Свети Феликс, епископот на Данвич

SVETI FELIKSЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ФЕЛИКС, ЕПИСКОПОТ НА ДАНВИЧ И ПРОСВЕТИТЕЛ НА ИСТОЧНА АНГЛИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 8 МАРТ

(?-648; Felix of Dunwich)

Свети Феликс[1] е роден во Бургундија, на територијата на денешна Франција. Во родната земја бил ракоположен за епископ и бил испратен во Источна Англија од свети Гонориј Кентербериски,[2] за да го проповеда Евангелието.

Свети Феликс во 631 година се населил во Данвич (Dunwich), на брегот на Сафолк, и тука, со голем успех, цели 17 години, се трудел во делото на ширењето на Евангелската наука. Со помош на кралот Зигеберт[3] формирал и училиште за мали деца, а за нивно воспитување, повикал учители и воспитувачи од Кентербери.

Свети Феликс блажено се упокоил во 648 година и бил погребен во Данвич. Неговите мошти биле пренесени во Рамсеј, во Хантингдоншир (Huntingdonshire) во 971 година.

Името на свети Феликс денес го носат градовите Феликстоув (Felixstowe) во Сафолк и Феликсирк (Felixkirk) во Јоркшир. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 8 март според Јулијанскиот календар.

[1] Феликс (латински: felix) = среќен.

[2] Свети Гонориј Кентербериски (Honorius of Canterbury; ?-653) е роден во Рим. Свети Григориј Велики, уште како монах, го избрал за проповедник на Евангелието во Англија, благодарение на неговата искрена вера и големо образование. Бил поставен за архиепископ на Кентербери по свети Јуст. Бил ракоположен во Линколн од свети Павлин. Својот архиерејски омофор го добил од Рим, од папата Гонориј I, заедно со пропратно писмо, во кое бил советуван дека овдовената катедра треба да биде пополнета со новоракоположен епископ, кој својот епископски чин ќе го прими од валиден епископ. Во негово време христијанството се раширило речиси по целиот остров и пуштило длабоки корени во срцата на верните. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 30 септември според Јулијанскиот календар.

[3] Свети Зигеберт Англиски (Sigebert, king of Anglia; ?-635), според тврдењата на свети Беда Почитуваниот, бил првиот крал-христијанин во Источна Англија, а крстен бил во Франција. За време на управувањето на Редвалд, кој се обидел да воспостави взаемно почитување и поклонување пред вистинскиот Бог и лажните германски богови, Зигеберт се наоѓал во прогонство, зашто се спротивставувал на ова богохулство. Во 630 година тој се вратил дома како крал, заедно со свети Феликс и свети Фурсеј, кои го покрстиле неговото кралство, со помош на свети Гонориј. Како награда за ова богоугодно дело, тој им подарил земја и пари на светителите, кои основале манастир во Бург Касл. Кога Пенда Мерсиски го нападнал кралството, Зигеберт насилно бил извлечен од манастирските ѕидини, но на изненадување на сите, тој намерно не понесол со себе оружје и не им се спротивставил на избезумените војници. Единствено, со себе ја понесол кралската патерица. По наредба на Пенда, Зигеберт бил маченички убиен и култот кон него, како кон свет крал-маченик веднаш бил раширен. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 27 септември според Јулијанскиот календар.

