Лицемерието

000065tsЛИЦЕМЕРИЕТО

Лицемерието многу му се допаѓа на заслепениот свет, привлекувајќи ги неговите пофалби, уважување и доверба.

„Оние што се преправаат дека и однадвор се добродетелни, во овча кожа, се преправаат дека се едно, а во суштина, по својот внатрешен човек се нешто сосема друго, оние кои се исполнети со неправда, завист, љубомора и злобни страсти, многумина ги сметаат за свети и бестрасни, бидејќи имаат неисчистено духовно око и не можат да ги препознаат по нивните плодови; а на оние кои живеат во побожност, добродетели и чистота на срцето, на оние кои навистина се свети, не им обраќаат внимание, како да се обични луѓе, ги презираат и ги сметаат за безначајни. Таквите зборливиот и суетниот го сметаат за учен и духовен, а молчаливиот, оној што се чува од празнословие, го прогласуваат за незнајко. Горделивите и болни од ѓаволска горделивост се одвраќаат од оние кои говорат со Светиот Дух како од горделиви и повеќе се плашат од нивните зборови отколку што од нив доживуваат умиление; напротив, тие многу го фалат и примаат оној, кој суптилно беседи од својата ученост или од својот стомак (под стомак овде треба да се подразбира телесна состојба) и лаги против своето спасение“ (Преподобен Симеон Нов Богослов).

Свети Жери Бриселски

SVETI ZERIСПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ЖЕРИ БРИСЕЛСКИ, ЕПИСКОПОТ НА КАМБРЕ И АРАС, ОСНОВАЧОТ НА ПРЕСТОЛНИОТ ГРАД БРИСЕЛ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 11 АВГУСТ

(околу 550 – 626; Saint Gaugericus; француски: Gery, Gorik, Gau; валонски: Djeri)

Свети Жери[1] е роден во местото Епосиј (Eposium, Yvois), од римски родители – Гаудентиј и Австадиола, околу 550 година. Според преданието, тој се смета за основоположник на Белгиската престолнина – Брисел. Уште како младо момче бил забележан дека пројавува вистинско христијанско достоинство во своите размислувања, па од Трирскиот епископ Магнерик, кој бил восхитен од неговата вера, бил предложен до кралот Хилдеберт II за епископ на градовите Камбре[2] и Арас. Оттогаш свети Жери пред себе поставил само една цел – ширење на Благата вест на територијата на денешна современа Белгија. За епископ на Камбре и Арес бил ракоположен од Едигиј, архиепископот на Рејмс. Раководејќи со оваа катедра, свети Жери поминувал цели месеци во патешествија, борејќи се против паганските обичаи меѓу локалното население, а во исто време основајќи цркви и манастири и во најзапустените делови на Белгија. Една од велелепните цркви, која е изградена по негова иницијатива и заслуга, е црквата „Свети Медард“ во Камбре. Еднаш, пребивајќи на островот Свином, меѓу двата краци на реката Сена, тој положил камен-темелник на еден мал параклис. Со тек на време, параклисот е пренаменет во поголема црква, а околу неа се населиле луѓе. Полека, ова островче добило своја привлечност, па така, херцогот Лотје таму ја изградил и својата резиденција. Всушност, ова било почетокот на издигнувањеуо на велелепниот град Брисел. Подоцна, овој остров е преименуван со неговото име, а така се вика и до денешен ден.

Свети Жери бил почитуван во кралскиот двор не само од кралот Хилдеберт II, туку и од кралското семејство на неговиот наследник Клотаир II. Како високо интелектуална личност и евангелски наобразован маж, бил удостоен да учествува на Соборот во Париз, во 614 година.

Свети Жери Бриселски блажено се упокоил во 626 година и бил погребан во црквата „Свети Медард“ во Камбре. Тој е прогласен за заштитник на градовите Камбре, Брисел и Браин-ле-Комте.

Споменот на свети Жери Бриселски, Православната Црква го слави на 11 август според Јулијанскиот календар.

________________________________________

[1]Жери (најверојатно, од латинскиот збор gaudeo) = весел, радосен.

