Љубовта кон Бог

82724ЉУБОВТА КОН БОГ

Љуби Го Бог онака, како што Он заповедал да Го љубат, а не онака како што самоизмамените сонувачи мислат дека Го љубат.

Не паѓај во занеси, не придвижувај си ги нервите, не се распалувај со материјален пламен, пламенот на твојата крв. Угодна жртва на Бог е – смирение на срцето, покајност на духот. Бог со гнев се одвраќа од жртвата, која се принесува со гордост за себе, макар тоа да е и жртва паленица.

Гордоста ги придвижува нервите, ја распламтува крвта, го оживува паднатиот живот; а смирението ги смирува нервите, ги скротува движењата на крвта, ги уништува фантазиите, го умртвува паднатиот живот, го оживува животот во Исуса Христа.

Сакаш ли да се научиш на љубовта Божја? Оддалечи се од секое дело, збор, помисли и чувства кои се забранети во Евангелието. Со своето непријателство кон гревот, кој толку му е омразен на сесветиот Бог, покажи и докажи ја љубовта кон Бог. Прегрешенијата во кои ќе паднеш од немоќ, веднаш лечи ги со покајание. Но, подобро труди се да не си ги дозволиш таквите прегрешенија, со строго бдение над себе.

Сакаш да се научиш на Божјата љубов? Внимателно изучувај ги  Continue reading

Природната љубов

9428416889_6af6703ae3_zПРИРОДНАТА ЉУБОВ

Нашата природна љубов е повредена со падот; таа треба да се умртви – тоа ни го заповеда Христос – и од Евангелието да се црпе света љубов кон ближниот, љубов во Христа.

Пред Евангелието е безвредна љубовта која настанува заради движењето на крвта и телесните чувства. Впрочем, каква вредност таквата љубов и би можела да има, кога за време на распалувањето на крвта се заколнува дека ќе го положи животот за Господа, а по неколку часа, кога крвта ќе олади, се колне дека не Го познава? (Матеј 26, 33, 35, 74).

Евангелието ја отфрла љубовта која зависи од движењето на крвта, од чувствата на телесното срце. Падот го потчинил срцето на власта на крвта, а со посредство на крвта и на власта на кнезот на овој свет. Евангелието го ослободува срцето од тоа ропство и насилство и го доведува под раководство на Светиот Дух.

Светиот Дух нè учи свето да го љубиме ближниот. Љубовта, запалена и поттикната од Светиот Дух претставува – оган. Со тој оган се гаси Continue reading

Дваесет и седма Недела по Педесетница

Untitled2ДВАЕСЕТ И СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои“

(Лука 13: 15)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес присуствувавме на еден прекрасен евангелски настан, кога Спасителот Христос ја пројавил Својата божествена љубов и неизмерна милост кон грешниот човечки род, кога го потенцирал значењето на човечкиот живот и кога ја обезличил фарисејската лицемерност и нивниот безумен формализам. Денес беше излечена една жена опседната од духот на немоќта осумнаесет години, која од тој огромен терет дури била и подгрбавена, така што дури и не можела да се исправи. Господ Исус Христос ја ослободил од нејзината претешка болест, а наместо ова восхитувачко чуда да ги исполни со радост срцата на сите присутни, се појавила една група на бунтовници, кои дури имале храброст да го обвинат Христа дека не смее во саботен ден да лекува болни. За сите нив, кои тогаш биле очевидци на ова чудо, и за сите подоцна кои приличат на нив во своите обвинувања кон Христа и сè што е Христово, Спасителот го употребил најсоодветниот термин – лицемери.

Лажното пријателство, лажната побожност, лажното добродетелство, лажните сведоштва се зли дела кои на Господа не му се мили. Фарисеите кај древните Евреи биле најмногу познати токму по својата дволичност, па дволичноста, според нив, се нарекува и фарисејство. Дволичноста никогаш не е еднострана појава, туку претставува целокупен сплет на гревови. Таа се појавува како маска, која има за цел да ја прикрие внатрешната содржина на душата. Потребно е да се вложи многу Continue reading

Свети свештеномаченик Елевтериј

ib3881СВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ЕЛЕВТЕРИЈ

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ. Божествената мудрост го надополнуваше кај Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска. Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше.

Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници за да го фатат и доведат Елевтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј: биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена печка. Но, божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на свети Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона, каде што свети Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година.

