Свети Григориј Ниски: Постот

93778СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: ПОСТОТ

Претстојателот на оваа црква и наставниците на благочестие и добродетелен живот имаат многу сличност со учителите по пишување и наставниците по основно читање. Како оние последните, кои, откако ќе ги земат малите и слаби деца во зборот, веднаш не ги воведуваат во завршни познавања, туку во почетокот ја цртаат на восочна плочка буквата „а“, а потоа, другите букви, ги учат да ги запомнат нивните имиња, им ги вежбаат рацете за да ги пишуваат, понатаму, преминуваат кон запознавање на слоговите и најпосле ги учат да произнесуваат зборови – така и учителите по вера и благочестие, од почеток ги воведуваат своите слушатели во основното учење, а потоа, им го предаваат и совршеното знаење.

Доколку во минатите два дена ние ја скротивме приврзаноста на грлото кон насладувањето и стомакот – немојте да мислите, дека и сега ќе говорам за истото, иако е неоспорна ползата од откажувањето да јадам месо, да пијам пенливо вино, да се суетам во готвење и да се изморуваме во честење! Затоа, доволно е кажано – па и вашите дела ја докажаа силата на убедувањето. Вие, кои го изучивте основното знаење, редно е, да се запознаете и со другото – со повисоките поучувања. Има пост и нетелесен, има воздржание и нематеријално, кои се однесуваат за душата – тоа е воздржување од зло, заради кое е востановено и воздржувањето од јадење и пиење. Постете од завист и злоба, воздржувајте се од посакување на туѓото, избегнувајте ја нечесната печалба, умртвете ја страста на среброљубието, не украсувајте ги своите куќи со Continue reading

Црквата „Свето Благовештение“ за време на Бугарската егзархија (Втор дел)

163183_121396694596481_1390358_nЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ЗА ВРЕМЕ НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА

1870-1912

(Втор дел)

За жал, Пелагониската митрополија со словенски митрополит се стекнала многу подоцна. Првиот егзархиски митрополит на оваа епархија бил поставен на 23 декември 1897 година, во лицето на митрополитот Григориј. Тој е роден во 1853 година во градот Стара Загора, во Бугарија. По завршувањето на основното образование, во 1874 година е замонашен и ракоположен за свештеноѓакон. Во 1875 година се запишал во Петропавловската духовна семинарија, а во 1878 се преместил во Одеската и таму, во 1881 година, го завршил своето богословско образование. Веднаш продолжил да учителствува во семинаријата во Петропавловск, каде што останал до 1885 година и тука примил свештеномонашки чин. Во 1890 година Егзархијата го назначила за претседател на солунската македонска црковно-училишна општина. Во 1891 година добива митрополитски чин и како таков е поставен на тронот на Охридската епархија. Во 1897 година, заради недоразбирања и проблеми со локалната власт, преместен е на Пелагониската епархија.

Оваа состојба на отсутност на егзархиски архиереи била добредојдена за влашкото лоби и за патријаршистите, за да можат и понатаму да вршат своја пропаганда, па прилепските свештеници биле ракополагани подалеку од својот роден град од егзархиските митрополити. И Егзархијата оваа ситуација ја користела за свои цели, зашто на секој начин се трудела да ги Continue reading

Црквата „Свето Благовештение“ за време на Бугарската егзархија (Прв дел)

988906_363468150513924_2637128726032756858_n

 

ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ЗА ВРЕМЕ НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА

1870-1912

(Прв дел)

Немајќи сопствена автокефална Црква, прилепчаните, како и целиот македонски народ, влегле во активна соработка со Бугарите во борбата за ослободување и отстранување на црковната власт на Цариградската патријаршија. Оваа борба имала двојна улога. Таа немала само за цел да ја отстрани Патријаршијата, туку борбата била и за стекнување на право за основање на сопствена Македонска Црква – возобновена Охридска архиепископија. Историјата ни сведочи како, со помош на централната турска власт и руската дипломатија, на чело со рускиот амбасадор во Цариград, грофот Н. Игнатиев, на 28 февруари 1870 година, бил издаден султански ферман од султанот Абдул Азис, со кој се основала самостојна Бугарска Црква под името Бугарска егзархија. На таков начин, бугарската буржоазија го решила своето црковно прашање, а македонскиот проблем го прифатила како свој, но на таков начин што му придала бугарски акцент. Со овој потег биле пројавени отворени претензии кон Македонија како територија, но и кон македонските епархии, со цел истите да преминат под јурисдикција на Егзархијата. Во Турција црковното прашање се идентификувало со националното прашање, па Македонците биле запишувани како бугарски народ. Така и прилепчаните, како и останатите Македонци, биле изиграни и принудени да ја признаат Бугарската егзархија, а со тоа да дозволат да потпаднат под нова пропаганда и асимилација – бугарската.