Свети Кирил Александриски

кирил александрискиСВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ

ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Многу се светилниците на верата и благочестието, на правомислието и поборништвото во православниот Исток – еден од нив е и свети Кирил, архиепископот Александриски. Животописните податоци за овој столб на православието се многу ограничени и релативни – особено до неговото возвисување како првоерарх на славната Александриска Црква. Древното мнение смета дека, свети Кирил е роден во Александрија околу 70-та година на четвртото столетие; дека е рожба на виден, благороден, богат и благочестив род; дека е внук по мајка на прочуениот архиепископ Теофил Александриски – жалосен непријател на свети Јован Златоуст; дека од рано детство по потекло, средина и склоност е поучен во верата и насочен кон црковно поприште; и дека од млада возраст, домашни наставници и црковни учители го вовеле успешно во мудроста на Евангелието и во придобивките на човечкиот разум. Според истиот извор, свети Кирил на млади години се упатил во пустината, саканата школа на многу знаменитости во Црквата и духовната мајка на многу поборници и светии во Христа. Пустината ја збогатила неговата душа и ја калела неговата волја – кон светските знаења и духовна мудрост, придобиени во светот, тој дополнил творечки, мистична култура и аскетски опит. Тука тој заприлегал на среќна и трудољубива птичка, што свила гнездо за живот врз гранка на силен ливански кедар – тој постанал послушник во еден Нитриски манастир, во кој игумен бил преподобниот Исидор Пелусиот: големото светило на верата, добродетелите, знаењата и подвизите во Православната Црква. Под раководството на тој знаменит учител и необичен аскет, свети Кирил се задлабочил во вистините на битието и калел дух и волја за повисоко и умно служење на Бога, на ближниот и на татковината! По зборовите на Христа Исуса: „Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи“ (Мат. 5, 15). По Божја промисла, таленти како свети Кирил ретко останувале до крај во пустината, за да тлеат и згаснат во неа – таа ги примала, таа ги оформувала, таа ги умудрувала, таа ги запалувала како светски светилници и ги праќала во светот за да бидат кормилари на црковниот кораб, да светат во мракот на гревот, да бидат светлина во житејското море, да ги привлекуваат луѓето кон пристаништето на вистината и спасението – и тие се покорувале на тој глас Божји и глас народен, го напуштале огништето на осаменоста, осознавањето и спокојот, се враќале во Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Суетата

103831СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: СУЕТАТА

Подвизувајте се вие, кои сте ја оставиле суетата на животот и сè брзопреодно во него – не свртувајте го своето срце повторно кон светот. Богатството преминува; славата исчезнува; убавината вене; сè се изменува и исчезнува како чад, преминува како сенка и се избришува како сон. Затоа Соломон рекол: „…суета над суетите – сè е суета!“ (Проп. 1, 2). Умно рекол и Давид: „Навистина, човек оди како сенка и залудно се возбудува; собира богатство, а не знае кому ќе му го остави“ (Псал. 38, 6). Вистински сите се лутат, сите се тревожат, сите се возбудуваат, коишто го собираат и трупаат во ризницата она, што брзо загинува, и што е невозможно да го земат со себеси. Навистина, сите кои ја сакаат вревата на сегашниот живот се лутат. Зашто, сè ќе оставиме на земјата – и како што голи сме се родиле, такви и ќе се упатиме кон престолот на страшниот Судија. Откако ќе ги оставиме сите собрани од нас богатства – голи, жални, депримирани, мрачни, покаени, понижени, посрамени, растреперени, збркани, со наведнат поглед кон земјата и покриено лице од срам, ние ќе се јавиме на суд! Ќе застанеме пред оној голем суд – суд страшен, нелицепријатен, неподмитлив: ќе застанеме пред недостапна за нас судница, кадешто треперат ангелите; каде што се поставени престолите; каде што се читаат книгите на делата; каде што е реката на незгасливиот оган; каде што е немилостивиот црв; каде што е непроѕирниот мрак; каде што е студениот лицемер; каде што има тешки офкања и крцкање на заби; каде што солзите не престануваат; каде што воздишките не прекинуваат; каде што плачот е неутешен; каде што, не е место за смеа, но за плачење; каде што, не е место за извикување, но за трепет; каде што, не е место за радост, но за воздишки; каде што, не е место за Continue reading

Свети Григориј Богослов: Да добротвориме!

103747СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ:

ДА ДОБРОТВОРИМЕ!

