Отец Кирил Стојанов

10559740_363512817176124_8838466690222674928_nОТЕЦ КИРИЛ СТОЈАНОВ

Мислата дека македонскиот народ национално, социјално-економски, културно-просветно и црковно е онеправдан била постојан придружник во младите години на отец Кирил Стојанов. Овој достоинствен свештеник, кој секогаш бил на страната на својот народ, а особено во најтешките маки, е роден во Прилеп на 29 април 1904 година. Растел и се воспитувал во духот на верско-моралните принципи на Христовата Православна Црква и светлите традиции на страдалниот македонски народ. По завршувањето на основното образование во Прилеп, се запишува во битолската богословија „Свети Јован Богослов“ и истата ја завршува како ученик на првата генерација. Извесен период работел како службеник, а во 1928 година е ракоположен во ѓаконски чин. До 1931 година бил парохиски ѓакон во црквата „Свето Благовештение“, а во исто време извршувал и вероучителска дејност. Во 1931 година е ракоположен за свештеник при истата црква. И како парохиски свештеник продолжил со вероучителството, поучувајќи илјадници благочестиви македонски деца да ја чуваат својата православна вера.

Окупацијата на стара Југославија го затекнала во Скопје, каде што дошол во 1936 година, по едногодишно свештенодејствување во Куманово. И во Скопје за кус период се стекнал со симпатии не само кај неговите парохијани, туку и кај сите православни христијани.

Со почетокот на Втората светска војна во 1941 година добил и многу одговорни позадински задачи, зашто бил задоен во духот и идеалите на првиот Илинден – да ја види Македонија како слободна земја. Во 1943 година станал член на Иницијативниот одбор за организирање на народноослободителни одбори. Во 1944 година бил избран за член во првиот Градски народноослободителен одбор. По иницијатива на свештениците и граѓаните на Македонија, бил формиран и Иницијативен одбор за организирање на црковно-духовниот живот во НР Македонија, а токму на тој Одбор отец Кирил бил и Continue reading

Свети Кирил Ерусалимски: Антихристот

necestivi-antihrist-jpgСВЕТИ КИРИЛ ЕРУСАЛИМСКИ: АНТИХРИСТОТ

Братоомразата веќе приготвува почва за Антихристот. Ѓаволот создава расцеп меѓу луѓето, за да може поудобно да биде примен Антихристот, кога ќе дојде. Меѓутоа, никој од слугите Христови – и тука и насекаде, каде што живеат – да не пристапуваат кон непријателот. Апостол Павле ни дал јасен белег за Антихристот во следните зборови: „Никој да не ве измами ни по каков начин; оти оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, којшто се противи и се превознесува над сè, што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог. Не помните ли дека, уште кога бев при вас, ви зборував за тоа? И сега знаете што Го задржа Него да се открие во Свое време. Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено, додека не се оттргне оној, што ја задржува сега; тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање, ќе го истреби оној, чие јавување, по дејството на сатаната, е со секаква сила и знаци и лажни чудеса, и со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение“ (2. Сол. 2, 3-10). Така ни говори блажениот Павле. Сега е веќе отпаѓањето, зашто луѓето отстапија од вистинската вера – едни проповедаат „синотатковство“, други пак, се осмелуваат да говорат дека, Христос е приведен во битие од небитие, т. е. дека е создаден. Порано еретиците биле јавни, а сега Црквата е исполнета со скриени еретици, зашто луѓето од вистината ги скокотка слухот со ереси и заблуди. Ако проповедта е снисходлива кон нивната заблуда, тие ја слушаат со задоволство; ако пак, словото се однесува до нивното покајание – тие се одвраќаат од Continue reading

Свети Колумба, монахот од Ирска

sveti-kolumbaЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КОЛУМБА, МОНАХОТ ОД ИРСКА И ПРОПОВЕДНИКОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО ШКОТСКА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 9 ЈУНИ

(521-597; Columba of Iona)

Свети Колумба[1] произлегува од кралскиот род на Ви Нејл. Неговата мајка Етна била од кралското семејство Лејнстер. Како дете бил воспитуван кај еден свештеник, по име Крујтнехан, а потоа се усовршувал кај старецот Хеман. Потоа се населил во манастирот на свети Финтан, каде што, според преданието, живееле и се подвизувале многу прочуени старци од Ирска. Додека живеел во Ирска, Колумба основал неколку манастири, меѓу кои најпознат е Дери Калгах.

