Преподобен Памво Египетски

ib4394ПРЕПОДОБЕН ПАМВО ЕГИПЕТСКИ

„Неопходно е да се знае како треба да се управува со јазикот, зашто придвижувач на јазикот е срцето“

(Преподобен Никодим Светогорец)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Кога молчиме во себе, тоа е некоја сосема посебна состојба, надвор од секаква конкретна реалност. Длабокото молчење и длабоката самотија претставуваат две апсолутно духовни појави кај човекот. Преку говорот се искажуваат важни и прекрасни работи, но најпрецизно и најсуштински го познаваме она, кое не можеме никогаш да го искажеме. Она, кое е изговорено пред 50 години, можеби денес е чудно и смешно, а она, пак, кое е изговорено пред 300 и повеќе години, денес можеби е прогласено за мртво. А, молчењето секогаш е исто.

Во IV век, кога живееше и се подвизуваше и преподобниот Антониј Велики, како и голем број на прочуени подвижници низ Египетските пустини, по карпестите и стрмни Нитриски планини, живееше и се подвизуваше и еден молчалив Египќанин, мудриот и вредниот ава Памво. Споменот за него бил сочуван во веродостојните историски извори од тоа време, како што се Паладиевиот Лавсаик и Изреките на отците. Во Лавсаикот, споменот за свети Памво е сочуван низ поврзано прераскажување за него, додека во Изреките на отците – во фрагментирани исечоци и анегдоти. Како и да е, и двата извори се доволно впечатливи и живописни. Кога ги читаме тие редови, во кои се говори за него, пред нас се појавува ликот на еден тивок, внимателен старец, кој навистина се ослободил од суетните слабости на светскиот живот, и кој ја преточил својата духовна енергија во мисла, која е безгранично содржајна и величествена. Свети Памво е вистински претставник на онаа пустиножителна философија, која некои црковни отци, ученици на класичната атинска академија, познавачи и следбеници на Платон и Аристотел, со право и воодушевено ја нарекле „Вистинска философија“. Continue reading

Свети маченик Емилијан

ib4393СВЕТИ МАЧЕНИК ЕМИЛИЈАН

Во времето на Јулијан Отстапник во тракискиот град Доростол живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот Отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна Свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента во градот настана ужас. Сите го бараа разурнувачот на нивните богови. Беше фатен еден селанец когошто го видоа тоа утро како минува крај храмот. Кога виде дека ќе пострада невин човек, Емилијан си рече: „Ако го сокријам своето дело, што корист од тоа што го сторив? Зар да се најдам пред Бога како убиец на невин човек?“ Му се пријави, значи, на царскиот намесник и призна сѐ. Овој разјарен го запраша Емилијан кој го наговори на она дело. Христовиот маченик одговори: „Бог и мојата душа ми заповедаа да ги урнам мртвите столбови што ги нарекувате богови.“ Тогаш судијата нареди да го бијат, а после да го изгорат во оган. Така го заврши својот земен живот Свети Емилијан и се пресели во небесниот на 18 јули 362 година.

Исцеление на болестите

2608ИСЦЕЛЕНИЕ НА БОЛЕСТИТЕ

Начинот на кој духовниот разум гледа на телесните болести и на нивните чудесни исцеленија е потполно поинаков од начинот на кој ги набљудува телесното мудрување. Телесното мудрување болестите ги смета за несреќа, а нивното исцеление, посебно чудесното, за најголема среќа, не грижејќи се многу за тоа, дали исцелението е следено со корист за душата или со штета за неа. Духовниот разум пак, и во болестите кои се испраќаат со Божја промисла и во нивното исцеление, кои ги дарува Божествената благодат, ја гледа милоста Божја кон човекот. Осветлен со светлината на Словото Божјо, духовниот разум учи на Богоугодно и спасоносно однесување во двата случаја. Тој учи дека е дозволено да се бара и да се моли Бог за исцеление од болести, со цврста намера, повратеното здравје и сила да се употребат за служење на Бог, а никако за служење на суетата и на гревот. Во спротивно, чудесното исцеление на болниот ќе му служи само на осуда и ќе навлече на него уште поголема казна во времето и во вечноста. Ова го сведочи Господ, Кој го исцелил раслабениот и му рекол: Continue reading

Болестите

Digital StillCameraБОЛЕСТИТЕ

Светата Вистина, Словото Божјо вели: преку многу неволји ќе влеземе во Царството Божјо. Неволјите се посебен удел на нашето време, кому не му се дадени ниту подвиг на мачеништво, ниту подвиг на монаштво. Наше боиште, боиште на христијаните во последните времиња се неволјите, налик ситни и ништавни. Вагата е кај Бог! Пред Него, на Неговата вага, секоја неволја е ништавна, секоја неволја е лесна, колку и да е голема, бидејќи осенувањето со Неговата сила и благодат може и најголемата неволја да ја претвори во најголема наслада. Така и малата неволја пред Него има вредност, која никако не е помала од големата неволја. Сè зависи од Неговата благодат – а Он од човекот милостиво ја прима секоја неволја која се прифаќа со благодарност, покорно и со славословие.

Таа болест, која неочекувано ве снашла, со благодарење направете ја доброволна жртва и Бог нека ја прими како кадилница исполнета со миомирисни духовни тајни. Темјанот, тоа е – благодарење.

