Свети Лаврентиј од Кентербери

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЛАВРЕНТИЈ, АРХИЕПИСКОПОТ НА КЕНТЕРБЕРИ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 2 ФЕВРУАРИ

(?-619; Laurence of Canterbury)

Во 597 година, Римскиот папа Григориј Велики, го назначил Лаврентиј[1] за учесник во првата анлосаксонска мисија, под водство на свети Августин, за христијанизирање на Англија. Набргу потоа, свети Лаврентиј се вратил во Рим, со изготвен извештај за успешноста на мисијата, па во 601 година повторно се вратил во Англија, но овојпат со поголем број на нови монаси за мисионарење. Во 604 година го наследил свети Августин на архиепископската катедра. Папата Григориј планирал да отвори две архиепископии во Англија – Лондонска и Јоркшка. Лаврентиј се обидел да се зацврсти во Лондон, но бил избркан од непомирливите противници, па побегнал во Кентербери, каде што ја предводел провинцијалната епархија.

Подобно на својот претходник Августин, и Лаврентиј трпел гонења и омрази од Британците, кои се обидувале да го спречат навлегувањето на римската традиција меѓу Келтите.

По смртта на кралот Етелберт, неговиот син Едбалд се вратил во јазичничката вера, па дури и се оженил со вдовицата од неговиот татко. Во 617 година Едбалд започнал процес, за да биде разгледано прашањето за депортирање на Лаврентиј во Франција, заедно со светите епископи Мелит и Јуст. Но, пред заминувањето за Франција, светиот епископ имал видение, во кое апостол Петар го укорил дека не смее да ги напушта луѓето, поради кои Христос пострадал. Петар дури и го удрил епископот, така што овој, кога се разбудил, забележал дека на лицето има црвенило. Овој настан дотолку го поразил кралот Едбалд, така што тој повторно се вратил во христијанската вера. Набргу потоа, на 2 февруари 619 година, свети Лаврентиј блажено се упокоил во Кентербери.

Споменот на свети Лаврентиј Православната Црква го празнува на 2 февруари според Јулијанскиот календар.


[1] Лаврентиј = овенчан со ловор.

Прилепчани во Зографските поменици

ПРИЛЕПЧАНИ ВО ЗОГРАФСКИТЕ ПОМЕНИЦИ

Зографскиот словенски манастир е еден од 23-те поголеми Светогорски манастири, кои се наоѓаат на Атонскиот полуостров. Полуостровот е наречен Атонски заради името на планината Атос, чија надморска височина изнесува преку 2000 метри и личи на пирамида. Во летните месеци, планината редовно е покриена со магла, а во другиот период од годината со снег.

Света Гора, како манастирска заедница, формално била основана во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Голема Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот император во текот на следните векови. Четвртата крстоносна војна во XII век донела нови, римокатолички владетели, кои ги присилиле монасите да бараат заштита од папата Инокентиј III до обновувањето на Византија. Исто така, каталонски платеници во XIV век вршеле кражби на Света Гора.

За православните христијани, во почитувањето на поголемите религиозни објекти, веднаш по Христовиот гроб во Ерусалим, доаѓа Света Гора Атонска. На Света Гора сите православни народи имаат по некој манастир. Света Гора Атонска се управува најдемократски, од Општина, чие седиште е во Кареја со 23 члена, а преку извршно тело, кое се вика Совет на старци од 5 члена, кои се менуваат подеднакво од секој голем манастир.

Манастирот „Свети Георгиј Зограф“ е словенски манастир, коj се наоѓа во северозападниот дел на Автономната монашка држава Света Гора, на полуостровот ХалкидикиЕгејска МакедонијаГрција. Истиот e на 9-то место во хиерархијата на манастири во монашката држава и е еден од трите словенски манастири во Света Гора. Според манастирската легенда, запишана во „Сводна грамота“, бил основан во IX или X век од тројца браќа од Охрид – Моjсеj, Арон и Јован Селима. Наjстарите зачувани документи, кои се сведоштво за постоењето на монашкото братство, се од 980 година. Денес има скоро 40 монаси.

