„Монахот и демонот“

„МОНАХОТ И ДЕМОНОТ“

Првото нешто што ми падна на памет по гледањето на овој филм беше: Да, ова е воскреснатиот Гогољ! Токму во формат на ексцентрична трагикомедија, сценаристот Јуриј Арбатов го дизајнираше нацртот за филмот. И, навистина, читаме од него во интернет-верзијата на списанието „Уметност на киното“ во публикација од декември 2013 година: „Ова сценарио е напишано на барање на режисерот Николај Достал и за него. Во него се обидовме да ја прилагодиме Гогољовата естетика на смешно-страшното на потребите на денешната руска кинематографија. Резултатот беше предвидлив: нема доволно пари за финансирање на сликата“.

Гогољ исто така не беше разбран од неговите современици поради избраниот жанр на раскажување. И самиот Николај Василевич беше многу тажен што никој не го разбра, на пример, неговиот „Ревизор“, во кој авторот го преиспитува христијанскиот морал, каде што тивката сцена е Последниот суд. Сетете се на светата тајна на Гогољ: „Страшен е ревизорот кој нѐ чека на вратата од ковчегот“. Но, тој не беше разбран. Жанрот е многу тежок за перцепција на вакви сериозни работи. Но, ќе се обидеме.

Овој филм ќе стане бесмртна класика. Дали знаете зошто? Затоа што сакате да го гледате филмот повторно и повторно. Затоа можеме бескрајно да ја гледаме и „Иронија на судбината“. Но, повеќето модерни серии не се гледани по втор пат. Затоа што тие само забавуваат: бркање, пукање, акробации, специјални ефекти. А денес има голем недостиг од можност да се види на екраните филм кој едуцира, воздигнува, те тера да размислуваш.

Но, најважното нешто што квалитативно ги разликува „Монахот и Демонот“ од другите филмови на руската кинематографија е конвексната недоследност на ликовите. Ова е нивната разноврсност, волумен. И во нив ги

Continue reading

Според чија волја страдаме?

СПОРЕД ЧИЈА ВОЛЈА СТРАДАМЕ?

kinopoisk.ru


Прашањето за страдањата, маките и болестите, старо е колку што е стар и светот. Уште старите Асирци го поставиле прашањето зошто страдаат човекот и народот, на пример, од некоја епидемија, и оваа проблематика била актуелна дури и во средниот век, кога цели народи страдале од одредени болести. Одговорот и на Асирците и на останатите народи бил единствен: и човекот и народите страдаат заради гревот; Божјата казна е одговор на гревот. Уште од времето на доаѓањето на Господа Исуса Христа во светот, иако толкувањата за човечкото страдање обично останале исти (казна за гревот се болестите и смртта), иако и грчката философска психа открила дека и нужноста и случајноста се можни причини за повеќето човечки несреќи, сепак, благата вест за проштевање и љубов, радикално ја изменила нашата претстава за „строгиот Бог Кој казнува“, за љубоморниот Јахве Кој наредува и бара од својот народ, внесувајќи некои промени во нашата претстава за страдањата на човекот и народот.


Исполнувајќи го и дополнувајќи го Стариот Завет, но не негирајќи или укинувајќи го, Господ Исус Христос преку Новиот Завет Се подарил Себе Си и Својата Љубов на човекот; ја подарил Љубовта Божја, која недоволна била присутна за човекот и само повремено извирала од строгиот, законски праведен и само повремено милостив Јахве. Во исто време Христос не’ потсетил, освестил и ни дал можност во иднина, па до крајот на светот и векот, самите да Го бираме и избираме по наша слободна волја. Тоа значи дека ние повеќе не Го повикуваме Бога само кога ни е тешко, кога сме болни, или кога сме уплашени; повеќе не се обраќаме кон Бога за да Го умилостивиме со некоја наша жртва Неговиот гнев, зашто во таков случај психоаналитичарот Сигмунд Фројд би бил во право кога рекол дека ние во Бога најчесто гледаме налутен татко или насилнички диктатор, на кој треба со покорност, а не со вистинска послушност да му се додворуваме; повеќе не се ценкаме со Бога или Му се обраќаме како на некое деистичко божество, без голема надеж дека Он воопшто ќе не’ слушне.

Приближувањето на човекот кон Христа и носењето на Неговиот Крст, навистина ја исполнува целта на нашето и Неговото постоење само тогаш, кога човекот ќе почувствува дека неговото бреме е лесно, и тогаш, кога ќе сфати дека, да се биде со Него во заедница е радост, а сето тоа е можно да се оствари тогаш, кога нашата одлука да тргнеме со Христа „до крајот на светот и векот“ ќе биде слободна одлука на слободниот човек.
Сите ние доволно и добро знаеме, и тоа од сопствено искуство, како и од искуство на народот кому припаѓаме, дека човекот никогаш не е доволно слободно битие, па заради тоа ниту неговите одлуки не можат секогаш и доволно да бидат слободни. Овој факт, кој делумно произлегува од

Continue reading

„Чудото во ќелијата со број 7“

„ЧУДОТО ВО ЌЕЛИЈАТА СО БРОЈ 7“

Самопожртвувањето е најсигурна гарација дека љубовта кон самиот себе нема да падне во мрежата на самољубието, па да се претвори во егоизам. Оној, кој е подготвен да манифестира самопожртвуваност во својата служба на Бога и во исполнувањето на должностите кон своите ближни, никогаш нема да падне во гревот на самољубието. Таквиот ќе се љуби самиот себе само до онаа мерка, до која, љубовта кон самиот себе е добродетел, односно, доколку негува чест и достоинство кон својата сопствена личност, за да може да ги посвети своите моќи за остварување на моралниот идеал, да служи на вишите цели на животот и на таков начин да постигне совршенство и спасение.

