Среброљубието

02-srebro-3СРЕБРОЉУБИЕТО

Оние кои сакаат да се збогатат паѓаат во искушенија и замки кои им ги подготвува нивното тежнеење кон богатство. Прв плод на ова тежнеење се грижите, со кои умот и срцето се одделуваат од Бог. Душата која малку, ладно и невнимателно се занимава со Бог, станува груба и паѓа во бесчувствителност; од неа се брише стравот Божји; од неа исчезнува сеќавањето на смртта; умот се помрачува и престанува да ја гледа Божјата Промисла, при што се губи верата; наместо да се утврдува во Бог, надежта се свртува кон идолот, ставајќи ја љубовта пред неговите нозе. Тогаш човекот умира за добродетелите, им се предава на лагите, на лукавството, на гневот – накусо кажано – на сите пороци – и гине до крај, станувајќи сад на ѓаволот. „Корен на сите зла е среброљубието“, бидејќи во себе ја содржи причината и поводот за секој грев (1. Тим. 6: 9-10).

И оние, кои среброљубието не ги погубило сосема, бидејќи не му се предале во целост, туку барале само умерено богатење, претрпеле многу несреќи. Се мачеле себе со тешки грижи, паѓале во разновидни неволји, често биле принудувани да ја нарушуваат непорочноста на совеста, претрпувале голема загуба во духовното напредување и во себе гледале значајно отстапување од верата и духовниот разум. За христијанинот евангелското сиромаштво е поскапоцено од секакво светско богатство, бидејќи тоа води кон верата и нејзините плодови. Христовиот подвижник, колку е послободен од светот, толку е посигурен, а колку се врзува за светот, толку веќе претрпел пораз.

Спасение и совршенство

87825СПАСЕНИЕ И СОВРШЕНСТВО

Верувам според Преданието на Црквата и со Црквата дека ќе се спаси секој, кој православно верува во Христа и ги исполнува Неговите заповеди, а нарушувањето на тие заповеди ги исчистува со покајание. Така и Господ му рекол на момчето, кое го запрашало како да се спаси. Но, постои и друга цел на христијанството, кон која посебно тежнеат монасите – цел, која е и достижна и недостижна: христијанско совршенство. Патот кон тоа совршенство е исчистување на себеси со заповедите на Новиот Завет, со Евангелието, бидејќи, раководејќи се со нив, синот на стариот Адам може да биде восиновен од страна на Новиот Адам.

Во секое дело, основен услов за успех е правилен поглед на тоа дело; така и во делото на спасение, за стекнување на саканото спасение, неопходен е правилен поглед на себе и на спасението. Заради повреденоста на нашата природа со грев, во нас доброто е измешано со злото, и земјата на нашето срце не престанува да раѓа зло, а и на доброто не му дава да израсне само, целосно, туку секогаш со примеси на зло. Тој процес ни е природен нам, не затоа што сме така создадени, туку затоа што доброволно во својата природа пуштивме отров на грев, кој веќе не можеме да го одделиме од својата природа со сопствена сила. Тоа одделување го извршува Искупителот, барајќи од нас и наши напори за истребување на злото во нас, како дејствени докази за вистинско прифаќање на патот на спасението, кој ни го дарува Бог. Значи, не треба да паѓаме во униние. Кога ќе го видиме разновидното зло како се појавува во нас, треба постојано да му се спротивставуваме и да го протеруваме од себе. Напорот и подвигот се доживотни! Во одредено време, кога злото малку по малку ќе почне да подзапира, ќе се појави душевниот мир, обележје на оздравена душа. Но, целосен мир во земјата на војна и мир нема. Тој малку се појавува, па пак се крие: а место на постојан мир е – на Небото и во вечноста. Сето ова треба да го знаеме за од себе да не бараме нешто што не ни е природно, и за да не се разочараме во својот подвиг, храбро борејќи се со злото, кое станува против нас и однадвор и однатре. Кога со таков подвиг ќе ја докажеме својата верност на Бог, дарот на Божјата благодат – спасението, кое во нас таинствено е закопан со Крштавањето и се состои во соединување на човечката природа со Continue reading

Пак за соништата

87845ПАК ЗА СОНИШТАТА

Твоите соништа се фантазии кои водат во прелест, ако не се чуваш. Треба да се внимава на умот и да се чува без слики и фантазии. Не верувај на никакви соништа, и нека те покрие милоста Божја.

Демоните ги употребуваат соништата за вознемирување и за повредување на човечките души; исто така и неискусните монаси, обрнувајќи внимание на своите соништа, си нанесуваат штета: затоа овде е неопходно да го одредиме значењето на соништата во човекот, чија природа сè уште не е обновена со Светиот Дух.