Браќата-основачи на манастирот се родени браќа на првиот словено-македонски цар Самоил. Неговите браќа го подигнале манастирот најверојатно во почетокот на Х век. Зографскиот манастир монументално се издига меѓу атонските кипарисови дафинови и маслинови дрва. Неговите белокамени зданија, остро ги параат облаците на беломорските крајбрежја и хоризонтално се шират кон светогорските шуми. Името на манастирот доаѓа по самонацртаната икона на Свети Георгиј – Зограф.

Во Зографскиот манастир до 1942 година, пронајдени се три поменици. Првиот е „Царски поменик“, во кој, покрај другите цареви, се спомнуваат и словено-македонските цареви Самуил, Давид, Гаврил и Радомир. Помениците за науката имаат големо значење, зашто даваат драгоцени историско-културни податоци за црковната и националната историја, за економското и

Continue reading

Свети Одо, архиепископот на Кентербери

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ОДО ДОБРИОТ, АРХИЕПИСКОПОТ НА КЕНТЕРБЕРИ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 2 ЈУНИ

(880-959; Odo the Good, of Canterbury)

Свети Одо[1] е роден во Источна Англија, во данско семејство. Во 925 година тој бил ракоположен за епископ во Рамсбери (Ramsbury), во Есекс. Тој бил во придружба на кралот Етелстан (Athelstand), кога извојувал победа над Данците, Шкотлаѓаните и жителите на Нортумберленд, во битката кај Брунанбург (Brunanburh) во 937 година.

Во 942 година бил избран за архиепископ на Кентербери. Тој откажувал да ја преземе оваа одговорна функција, зашто претходно немал дадено монашки завети, но по совет на игуменот на манастирот Флери-сур-Луар (Fleury-sur-Loire) од Франција, тој прифатил да биде архиепископ. Раководејќи со таа функција, многу допринел во зацврстувањето на монаштвото и храмовите, а покажал и голема грижа за спасението на доверената паства. Уште додека бил жив, од месното население, бил наречен Одо „Добриот“.

Свети Одо одиграл главна улога, како во општествените, така и во духовните дела во времето на кралевите Едмунд и Едгар. Тој го продолжил патот на зацврстување на монашкиот живот, започнат од светите Дунстан, Освалд и Етелволд.

Житието на свети Одо е напишано во 1100 година од Едмер, а Православната Црква неговиот спомен го празнува на 2 јуни според Јулијанскиот календар.


[1] Одо = ѕвезден.

Прилепските црковни хорови

ПРИЛЕПСКИТЕ ЦРКОВНИ ХОРОВИ

Црковно-хорската историја на градот Прилеп најтесно е поврзана со личноста на Атанас Бадев. Оваа историја претставува богата дејност во овој регион, па и пошироко, зашто Прилеп бил расадник за доста црковно-музички дејци.

Првиот црковен хор е формиран во 1879 година, токму од Атанас Бадев, кој како ученик во Софиската гимназија, за време на летниот распуст, ја започнал оваа иницијатива. Овој хор веднаш на почетокот од своето формирање пеел четиригласни духовни творби. Овие хорски композиции, најчесто наречени „концерти“, потекнуваат од руски и други словенски композитори. Еден од најзастапените композитори во репетоарот на хорот бил Дмитриј Бортњански. Кога се говори за овој прилепски црковен хор, интересно е да се одбележи дека во него, покрај повозрасните ученици, учествувале и постари црковни псалти, како, на пример, Тодор Гавазов и Георги Смичков, што покажува дека повеќегласната духовна хорска музика, заснована врз западноевропски принципи, била усвоена и од повеќе црковни псалти, кои биле воспитани врз византиската духовно-музичка традиција.

По Атанас Бадев, раководител со прилепскиот црковен хор станал учителот Јанчулев, кој дал свој придонес за натамошното унапредување на овој хор. Во учебната 1880/81 година, раководењето со хорот го презел учителот од основното училиште, спомнатиот црковен псалт, а подоцна и мелограф – Георги Смичков. Од постоечките музички и други документи, произлегува констатацијата дека овој културен работник бил централна личност на духовниот и световниот музички живот на Прилеп во последните децении на XIX век. Додека неговиот сограѓанин Атанас Бадев имал можност да го оформи своето музичко образование кај професори од светски ранг, каков што бил Николај Римски-Корсаков, Георги Смичков музички се изградувал во средината од која потекнувал, веројатно во околните манастири, каде имал можност да ги усвои на непосреден начин автохтоните елементи на македонското црковно пеење, базирано врз Дамаскиновиот осумгласник.