Да не ми даде Бог да живеам богато, кога сиромавиот има потреба; да се насладувам на здравје, кога не можам да ги излекувам раните на брата си; да имам храна, облека и живеалиште – кога не го разделувам со оној што страда, лебот, облеката и покривот! Ние сме должни: или од сè да се откажеме за Христа, да го земеме својот крст, да Го следиме жртвено, да постанеме независни од плотското, да се ослободиме од сè, што нè влече кон земјата, да летаме на крилја кон горниот свет, да се возвисиме со смирение, да се збогатиме со сиромаштија, воопшто, во замена на сè, да Го придобиеме Христа – или пак: да ги разделиме своите богатства со Христа, да ги осветиме преку милостина, да постанеме достојни сопственици на своите имоти, да ги направиме и сиромавите соучесници во нашата среќа. Ако јас орам и сеам, само за себеси, ќе кажам со зборовите на Јов: „Јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат; тогаш место жито нека расте трње и место јачмен – какол“ (Јов 31, 8 и 40). Жежок ветар нека ја уништи и виор нека ја развее мојата сеидба, така што, сиот труд да ми отиде напразно. Ако пак јас почнам да градам амбари, за да собирам богатства од Мамона за Мамона, уште истата ноќ нека ми биде земена душата, за да дадам отчет за лукавото чување на моите богатства.

На крај, нема ли да се вознемириме? Нема ли, да ја отфрлиме жестокосрдечноста? Нема ли, да се гадиме од ниската скржавост? Нема ли, да размислиме за човечката судбина? Нема ли, да престанеме да ја обраќаме во придобивка несреќата на другите? Во човечкиот живот нема ништо цврсто и постојано; нема ништо, што, не ја губи својата сила и да остане во Continue reading

Свети Вилфрид, архиепископот на Јорк

SVETI VILFRIDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ВИЛФРИД, АРХИЕПИСКОПОТ НА ЈОРК, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 12 ОКТОМВРИ

(634-709; Wilfrid)

Светиот отец наш Вилфрид[1] е роден во Нортумбрија, во семејство на прочуен кралски советник. Според преданието, неговото раѓање било проследено со особена појава. Во моментот кога Вилфрид се раѓал, неговите соседи забележале дека нивната семејна куќа е во пламен, па веднаш отрчале да им помогнат на родителите. Но, кога пристигнале до нивната куќа, тие забележале дека огнот не нанесувал никаква штета, туку на чуден начин се вознесувал кон небото, притоа никого не повредувајќи.

Уште како младо момче, Вилфрид одлучил целиот свој живот да го посвети на Бога, па на 14-годишна возраст тој пристапил во Линдисфарнскиот манастир. Потоа заминал во Кентерберискиот манастир за да се дошколува, а во 653 година одлучил да се поклони на гробовите на светите Апостоли, па заминал на школување во Рим.

Откако направил молитвен подвиг и се поклонил пред гробовите на светите Апостоли, Вилфрид заминал во Галија, каде што останал три години, па потоа се вратил во својата татковина. Во 661-665 година бил настојател на манастирот во Рајпон, каде што, наместо да се богослужи според традиционалниот келтски обред, тој за првпат го вовел континенталниот устав и римските обреди.

Вилфрид имал 30 години, кога набожниот крал Алфред од Јорк, во 664 година го поставил за епископ на истиот град. Бидејќи во тоа време биле кризни односите со келтската ерархија, Вилфрид своето ракополагање го примил од 12 франечки епископи. Не можејќи да дојде до согласност со месното келтско свештенство, тој започнал да го интензивира влијанието на континенталните обичаи среде месното население. На Соборот во Стренесгал, во 664 година, Вилфрид одиграл клучна улога во Continue reading

Протоереј-ставрофор Пане Матракоски

10330427_363501633843909_8108643592888556601_n

ПРОТОЕРЕЈ-СТАВРОФОР ПАНЕ МАТРАКОСКИ

Отец Пантелеј (Пане) Матракоски е роден е на 4 јуни 1912 година во Прилеп во свештеничко семејство, од татко Никола Матракоски и мајка Фанија, која била домаќинка. Неговиот татко Никола Матракоски, кој е роден во 1870 година, а за свештеник ракоположен во 1905 година, во времето кога се родил неговиот син Пане, бил парохиски свештеник на Небреговската парохија. Според семејното стебло, и претците на отец Никола биле свештеници во небреговскиот крај и со години наназад ревносно служеле во Божјото дело.