За време на сонот на човекот, Бог човековата состојба ја уредил така, целиот човек во целост да се одмора. Тој одмор е толку целосен, што човекот ја губи свеста за своето постоење и доаѓа во состојба на самозаборав. За време на сонот се прекинува секое дело кое е поврзана со напор и кое се извршува свесно, под управа на разумот и на волјата; се продолжува она дело кое е неопходно за човековото постоење и не може да се оддели од него. Во телото крвта продолжува да се движи, желудникот ја вари храната, белите дробови го извршуваат дишењето, кожата пропушта испарувања; во душата продолжуваат да се умножуваат мислите, фантазирањата и чувствата, но не во зависност од разумот и волјата, туку по несвесно дело на природата. Таквите фантазии, следени со карактеристични мисли и чувства, го прават соновидението. Тоа често е чудно, бидејќи не му припаѓа на системот на човековите доброволни и намерни фантазии и размислувања, туку се јавува спонтано и независно, според законот и барањето на природата. Понекогаш сновидението носи на себе несвесен одраз на доброволни размислувања и фантазии, а понекогаш претставува последица на духовно расположение. На тој начин сновидението само по себе не може и не треба да има никакво значење. Смешна е и сосема нелогична желбата на некои луѓе во привиденијата на своите соништа да гледаат претскажување на сопствената иднина или иднината на другите, или да им припишат било какво друго значење.

Демоните, кои имаат пристап до нашите души во будна состојба, имаат и за време на спиење. И за време на Continue reading

Недела на светите Праотци

11759mНЕДЕЛА НА СВЕТИТЕ ПРАОТЦИ

(Неделниот ден од 11 до 17 декември по Јулијанскиот календар)

„Мнозина се поканети, но малкумина се избрани“

(Лука 14: 24)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Една реченица искажана од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос, која ја слушнавме во денешното Евангелие, нè поттикнува да разми­слу­ваме за смислата и суштината на денешниот неделен ден – ден, кој светата Црква го насловила како Недела на светите Праотци. Христовите зборови: „Мно­зина се поканети, но малкумина се избрани“, даваат јасна слика на слу­чува­њата во светот, почнувајќи уште од Стариот Завет, па за време на Христо­ви­от живот на земјата, но и за времињата во кои ние живееме. Светите Праотци се нарекуваат сите оние старозаветни праведници кои живееле до Христовото доаѓање во тело на земјава. Во следната недела, пак, ќе се празнува споменот на светите Отци, кои исто така се старозаветни праведници, но од кои по телесна линија потекнувал Христос.

Размислувајќи за Христовите зборови „Мнозина се поканети, но малку­ми­на се избрани“, најпрво што треба да сфатиме е фактот дека самото родство по телесна линија со Господа Исуса Христа не било од особена важност за ста­розаветните праведници. Имено, целата приказна за поканетите на свадба која денес се читаше, доволно ни сведочи дека избраниот јудејски народ доброволно ја отфрлил поканата за учество на свадбената вечера, односно, за влез во Царст­во­то небесно, па на нивно место Домаќинот, односно, Самиот Бог, ги повикал јазичниците, кои постанале народ Божји, рамноправни со сите, а кои дотогаш се сметале за презрени и понижени. Тоа е вистината, но тоа не е и единствената смисла на оваа приказна. Иако е кажана во Христово време, таа подеднакво се однесува и за старозаветните прилики. Ако сме го читале Свето­то Писмо на Стариот Завет, оваа приказна многу лесно ќе ја распознаеме и таму. Имено, Стариот Завет ни сведочи дека, иако Израилот се сметал за избран Божји народ, сепак, имало и луѓе кои не припаѓале на Израилот, но преку своите добри и справедливи дела влегле во него и се вброиле во редот на светите Праотци. Таков бил праведниот и многустрадален Јов, кој потекнувал од земјата Уз; таква била богобојажливата Рут, која по народност била Моавка, но од која потекнува славниот цар Давид, а Continue reading

Светот на “WICCA” (Wicca’s world)

The_Spiral_Pentacle_by_SingingGandalfСВЕТОТ НА „WICCA“ (WICCAS WORLD)

Поглед во паганскиот феномен

Волшебништвото преминува во еден од главните правци на движење во Холандија. Холандскиот суд одлучи дека трошоците од часови по волшебништво можат да бидат подложни на данок, објави Асошиејтед Прес на 31 октомври 2005 година.