Човекот е како трева – зарем треба многу за биде искосена? Continue reading

Петта Недела по Педесетница

bpic757ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?“

(Матеј 8: 29)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Читајќи го денешното Евангелско четиво, пред очите на сите нас ни се појавува слика на онаа Гадаринска земја, во која еднаш, по бурата на Галилејското езеро, допловил Господ Христос со Своите ученици. Веднаш, штом Господ излегол на брегот го сретнале двајца бесни, кои излегле од гробиштата и на сиот глас извикале: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?“. Како што ни раскажува понатаму евангелистот Матеј, подалеку од нив паселе голем број на свињи, а бесовите Го молеле и велеле: „Ако нè изгониш, дозволи ни да отидеме во свињине!“. Господ Христос им дозволил на бесовите да отидат во свињите, и одеднаш сите свињи се урнале низ стрмнината во морето и се издавиле. Свињарите, кога виделе што се случило, побегнале, дошле во градот, раскажале за сè што виделе, па целиот град излегол да Го пресретне Исуса и веднаш Го замолиле да си отиде од нивниот град.

Површниот човек, кој е неискусен или, пак, без вера, на гадаринскиот брег ќе го чуе гласот само на двајцата бесни, иако и на таков човек мора да му биде чудно, како тоа луѓе бесомачни, кои не се однесуваат свесно, кои никогаш не Го виделе Господа и кои никогаш никого не поучиле, одеднаш, веќе на прв поглед, можат да ја препознаат силата на Севишниот Бог во Богочовекот Христос. Повеќе од јасно е дека, демоните, кои биле скриени во овие двајца страдалници, извикуваат во човечко име. Бесомачните извикале, но не избегале. Не бегале, зашто некаква светла сила незадржливо ги привлекувала кон себе. Повикале, зашто лошата сила ги мачела и ги терала на бегство, но сепак, немале толку сила да ги натера да бегаат. Демонот се крие и вика во човечко име, како самиот човек да не сака да Го види Исуса. Демонот овде сака да остави впечаток дека, наводно, Исус ги мачи овие луѓе. Нечестивиот настојува себе си да се спаси, а овие напатени човечки души да ги одведе во погибел, одвојувајќи ги од единственото нивно спасение. Continue reading

Четврта Недела по Педесетница

Исцеление-слуги-римского-сотника-1ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Ни во Израилот не најдов толку голема вера“

 (Матеј 8: 10)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Ако внимателно ги читаме светите Евангелија ќе забележиме дека Спаси­те­лот Христос трипати за време на Својот земен живот изрекол пофалби за вистинската вера. Првпат тоа се случило кога го пофалил апостолот Петар, велејќи му: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин“ (Матеј 16: 17); потоа, кога ѝ се обратил на Хананејката со зборовите: „О, жено, голема е твојата вера“ (Матеј 15: 28); и третиот пат, кога го излекувал слугата на капетанот, како што слушнавме денес, велејќи му: „Ни во Израилот не најдов толку голема вера“ (Матеј 8: 10).

Навистина, суштината на целиот наш живот це­лос­но е откриена во само неколку зборови: „Без вера ништо не вреди“. На мно­гу­ми­на во Израилот им се потсмевале заради нивната вера, но милостивото око на Спа­сителот погледнува токму врз оние кои ја имаат само живата вера. Сè дру­го, талентот, енергиите, богатото знаење, моќта и успесите можат сло­бодно да се повлечат во позадина, а како вистински критериум за вреднување на секоја чо­­вечка личност земена е токму верата. Човекот вреди толку многу или толку мал­ку, во зависност од тоа колку верува. Верата е нашата вечност, верата го пос­тавува нашиот живот на нов темел, верата на нашиот живот му дава нова карактеристика. Continue reading

Свети архангел Гавриил

ib1729СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИИЛ

Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“. Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеј кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата на Постанокот; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на Света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе Ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски; кога му се јави на првосвештеникот Захариј и го извести за раѓањето на Св. Јован Предвесник и за казната на немост што ќе го постигне Свети Захариј затоа што не им поверува на зборовите на архангелот; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и Ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем; Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.

Свети четириесет и пет маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите

ib4377СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТ МАЧЕНИЦИ: ЛЕОНТИЈ, МАВРИКИЈ, АЛЕКСАНДАР, СИСИНИЈ И ДРУГИТЕ

Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави Свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани. „А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“ На ова му одговори Свети Леонтиј: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од мртвите и се вознесе на небото“. По долга препирка за верата Лисиј ги изнатепа и ги фрли во затвор, па не им даваа ни да јадат ни да пијат. Некоја благородна христијанка Василијана им носеше храна и им ја подаваше низ затворскиот прозорец. И во затворот им се јави ангел Божји, ги утеши и ги охрабри. Кога беше судењето, на Лисиј му се јавија и двајца од затворските чувари како новообратени христијани, и уште многумина други, вкупно на број четириесет и пет. Судијата сите ги осуди на смрт, но така што прво да им ги отсечат со секира рацете и нозете, па потоа да ги фрлат во оган. Оваа грозна казна беше целосно спроведена, а душите на овие Свети маченици одлетаа при својот Господ во животот вечен. Чесно пострадаа и наследија царство во 319 година.

Свети свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски

панкратий_тавроменийскийСВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ПАНКРАТИЈ, ЕПИСКОП ТАВРОМЕНИСКИ

Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со Светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија. Во овој град Свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне. Continue reading

Света великомаченичка Недела

NedeljaСВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА НЕДЕЛА

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде што кончанието им беше во маки за Христа. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја тепаа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но сѐ им беше залудно. Додека Света Недела лежеше во рани во затворот, ѝ се јави Господ Христос и ја исцели и ѝ рече: Continue reading