Духовната љубов

82721ДУХОВНАТА ЉУБОВ

Сите луѓе треба да се предадат на Бог. На тоа нè учи и Црквата; таа вели: „Самите себе, еден на друг и целиот свој живот на Христа Бога да го предадеме“. Кој себеси и сè предаде на Бог, тој може да умре за светот, а без таа смрт во човековата душа не може да засветли духовното оживување. Ако Му останеше верен на Бог и мртов за луѓето, тогаш, кога ќе дојде време, во твојата душа ќе се појави духовна ризница и ќе го видиш воскресението на својата душа со дејство на Духот.

Светата љубов кон ближниот ќе ја зачува оној, кој со него има општење заради Бог; ќе ја зачува и оној, кој заради Бог се оддалечува од таквото општење. Нашата природа е повредена со падот, со него е повредена и нашата природна љубов. Затоа, за исполнување на условите за света љубов, не треба да се раководиме од чувствата и склоностите на срцето, туку од заповедите на Евангелието – сесветите заповеди на нашиот Господ Исус Христос. Една од тие заповеди вели: „И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; оти подобро ти е да погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот“ (Матеј 5: 30), т.е. ако некој човек, кој ти е потребен и близок како твојата десна рака, ѝ нанесува штета на твојата душа – прекини го општењето со него. Таква постапка ни заповеда Законодавецот на совршената љубов. А фантазиите и чувствата на нашето паднато срце лесно можат да нè одвлечат во пропаст!

„Не судете, за да не бидете судени“

judging-others-judge-not-lest-ye-be-judged-judgmental-christians„НЕ СУДЕТЕ, ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ СУДЕНИ“

Темата, која што оваа година е одбрана за Православната Младинска Конференција, е многу соодветна и корисна за сите нас. Ги цитира зборовите на нашиот Спасител: „Не судете, за да не бидете судени“ (Матеј 7: 1). Ова е еден од најчестите и најраширени гревови. Би се осмелил да речам, никој од нас не може да се пофали дека, тој или таа е ослободен од оваа слабост и не ги осудувал другите на начин, кој е несоодветен за христијанин.

Ајде прво да видиме што вели Светото Писмо за судењето.

Прво, Библијата многу јасно дава на знаење дека само Бог е вистински и праведен Судија. „И небесата ќе ја огласат Неговата Правда“ вели Псалмопејачот, „Зашто Бог е судија“ (Псал. 49: 6). „Стани, Боже, суди ѝ на Земјата, зашто твои се по наследство сите народи“ (Псал. 81: 8). Само Он, Бог, Кој сè гледа и сè знае, Кој знае што има во срцето и умот  на секоја личност, и Кој ја знае иднината на секој од нас. Само Он е достоен и способен да донесе правилен и непогрешен суд за секое човечко битие.

Свети Павле објаснува „Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето“ (Рим. 2: 16).

Христос за Себе рекол: Continue reading

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

SpyridonСВЕТИ СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ, ЕПИСКОП ТРИМИФУНТСКИ

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од скромни родители, земјоделци, а и самиот бил и останал скромен и смирен сѐ до својата смрт. Во младоста се оженил и имал деца. А кога умре жена му, тој сиот се предал на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие бил избран за епископ на градот Тримифунт. Но, тој и како епископ не го изменил својот скромен начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудел самиот лично. За себе многу малку употребувал од стекнатото, поголемиот дел им го раздавал на бедните луѓе.

Со Божјата сила покажал големи чуда: измоли дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето едноставно, но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги извршил, голем број еретици ги вратил во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш, како поканет од царот сакал да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удрил шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го завртил и другиот образ.

Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господа во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден-денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.

Лицемерието

licemeriyaЛИЦЕМЕРИЕТО

Лицемерието е оној вид на грев, кој е особено противен на познанието на Христа и на христијанството. Почетокот на обраќањето кон Христа се состои во познание на сопствената грешност, сопствениот пад: од таквиот поглед на себе човекот ја согледува неопходноста од Искупителот, и со помош на смирение, вера и покајание пристапува кон Христа. Но лицемерот, кој боледува од, за луѓето слабо забележителните страсти – суета, гордост, среброљубие, завист, лукавство, злоба – и  со лицемерие, неспособен е, како што е неспособен и сатаната, да си признае дека е грешник. Со навиката и добродетелите и страстите стануваат некако природни, па така и лицемерието, од навика, станува скоро природна особина. Оној, кој е обземен со лицемерие, во него веќе не гледа погубен порок за душата, туку делата на лицемерие ги извршува како дела на правда. Душата на лицемерот боледува од слепило: затоа Господ фарисеите ги нарекол безумни и слепи (Матеј 23). Лицемер е оној несреќник, кој, според свое мислење, е праведник, кого Бог го отфрлил: „Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците, на покајание“ (Матеј 9: 13). Овде фарисеите се наречени праведници, не затоа што навистина биле праведници, туку затоа што  самите си се сметале за праведници, до ситници исполнувајќи ги обредните установи на законот Божји и газејќи ја неговата суштина, која се состои во насочување на умот и срцето – на целото човечко битие – кон волјата Божја.