[2]Камбре (француски: Cambrai; фламански: Kamerijk) е град во Франција и истоимена општина, со местоположба во департамендот Норд и регионот Па-де-Кале. Градот е прочуен со старата црква, започната со градба во 1150 и довршена во 1472 година. Во тоа време била наречена „чудо на Холанѓаните“. Црквата во целост била урната за време на Револуцијата. За време на Конкордатот, архиепископот Камбрески Белма ја прогласил црквата „Свети Сепулхриј“ за соборна и тука ја пренел иконата на Мајката Божја „Милостива“ (Notre Dame de Grace). Старата црква повторно била изградена и ѝ бил вратен стариот сјај. Црквата посветена на „Свети Жери“, која претходно била манастирска црква посветена на „Свети Обер“, е една од најстарите цркви во Камбре, кога на тоа место се наоѓала римската населба Камаракум. Според преданието, во V век таа го носела името на Свети апостол Петар. Свети Дагоберт II подоцна таму формирал манастир. Градот денес има околу 40.000 жители.

Неволји од луѓето

85374НЕВОЛЈИ ОД ЛУЃЕТО

Бог управува со човечката судбина; непријателите со човекот можат да го направат само она што Бог ќе го дозволи, а сè што ќе дозволи Бог, служи на корист на душата и на вечно спасение.

Одењето кон вистинско познание на Бог, неизоставно бара помош од неволјите: неизоставно е потребно умртвување на срцето за светот, за тоа во целост да може да се насочи кон трагање по Бог. Кого Бог ќе го оддели за најблиска служба за Себе, за сад на духовни дарови, нему му се испраќаат неволји. Штом му се открил на Павле, веднаш му одредил страдања, објавувајќи за нив: „Јас ќе му покажам, колку треба да пострада заради името Мое“ (Дела 9: 16). Еве, тоа Господ го вели за штотуку избраниот апостол! Луѓето кои причинуваат неволји и околностите на тие неволји, се само орудие во семоќната Божја десница. Влакната на главите ни се изброени кај Бог; ниту една бесловесна птица не паѓа без волјата на својот Создател; зарем без таа волја може да ви се приближи искушението? Не! Тоа ви се приближило по Божја дозвола. Окото на Промислата, кое никогаш не спие, постојано бдее над вас. Неговата семоќна десница ве чува и управува со вашата судбина. По дозвола или на знак Божји, како мачителите на маченикот, ви се приближиле неволјите. Вашето злато е фрлено во топилницата на искушение. Тоа ќе излезе оттаму почисто и повредно. Луѓето во Continue reading

Неколку совети за тоа, како да се однесуваме кон соновите

85339НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ТОА, КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН СОНОВИТЕ

1. Ако соновите нас нè побудуваат на добро и нè воздржуваат од зло, сметајте ги како Божји прст што ви го покажуваат патот кон небото и ве заштитуваат од пеколниот пат.

Бог говори еднаш, а ако тоа остане незабележано, тогаш говори по вторпат, во сон, во ноќно видение, кога сонот ги обзема луѓето за време на дремењето во постела. Тогаш Тој му го отвора на човекот увото и ја запечатува Својата поука, за да го одврати човекот од некакви намери, и да ја отстрани гордоста од него за да ја запази неговата душа од бездна и животот негов од пораз со меч (Јов. 33: 14-18).

„Кога во сонот ќе здогледаш облик на крст, учи преподобни Варсонуфие, знај дека тој сон е вистински и дека е од Бога; но потруди се од светите да добиеш толкување на тој сон и не верувај им на своите помисли“.

2. Ако не сте сигурни дека сонот произлегува од Бога или ако немате разумна при чина такво нешто да заклучите, а особенотој сон нема потребни прашања, тогаш нема потреба да обрнувате внимание на соновите и своите постапки да не ги управувате според нив. Бидете внимателни на секој сон за да не постанете суеверни и да не би паднале во опасност да погрешите.

3. На крај, ако сонот го соблазнува човекот и го вовлечува во грев, тогаш тој е последица на нашата расипаност, растроеност и вообразеност, на нашата фантазија или произлегува од оној, од кого да нè сочува Бог со Својата благодатност, т.е. од ѓаволот.