Желбата за усвојување на западното нотно писмо, кај Смичков била необично голема, веројатно поради сознанието дека со неговата употреба на музичарот му се отворале пошироки перспективи во творечката работа. Поради тоа, тој одел во Солун и набавувал литература за таа цел. Како самоук, овој прилепски црковен псалт и учител, успеал да ги усвои принципите на европската линиска нотација и да се подготви за мелографска дејност. Познавањето на европската и Хризантовата византиска нотација, му послужило на Смичков за потребите на хорот да ги испишува штимовите на определени духовни композиции од европска, на византиска нотација. Од материјалот од овој вид, кој е архивиран, испишан од раката на

Continue reading

Свети свештеномаченик Алфегиј

СПОМЕН НА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК АЛФЕГИЈ, АРХИЕПИСКОПОТ НА КЕНТЕРБЕРИ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 19 АПРИЛ

(954-1012; Aelphege of Canterbury)

Светиот свештеномаченик Алфегиј[1] е роден во 954 година. Како младо момче останал без татко, па одлучил да ја остави во мир својата мајка, го разделил имотот кој го наследил и заминал во манастирот Дирхарст, во грофовијата Глостершир. По неколку години поминати во подвизување и молитви во местото Бате, најпрво бил избран и поставен за игумен, а во 984 година бил ракоположен за епископ на Винчестер. Во 994 година, во градот Андовер го миропомазал за крал Олаф Норвешки. Се претпоставува дека неговиот патриотски дух бил причина да се донесат позитивни одлуки за Црквата на Соборот во Енхејм.

Во 1006 година бил поставен за архиепископ на Кентербери и заминал за Рим, за да добие омофор. Во тој период Англија честопати била напаѓана од Данците, кои при крајот на септември, во 1011 година, го освоиле и запалиле Кентербери, а Алфегиј го заробиле. За да го ослободат, Данците барале откуп, но откупот, иако бил ветуван, никогаш не пристигнал. На 19 април 1012 година, во Гринвич, затворениците, кои биле во истата келија со Алфегиј, се опијаниле со вино и почнале да го тепаат и малтретираат светителот, удирајќи го со камења и коски. На крајот, еден безумец ја подигнал секирата и со неа го убил светителот.

Телото на светителот, најпрво, било погребено во соборната црква на Светиот апостол Павле во Лондон, а потоа, по предлог на кралот Канут, било пренесено во Кентербери, каде што почива и денес.

Споменот на свети Алфегиј Православната Црква го празнува на 19 април според Јулијанскиот календар.


[1] Алфегиј (древноеврејски) = промена.

Баба Мита од Миџовци

БАБА МИТА ОД МИЏОВЦИ – ДАРИТЕЛКАТА НА ИМОТОТ ЗА ГРАДБА НА ЦРКВАТА „СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ“ ВО ПРИЛЕП

Во 1831 година, на присадскиот Дервен, големиот везир Рушид Паша, му задал последен и решавачки удар на побунетото албанско население, под водство на скадарскиот Мустафа Паша. По таа победа, а во знак на благодарност кон прилепчани, зашто не им дале помош на бунтовниците, Рушид Паша на христијанската делегација им ветил дека ќе им обезбеди ферман за градба на црква во Прилеп. Но, прилепчани, измачени поради одењето за црковни треби во Варош, веднаш почнале да копаат темели за црква на едно место „од поранешната црква“, како што се говори во еден запис, регистриран од покојниот протоереј-ставрофор Борис Талески. Тоа место денес се наоѓа на улицата „Први Мај“ бр. 32, а куќата е наречена „Попадина куќа“. Тогаш тие улици биле населени само од Турци, кои ѝ кажале на турската власт, која веднаш забранила да се гради црквата и ги засипала темелите. Истото место од поранешната црква во 1837 година било продадено на некој поп Цветко.