По завршувањето на основното училиште во Прилеп, во 1929 година се запишал во Богословијата во Битола, која во тоа време имала шестгодишна настава, а младиот Пане, заедно со Ѓорѓија Попоски (подоцна митрополит Дебарско-кичевски Методиј) биле ученици кои матурирале како прва генерација завршени богослови во Богословијата. Токму тука ги имал првите средби со најпознатите теолози од тоа време, како епископот Јован Шангајски, кој подоцна е прогласен за светител од Руската Задгранична Православна Црква и како таков прифатен од сите Православни Цркви во светот, потоа архимадритот Кипријан Керн, кој и денес важи за еден од најпознатите патролози во православниот свет, како и професорот Алексеј Моргуљ, подоцнежен свештеник во Пирава и архиерејски намесник во Гевгелија.

Во 1935 година го завршува школувањето во Богословијата, а набргу потоа, во 1937 година стапува во брак со Љубица Русеска од Прилеп. Истата година прима ѓаконски и свештенички чин и поставен е за парохиски свештеник во црквата „Света Троица“ во селото Клисура, во тогашното Босилеградско архиерејско намесништво на Нишката епархија. Тука останал извесен период и по потреба на служба, во 1941 година е преместен во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп, каде останал сè до своето пензионирање во 1983 година.

Како докажан и квалитетен свештеник, во 1942 година бил поставен за архиерејски намесник на Прилепското намесништо и на таа функција останал до 1944 година, а во периодот од 1966-1972 година бил и старешина на црквата „Свето Благовештение“. Заради своите заслуги, награден е со право на носење на граден крст и произведен во чин протоереј-ставрофор.

Прота Пане ќе остане запаметен како свештеник со голема широкоградост, голем хуманист и човек кој целиот свој живот не го штедел во ширењето и Continue reading

Свети Финан, епископот на Линдисфарн

SVETI FINANЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ФИНАН, ЕПИСКОПОТ НА ЛИНДИСФАРН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 17 ФЕВРУАРИ

(?-661; Finan of Lindisfarne)

Свети Финан[1] бил Ирец, кој се замонашил во манастирот на Свети Колумба во Јона, а се прославил со својот живот и дисциплина. Кога се упокоил епископот Ајдан, тогаш монасите од Линдисфарн испратиле делегација во манастирот, за да биде избран негов заменик на епископската катедра. Изборот паднал на Финан, како на најдостоен наследник.

Десетте години поминати како епископ на Нортумбрија биле одбележани со мирен период на управување, зашто кралот Освиј го сфатил својот грев, кој го направил со убиството на Освин, кралот на Дејра. Освиј ги освоил териториите на Освин, а свети Финан го поттикнал да основа нови манастири и да изгради нови цркви, како знак на покајание. Најпознат од сите нив постанал манастирот во Стриншелч (Streanshalch), на гребенот, кој се издигал над градското пристаниште. Денес тој манастир е познат како Витби (Whitby), а во текот на времето станал голем и прочуен христијански центар.

Свети Финан ги покрстил кралевите на Саксон­ската хептархија: Зигберт (Sigbert), кралот на источните Саксонци, и Пенда (Penda), кралот на Мерсија, а потоа испратил и проповедници во нивните кралства, за да ја утврдат Христовата вера и во тие земји. Тој го ослободил свети Сед од неговите должности во Мидлендс и го ракоположил за епископ во Весекс. За епископ во Мерсија, пак, ракоположен бил ирскиот монах Диум.

За задоволување на духовните потреби на пространата Нортумбриска епархија, која се простирала дури до Јужна Шкотска, Финан ги интензивирал градежните работи во Линдисфарнскиот манастир. Тој изградил голема црква во келтски стил, во која преовладувала дрвената конструкција, а била покриена со груба морска трева (bent grass). Во таа црква тој го пренесол и телото на својот претходник, свети Ајдан. Кога свети Финан се упокоил во 661 година, неговото тело било положено во гроб, веднаш до гробот на свети Ајдан.

Споменот на свети Финан, Православната Црква го празнува на 17 февруари според Јулијанскиот календар.

[1] Финан = белокос.

