те окружува Неговата вистина“ (Псал. 90, 1-4). Дека ние ќе се јавиме како Continue reading

Свети Климент Охридски и нашето модерно време

Sveti-Kliment-Ohridski-spomenikСВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И НАШЕТО МОДЕРНО ВРЕМЕ

Низ трагичното умирање на старото и раѓањето на новото, нашите претци се труделе, а тоа го сметале како свое животно прашање, да ги сочуваат своите древни вредности со кои живееле, а кои ги поттикнувале во барањето на нов, подобар и посигурен живот.

Говориме дека времињата се менуваат. Заради тоа ни се наметнува и прашањето: во каков однос е ова наше модерно време кон делото на свети Климент Охридски?

Карактеристиката на времето, во кое денес живееме, бара од нас, можеби повеќе отколку минатите години, да си го поставиме прашањето за улогата на свети Климент меѓу нас, во однос на нашата сегашност и иднина. Денес имаме за задача посебно да обрнеме внимание на прашањето, колку свети Климент и понатака со својот дух, може да го држи во прегратките расположението на нашиот модерен дух и зошто е потребно ние и понатака да бидеме оние, кои го прославуваат, но не само од благодарност за она што го направил за нас, туку и заради потребата од него и денес, и во иднина.

Во рамките на светиклиментовата мисла, и во ова наше модерно време, нашиот интелект повторно бара целосна слика за животот, како што и нашето лично Јас бара целосен интегритет на својата личност, што е посебен случај и со Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Кон огласените

93886СВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: КОН ОГЛАСЕНИТЕ

Сега по призив, а наскоро и по благодат, вие сте учесници во Новиот Завет и учесници во Христовите тајни. „Направете си ново срце и нов дух“, за да донесете радост на небесните сили. Ако, според Евангелието, небесата се радува за еден грешник кој се кае – колку ли повеќе радост ќе им причини на ангелите спасението на многуте души?! Кога веќе излеговте на добриот и вистински пат, итајте благонадежно кон жариштето на благочестието. Единородниот Син Божји, Кој е подготвен да ви дарува избавување, стои пред вас и ви вели: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Матеј 11, 28). Вие кои се покорувате на тежината на гревопаѓањето и кои сте зацврстени пленици на сопствените гревови, слушнете го гласот на пророкот кој вели: „Измијте се, бидете чисти, отфрлете ги лукавствата од вашите души пред моите очи“, за да го слушнете радосното воскликнување на ангелскиот хор: „Блажени се оние, чии беззаконија им се простени, и чии гревови се покриени!“ (Псал. 31, 1). Вие, кои штотуку ги запаливте светилниците на верата, запазете ги неизгасливи во вашите раце, за да се удостоите да ја испеете брачната песна пред Оној, Кој на светата голгота го отвори рајот за разбојникот што поверува.

Ако некој тука сеуште е роб на гревот, нека се подготви со вера за доброволно воздржување и осиновување, нека го отфрли од себе ропството на гревот, и нека го прими блаженото синовство на Господа, за да стане наследник на Continue reading

За бракот и неговата денешна криза, набљудувано од црковно-судски аспект

9ae0f41d1bf60b19e3cdb0f93e4bd4c128573a63ЗА БРАКОТ И НЕГОВАТА ДЕНЕШНА КРИЗА, НАБЉУДУВАНО ОД ЦРКОВНО-СУДСКИ АСПЕКТ

И Државата, и Црквата ја сметаат брачната врска за една од најважните основи за добро и убаво уредено општество. Затоа Црквата ѝ дала на брачната врска висока морална цена, а склопувањето на таа врска го поставила во редот на своите најсвети богослужебни активности – светите Тајни.

Заради ваквото свое начално гледиште на бракот, и Црквата и Државата самото склопување на бракот им го препуштаат на оние, кои сакаат да го склопат, додека на оние, кои бракот веќе го склопиле, во истиот миг им ја одземаат слободата на самоволно раскинување на брачната заедница. Во таквата легислатива, и Црквата и Државата имаат ист став, додека Римокатоличката црква оди уште понатака, зашто кај неа развод на еднаш веќе склопен брак повеќе воопшто не се дозволува.

Во сите држави, без оглед дали склопувањето и разводот на бракот се ставени во црковна или граѓанска јурисдикција, не може да има развод на бракот по договор на сопружниците, дури ни онаму, каде што тоа е воопшто можно. Брачните закони на сите држави согласни се со начелото, според кое се раководи и Православната Црква, дека разводот на бракот може да се дозволи само по тужба на невиновниот брачен другар, и тоа само заради таква докажана вина на тужениот брачен другар, која законот изрично ја признава како Continue reading