Претходниот месец Основниот Суд во Леуварден го потврдил законското право да се отпишат трошоци за даночни сметки за подучување, вклучувајќи го тука и маѓепсништвото. Трошоците можат да бидат значајни, како што тврди еден волшебник за статијата.

Маргарита Ронген раководи со Вичис Хоумстед“ (Witches Homesteat) во северната провинција. Нејзината работилница чини повеќе од 200 американски долари за еден викенд или повеќе од 2.600,00 американски долари за цел курс. Ронген тврди дека обучила повеќе од 160 ученици во последните четири децении.

Во меѓувреме, во Англија, затворот Портсмаут Кингстон најмил пагански свештеник да им дава духовни совети на тројца затвореници, кои служат доживотна казна, известува Дејли Телеграф на 1 ноември. Затворениците преминале во паганизам и според затворските правила дозволено им е да имаат духовник на ист начин како и оние затвореници кои што се христијани или од други религии. Да не им се дозволи пагански духовник би било загрозување на нивните човекови права, рече Џон Робинсон, раководителот на затворот.

Нешто порано, на 17 октомври, седиштето на Тајмс во Лондон објави дека ќе биде дозволено дејствување на пагански свештеници во сите затвори. Ним ќе им биде дозволено да користат вино и магични стапчиња во Continue reading

Смртта

1902048_750270425042435_4676055612088547366_nСМРТТА

Смртта е голема тајна. Таа е раѓање на човекот од минливиот земен живот за вечност. Кога ќе се случи тајната на смртта, ние од себе ја симнуваме грубата телесна обвивка и со душевното битие, фино и етерично, преминуваме во другиот свет, во заедница на сродни души. Тој свет е недостапен за грубите органи на телото, преку кои, во текот на нашето живеење на земјата, дејствуваат чувствата, кои всушност, ѝ припаѓаат на душата. Душата која излегла од телото, нам ни е невидлива и недостапна, токму како и сè друго од невидливиот свет. Во тајната на смртта ние гледаме само престанување на дишењето и ненадејна безживотност на телото; потоа, тоа почнува да се распаѓа и ние брзаме да го скриеме во земја; тоа таму станува жртва на распаѓање на црвот и заборавот. Така умреле и се заборавени безбројни човечки поколенија.

…Смртта е разделување на душата и телото, кои се соединети со волјата Божја и со волјата Божја пак се разделуваат. Смртта е разделување на душата и телото заради нашиот пад, при кој телото престанало да биде нераспадливо, како што првобитно го создал нашиот Создател. Смртта е казна за бесмртниот човек, кој е казнет заради непослушност на Бог. Со смртта човекот болно се раскинува и разделува на своите два составни дела, и по смртта веќе нема целосен човек, туку одделно постојат неговата душа и неговото тело.

И телото продолжува да постои, иако гледаме како се разорува и се претвора во земја, од која е земено. Бидејќи тоа продолжува да постои и во својата распадливост, како семе во земјата, очекувајќи го повторното соединување со душата, по што ќе стане недопирливо за видливата смрт. Телата на посебните Божји избраници се спротивставуваат на распадливоста, бидејќи обилно се проникнати со Божјата благодат, па затоа и во сенката на смртта, тие ги покажуваат зачетоците на своето славно воскресение. Наместо смрдеа, тие испуштаат миомирис; наместо наоколу да шират смртоносна зараза, тие излеваат исцеление на сите болести, излеваат живот. Таквите Continue reading

Сонови и митарства

87573СОНОВИ И МИТАРСТВА

(Од сеќавањата на монахињата Сергија Клименко)

Во зимата 1923/24 година добив воспалеиие на дробовите. Осум дена температурата ми била 40,8. Во деветтиот ден од болеста видов чуден сон.

Уште во самиот почеток, во дремката, кога сум се трудела да ја изговорам Исусовата молитва, моето внимание го привлекоа прекрасни пејзажи од природата над кои како да сум летала. Кога подобро ја прислушував музиката или ги набљудував пејзажите, оставајќи ја молитвата, целата ме потресуваше зла сила и јас повторно се враќав на молитвата. Повремено сум доаѓала при себе и јасно сум ги гледала предметите околу себе.

Одненадеж кај мојот кревет се појави мојот духовник, еромонахот Стефан. Тој, погледнувајќи ме, рече: „Одиме“. Сеќавајќи се со целото срце по учењето на Црквата за опасностите од лековерното прифаќање на виденија, јас почнав да ја изговарам молитвата „Нека воскресне Бог…“ Сослушувајќи ја молитвата, со тивка насмевка, тој рече: „Амин“ и како да ме поведе со себе.

