Свети Григориј Ниски: Против духоборците

96331СВЕТИ ГРИГОРИЈ НИСКИ: ПРОТИВ ДУХОБОРЦИТЕ

Можеби не треба да се одговара на пустите зборови, зашто мислам, дека за ова се однесува мудрата заповед на Соломона, кој заповеда „Не му одговарај на безумниот според глупоста негова“ (Изрек. 26, 4). Меѓутоа, доколку постои опасност, врз основа на нашето молчење, лагата да се засили над вистината, да не се зголеми гнилата гангрена на ереста за сметка на вистината, и за да не се зарази здравото учење на верата – јас сметав за неопходно да дадам одговор, не по безумието на оние, кои упатуваат глупави зборови против благочестието, туку за да ги исправам штетните мислења. Што ни приговараат тие? Тие ги обвинуваат за бесчестие оние, кои мислат за Светиот Дух достојно според Неговото величие. Тоа, што ние го исповедаме за Духот, следејќи го учењето на Отците – тоа истото тие, толкувајќи го произволно, го прават за себеси повод за да нè обвинат за нечестие. Ние исповедуваме дека, Светиот Дух е рамночесен со Оца и Сина, така што меѓу Нив нема никаква разлика во ништо, односно во тоа, што благочестно се мисли и именува за природата на Бога. Со Отца Он не се слева, зашто Отецот е нероден, не се слева и со Синот, зашто Синот е единороден. Ние исповедаме, дека Духот, има некои Свои лични карактеристични својства, но Он во сè друго има еднаквост. Противниците велат дека, Духот по природа е туѓ за општење со Отца и Сина, и по таа разлика на природата Он стои пониско и отстапува во сè: во сила, слава, достоинство и воопшто во сè што се изразува во имиња и поими, припишани на Бога. Затоа тие велат: дека Духот не ја споделува Својата слава со Бога; дека е недостоен за Continue reading

Свети маченик Луарсаб II

LUARSABСПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК, БЛАГОВЕРНИОТ ЦАР ГРУЗИСКИ ЛУАРСАБ II, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 21 ЈУНИ

Светиот маченик и благоверниот цар грузиски Луарсаб II е роден во 1587 година. Тој бил син на Георгиј Х (1600-1603), кој бил убиен од персисикиот шах Абас I (1584-1628). По смртта на својот татко, Луарсаб останал да живее со своите две сестри – Хорешан и Елена. Уште како мало дете се одликувал со разумност и благочестивост и, без разлика што бил толку мал, бил крунисан на Карталинското царство со името Луарсаб II. Во 1609 година Грузија била подложена на напади од турската војска под водство на Дели Мамад Хан, Младиот цар започнал решителна битка против Турците во близина на селото Квенадкоци (меѓу Гори и Сурами). Спроти големата битка, 14-илјадната грузиска војска ја поминала цела ноќ во будност и молитва, а утрината, по божестената Литургија и причестувањето со Светите Тајни, во една херојска битка, грузиската војска успеала да ја натера во бегство 60-илјадната противничка армија.

Персискиот шах Абас I, кој се вознемирил од оваа победа на грузиската војска, се исполнил со завист и злоба кон Луарсаб II, почнал да кова секакви планови за да го погуби благочестивиот цар. Светиот Луарсаб бил принуден, спасувајќи го местото Картли во централна Грузија од разорување, да ја даде својата сестра Елена за сопруга на муслиманскиот шах Абас I. Но, ни тоа не го задоволило шахот. По некое време, тој навлегол во Грузија со голема војска. Тогаш благоверниот цар, заедно со кахетинскиот цар Тејмураз I и многу феудалци, биле принудени при крајот на 1615 година да се оддалечат во Continue reading

