Христијанскиот национализам

getImage2ХРИСТИЈАНСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ

Првенственото и неутрално значење на зборот национализам е припаѓање кон нацијата, а второто значење подразбира здрава љубов кон својот народ. Дури третото сфаќање има негативно значење, односно, кога националното ќе премине во националистичко и кога ќе ги премине границите на општочовечкото, христијанското, демократското и цивилизаторското однесување, кога едноумието ќе се впери против другиот и различниот.

Според начинот како ќе се сфати овој поим, можеме да разликуваме легитимен (прифатлив) и агресивен (неприфатлив) национализам. Националните чувства можат да станат причина за грешни појави како што се ксенофобијата, националната исклучителност, сепаратизмот и меѓучовечката омраза. Во краен случај тие појави честопати доведуваат до ограничување на правата на личностите и народите, војни и различни видови на насилство.

Националното чувство не само што не му пречи на христијанството, туку од него го прима своето вистинско значење, зашто тоа создава единство меѓу луѓето во духот и љубовта. Секој народ има свој инстинкт, кој го добил од Бога. Секој народ има свое чувство на право и справедливост, свој карактер, своја дисциплина, своја претстава за моралните идеали. Според тоа, секој народ има свој национален идентитет и е посебен на свој начин. Тоа значи дека има свое национално раѓање, национална зрелост и национално изградена култура.

Секој народ е повикан да служи на Бога онака, како што умее – со сета своја култура, историја и идентитет. Национализмот треба да се сфати како убедување и силно чувство дека секој народ примил дар од Светиот Дух да служи на Бога. Националното чувство е љубов кон историско – духовната форма и кон творечкиот акт на сопствениот народ. Национализмот е вера во богоблагодатната сила на Continue reading

Христијанскиот патриотизам

11rezХРИСТИЈАНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ

Христијанскиот патриотизам истовремено се пројавува по однос кон нацијата како етничка соборност и како соборност на граѓаните на државата. Православниот христијанин е повикан да ја сака својата татковина, која има територијални димензии, но и своите браќа по крв, кои живеат низ целиот свет. Таквата љубов се јавува како еден од начините за исполнување на Божјите заповеди за љубов кон ближните, што во себе вклучува љубов кон своето семејство, сонародниците и сограѓаните.

Секој верник со својот ангажман во времето ја остварува и вечната награда, а со својата грижа и одговорност за земната татковина, ја заслужува и небесната. Според тоа, патриотизмот на православниот христијанин треба да биде активен. Тој се манифестира во заштита на татковината од непријателите, во работа за нејзино добро, грижа за доброто на народниот живот, во таа смисла и активно учество во делата на државното управување. Православниот христијанин е повикан да ја чува и развива националната култура и народната самосвест.

Иако зборот „патриотизам“ има незнабожечко потекло (patriota) и означува љубов кон земјата на своите претци, сепак, интересно е да се напомене дека ние, како словенски народи, имаме многу поубав термин со кој можеме да го преведеме овој збор. Тоа е зборот „родољубие“, кој по својата смисла е многу поблизок на христијанството. Едно нешто е да се љуби својата земја, а друго – да се љуби својот род, односно, луѓето блиски на себе по различните особини и ознаки. Според тоа, родољубието значи ограничено човекољубие, што значи дека тоа не е во Continue reading

Вселенскиот карактер на Црквата

98962ВСЕЛЕНСКИОТ КАРАКТЕР НА ЦРКВАТА

Црквата е инструмент за спасението, каде што во изобилие ја чувствуваме Божјата милост и благодат, која на човештвото повторно му е дадена преку новиот Адам – Господ Исус Христос и новата Ева – Пресвета Богородица. Спасителот Христос темелите на Својата Црква не ги поставил на хартија и на цитати, туку Он се легитимирал Себе Си преку Божјите потврди, а таа иста легитимизација ја претскажал и за Својата Црква низ сите векови. Според тоа, како надвремена и безгранична институција, Црквата се стекнува и со вселенски карактер.

Вселенскиот карактер на Црквата, сепак, не значи дека христијаните немаат право на национална самобитност и на национално самоистакнување. Напротив, Црквата во себе ги соединува вселенската основа со националната. Според тоа, Православната Црква, бидејќи е вселенска, се состои од мноштво автокефални Помесни Цркви. Православните христијани, идентификувајќи се самите како граѓани на небесната Татковина, не смеат да забораваат и за својата земна татковина. Самиот Основач на Црквата, Господ Исус Христос, немал каде глава да потслони[1] и постојано потенцирал на фактот дека Неговото учење во себе не содржи ни локален, ни национален карактер: „Иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот“.[2] Он, впрочем, се идентификувал Самиот со народот, кон кого припаѓал преку Своето телесно раѓање. Беседејќи со Самарјанката, Он ја нагласил Својата припадност кон јудејската нација: „Вие му се поклонувате на она, што не го знаете; а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците“[3].[4] Христос бил лојален граѓанин на Римската империја и плаќал даноци во Continue reading

Црквата како заедница на Божјиот народ

98892ЦРКВАТА КАКО ЗАЕДНИЦА НА БОЖЈИОТ НАРОД

Старозаветниот израилски народ бил праслика на Божјиот народ – новозаветната Христова Црква. Искупителниот подвиг на Спасителот Христос го поставил почетокот на постоењето на Црквата како ново човештво, како духовно потомство на праотецот Авраам. Со Својата Крв Христос нè откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе.[1] Црквата, според самата своја природа поседува вселенски, а според тоа, и наднационален карактер. Во Црквата нема разлика меѓу Јудеец и Елин.[2] Како што Бог не е само Бог на Јудејците, туку и на сите оние, кои произлегуваат од јазичничките народи,[3] така и Црквата не ги дели луѓето ниту по националниот, ниту по класниот предзнак: во неа „нема ни Елини, ни Јудејци, ни обрезание, ни необрезание, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сè и во сè е Христос“.[4]

Во современиот свет терминот „нација“ се употребува во две значења – како етничка заедница и како собрание на граѓани во една определена држава. Взаемните односи на Црквата и нацијата потребно е да се разгледуваат во контекст на двете значења.