Се најдовме негде како во срцето на земјата, во длабоко подземје. По средината течеше бучен поток со црна вода. Си помислив што може да значи тоа. Како да ми одговараше на моите помисли, отец Стефан без зборови, во мислите ми одговори: „Тоа е митарството за осудување“.

Во длабокиот поток ја здогледав мојата познаница, тогаш уште жива. Во ужас почнав да се молам за неа и таа како да излезе сува оттука. Смислата на гледањето беше следново: Дека таа умрела во состојба во каква што била во тоа време, таа би пропаднала поради гревот на осудување, зашто уште не го очистила со покајание (често зборувала дека децата треба да ги одвраќаме од гревот, така што треба да ги учиме да ги осудуваат луѓето кои Continue reading

Спасоносните патишта

87795СПАСОНОСНИТЕ ПАТИШТА

Оној, кој сака да се спаси треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да Го моли Бог да му го каже, т.е. да му го покаже патот на спасение. На човекот му е непознато што му одредила Божјата Промисла. Посебно во нашето време на сеопшто колебање, секоја состојба станува несигурна и кршлива, ако Бог со Својата семоќна десница не ја утврди и не ја направи сигурна.

Божјиот угодник може да оди по посебен пат, по посебно избирање и призив Божји, но тоа се случува сосема ретко. Најчесто по посебен пат одат оние, кои се наоѓаат во состојба на самоизмама, или оние кои се насочиле кон самоизмама. Ние треба да бидеме подалеку и да бидеме внимателни во однос на сите кои одат по посебен, таинствен пат.

Смиренословието

87770СМИРЕНОСЛОВИЕТО

„Смиреномудрениот не треба да го покажува своето смирение со смиренословие (вербално самоуништување): за него е доволно да вели: „Прости ми“, или „Помоли се за мене“. Исто така не треба сам да ги извршува најниските работи: ова, токму како и првото (т.е. како смиренословието) води кон суета, му пречи на духовното напредување и донесува повеќе штета, отколку корист; но, кога нешто ќе ти заповедаат, немој да се спротивставуваш, туку послушно изврши го – тоа донесува напредок“. (преподобен Јован Пророк)

На смиренословието му служи на осуда и тоа што светот го фали. Господ заповедал сите добродетели да се извршуваат во тајност, а смиренословието е покажување на смирение пред луѓето. Тоа е неискрено и претставува измама, првенствено на себе, а потоа и на другите: бидејќи криењето на своите добродетели е едно од својствата на смирението, а со смиренословието и со наметливо смиреното надворешно однесување, тоа криење е уништено.

„Кога си меѓу своите браќа – вели свети Јован Лествичник – внимавај на себе да не се покажеш во нешто поправеден од нив. Во спротивно, ќе направиш двојно зло: браќата ќе ги раниш со лицемерие и неискреност, а во себе, задолжително ќе се возгордееш. Биди внимателен во душата, но, тоа никако не покажувај го телесно, ниту со изглед, ниту со збор, ниту со навестување“. Колку е корисно да се прекоруваш и обвинуваш за грешноста пред Бог, во тајноста на својата душавна внатрешност, толку е штетно тоа да се прави пред луѓето. Во спротивно, во себе ќе поттикнеме лажно мислење дека сме смирени и така лажно ќе се претставуваме на заслепените луѓе во светот.

Смиреномудреноста

87766СМИРЕНОМУДРЕНОСТА

Смиреномудреноста е начин на размислување, целосно позајмен од Евангелието, од Христа. Смирението е чувство на срцето, залог на срцето, кој одговара на смиреномудреноста. Најпрво себе треба да се научам на смиреномудреност; според мерката на вежбање во смиреномудреноста, душта стекнува смирение, бидејќи состојбата на срцето секогаш зависи од помислите кои ги усвоил умот. Кога пак човечкото дејство ќе биде осенето со Божествената благодат, тогаш смиреномудреноста и смирението почнуваат обилно да раѓаат и да се удвојуваат едно со друго, со помош на плачот, кој е поддршка на молитвата.

Како што душата е незнајна и невидлива за телесните очи, така и смиреномудреноста не се познава кога ќе се најде меѓу луѓето. И како што душата е скриена во телото од човечките погледи и од општењето со нив, така и смиреномудрениот, не само што не сака луѓето да видат и да сфатат дека тој се оддалечил и се одрекол од сè, туку дури би сакал да се скрие и од себеси, да живее и престојува во безмолвие, целосно заборавајќи ги поранешните помисли и чувства, да биде како да го нема и како и да не постоел, непознат дури и на својата душа. Таквиот човек, колку е скриен и одделен од светот, толку целиот е во својот Владика.