Во 561 година започнала крвавата битка меѓу Врховниот ирски крал Диармајд, синот на Кербел, и полубратот на Колумба, Ајнмир, кој управувал со северен Олстер. Ајнмир и неговите сојузници победиле „по молитвите на светиот Колумба“, и од своите редови загубиле само еден војник, додека војската на Диармајд имала загуба од 3.000 војници.

Постојат различни варијанти за учеството на Колумба во тој конфликт. Во една од нив се говори дека Диармајд наредил да биде казнет синот на кралот Конахт, не обрнувајќи внимание на застапништвото на Колумба, што, пак, предизвикало негодување и кај ближните роднини на Колумба, но и кај кралот Конахт. Ирските клирици свикале Собор, на кој биле формално осудени активностите на Колумба. По оваа одлука, светителот ја напуштил Ирска и заминал во доброволно прогонство.

Колумба основал манастир на островот Јона во 563 година. Според различни претпоставки, овој остров го добил како подарок од кралот Дал Ријада Конал (во некои текстови се сретнува пиктскиот крал Бруде). Древноирскиот назив за островот Ikolmkil (островот на Колумба) сведочи за авторитетот на светителот, кој го уживал таму. Така, преподобниот, со уште дванаесет монаси на островот основал манастир, кој подоцна стана центар за Continue reading

Свети Нинијан, прв епископ на Шкотска

sveti-ninijanЖИТИЈА НА СВЕТИИ, КОИ СЕ ПРОСЛАВИЈА ВО ЗЕМЈАТА БРИТАНСКА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ НИНИЈАН, ПРВИОТ ПРОПОВЕДНИК И ЕПИСКОП ВО ШКОТСКА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 16 СЕПТЕМВРИ

(360-432; Ninian, bishop and apostol of East Picts)

Веродостојни историски податоци за датумот и местото на раѓање, како и за животот на свети Нинијан,[1] речиси и да не постојат. Според традицијата и народното верување, свети Нинијан е роден во Камбрија[2]. Уште како младо момче, тој заминал во Рим, поради усовршување во христијанското учење. Во Рим бил ракоположен за епископ, а потоа, од Римскиот папа Сирициј, добил задолжение да ги обрати во христијанство јазичничките племиња на Пиктите.

Свети Беда Почитуваниот раскажува дека во 397 година, свети Нинијан пристигнал во Витхорн, мало село во југозападна Шкотска, па таму изградил камена црква, која ја нарекол Candida Casa, односно, Белиот дом, и започнал со мисионерска активност среде бритските племиња. Потоа заминал на север, каде започнал да го проповеда христијанството на јужните територии од Пиктите. Се претпоставува дека во својата мисионерска дејност, свети Нинијан пристигнал дури до Шетландските острови[3]

Свети Нинијан денес е прославен како заштитник на Антигониската епархија во Нова Шкотска, Канада, како и на Галовејската епархија во Шкотска. Православната Црква неговиот спомен го празнува на Continue reading

Свети Григориј Ниски: Пофалба за Василиј – родниот брат

meister_der_sophien-kathedrale_von_ohrid_001СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: ПОФАЛБА ЗА ВАСИЛИЈ – РОДНИОТ БРАТ

Јас говорам за учителот, за избраниот сад, високиот по живот и слово Василиј, кој беше угоден на Бога од раѓање, кој беше старец по карактер од младост, кој ја беше изучил, како Мојсеј, сета мудрост на светските науки и истовремено со тоа и Светите писма од млади години, та и до крајот на својот живот со нив беше хранет, израснат и укрепен. Таков е виновникот на денешниот празник – вистински гласник на Духот, мажествен воин Христов, громогласен проповедник на спасително учење, подвижник и предводник во борбата за Христа, кого, самото време го постави на второ место по светите Апостоли!