Грузиска Православна Црква

512px-Coat_of_Arms_of_Georgian_Orthodox_Church.svgГРУЗИСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

КРАТКА ИСТОРИЈА

Според преданието, Грузија (Иверија) е земјата која со жреб ѝ припаднала на Божјата Мајка. По Христовото Вознесение апостолите се собрале на ридот Сион и фрлале жреб кој на која страна ќе оди на проповед. Пресвета Богородица подеднакво посакала да прими учество во апостолската проповед. Нејзе ѝ паднал жребот да оди во Иверија, но сепак таа останала во Ерусалим. На север заминал светиот апостол Андреј Првоповикан, кој со себе го понел и неракотворниот лик на Богородица. Свети Андреј со својата проповед поминал многу населени места во Грузија. Во градот Ацхури, во близина на денешниот град Ахалцихе, со своите молитви апостолот воскресна син на една вдовица, а тоа чудо било повод жителите на тој град до го примат светото Крштение. Апостолот на новопросветените им поставил епископ, свештеници и ѓакони, а пред тргнување на пат во градот ја оставил иконата на Пресвета Богородица. Споменот на тој настан се слави и денес на 15/28 август.

Освен свети апостол Андреј, во Грузија проповедале и светите апостоли Симон Кананит и Матиј. Древните извори ни соопштуваат и за проповедањето во Источна Грузија на светите апостоли Вартоломеј и Тадеј.

Првите векови на христијанството во Грузија се одбележани со жестоки гонења. Во почетокот на II век запишана е маченичката смрт на свети Сухиј и неговата дружина (споменот им се слави на 15/28 април). Дури во 326 година христијанството во Иверија постанало државна религија благодарејќи на проповедта на светата рамноапостолна Нина. Исполнувајќи ја волјата на Пресвета Богородица, света Нина од Ерусалим пристигнала во Грузија и конечно тука ја утврдила Христовата вера.

Во почетокот Грузиската Црква била под јурисдикција на Антиохиската Црква, а во V век, според мислењето на многумина историчари, таа стекнала автокефалност. Тоа се должело, пред сè, на фактот што Грузија била Continue reading

Свети Василиј Велики: Како да се однесуваме во храмот

103670СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ВО ХРАМОТ

Псалмопејачот вели: „Во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова“ (Псал. 28, 9). Нека ги слушнат тие зборови од псалмот и нека се засрамат оние, кои се оддаваат на приказни во храмот. Што вели мудриот Давид? Кој е во Божјиот храм, тој не треба да злослови, да не говори суетно, да не се вовлекува во нешто срамно: зашто во храмот се говори за Божјата слава и ти возвестувај ја во молитва и смирение таа слава! Таму стојат светите Ангели и ги запишуваат твоите зборови – таму, Самиот Господ го следи расположението на оние кои влегуваат во домот Негов. Молитвата на секој е откриена пред Бога: за Него е јасно кој се моли од срце, кој проси разумно од небото, кој посетува обичаи, кој моли со половина уста, кој со срцето е далеку од Бога – и други, кои усрдно се молат, но сакаат телесно здравје, земно богатство, човечка слава, земна суета! За ништо подобно не треба да се молиме, а како што учи Псалмопевецот: сè во храмот да ја возвестува Божјата слава – небесата, исто така говори за Неговата слава. Предназначувањето на Ангелите е да Го слават Бога; за целото небесно воинство постои едно задолжение – да оддаваат постојано слава на Творецот. Секоја твар – словесна и бессловесна, небесна и земна – Го слави Господа.

А, кутрите луѓе, ги оставаат своите домови, доаѓаат во храмот, за да добијат некаква полза – меѓутоа, не внимаваат во Божјите зборови, не се внесуваат во богослужението, не идат до осознавање на својата природа. Не тагуваат за тоа, дека се завладеани од грев; не се покајуваат, приспомнувајќи си за своите гревови; не треперат од идниот суд; но со насмевка подаваат рака еден на друг; домот за молитва го претвораат во место за долги разговори; не се збунуваат од зборовите на псалмот, кој поучува, дека во Божјиот дом, секој треба слава да возвестува! А ти, не само што не оддаваш слава, но и им пречиш на другите да го вршат тоа – привлекувајќи им го нивното внимание врз себеси и Continue reading