Демонот од Бело Брдо

Непознати страници за Прилеп 1920-1941

Ова е вистинската приказна за Василие Трбиќ, човек што меѓу двете војни, повеќе од две децении, палеше и гаснеше низ прилепската чаршија.

Незадоволен со учителскиот позив, Василие Трбиќ заминува во Света Гора, каде што се закалуѓерува. Зошто токму во Света Гора и зошто се закалуѓерува, тоа е тајна што треба да се одгатне… Еден ден, тој ја симнува мантијата, зема пушка в раце и станува четнички војвода во прилепскиот крај: крвави траги остануваа каде што минуваше неговата чета… По 1918 година, тој се настанува во Прилеп, каде што со години е пратеник, доверливо лице на полицијата, феудален самодржец во прилепското село Браилово, голем производител на тутун. и над сѐ – демагог и политикант, корав експонент на големосрпскиот хегемонизам и забележана фигура во интригантските игри на дворот на Караѓорѓевиќевците… А едно време беше и министер за аграрна реформа.

Постарите прилепчани уште го паметат: пргав, забележлив човек, брз на јазикот, уште побрз во постапките – кога тоа ќе му одговараше, но итер како лисица и претпазлив како змија, што никогаш не си ги покажува нозете во друга прилика. Можеше човек со него да говори со часови и часови, и пак да не дознае што овој човек, секогаш педантно облечен и со

Continue reading

Pitao sam malog puža, da mi svoju kuću proda…

„PITAO SAM MALOG PUŽA DA MI SVOJU KUĆU PRODA…“

„Sad je jesen, noć je hladna
Bar me pusti da prespavam…“


Во прекрасниот авторски текст за Шабан Бајрамовиќ – „Кој беше Шабан Бајрамовиќ“, Ѓорѓе Матиќ прераскажал една интересна анегдота од снимањето на песната „Pitao sam malog puža“ (Шабан Бајрамовиќ и Moстар Севдах Реунион), a настанот бил забележан и на видео запис и до скоро бил необјавен:

„Постои видео снимка, за која се надевам дека еден ден ќе се појави некаде (снимката се појави пред некој месец и истата е објавена на почетокот на текстов), а која е направена во текот на работата на Шабановиот повратнички албум со бендот Мостар Севдах Реунион. Шабан ја снима една од своите ретки песни на српски јазик, издвоена во сѐ, во и онака, издвоениот репертоар. Таа песна е „Pitao sam malog puža“, која е исполнета со еден немилосрден, постојан ритмички „кец“, каков што имаат севдалинките. Над непроменливото отчукување на пулсот на бендот, Шабан изведува серија на вокални бравури, за кои не се знае дали се технички или емотивно потешки, преку шестминутното развивање на тажалката, за тоа како на комар („на карти, на барбут“), ги изгубил сите пари.

Шабан пее во состојба на една апсолутна концентрација, како „столб од светлина“, како што еднаш Ален Гинзберг ја опишал концентрацијата на младиот Боб Дилан на сцената; пее со затворени очи и типично искривено лице – во едно тајно братство на овие физички гестикулации. Шабан пее маестрално како „soul shouter“ од некој протестантски хор од Луизијана, како фламенко солист од Андалузија, како пакистанскиот qawwali мистичар Нусрет Фатех Али Кан. Преку карактерот на Словените и Ромите, во песната е прикажана една блиска, антропоморфна слика, во која ликот (Шабан) разговара со

Continue reading

Вистината за случајот Балабан

„Овде лежу тела

наших милих синова

Благоја Л. Балабановић,

ђак VI раз. ђим. рoђен 13/III/1904 г.

убит подло од својих другова

саученика 15/IV/1922 г. у

цвету своје младости и

брат Ђорђе рођен 15/III/1920 г. + 4/V/1932

оставиши у вечиту тугу

оца и мајка“

Овие деца не беа скриени, околу нив постојано беа скротените момчечки мечти. Овие деца беа лишени од дрскост и примамливи заблуди, но жедни за правда, за слобода, за живот…

Овој епитаф над нивниот гроб сведочи дека и денес се убави и млади, невини, зашто одамна тие не го мерат ниту времето, ниту постоењето. А во едно такво бегство, трчаме и ние, кои сме сѐ помалку…

Родени чедни, родени невини, со лист од смоква, но грди облеки им облекоа подло, зашто нивниот момчешки сон беше насликан со кист, не знаејќи дека пред нив е само време за збогум, време проштално…

Continue reading

Две Голготи

ДВЕ ГОЛГОТИ

Голгота е премногу важна, особено денес, заради својата привлечност. Сенката на Крстот сѐ повеќе се појавува од неонската расвета на нашите градови. Луѓето никако не можат да се одделат од Крстот на Голгота. Земјата постана нова Голгота, или поточно, место на нови Голготи, а всушност, постојат две Голготи: Голгота без Христа и Голгота со Христа.