Токму филмот „Чудото во ќелијата со број 7“ ни ја открива сржта и суштината на самопожртвуваноста.

Верата во Бога во целост ја поткрепува самопожртвуваноста, и’ придава метафизичка цврстина и го осмислува подвигот. За неа, доброто, како манифестација на Божјата света волја поседува безусловна вредност и оправданост, а исто така и победоносна моќ. Во светлината на верата во Бога, добрината не е слаба и немоќна, зашто зад нејзината волшебна убавина и извонредна вредност не стои само ограничениот човек, туку и семожниот Бог. Остварувањето на доброто, на крајот на краиштата, е Божја волја и дело. А може ли Божјата волја да биде скршена? Може ли Божјото дело да пропадне? Од верата во божественоста на доброто и неговата победоносна моќ, верните луѓе добиваат вдахновеност, црпат мажественост и неверојатна моќ до крај да опстојува на свештената позиција на доброто против сите негови непријателски привремени авторитети и минливи сили. Таквиот верен човек е вдахновен и моќен, бидејќи никогаш не се чувствува осамен. Таквиот верен човек знае дека со него е будната свест на луѓето, но и Светиот и Семожен Бог. Во верата во Бога, во верата во неминовната и крајна победа на доброто и во неговото верно торжествување, големите луѓе и борци наоѓале сила да ги положат и своите животи за праведните дела. И навистина, како може човекот да се сложи со тоа да умре и да се фрли во студените прегратки на смртта, за нешто, во чија безусловна вредност и крајна победа не верува?

Филмот „Чудото во ќелијата со број 7“ е класичен повик и потсетување да го преиспитаме своето смирение. Смирениот човек, кон туѓите слабости и недостатоци се однесува снисходливо, не завидува на нивното напредување и среќа, не се гордее и не се фали. Во тој контекст, големиот Достоевски упатил и еден свој повик кон смирението, кој и по толку многу години звучи со

Continue reading

Документарен филм „Свети Јован Шангајски“

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ“ (2013)

Документарниот филм „Света Јован Шангајски“ на режисерот Јуриј Дукин претставува конкурсно остварување на меѓународниот фестивал на православни филмови „Покров“.

Режија: Јуриј Дукин5mjw5h
Жанр: Документарен

Титлови: Македонски

Преземено од: Свиток – http://ortos.wordpress.com/2014/06/28/dokumentarec-sv-jovan-sangajski/

Траење: 20 мин.

Филм „Борис Годунов“

ФИЛМ „БОРИС ГОДУНОВ“ (2011)

Филмот „Борис Годунов“ е уште едно ново руско филмско остварување. Нашата вечна тема: злосторството и казната, проблемот на совеста, егзистенцијалниот избор, сето тоа прикажано под режисерската палка на Владимир Мирзоев.

Режија: Владимир Мирзоев379983_1702607861201_695309578_n
Жанр: Кинодрама

Актери:
Максим Суханов;
Андреј Мерзлихин;
Леонид Громов;
Дмитриј Певцов;

Траење: 124 мин.

Филм „Отстранета“

ФИЛМ „ОТСТРАНЕТА“ (2011)

Филмот ни ја раскажува животната приказна на прекрасната девојка Кејти Лап, која живее во заедница на амиши во областа Ланкастер. Хероината на филмот постојано чувствува дека нејзиното минато крие голема тајна, која и задава постојан немир. Нејзините претпоставки и претчувства постануваат основани, кога заедницата на амишите ќе биде посетена од една непозната и неочекувана гостинка…

Режија: Michael Landon Jr.the-shunning-dvd
Жанр: Драма

Актери:
Danielle Panabaker;
Bill Oberst Jr.;
Sherry Stringfield;
Burgess Jenkins;

Траење: 88 мин.

Филм „Кутре“

ФИЛМ „КУТРЕ“ (2009)

Прекрасен семеен филм, кој ни раскажува дека секаде можеме да имаме средба со Бога, и дека секој нов ден е средба со Бога, само што нашето срце тоа треба да го сфати. Им го препорачувам на сите кои сакаат да го почувствуваат Божјиот прст врз своето срце…

Режија: Марија Евстатиева478759
Жанр: Семеен, Детски

Актери:
Денис Сухомлинов;
Зоја Кајдановскаја;
Игор Савочкин;
Људмила Чурсина;

Траење: 47 мин.

Филм „Свештеникот“

ФИЛМ „СВЕШТЕНИКОТ“ (2009)

Настанот во овој руски филм се случува во времето на Втората светска војна, при Псковската православна мисија. Овој филм ни ја доловува една од најмалку познатите приказни на Големата татковинска војна. Од август 1941 година, па до февруари 1944  година, свештениците-мисионери од прибалтичките области ја обновиле верската активност и црковниот живот по окупираните области во северозападна Русија. По ослободувањето на тие области и доаѓањето на советската војска, многу членови од Псковската мисија биле испратени во затвореничките логори… POP

Режија: Владимир Хотињенко
Жанр: Драма

Актери:
Сергеј Маковецкиј – отец Александар;
Нина Усатова – презвитера Алевтина;
Лиза Арзамасова – Ева;
Јуриј Цурило – митрополит Сергеј;

Траење: 124 мин.