Отец Милан Смичкоски

11083639_363516587175747_159620315040503174_nОТЕЦ МИЛАН СМИЧКОСКИ


Отец Милан Смичкоские роден во Варош во 1875 година, како син на свештеникот Костадин Смичков. Уште како дете се преселил во Прилеп и тука останал се до својата смрт. Во Варош го завршил манастирското училиште, а во Прилеп завршил прогимназиско училиште. Уште од тоа време се забележувала неговата наклонетост кон црковното благолепие, зашто редовно бил во улога на псалт во храмот „Свето Благовештение“ заедно со својот брат, протоѓаконот Никола. Кај Марко Цепенков го учел терзискиот занает. Цепенков ги открил неговите вонредни гласовни можности, па му предложил да прими свештенички чин. Така, на 24-годишна возраст, на 21 јули 1899 година од страна на егзархискиот митрополит Григориј, бил ракоположен за свештеник и поставен најпрво во Варошката парохија, а потоа бил поставен за свештеник во црквата „Свето Благовештение“. Тогашниот претседател на околискиот комитет, Петре Ацев, го назначил отец Милан за претседател на Градскиот комитет, па на таа функција одиграл важна улога во врските меѓу градот и селата. На таа функција останал се до 1912 година, односно, до истерувањето на турците од овие простори. Во времето на турското ропство повеќепати била апсен и затворан заради разбудената национална и црковна свест. Бидејќи бил надарен од Бога со милозвучен и мелодичен глас, постојано вложувал труд да го изучува источно-византиското црковно пеење, а подоцна и црковното пеење на Барачки и Мокрањац, па како таков оригинален и генијален псалт секогаш застанувал на
Continue reading

Свети Ефрем Сирин: Долготрпението

96206СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН: ДОЛГОТРПЕНИЕТО

Навистина блажен е човекот, кој придобил долготрпение! Светото Писмо го фали таквиот човек со зборовите; „Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости“ (Изрек. 14, 29). Има ли нешто попревосходно од тоа? Долготрпеливиот секогаш е во радост, веселба и восхит, зашто се надева на Господа. Долготрпеливиот е далеку од гневот, зашто сè трпи. Долготрпеливиот не се разгневува брзо, не прибегнува кон навреда, не се трогнува од празни зборови – ако е навреден, не се огорчува; на своите противници не им се спротивставува; во секоја работа е цврст; лесно не се поддава на измама; не е склон кон расправии; во тагите се радува; се отповикува на секое добро дело; им угодува на незадоволните луѓе; кога го критикуваат, не се мурти – воопшто, за секој случај, тој наоѓа за себеси лекарство во долготрпението.

Кај кого нема долготрпение, тој е далеку и од трпението, зашто за таков е удобно да се врати дури и од пат. Недолготрпеливиот е готов кон раздразнетост; бргу се распалува и почнува расправии; ако е натажен, самиот натажува; ако е навреден – враќа со навреда; спори за нешта, кои се неважни; делата и производствата му се уриваат како лисја од ветар; тој е лесен во своите зборови и бргу го променува своето мислење. Кај кого нема долготрпение – тој е лишен од стабилност: бргу и во сè е менлив; тој нема расудливост; другарува со порочни луѓе; го споделува времето со Continue reading

Свети Григориј Богослов: Плач и болка

96164СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: ПЛАЧ И БОЛКА

Плачам и паѓам од Твоите отстапки, Цару мој Христе! Нека не ме сретне било каква да е болка по моето отстранување од тука. Изнемоште пастирот, кој долго време се бори со губителни волци и се расправа со пастири; нема веќе бодрина во моите превити органи; едвам дишам, задушен од тешкотии и од општото ни бесславие! Едни од нас се натпреваруваат за свештени престоли, други се дигаат еден против друг, се поразуваат и поразуваат со безбројни несреќи – тоа се нескротливи раздорници, кои на мене викаат мир, а се фалат со крв! О, кога ли Божјото правосудие ќе ги порази со гетска болест и за катедри ќе претрпат казна на своите престоли?! (1. Цар. 5, 8 – 9). Други пак, разделувајќи се на групи, ги вознемируваат истокот и западот; откако ќе започнат со Бога – завршуваат со телото. Од тие водачи на борбата, нивните следбеници и метежниот дух добиваат називи. За мене Павле станал Бог, за тебе – Петар, за него Аполос! Христос напразно бил прободен со клинци! По името на луѓето, а не по името на Исуса, се именуваме ние, прославените преку Христовите добродетелства и крв! Дотолку се помрачени нашите очи од таа страст, или пак од суетна слава, или од гнилежно богатство, или од страшно злорадна завист, која го исушува човекот и справедливо сама себеси, се изедува од Continue reading

Свети маченик Константин,кнез Грузиски

KONSTANTIN GRUZISKIСПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК КОНСТАНТИН, КНЕЗОТ ГРУЗИСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО СЛАВИ НА 10 НОЕМВРИ

Свети Константин бил богат и моќен велможа во Грузиското царство за време на византиската императорка света Теодора, која владееле во периодот од 842-856 година. Неговите добродетели, благочестивост, љубов кон бедните и сострадателност кон грешниците направиле да биде еден од најпрочуените луѓе во Царството.