Бог го воздигна великиот Василиј, како Илија при Ахава. Откако прими свештенство, кое, некако се наоѓаше во назадување, тој со благодатната сила, која беше населена во него, повторно го воспламени тој загаснат светилник на верата. Василиј се јави во Црквата како фар за заблудените, и како светлина за ноќните морнари во морето; сите ги насочи по вистинскиот пат, расправајќи со префекти, влегувајќи во борба со началници, смело говорејќи пред цареви, проповедајќи во црквите, привлекувајќи ги оддалечените со послание, не давајќи поводи да биде обвинет од непријатели и победувајќи ги во сè своите противници! Тој не се плашеше од одземање на неговиот имот, зашто самиот се лиши од него со надеж за Царството небесно. Тој не стравуваше и од заточение, зашто го нарекуваше рајот единствена татковина за луѓето, а на целата вселена гледаше како на место за прогонство на човековата природа. А умираше секојдневно и секогаш доброволно истоштувајќи се себеси со умртвување – може ли, некако да се бои од смртта, со која го заплашуваа неговите непријатели? Може ли, да се бои од смртта оној, за кого беше несреќа дека не може често да ги подражава подвизите на Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Осумте страсти

101248СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: ОСУМТЕ СТРАСТИ

Знајте чеда, дека постојат осум страсти, од кои произлегува сето лошо по земјата: угодување на стомакот, блудство, среброљубие, гнев, гордост, очајност, славољубие и суета – тие се во војна со секој човечки дух. Кој сака да го победи угодувањето на стомакот, нека го возљуби воздржанието – нека има страв Божји, и ќе успее. Кој сака да се ослободи од блудството, нека го засака целомудрието, да ги одбегнува искушенијата на плотта, да размислува за смртта и пресудата, и ќе успее. Кој сака да го одбегне среброљубието, нека го прегрне бесребреништвото, да се откаже од стремеж за богатства и да не биде расипник – и тој ќе има победа. Кој сака да не му служи на гневот – нека ја прими кроткоста, да постане великодушен и да си ги спомне зборовите на Христа, изречени на Голгота; „Оче, прости им, оти не знаат што прават“ (Лука 23, 34). Кој сака да не биде горд – нека постане смирен: никогаш и за ништо да не се става себеси над другите – ниту пак да ги слави и покажува делата свои. Кој не сака да стане жртва на очајот – нека се зближи со надежта: таа ги пресекува излишните солзи и го распрскува мракот од очите и душата – очајот е пат кон пропаст. Кој се стреми да не робува на славољубието – нека ги одбегнува фалбите, почестите, кичливите облеки, првите места, излишните вниманија, човечката угодливост: и наместо нив нека бара кроткост, смирение, покајание, непознатост, и нека мисли, дека е најгрешен од сите луѓе. И од суетата има ослободување – да ја собориме со срдечна молитва кон Бога; со постојан труд над земјата; со непрекинато усрдие кон Continue reading

Свети Тихон Задонски: За љубовта кон непријателите

101197СВЕТИ ТИХОН ЗАДОНСКИ: ЗА ЉУБОВТА КОН НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

И да не познаваме некоја друга причина, поради која треба да ги љубиме своите непријатели, доволен ни е фактот што на такво нешто нè поттикнува Христовата заповед… Христос сака и ни заповеда да ги љубиме своите непријатели. Христос е вечна вистина, Кој ни ја открил волјата на небесниот Отец, и за Кого небесниот Отец ни заповеда да Го слушаме: „Него послушајте Го!“ (Матеј 17, 5). Значи, што Христос, Синот Божји, заповеда, тоа волјата на небесниот Отец од нас го бара…

Ако почнеме да размислуваме за тоа, кој е Христос, Кој ни говори: љубете ги своите непријатели, тогаш, не само што треба да бидеме подготвени да ја исполниме оваа Негова заповед, туку треба да бидеме подготвени да тргнеме и во смрт само поради Неговото име. Христијаните треба да знаат дека Христос е наш најголем љубител, од кого поголем не може ни да има. Он е наш Избавител, Искупител, Застапник и Измирител пред Бога, вечна надеж и наша потпора. Овој наш голем Добротвор ни заповеда: „Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“ (Матеј 5, 44).

Кој сака да Го љуби Христа, својот Искупител, тој ќе ги запазува Неговите заповеди. „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое“ (Јован 14, 23). Инаку, тој во себе нема никаква љубов кон Христа, па што и да прави и да говори за себе…

Самиот Он, нас, Своите непријатели, толку многу нè љубел, така што и умрел за нас, за да нè измири со небесниот Отец и да нè приведе во вечното блаженство. Бог ја покажал Својата љубов кон нас преку фактот што, додека уште бевме грешници, Христос умре за нас. Додека сеуште бевме непријатели, се измиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син. Значи, и ние, според Неговиот пример, треба да ги љубиме своите непријатели, ако сакаме да бидеме Негови ученици, односно, вистински христијани…