ГОЛГОТА БЕЗ ХРИСТА

Тоа е…

Голгота на уживања, која раѓа досада;

Голгота на материјализам, кој води во бесмисла;

Голгота на страсти кои задоволуваат, но не заситуваат;

Голгота на врева и бука, кои оставаат празни срца;

Голгота на атомска бомба, која би ја заменила војната, но се заканува на целиот живот;

Голгота на напредок само за оние, кои имаат корист од

Continue reading

Човека најискрено го љубиме, кога го љубиме заедно со неговите недостатоци…

„Зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене“.

Пријателството не може да се одржи без меѓусебен реципроцитет. Љубовта не го бара тоа, не го претпоставува. Љубовта е повеќе од пријателство, кое произлегува доколку кај него се појават нерационални мотиви и постапки. Ближен ни е секој, кому можеме да му направиме добро, а тоа значи секој човек. Пријатели имаме неколку, но сите ни се блиски.

Кога стоиците бараат дека за пријателот мора да се умре, тие ненамерно воведуваат нешто повеќе од пријателството: ЖРТВА, која не може да постои без надрационален став кон оној, за КОГО или заради ШТО се прави жртвата. Жртвата не се објаснува само рационално, а без неа исчезнуваат многу вредносни односи меѓу луѓето.

Цицерон чувствувал дека не може да има пријателство без љубов. А еден поет вели: „Човека најискрено го љубиме, кога го љубиме заедно со неговите недостатоци, ама и кога го сакаме ТОКМУ поради неговите недостатоци“. (Јован Дучиќ)

Филозофската и христијанската симболика во сказната на Антоан де Сент Егзипери – „Малиот принц“

ФИЛОЗОФСКАТА И ХРИСТИЈАНСКАТА СИМБОЛИКА ВО СКАЗНАТА НА АНТОАН ДЕ СЕНТ ЕГЗИПЕРИ – „МАЛИОТ ПРИНЦ“

Сказната „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери се изучува во основното образование. „Малиот принц“ во програмата е деклариран како филозофска сказна и мудра парабола, како уметничка творба на универзалните вистини и пример за чистотата на перцепцијата на светот.

Во животот на Егзипери имало две големи страсти, кои речиси истовремено влегле во неговиот живот: авијацијата и литературата. „За мене летањето и пишувањето се едно исто“, тоа е неговиот одговор на прашањето што му е поважно. Движењето, летот – тоа е животот, а самиот живот го почувствувал како лет и движење. „Ние сме жители на иста планета, патници на ист брод“, – рече Егзипери. Тој сонувал да го заштити целото човештво, тој бил подготвен да им помогне на сите на оваа земја, тој живеел за тоа.

„Малиот принц“ потекнува од еден од сижеата од „Планетата на луѓето“. Ова е приказна за случајното слетување на самиот писател и неговиот механичар Прево во пустината. Кај Егзипери лесно се наоѓаат клучните, омилени симболични слики. Еве, на пример, приказните водат до нив: потрагата по вода од жедните пилоти, нивното физичко страдање и неверојатното спасение. Симболот на животот – водата, ја гаси жедта на луѓето изгубени во песокот, таа е изворот на целиот живот на земјата, храната и телото за секого, супстанција што овозможува повторно раѓање. Во „Малиот принц“, Егзипери ќе го исполни овој симбол со длабока филозофска содржина. „Основниот принцип на животот е водата, една од вечните вистини, непоколеблива работа со голема мудрост“. „Дехидрираната пустина е симбол на светот уништен од војна, хаос, деградација, човечка бесчувствителност, завист и себичност“. Ова е свет во кој човек умира од духовна жед. Каков начин на спас гледа Антоан де Сент-Егзипери? „Да се љуби – не значи гледање еден во друг, тоа значи гледање во иста насока“, – оваа мисла го одредува идеолошкиот концепт на приказната. Приказната, како парабола, е најстариот жанр на усното народно творештво. Таа го учи човекот да живее, му влева оптимизам, ја потврдува вербата во триумфот на добрината и правдата.