Во 1834 година, аџи Ристе го добил ферманот за градба на црква, со помош на великиот везир и бившиот Пелагониски митрополит Григориј, кој бил пријател на аџи Ристе и кој подоцна бил избран за Цариградски патријарх. Кога аџи Ристе го донесол ферманот во Прилеп, прилепчани не верувале во остварувањето на нивната идеја и како на аџилак оделе во куќата на аџи Ристе за да се уверат. Поради тоа, добивањето на ферманот го нарекле блага вест и ветиле дека црквата ќе ја посветат на празникот „Благовештение Богородично“. Но, требало да се најде соодветно место за градење на црквата.

Во тогашната улица „Султанова“ живеело семејството Миџовци, стрината Митана со двајцата внуци Томе и Спиро. Стрината била вдовица и делена од внуците. Во исто време, таа била и аџија, поклоник на Христовиот гроб во Ерусалим. Како мајка имала две деца. Според некои кажувања, тие биле синови, а според надгробната плоча на аџи Мита, тие биле син и ќерка. Кога аџи Ристе со неколку прилепчани отишол да го побара влезното место за во бавчата од аџи Мита за градење црква, таа во прво време не се согласувала. Подоцна, кога за истото место се заинтересирале и Турците, за на тоа место да изградат џамија, па дури и да го откупат местото, таа како добра христијанка, одлучила да

Continue reading

Преподобна Вулфхилда

Преподобна Вулфхилда

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА ВУЛФХИЛДА,
ИГУМЕНИЈАТА НА МАНАСТИРОТ ВО БАРКИНГ,
ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 9 СЕПТЕМВРИ
(940-1000; Wulfhilda)

Света Вулфхилда пораснала во манастирот Вилтон. Кога таа сè уште била послушничка во манастирот, кралот Едгар Мирниот ја побарал нејзината рака, но таа му соопштила дека има друг повик во животот. Нејзината тетка Венфледа, игуменијата на манастирот во Вервел, ја понудила младата послушничка да стане нејзина наследничка, но тоа било само мамка, таа да излезе од манастирот во Вилтон и да ги избегне досадните додворувања на кралот Едгар.


Кога Вулфхилда пристигнала во Вервел, таа се изненадила, зашто пред вратите веќе ја чекал кралот Едгар. Кога го видела, таа почнала да бега низ ендеците на манастирот, не обрнувајќи внимание на големиот товар, кој го носела на својот грб. Кралот ја бркал до местото Вилтон, но сепак, не успеал да ја фати, зашто преподобната се скрила во олтарот на манастирот. По ова, кралот се откажал од додворувањата, а за своја жена ја зел нејзината двородна сестра Вилфрида.


Вулфхилда го продолжила својот благочестив живот и постанала прва игуменија на женскиот манастир во Хортон, во областа Дорсетшир. Подоцна таа била назначена за игуменија на женскиот манастир во Баркинг, кој бил основан од кралот Едгар, а како метоси имал неколку цркви по градовите низ Весекс. Како игуменија, таа се прославила со својата чудотворност, меѓу кои било и умнжувањето на пијалоците, кога манастирот го посетиле кралот Едгар, свети Етелволд и некој морски офицер од Сендвич.


По смртта на кралот Едгар, овдовената кралица Елфтрита, заедно со неколку монахињи од Баркинг, направиле злобен план, како да ја протераат преподобната од манастирот. По протерувањето, таа се населила во местото Хортон и таму останала цели 20 години, сè додека повторно не била вратена во Баркинг од кралот Етелред. Во последните 7 години од својот живот, таа духовно раководела со манастирите во Баркинг и Хортон.


По смртта, нејзините свети мошти, заедно со мошите на светите Хилделита и Етелбурга, биле пренесени во 1030 година. Нејзиното житие го напишал историчарот Госелин, некаде по 60 години од нејзината благочестива смрт. Православната Црква нејзиниот спомен го празнува на 9 септември според Јулијанскиот календар.


[1] Вулфхилда = практична.