Свештеник Григорије Дјаченко

Неволјите

85327НЕВОЛЈИТЕ

Оној кого Господ ќе го засака и кого сака да го избере за блажената вечност, му испраќа постојани неволји, посебно кога душата на избраникот е заразена со љубов кон светот. Дејството што го предизвикуваат неволјите е слично со дејството што го произведува отровот. Како што телото кое ќе прими отров природно умира, така и душата која ќе ги вкуси неволјите, умира за светот, умира за телесниот живот, кој се раѓа од падот и претставува вистинска смрт. Затоа, кој се одрекува од неволјите, тој се одрекува и од спасението, бидејќи Господ рекол дека оној кој не оди по Него со крстот свој, не Му е достоен, и оној што сака да ја спаси својата душа во овој век, ќе ја погуби за вечност. Христовите зборови се непроменети и секако ќе се остварат, заради што и е потребно да се распнува по Неговите зборови, или појасно – на крстот на Неговите зборови, иако телото е против распнувањето. За мирно и храбро поднесување на неволјите треба да се има вера, т.е. да се верува дека ниту една неволја не ни доаѓа без Божјо допуштање. Ако ни влакното од главата не ни паѓа без волјата на Отецот Небесен, тогаш како без Негова волја може да ни се случи нешто поважно од тоа. Понатаму, во неволјите се раѓа спокојството, кога се предаваме на волјата Божја и се молиме таа секогаш да се извршува над нас. Исто така утеха во неволјите донесува благодарењето, кога благодариме за сè што ни се случува.

Кај мене на кратко беше еден монах, кој постојано преживуваше различни неволји. Велеше дека тоа Му е благоугодно на Бог, за со тие неволји да му го замени духовниот старец.

Зошто не бевме подложени на такви и на толку несреќи во време кога му служевме на светот и на светските преокупации? Зошто сега, кога пристапивме да Му служиме на Бог, сме изложени на разни неволји? Знај: заради Христа неволјите нè засипуваат како стрели. Ѓаволот, нашиот непријател, ги пушта на нас, за преку нив да ни се освети за вечните богатства на кои се надеваме и кои се Continue reading

Неверувањето

85307НЕВЕРУВАЊЕТО

Твојот сомнеж – не е толку лесен грев. А ако го усвоиш и ако го остваруваш на зборови – паѓаш во смртен грев. Еден збор на вера може да ја спаси, а еден збор на неверување може да ја погуби душата. Разбојникот во часот на смртта, на крстот, Го исповедал Христос и си ја отворил себеси варата во рајот; фарисеите, отфрлајќи ја Вистината, похулиле на Светиот Дух – и загинале. „Оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш осуден“ (Матеј 12: 37) – објавил Спасителот.

Сеќавањето на сеприсутноста и семоќта Божја го воздржува срцето од двоумењето во кое се трудат да го доведат неговите помисли на неверување, потпирајќи се на суетата и на неправилната љубов кон телото.

Свети Серватиј

SVETI SERVATIJСПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ СЕРВАТИЈ, ПРВИОТ ЕПИСКОП НА ТОНГРА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 13 МАЈ

(?-384; Servaas van Maastricht)

Свети Серватиј[1] е еден од првите епископи во Белгија, и прв епископ на областа Тонгра,[2] која е дел од денешна современа Белгија.

Скромните житијни податоци ни говорат дека тој е роден во Ерменија, па преку Ерусалим пристигнал во Белгија и Холандија. За одлуката да се тргне на толку далечен пат, пресудно било една јавување на Божји ангел, кој му наредил да започне проповед на христијанството во северните земји. За епископ бил ракополжен во градот Тонгерен, на територијата на современа Белгија.

При едно мисионерско патување во Германија, во градот Трир, Серватиј имал можност да се запознае со свети Атанасиј Александриски, кој во тоа време таму се наоѓал во прогонство. На црковниот Собор во Сердика (денешна Софија), во 343 година, Серватиј застанал во одбрана на свети Атанасиј од нападите на аријанците, за што ни сведочи и самиот Атанасиј во своите писма. Освен тоа, Серватиј влегол во историјата на Православната Црква и како еден од заштитниците на тринитарната догма од нападите на аријанците. Токму неговата ревност за чистотата на Православието, била пресудна за да ги осуди аријанските епископи на Соборот во Келн, во 346 година.

Во 350 година, Серватиј бил депутат на узурпаторот Магненциј до императорот Констанциј II во Едеса. На Помесниот собор во Continue reading

Човечките науки

85296ЧОВЕЧКИТЕ НАУКИ

Прашувате какво е моето мислење за човечките науки? Луѓето по падот почнале да ја обработуваат земјата, почувствувале потреба за облека и за многу други работи, кои го следат нашето земно странствување; со еден збор, почнале да чувствуваат потреба за материјален развој и токму тоа тежнеење претставува карактеристична линија на нашето време.