Иако е помлада, бугарската пропаганда во Прилеп била најсилна. Поголемата бројност и повисоката културно-просветна и економска развиеност на бугарската нација, ѝ давало предност над далеку бројно помалата и економски позаостанатата македонска нација. Оттука, во Прилеп, веднаш со прифаќањето на Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Духовната чистота

93530.jpgСВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: ДУХОВНАТА ЧИСТОТА

О, чистота, што се гнасиш од раскошот, нежноста, телесната елеганција и кичливи облеки! О, чистота, што ги презираш скапите јадења и одбегнуваш пијанство! О, чистота, што си узда за очите и сопатница на телото кон светлина! О, чистота, што ја скротуваш плотта и го упатуваш погледот кон небото. О, чистота, родоначалничко на љубовта и житие ангелско. О, чистота, што имаш срце чисто, грло слатко и лице светло. О, чистота, што го возвиси Мојсеја во Египет – Мојсеја, кој ги искупи и оние, кои го купија! О, чистота, што си дар Божји, исполнет со добрина, поука и знаење! О, чистота, пристаниште спокојно, носителка на мир и поредок. О, чистота, која го радуваш срцето што те придобило и ја окрилуваш душата кон небесното! О, чистота, што раѓаш духовна радост и ја умртвуваш тагата. О, чистота, што се оттргнуваш од лукавството и се прилепуваш кон доброто. О, чистота, што ги намалуваш слабостите и произведуваш бестрастие! О, чистота, што ги просветуваш праведните, го помрачуваш ѓаволот и брзо трчаш кон честа на повисокото звање во Христа. О, чистота, што ја прогонуваш безволноста и даваш трпение. О, чистота, бреме лесно и богатство вечно, сокриено во душите на христољупците! О, чистота, посед прекрасен, кој, ѕверовите не можат да го опустошат и оган не може да го изгори! О, чистота, што ја прогонуваш немарноста, ти си нетлено богатство во рацете на оној, кој ти припаѓа. О, чистота, колесница духовна, што го возиш човекот кон Continue reading

Свети Григориј Богослов: Бракот

maxresdefault01СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: БРАКОТ

Речено е: „Ќе бидат обата едно тело“ (Мат. 19, 5) – а едното тело да има и една чест! Свети Павле со тоа сугерира целомудрие и пример – каков пример Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата“ (Ефес. 5, 32). Добро е жената да го почитува во лицето на мажот – Христа; добро е и за мажот да не ја бесчести во лицето на жената – Црквата! Тој вели: жената да се бои од мажот свој, зашто се бои и од Христа; но и мажот да ја сака својата жена, зашто и Христос ја сака Црквата. Да вникнеме во тие зборови со големо усрдие! „Кога се бие млеко, се добива масло“ (Изрек. 30, 33) – испитувај ги тие зборови и ќе најдеш во нив нешто похранливо. Мене ми се чини, дека тука словото Божјо не го одобрува двоженството; зашто, ако имаше двајца Христосовци, ќе требаше да има и двајца мажи и две жени; но ако Христос е еден, ако главата на Црквата е една, тогаш и телото треба да биде едно, а сè друго да се отфрли! Ако пак се воздржуваме и од вториот брак – што да кажеме за третиот? Првиот е закон; вториот – снисходливост; третиот пак – беззаконие! А кој ја престапи и Continue reading

Свети Василиј Велики: Морето

93442СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: МОРЕТО

Напишано е: „И рече Бог: Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво! И стана така. И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека е добро“ (1. Мој. 1, 9-10). Преку зборовите „виде Бог дека е добро“, Светото Писмо не покажува дека пред Бога се открил некаков си пријатен вид на морето. Навистина, морето е пријатна глетка за окото, кога широко се белее и кога царува тишина над него; пријатно е исто така, кога неговата површина е разбранувана од тивок ветер, и се раширила пред посетителот во пурпурен или азурен цвет; исто така, наслада за окото е да гледаш, кога тивките бранови не се удираат бесно во соседната суша, а некако тивко ги бакнуваат нејзините крајници. Не треба да се мисли според Светото Писмо дека и на Бога исто во таков вид Му се покажало морето пријатно и прекрасно – напротив, зборот „красота“ во Библијата има значење на мироздание, вселена.

Пред сè, морската вода служи за извор на целата земна влага, зашто таа се распрснува, речиси, насекаде по сушата преку невидливи пукнатини – тоа ни го докажуваат сипливите места и пештерите по тврдата земја, во кои проникнува тековната морска вода. Ако биде запрена од криви и неправилни премини, морската вода, движена од вложениот во неа закон, се стреми кон отворено, откако ќе ја разори почвата и постанува исправна за пиење, бидејќи ја губи својата горчливост преку природно прецедување. Морето е прекрасно пред Бога, зашто дава влага на земната шир и длабочина, тоа е прекрасно, исто така и затоа, што служи како резервоар на Continue reading

Свети Јован Златоуст: Љубовта не дозволува грев

93468СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ЉУБОВТА НЕ ДОЗВОЛУВА ГРЕВ

Взаемната љубов исклучува грев, зашто искрената љубов на еден кон друг нè прави непорочни. Кога јас, ова еднаш му го објаснив на еден човек и реков, дека љубовта може да нè направи непорочни, дека љубовта кон ближниот го пресекува секој пристап на гревот, дека љубовта, кога е во сила, може да постигне уште многу нешта, тогаш некој од моите познати се приближи кон мене и рече: „Но, што е тогаш блудството? Знај, дека можеш да љубиш и пак да блудствуваш, зашто и блудот се пораѓа од љубовта! Вистина е, дека скржавоста, прељубодејството, зависта, подлоста и уште многу на нив слични пороци можат во вас да го исушат коренот на љубовта кон ближниот, но, како може ова да го направи блудот?“ Јас му одговорив, дека љубовта може да ја отсече и таа страст – доволно е, да е чиста и братска!