Приказната има силна романтичарска традиција. Како прво, ова е избор на фолклорен жанр – сказни. Романтичарите не случајно се свртуваат кон жанровите на усната народна уметност. Фолклорот е детството на човештвото, а темата на детството во романтизмот е една од клучните теми. Германските идеалистички филозофи ја поставуваат тезата: Човекот е еднаков на Бога во тоа што може, како Семоќниот, да произведе идеја и да

Continue reading

Размислувања за страдањата

РАЗМИСЛУВАЊА ЗА СТРАДАЊАТА

Во животот не мора секогаш да се сретнуваме со симпатиите, почитта, добрата волја на другите. Честопати, напротив, треба да се види непријателство, понекогаш многу злобно, подготвено да ни предизвика секакви навреди и неволји. Треба да видиме како непријателството го разгневува секој човек, особено незаслуженото непријателство, каква огорченост предизвикува во нашите срца, каква жед за одмазда често се разгорува во него! Но, плашете се, да возвратите зло за зло, да извадите око за око и заб за заб. Тоа е забрането од Христос. Тој не само што забрани да се одмаздува на непријателите, туку нареди да ги љубиме и да се молиме за нив. Самиот се молел за распнувачите, додека тие забивале остри клинци во Неговите чисти раце и нозе.

Христовите ученици целосно го асимилирале ова учење за љубовта кон непријателите и умреле на ист начин – со молитва за своите мачители. Првиот пример за таква молитва ни го остави првиот маченик за Христа – архиѓаконот Стефан. Еве еден прекрасен пример за љубов кон непријателите, еве еден ментор кој нè поучува како да одговориме на злобата на нашите непријатели – не одмазда, Господи помилуј нè! – но со молитва за нив, за да не ги натера Господ да згрешат со злото што ни го нанесуваат.

Колку свети и поучни примери се молитвите за непријателите! Во биографијата на еден руски подвижник се раскажува како еден од големите луѓе на овој свет дошол да се исповеда пред некој духовен старешина. По вообичаените признанија, тој завршил велејќи: „Сè уште имам нешто во срцето, од кое не сакам да се ослободам. Има лоши добронамерници, кои сакаат да ми ја одземат довербата кон надредените и луѓето околу мене, ме клеветат на секој можен начин. Ги мразам од се’ срце и оваа омраза ќе остане во мене“.

Старецот долго време и залудно се обидувал да го убеди да се откаже од својата злоба и на крајот изјавил дека во таква душевна состојба не може да му дозволи да се причести. На крајот, тој успеал да го убеди исповедникот да се смири со следнава поука: „Сè уште не можете искрено да им простите на овие луѓе. Но, принудете се на тоа. Побарајте ги молитвите на Црквата за нив принесувајќи просфора. На почетокот ќе ви биде многу тешко, но

Continue reading

Претседател

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Писмото што дојде од Дебар беше кратко и јасно:

„Претседателот на општината треба да биде од вашето село, бидејќи е најголемо. За таа цел ве молиме да предложите еден човек. Човекот треба добро да го претресете од сите страни и по можност да ни ја доставите во писмена форма неговата биографија. Ви напоменуваме дека човекот што ќе го предложите, би било пожелно да се истакнувал пред Војната, за време Војната и, се разбира, во годините по војната. Смрт на фашизмот! – Слобода на народот!“

Ете, тоа беше кратката и јасна содржина на писмото адресирано до сите политички организации во селото. Па така, на сам ден свети Трифун, се насобраа тие од Народниот фронт, од селскиот синдикат, од распуштениот партиски актив, а се разбира беше присутна и тетка Никодинка, од АФЕЖЕ-то.

Се собраа така повеќе од дваесетина души, да одберат човек за претседател на општината и неговата биографија во писмена форма да ја достават во Дебар.

– Не е лош другарот Стамат, прв рече Арсенија, претседателот на Народниот фронт. – Стамат не е лош за претседател. Тој е човек ипол. И кога пие – пие со мера, и кога се кара – се кара со мера.

Сите рекоа:

– Се прима!

– Не, бре луѓе, имам жена и деца, не можам јас да се играм, почна да се брани Стамат. Каков претседател, какво котле! Јас сум си ѕидар, мајстор, и не можем сега златна работа да си напуштам за да бидам претседател. Треба да се мисли, ами како! А, утре-задутре, ќе им текне да ја укинат општината?! Која матна ќе ме собере!? Затоа, нека биде некој што е послободен. Не знам инаку како да речам!

– Да го предложиме епитропон, се јави Митре од синдикатот.