Науките, кои се плод на нашиот пад, претставуваат пронаоѓање и чување на впечатоците и спознанијата што луѓето ги насобрале живеејќи според својот паднат разум. Ученоста е светилник на стариот човек, светилник со кој мракот на темнината се чува засекогаш. Искупителот им го вратил на луѓето оној Светилник, кој Создателот им го подарил за време на создавањето, а од кој тие се лишиле со својот пад во грев. Тој Светилник е Светиот Дух. Тој, Духот на Вистината, учи на секоја вистина, ги испитува Божјите длабочини, открива и објаснува тајни, дарува и материјални познанија, кога тие се неопходни за човековата духовна корист. Учениот, кој сака да се научи на духовна мудрост, апостолот го заветува: „Ако некој од вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар“ (1. Кор. 3: 18). Точно! Ученоста не е мудрост во вистинска смисла на зборот, туку само мислење за мудроста. Познанието на Вистината, која Господ им ја открил на луѓето и кон која се пристапува само со вера, а е непристапна за Continue reading

Земните наслади

85273ЗЕМНИТЕ НАСЛАДИ

Каква пропаст! Какво оддалечување и отпаѓање од Божественото подобие! Во таа длабока, страшна и, од Бога далечна, бездна паѓаме кога им се препуштаме на грубите телесни наслади, кои, заради нивната гревовна тежина ги нарекуваме падови. Но, и помалку грубите телесни наслади се еднакво погубни. Заради нив се остава грижата за душата, се заборава Бог, небото, вечноста, човековото назначување. Кнезот на овој свет се труди со помош на телесните наслади да нè држи во постојана расеаност и помраченост! Преку сетилата, тие двери на душата, преку кои таа општи со видливиот свет, тој постојано во неа внесува телесна наслада, и грев и ропство, кои се неодделиви од неа. Грми музиката на познатите земски концерти, изразувајќи и поттикнувајќи различни страсти; па страсти се покажуваат во театрите, се поттикнуваат со светските забави; човекот со сите можни средства се наведува на убиствено насладување со злото. Во опиеноста со него, тој заборава на Божественото богатство кое го спасува и на Крвта на Богочовекот со која сме искупени.

Размислување за човечноста или: Емаус и понатаму е пред нас

20080406172733613_1_originalРАЗМИСЛУВАЊА ЗА ЧОВЕЧНОСТА ИЛИ: ЕМАУС И ПОНАТАМУ Е ПРЕД НАС

Како се искажува човечноста – љубовта кон ближните и милосрдноста во нашите односи со луѓето? Какави видови на човекољубие постојат? Дали тоа секогаш е искрено и дали доаѓа од срцето? Или може да биде раководено од суетни поттици на личен интерес? Ако е така, дали моралните вредности и понатаму остануваат исти?

Честопати си ги поставувам овие прашања, тргнувајќи од класичниот израз на поимот хуманост – добри дела, материјална помош на потребните, прилог на сиромашните во натура или пари: посредно – преку добротворните друштва и установи; непосредно – од рака на рака. Зашто, вредноста на доброто дело, кое несомнено има позитивен општествен ефект, оценето од гледна точка на етичките поттикнувања и околности на дародавецот, може да биде многу променлива.

Да му се притекне некому на помош, да се нахрани гладниот, да се облечи бедниот, да му се овозможи некому да има покрив над главата, навистина, сето тоа се добри дела. Но, колку тие дела се израз на вистинско човекољубие, ако ги извршуваме многу повеќе во очекување на награда на оној свет, или за пораст на сопствениот углед на овој свет, по примерот на фарисејот? Дали во нашите дела отсуствува милосрдноста и сочувството со несреќниците? Извесно е дека сите тие мотиви се преплетуваат во време на јавните давања на прилози во добротворните установи, а особено кога се однесуваат кон анонимните примачи на милостињата.

Разликите во вредноста на доброто дело меѓу оној, кој себе си нешто си скусува, и оној, кој нешто прима, веќе се истакнати во Светото Писмо. Дури и алтруизмот, кој го проширува човекољубието врз целиот човечки род, кога се работи за големите, елементарни несреќи, иако раководен од чувството на солидарност, истовремено може да биде и израз на благодарност кон Бога за Continue reading