Во Стариот Завет за означување на поимот народ се користат зборовите ‘at и goy. Во еврејската Библија, двата поими се стекнале со целосно и конкретно значење: со првиот поим се означувал израилскиот народ, богоизбраниот; а со вториот, во множина (goyim) – јазичничките народи. Во Септуагинтата (грчкиот превод на Библијата) првиот термин е преведен со зборовите laos (народ) или demos (народ како политичко образование); а вториот – со зборот etnos (нација) или во множина etni (јазичници).[5]

Спротивставеноста на богоизбраниот израилски народ и останатите народи се потенцира низ сите книги на Стариот Завет, па на било каков начин се допира до Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Гласот на совеста

98782СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: ГЛАСОТ НА СОВЕСТА

Мојата совест постојано ми напомнува за минатото и ми претставува редица престапи, кои секојдневно го натажуваат мојот живот. Кога размислувам за сите мои тајни гревови – при секој грев воскликнувам: тешко мене! Им завидувам на оние, кои предвремено се исфрлени од мајчината утроба и не виделе светлина во овој свет: подобро е гроб без грев – отколку светлина во грев! Кој на земјата врши беззаконие – него мрак ќе го постигне на крајот. Што да правам? Несреќен сум и тука и таму: тука страдам од стравот на своите беззаконија – таму ќе се измачувам од казните за нив. Кога грешев во детството и младоста, си велев во умот: кога ќе остареам, ќе престанам да грешам! Така јас си го претставував мислено животот, дека, кога ќе се излади телото од старост, ќе стивне бурата на гревот – а сега гледам, дека мојата волја и во старост не го напушта злото и макар што е изменето моето тело, не се изменила мојата волја. Во младоста јас живеев безгрижно – и во старост, пак така живеам: заради тоа само едно ме чека на крајот на животот – суд. Мојата младост ми помина обременета од гревови – и ете, настапи староста и таа е тешка од беззаконија: времето на младоста го поминав во служба на гревот – деновите, пак, на староста се иго на лукавиот.

Необично е сето ова и тежок е мојот крај: плотта, навистина ја изгуби својата жар, но мојата волја не ги остава своите навики. Плотта од старост е слаба и целосно немоќна – но, волјата не… Главата е убедена – но срцето не; телото остарело – но, помислите се обновени; колку што е побела косата на главата – толку поцрно е срцето од гревови; колку понемоќна е плотта – толку покрепка е волјата; колку повеќе денови – толку повеќе беззаконија! И младоста и староста – поминуваат во безгрижие за Continue reading

Побратимството

89490ПОБРАТИМСТВОТО

Побратимството (или: посестримството) претставува институција на обичајното право кај Јужните Словени, која се состои од сојуз на две или повеќе лица од еден или различен пол, а не се заснова на крвна или имотно-наследна врска, туку на взаемна и морална љубов. Побратимството претставува древен општоаријски обичај, кој во целост се задржал кај Јужните Словени според условите на нивниот национално-политички живот, особено манифестиран во ајдутството. Одредени црти на побратимство се сретнуваат и кај Германците и Византијците (άδελφοποιϊα), како и кај руските и полските Словени. Карактеристични црти за побратимството се: верност и доверба на еден кон друг, чистота во моралните односи, можност на зближување на различни вери и националности, поврзаност, отсуство на можност за имотно наследство…

Црквата уште во древност го примила побратимството под своја заштита, за што ни сведочат соодветните молитви во древните црковнословенски требници. Сепак, побратимството се склучува и надвор од влијанието на Црквата. Разликуваме црковно и народно побратимство. И двете побратимства може да бидат намерни и случајни.

Намерното црковно побратимство може да биде:

  1. Осветено;
  2. Според молитви (μετά εύχων);
  3. Според Евангелие;
  4. Според клетва.

Случајното црковно побратимство може да биде:

  1. Според крштението во една и иста вода;
  2. Според заедничко потопување во Јорданските води;
  3. Според заедничко посетување на свети места (заеднички аџилак);
  4. Според соединување по испросена Божја милост.

Намерното народно побратимство може да биде:

  1. Крвно;
  2. Склучено над домашно огниште (во родна куќа);
  3. Според заеднички братски целив;
  4. Според завет (ветување).

Случајното народно побратимство може да биде:

  1. Според истовремено родени деца или близнаци;
  2. Според доење на две деца од иста мајка, кои не се браќа;
  3. Според деверство.

Според бугарскиот книжевник, општественик и политичар, Никола Начов, побратимството претставува распространет народно-црковен обичај, практикуван во различни форми кај сите европски народи, за кое што има сведоштва уште во Continue reading