– А друго нешто?! го дочека тетка Никодинка. – Каков епитроп! Не чу што пишува во писмото? „Да се истакнувал пред војната!“ А се истакнувал ли епитропон пред Војната?

– Како не! – одговори некој.

– А како да, – го дочека и него тетка Никодинка. – Нам една партизанка од Дебар ни зборуваше и

Continue reading

Аналфабети

АНАЛФАБЕТИ

Во селото имаше многу неписмени: умни, ама неписмени. И, некаде околу Митровден, еден ден учителот се врати од советувањето во Дебар, му нареди на училишниот прислужник Дојчин да го свика селото на конференција. Селаните одвај чекаа конференции, па дојдоа, се насобраа: и да се видат меѓу себе, и да чујат што има ново во светот.

– Борбата продолжува! – беше првата реченица со која учителот ја отвори конференцијата.

Селаните се уплашија: борбата продолжува, а тие мислеа дека пред три години заврши. Страв в коски им влезе на сите.

– Од која страна сме нападнати? – праша еден постар човек.

– Не прекинувај ме! – налутено му се развика учителот кој цело време се трудеше да ги запомни зборовите од советувањето во Дебар, зашто му се виде многу убав говорот на повереникот за просвета. И неговиот говор исто така почнуваше со реченицата: „Борбата продолжува!“

– Е, како да не те прекинувам, – пак се јави човекот, – велиш борбата продолжува, а додека ни кажеш од кого и од која страна, веќе ќе бидеме окупирани.

– Заврши борбата, ама така се вели: борбата продолжува! Се ослободивме од непријателот, сега треба да се ослободиме и од неписменоста. А штом сме се решиле да се ослободиме, значи и ќе се бориме. И уште нешто. Неписмените, тука, во селово, ги викаме неписмени, а во Дебар, град голем и место околиско, неписмените ги викаат аналфабети. Аналфабетите се непријатели на социјализмот. Аналфабетот не знае да чита, не знае да пишува и смета напамет, како во турско. Денеска не сме турско, тоа да ви влезе в глава, затоа ќе се бориме против аналфабетите – на висок глас учителот ја најави борбата, а селаните ја прифатија.

– И зимата започна да работи аналфабетскиот курс.

Најмногу неписмени имаше меѓу „женските селани“ како што се изразуваше учителот. И женските селани, односно, селанките, три дни во неделата го посетуваа курсот, додека пак „машките селани“, односно селаните, подеднакво го посетуваа и

Continue reading

Битпазарскиот вагар

Венко Андоновски

БИТПАЗАРСКИОТ ВАГАР

(НАЈТЕШКИОТ И НАЈЛЕСНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ)

На ќерка ми Катарина

Не плачи, ќерко. Никој не ја гледа целината. Сите имаат само ограничен пристап до неа. Секој има своја гледна точка. И гледа само дел од светот. И да те качам на Ајфеловата кула (а ти ветив дека еднаш ќе те качам), ќе го видиш цел Париз, ама нема да ги видиш луѓето. Ќе ги гледаш сплескани; ќе гледаш само шапки под кои се подаваат машки или женски чевли, како што тоа го опиша еден познат француски писател.

Фала му на Бога, ќерко, тебе не ти даде таква гледна точка, од високо да гледаш на луѓето. Остави ги ти нив, нека гледаат тие на тебе од високо. И нека те задеваат: нека велат дека имаш повеќе килограми одошто треба. Потешко е да се издржи, одошто да се зададе удар, Ќерко! Затоа, главата горе, бриши ги солзичките, Богородице моја, и слушај што ќе ти раскажам за телесната тежина и за гледната точка!

По улиците на Скопје, во мојата младост имаше еден човек без нога но co чecт, човек што не сакаше да пита, туку купи вага. И наплатуваше по десет динари за едно мерење. На вагата се мереа млади, стари, дебели и слаби, госпоѓи и господа, другари и другарки, сите. Човекот секој ден седеше пред „Мусандра“ и собираше колку за леб.

Еден ден исчезна без трага.

Се распрашувавме по цела Стара чаршија за него, но никој ништо не знаеше; човекот немаше ни роднини ни пријатели. И ништо не узнав за него, сè додека еден ден, сосема случајно, палејќи свеќа на гробот од татко ми, дедо ти Верољуб, погледот не ми падна на којзнае кој ред подолу, врз спомениците, и тоа токму на неговата слика!

Слегов до неговиот гроб и видов: на сликата беше тој, сосема насмеан, како да се радува што е токму на тоа место. Го запомнив името и презимето и бројот на парцелата и

Continue reading