Константин имал 85 години кога во Грузија навлегле Арапите, почнале да ги убиваат христијаните, а потоа почнале и да ги бркаат од родната грутка. Свети Константин, заедно со својот син, застанале како водачи на грузиската војска. За време на битката кај градот Гори, тој бил заробен и одведен во Тбилиси. Трпејќи ги со радост маките во затворската самица, напишал едно послание до монасите, во кое ги замолил да се молат за него, но не за да му биде подарена слобода, туку за да може храбро и мажествено да ги поднесува страдањата. Кога Константин бил изведен пред арапскиот полковник Буге, кој постојано се кител со своите победи, светиот кнез му рекол дека тие победи, кои тој ги извојувал, не му биле испратени од Бога како награда, туку многу повеќе како казна и опомена на христијаните за нивните гревови.

По неколку дена окован во тешки окови, светиот кнез бил изведен  пред калифот Ал-Мутавакили во Самара, престолнината на Абасидите. Калифот му предложил да се откажи од својата вера, а за возврат му ветил многу почести и продолжување на животот. Но, светиот му одговорил на калифот дека залудни се сите негови убедувања и дека тој има Continue reading

Свети Василиј Велики: Мислата и јазикот

95949СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: МИСЛАТА И ЈАЗИКОТ

Бог, Кој нè создал, ни го дал во употреба словото, за да ги откриваме еден на друг своите срдечни помисли – исто така, секој од нас, поради истородност на нашата природа, да ги предава мислите свои на ближниот, откако ќе ги изнесе од скривницата на своето срце. Ако ние живеевме, имајќи душа со ништо необлечена, тогаш би се разбрале еден со друг – моментално, само преку мисла. Меѓутоа, доколку мислата се произведува во нас од душата во покриеното со завеса – тело, тогаш за разоткривање на скриеното во нејзината длабочина, потребни се слова и имиња. Поради тоа, нашата мисла, штом ќе го добие закониот звук, веднаш се пренесува во нејзиното слово, и како во лаѓа, препливајќи го воздухот, преминува од оној што говори кон оној што слуша – и ако најде длабока и тивка тишина, словото се сокрива во слухот на поучуваните, како во спокојно и мирно пристаниште; ако ли пак, кај слушателите, подобно на свирепа бура, настане метеж, словото прскајќи во воздухот, претрпува бродолом.

Воздржи го својот јазик од зло и твоите усни да не говорат измама: зашто гревот извршен со јазикот, е тврдо многуобразен и дури најлесен. Се разгневиш ли – јазикот брза да влезе во услуга. Ако те опфати некаква лакомост – јазикот пред сè, ти служи како преведувач, кој те потпомогнува во гревот и те води во искушение на ближниот. Јазикот за тебе е и орудие на неправдата, ако не зборува од срце, а служи за измама на другите. Тешко е, накусо, да се избројат сите гревови, извршени од јазикот: срамословие, смеотворство, глупав разговор, неприлични зборови, злословие, лажносведоштво, лажлива клетва – сето ова и уште безброј други зла се производство на Continue reading

Свети Јован Златоуст: Животот е борба и подвиг

95898СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ЖИВОТОТ Е БОРБА И ПОДВИГ

Да не се вознемируваме, ниту, пак, да тажиме, откако ќе видиме, дека порочни луѓе живеат во благосостојба! На земјата нема отплата ниту за порокот, ниту за добродетелта – ако понекогаш има таква за доброто или злото, таа не е по нивното достоинство, не е полна, туку само е претвкусување на судот, за да се вразумат на некој начин оние, кои не врват во воскресението. Затоа, кога ќе видиме некој порочен човек богат, да не паѓаме со духот: ниту, пак, да се вознемируваме, кога ќе видиме дека добродетелен човек страда – зашто идниот живот е венци и пресуди! При ова да знаете, дека нема лош човек, кој е совршено порочен, зашто во него има нешто добро; исто така и добриот човек, колку и да е добродетелен и совршен – сепак има некакви прегрешенија. Така што, кога порочниот живее во благосостојба, знај, дека тоа е погибел за неговата глава – тој тука се насладува, и тоа му е како отплата за она малку добро, што го има, за да се подметне на целосна казна горе. Затоа, поблажен е оној, кој, откако тука ќе добие казна за сите свои гревови, ќе отпатува горе оправдан, чист и невин! На ова нè учи и апостол Павле, кога вели: „Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме судени“ (1. Кор. 11, 31). Сето ова е доказ, дека добродетелните луѓе тука добиваат казна за сите свои гревови.