Оној, кој ги љуби не само своите пријатели, туку и непријателите, со тоа покажува дека таквиот е син Божји според благодат. Зашто, таквиот врз себе го манифестира карактерот на небесниот Отец, Кој на сонцето му заповеда подеднакво да Continue reading

Свети Григориј Ниски: Подвигот на свети Стефан

schnorr_von_carolsfeld_bibel_in_bildern_1860_228СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: ПОДВИГОТ НА СВЕТИ СТЕФАН

Колку прекрасно се нижат едно добро по друго! Какво пријатно приемство на радоста! Ете, ние добиваме празник по празник, задоволство по задоволство! Вчера Господарот на вселената устрои за нас торжество – сега пак, Неговиот подражател. Како го устројува последниот и како првиот? Господарот, откако се облекува заради нас во човечко естество (природа), а слугата – откако ја соблекува човечката плот за Господарот; едниот заради нас стапувајќи во пештерата на животот, другиот пак, излегувајќи од пештерата заради Него; првиот, заради нас повиван во пелени, а вториот, претепан со камења заради Него; Бог – разрушувајќи ја смртта, а човекот – победувајќи ја срушената смрт.

Јас мислам дека тој подвижник, со својата борба против лукавиот непријател на човековиот живот, служел за глетка на сето надземно воинство и за целиот небесен собир. Двете страни имале оружје еден против друг: Виновникот за смртта заплашувал со смрт, а ученикот на животот – со исповедување на верата. Кој нема да се восхити пред тој нов начин на борба, кога за основа на содржината за вистината служеле животот и смртта, кога за докажување на вистината служела смртта?! Зашто, проповедникот на тајната вера и незнајниот живот, на дело ја прогласил пред луѓето вистината на своето проповедање. Вистината возторжествувала над лагата и доблесниот маж ги обратил во бегство сите поборници на лагата. Служителот на вистината трпи клевета од непријателот на вистината, дека божем не проповедал реална вистина, а измислувал таква лажна. Јас би му кажал на ѓаволот: со каква цел ти ги упатуваш тие итрини против гласникот на Continue reading

Кон Богомладенецот за Божик

2012-1218-nativity-christКОН БОГОМЛАДЕНЕЦОТ ЗА БОЖИК

Во оваа света ноќ, Богомладенецу, ја чувствуваме Вистината на Твоето Богораѓање.  Низ нашите души и нивниот кревок сад, струи тајната на Твоето сместување во колевката. Преку верата Те гледаме повиен во пелени, со љубов се приближуваме до Твојата колевка, со надеж пристапуваме до Тебе, за да се соединиме со Тебе. Ти затоа дојде во светот, за да ни дадеш живот во изобилие.

Нашиот живот без Тебе, Сине Божји, се претвора во пекол на земјава. Без Твојата љубов сè е празно, сè е лажно, сè е измама. Вдлабочени во светот на времето меѓу двете вечности, само во Тебе наоѓаме тврдина и патоказ кон целта. Без заедница со Тебе се губиме бедно во времето, на кое Ти единствено му даваш полнота. Времето се движи или кон Тебе или кон ништожност. Ти на сè што постои даваш содржина и смисла. Исполни нè денес и нас со Себе, Сине Божји, кога по Твојата милост доживуваме восхит од Твоето присуство.

Денес Те чувствуваме во душите како во Твојата колевка. Песната, која ангелите ја пееја на витлеемското небо и пастирите долу, претставува вечна тема на Твоето Богораѓање. Истата песна ја пејат и денес нашите чувства во допирот на душата со Исконот. Во Твојата Тајна го достигнуваме небото, зашто Ти постана човек, за ние да постанеме слични на Бога. Нашата денешна радост е радост од Твојата близина, од допирот со Тебе, Сине Божји Единороден.

Вековите минуваат, а човечките очи секогаш Те бараат. Сè што постои од Тебе добило суштина. Видовитите очи затоа секаде Те гледаат. Сè на свој начин е симбол на Тебе, Слово Божјо, Логико на вечноста и времето. Ти си невидлива мета на мудреците, скриена вистина на истражувачите и откриена радост на Твоите проповедници. Ти си во сè и пред сè како ден од очите до видикот. Охрабри нè да Те видиме во Вечноста низ завесата на тварите, во која Ти си ја внесол тајната на нејзиното постоење. Сè што постои ја зрачи тајната за Continue reading