За луѓето да ги помири со Бог, Господ им ја подарил добродетелта – покајание. Како тој духовен дар можеле да го примат оние, кои биле сосема задоволни од себе, оние кои во ветениот Месија очекувале првенство на војсководец, кој со обилни телесни дарови треба да ја овенча нивната грда праведност, исполнета со гордост и злоба? Во своето помрачение и гнев фарисеите дури и се фалеле со неспособноста за познание и прифаќање на Искупителот: „Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него?“ (Јован 7: 48).

На таа неспособност за вистинско Богопознание укажал и Господ: „Вистина ви велам, дека митниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо“ (Матеј 21: 31). Јавниот грешник, грешникот кој паднал во смртни гревови грешникот кој на себе навлекол омраза и презир од луѓето, е поспособен за Continue reading

Лажното смирение

109343_orЛАЖНОТО СМИРЕНИЕ

Суетата и нејзините чеда – лажните духовни наслади, кои дејствуваат на душата која не е проникната со покајание – создаваат привид на смирение. Овој привид на душата ѝ го заменува вистинското смирение. Привидната вистина, која го зазела домот на душата, ѝ ги заградува на Вистината сите влезови во тој дом.

Горделивото смирение е најгрозен облик на гордост. Гордоста тешко се истерува дури и тогаш кога човекот ја смета за гордост; но како да ја истера тогаш, кога таа му изгледа како негово смирение?

Смирението не се гледа себеси како смирение. Напротив, тоа во себе гледа голема гордост и се труди да ги пронајде сите нејзини ’ркулци; дури кога ќе пронајде ’ркулци на гордост, тоа согледува уште колку многу мора да бара.

Лажното смирение себеси се гледа како смирение; смешно е и тажно, како тоа се теши со таа лажна и за душата погубна глетка.

Дваесет и шеста Недела по Педесетница

Untitled14ДВАЕСЕТ И ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Душо, имаш многу добра, приготвени за многу години;  јади, пиј и весели се!“

(Лука 12: 19)

 ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Кога би имале можност да проникнеме во тајната на нашата предлабока ништожност, тогаш сите ние сосема поинаку ќе имавме можност да размислуваме за богатството, за она богатство, кое го принудува човекот да живее според илузијата дека има задоволство во сè. Токму денешната евангелска приказна за безумниот богаташ ни открива дека човекот, кој живее без Бога, сепак, може да стекнува богатства. Тие богатства можат да бидат огромни и истовремено за човечкиот разум несфатливи, а можат да бидат и бесовски и ненаситни. Уште од времето кога човекот тежнее да се постави себе си на местото од Бога, да постане бог, но не по благодатта на Спасителот, туку според наговорот на древната змија, оттогаш човекот на престанува да натрупува, не престанува да собира, не престанува да живее со злобната помисла дека е богат и дека може да станува уште побогат, па дури и бескрајно богат. И колку повеќе богатство натрупува човекот, толку повеќе е роб на своето сопствено „јас“. Се разбира, овде не станува збор само за материјалните богатства. Овде станува збор за нешто подлабоко и почувствително. Впрочем, овде станува збор за чувството на самозадоволност, за тој вечен копнеж на човекот да стане моќен и богат, односно, да стане бог без Бога.

Човекот постојано е свесен за неминовниот факт дека еден ден ќе умре и ќе го предаде своето тело на земјата, но, сепак, и покрај тоа, упорно продолжува да натрупува и да собира богатства. Човекот гордо ја крева главата, за да може да се потсмее на евангелската вистина дека човекот ќе умре и дека по смртта го очекува суд и вечност. Човекот прави сè за да избега од вечноста, да избега од помислата за неа. Денес човекот со сите сили се насочил единствено кон религијата на телото, трудејќи се да стекне колку повеќе богатства и задоволства тука и сега. Во тој свој безумен копнеж, човекот се труди да ја надвладее и смртта. И веќе не е за чудење и фактот што современата медицина денес измислува Continue reading