Каде, пак, се зборува, дека порочните луѓе добиваат добро на земјата, а на небото се подметнуваат на целосна казна? Послушај што вели за ова Авраам, кога му зборува на богатиот: „Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш“ ( Лука 16, 25). Така и двајцата добиле Continue reading

Свети Кирил Александриски: Двоедушието

95874СВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ: ДВОЕДУШИЕТО

За оние, кои пристапуваат кон Бога не со здраво, туку со колебливо и повредено срце – срце, кое е расположено да боледува од бессилие и непостојанство, пророкот вели: „Уште ли ќе храмите на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал – одете по него“ (3. Цар. 18, 21 ). Да не бидеш совршено здрав во верата и во истото време да не сакаш да живееш во заблуда – тоа значи да накривуваш и со двете нозе: и во двата случаја да бидеш спротивен на искреноста. По мое мислење, причина за таа слаба и брзо променлива волја е онаа, дека некои луѓе имаат воображена, а не вистинска љубов кон Бога. Тие лицемерно сакаат да бидат христијани – не постануваат такви од сè срце, не се поттикнати од почит кон вистината и не ја почитуваат правдата. Таквите луѓе пристапуваат кон верата или од каприц кон промени, или од желба да си добијат сигурност против жестокиот напор на незгодите, или пак, житејски да легнат врз плеќите на други, кои се искрени следбеници на верата. Судбината на таквите двоедушници е крајната тага – нивното место е меѓу презрените; тие не заслужуваат ни најмало внимание; тие се најнепочитуваните луѓе; тие едвај можат да се надеваат да се удостојат со живот, кога Бог ќе започне да ги испитува тајните на срцата наши; такви биле некои од гаваонците. Гаваонци некогаш дошле при Исус Навин и упорно молеле да ги присоедини кон Божјиот народ; меѓутоа, дошле не без подла мисла и не без чувство за корист – видливо, како божем од љубов кон Бога, а всушност од лицемерие и лукавство. Во почетокот тие успеале да се прикријат – меѓутоа, кога биле фатени во Continue reading

Преподобен Шио Мгвимски

ШИО МГВИМСКИСПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ШИО МГВИМСКИ, ЧИЈ СПОМЕН ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ГО ПРАЗНУВА НА 9 МАЈ

Преподобниот Шио (Симеон) Мгвимски е роден во Антиохија Сириска. Неговите родители биле христијани и својот син го воспитувале како вистински наследник. Младото момче стекнало одлично образование и го изучил Светото Писмо. Љубовта кон Словото Божјо толку длабоко се вгнездила во срцето на младиот Шио, така што тој постојано во својот ум ги имал евангелските зборови, а со себе секогаш го носел Светото Евангелие. Иако млад, тој поседувал Божја дарба правилно да го толкува Светото Писмо.

Откако слушнал за светиот подвижник Јован Зедазенски, Шио тајно го напуштил родителскиот дом и се упатил кон преподобниот. Свети Јован го вратил младото момче при родителите, претскажувајќи им дека и тие еден ден ќе станат монаси. И претскажувањето навистина за брзо се исполнило. Шио ги убедил остатокот од својот живот да го поминат во монаштво, а самиот тој, откако го разделил имотот по сиромашни и манастири, се населил при преподобниот Јован, кој во тоа време бил големо светило во Антиохија, па откако примил од него монашки потстриг, постанал негов ученик.

По 20 години подвижнички живот, преподобниот Шио, заедно со 12 други избрани ученици на свети Јован, заминал во Иверија (Грузија), за таму да го проповеда Божјото Слово.

Откако со успех ја завршил апостолската мисија, преподобниот посакал да живее отшелнички живот. Со благослов на Католикосот Евлалиј и на својот учител, Шио го започнал својот пат на запад од Мцхет, кон непреодните и Continue reading