Кој ќе заљуби развратна жена, тој ќе се погрижи да ја изолира од други порочни мажи, и со самото ова, ќе се воздржи од грев со неа и со други такви. Кој е порочен и ја презира блудницата, само тој може да блудничи со неа: а кој искрено ќе ја засака паднатата жена, тој ја оддалечува од тоа срамно дело! Нема, и категорички не може да има ниту еден грев, кој не може да биде испран или искупен од силата на љубовта, која слично на огинот, има сила да прочисти и изгори сè порочно во човечката душа. Многу подобро е за слабиот џбун да издржи пред силата на Continue reading

Свети маченик Нестор

sv nestorСВЕТИ МАЧЕНИК НЕСТОР

Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови.

Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата с ѐ додека не издивне. Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето.

Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“

Младиот Нестор му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Несотр и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодија со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Continue reading

Дали Охридската архиепископија навистина била автокефална?

Meister_von_San_Vitale_in_RavennaДАЛИ ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА НАВИСТИНА БИЛА АВТОКЕФАЛНА?

Охридската архиепископија ја темели својата автокефалност врз три хрисовули (повелби) издадени од византискиот император Василиј II. Нивната автентичност досега никој не ја оспорил. Овие повелби на Василиј II, дадени на охридскиот архиепископ Јован по падот на Самуиловото царство, доаѓаат една по друга во многу мал временски период. На едната од нив, втората, забележан е и датумот: месец мај 1020 година.

По пропаста на македонско-словенското царство на Самоил целата негова држава потпаднала под власт на Византија. Во граѓанската управа таа била сведена на византиска провинција на чие чело стое управител со титула „дукс“. За главен град на таа провинција бил определен градот Скопје. Василиј II издал повеќе социјални-граѓански наредби со кои ги определил правата и привилегиите на граѓанските власти и управници. Уредувајќи ја граѓанската управа на новата провинција, Василиј II ја санкционирал и автокефалноста на Охридската архиепископија: Макар и да станевме владетели на оваа страна, но правата ги запазивме неприкосновени и ги потврдивме со наши хрисовули и сингилии и го поставуваме сегашниот архиепископ на Бугарија (Охридскиот архиепископ) да има таква диецеза.

Основната цел на овие три хрисовули била да се запази независноста на Охридската архиепископија. Специјално, втората хрисовула тежнее појасно да ја потцрта автокефалноста на Архиепископијата, а ја разграничува и територијата на Охридскиот архиепископ од онаа на Цариградската патријаршија.

Овој акт на Василиј II всушност е и официјална декларација на Византија за автокефалноста на Охридската архиепископија и признание дека еден поголем дел на Балканскиот полуостров е една етнолошка словенска целина чиј културен и духовен живот нема да Continue reading

Отец Јован Попов

11078176_363523677175038_2851939749569554229_nОТЕЦ ЈОВАН ПОПОВ

Отец Јован Попов е син на протоерејот Алексо Попов. Роден е околу 1830 година во Варош. Среќавајќи се секојдневно со интелектуалната елита од Прилеп, Јован уште од мал пројавил несебичен интерес кон писменоста и националниот идентитет. Останувајќи без мајчинска љубов уште од мали години, Тој бил воспитуван од својот татко како треба вистински да се служи на Божјиот олтар и да се сака својот народ. Околу 1850 година стапил во брак со својата избраничка Марија, која му родила четири прекрасни дечиња: Ирина, Гога, Дано и Стефка. Веднаш по раѓањето на четвртото дете, презвитерата Марија се упокоила, така што грижата за четирите малолетни деца ја презеле тој и неговиот татко Алексо, кои од своите потомци во сè се труделе да направат корисни членови за Црквата и државата. И навистина, вложувајќи ги сите свои сили, отец Јован успеал своите деца Гога и Дано да ги запише да учат во Солунската гимназија, а ќерката Стевка ја запишал во колеџ во истиот град, во одделението за општо воспитување на девојки. Најстарата ќерка, пак, Ирина, останала покрај своите дедо и татко за да се грижи за нив.

Следејќи го примерот на својот татко, и отец Јован, во времето на македонското спротивставување на сите надворешни пропаганди, застанал во одбрана на македонскиот идентитет. Кога прота Алексо бил принуден да ја напушти парохиската должност, заради отворено спротивставување на егзархистичката политика, отец Јован демонстративно ја напуштил и својата парохија при црквата „Свето Благовештение“ и започнал бескомпромисна борба за Continue reading